Постои, ама не толку често за жалповеќето гледаат само да те искористат. Меѓутоа има и чесни луѓе, јас имам малку пријатели, но добри и многу внимателно бирам со кого ќе се дружам
За мене постојат. Сите мои блиски другари/другарки се од детство буквално од прво одделение. Подоцна од факултет се пронајдов со уште две со кои до ден денес дружам и сум блиска. Од средно останав во контакт со неколку но не е тоа пријателство. Немам ново блиско пријателство можеби добри пет шест години но не ни барам тие што ги имам ми се сосема доволни а ако се погодам со некој бујрум. Не калкулирам ниту се дружам со резерва или некаква задна намера и не прифаќам такви да ми се блиски. Да не ме сфатите погрешно но некогаш се чудам како луѓе немаат пријатели. Не збориме за многу доволно е и еден кој вреди. Сите сме учеле некаде со некого, сме запознале, сме работеле, дали тоа се должи на тотално различни карактери, дали на неодржување контакт и немање заеднички интереси не знам но енигма ми се луѓе кога ќе речат немам пријатели и доста често наидувам на тоа.
И за мене постои вистинско другарство. Еве ќе дадам пример за мене. Јас со секого сум пријател, без разлика на години, вера, нација, политичка припадност/определеност. Во 5 сабајлр да ми се јават дека им треба помош, ќе одам да им помогнам, но барам и тие мене да ме почитуваат како што и јас нив. Ако осетам нелојалност, измама, корист, ги откачувам и вртам нова страна. Ама ако не е од корист, давам душа за вистински другари. Сепак, денес многу тешко се наоѓаат другари во вистинска смисла на зборот, но можам да се пофалам дека вакви имам околу 5-6, што во денешно време стварно е реткост.
Нема врска тоа што збориш. Во вистинско другарство веруваат најмногу тие со добро срце и душа, кои не се расипани, не гледаат само лична корист, не се алчни и љубоморни. Пријателство и другарство се две различни работи.
Очигледно не го разбра напишаното. Со самото тоа што не се од корист и не прават лице немаат многу пријатели. Дволичните најмногу пријатели т.е другари имаат.
Постои! Другарка ми е како дел од мене. Дружиме скоро 6г. Прв пат во животот го почувстував чувството да се има вистинска другарка. Една ми е ама вредна. Во добро и во лошо и физички и материјално и психички сме секогаш една за друга. Имам и неколку кои дружам повеќе од 10г. ама немам осетено некоја блискост како со оваа што дружам помалку. Така да, треба да си ја најдеш правата личност. Не секој го разбира поимот другарство.