Не се сите лицемерни и дволични. Нормално е секој да гледа прво за себе, но постојат другарки кои ќе ви помогнат кога ќе ви биде најпотребно. Сум имала другарки со кои сум се дружела од многу мала и на крај ме искористиле. Но имам другарка која била тука за мене секогаш и покрај тоа што ја гледам 2-3 пати месечно знам дека кога и да и се обратам ќе ме сослуша и ќе ми помогне. И немора само да бидат тоа другарки кои ги познавате од мали туку се случува и да најдете многу добра другарка во средно или на факултет. Знам дека постои вистинско пријателство но потребно е некое време да се покаже кои се всушност вистинските пријатели а кои и не се баш...
да мислам дека постои вистинско пријателство но вистински пријател може да ти биде само еден.Верувам дека и секогаш машките се подобри пријатели од женските.И да заборавив да кажам дека и јас имам вистински пријател оној од детството,од училишните клупи,од улица... Секогаш ќе остане мојот вистински пријател
Искрено повеќе верувам во машко- женско пријателство отколку во женско- женско, не постои секој од корист е на денешницава не за џабе рекле : "Kолку повеќе ги запознаваам луѓето толку повеќе ги засакувам животните".......
Не постои,барем за мене.Се разочарав од најдобрата другарка.Се дружевме од прва година,ептен се зближивме и оваа година се разочарав.И не само јас туку и нејзиниот дечко.Имаме прајно муабет и ми има кажано што се му правела и како се понашала со него,а тој кутриот е сакат и не сакат да и раскинит.И сега знам дека не сум само ја разочарана од нејзе.Значи не верувам во вистински другарство.
А зошто да нема ДЕНЕС? Па мислам човештвото е отидено одамна ама па до толку не. Сепак да најдеш вистински другар треба да си се родил под среќна ѕвезда. Колку и да си добар, праведен и се, едноставно не се наоѓа. Секако голема улога има нашето поставување кон другите и тоа какви сме карактерно. Можеби ќе бидеме добри, мирни, повлечени или пак луди, зборлести. Било како има личности што не сакаат а и такви што не им се бендисуваме. Пред се најважно е дали влеваш доверба со самото однесување и како другите те доживуваат. Имам 2-3 вистински другарки затоа што се чуствуваме опуштено заедно, можеме на секоја тема да зборуваме а пред се да се доверуваме.
Вистинското другарство постои, зависно од тоа како ќе се поставите вие во него. Едноставно не може само да се каже кај бе во денешно време другари? Не е така, додека одиме со песимистички гледања секако ќе пропаѓа се. Им се полни главата на луѓето дека другарството не постои, па тие во тоа веруваат и поради истото не се поставуваат правилно во таквите односи. Не мора пријател да барате во личност од класот, соседството или училиштето. Како најдобар другар може да се смета и член од фамилијата според мене.
вистинското другарство постои само треба да ја имаш вистинската личност.. горда сум што имам 2 такви личности во мојот живот
Сум пишала и порано, вчера спомнав во друга тема и денес ќе потврдам - ДА има и постои! Малку не можам да ги сфатам оние кои толку млади, навистина млади веќе сега донесуваат отсечни и категорични заклучоци - не, нема не постои. Т.е. се чудам ама мислам дека со текот на времето ќе признаат дека има или барем се надевам Впрочем мое мислење е дека нашите другари се нашето огледало. Погледнете ги нив и ќе сфатите какви сте вие. Она што давате, тоа и ќе ви се врати. Колку што вложувате во едно пријателство, толку и ќе ви се врати. Па не е пријателството само - леле дечко ми ми раскина а она се лапа у парк и нејќе да ме тапша по рамо. Е нема, така не функционираат работите. Треба нешто да се даде за нешто да се добие. Ми текнува многу одамна мајка ми ми рече една случка. Кога била млада, ептен млада живеела со уште 5 другарки, цимерки. Врнело, истурало. Мајка ми сакала т.е. морала да оди до продавница да купи итно нешто и барала друштво. Никој не сакал да ја дружи на такво време, само една нејзина пријателка се дигнала и смогнала и и рекла - искрено? Не да ме мрзи! Ама одам заради тебе. Ситуацијава се повтори кога бев 3та средно овој пат на моја глава. На другарка ми и беше потребен совет и ме викаше по најголемите дождови да отидам кај неа за да и помогнам со нешто. Веќе се мислев како да ја откачам затоа што навистина ме мрзеше - но ми текна на прикаскава на мајка ми и собрав сили, накиснав на дождот ама стигнав до кај неа а таа беше пресреќна и во тој момент си реков, е вреди да си другар. Истата таа пријателка потроши скоро цела плата пред неодамна, за да го исплаче со мене по телефон секој импулс кога почина татко ми и едноставно само сакаше да ме чуе, да ми даде поддршка, да тагува со мене. А се јавуваше од странство. Можеби банални примери, но поентата е таа. И ај после речете ми дека нема вистинско пријателство! Има - но гледајте да фрлите пред себе за да најдете зад себе
Ех,јас колку имам фрлано,и давано на другарки,и верувано,и помагано,ама за мене тоа никогаш никој не го направил,и + ми боделе нож во грб на можен најсуров начин. Ми беше така во основно,така ми е и во средно.Искрена другарка,нигде.Само сакаат да ми расипат нешто,и покрај тоа што се трудам да им помогнам...Ама затоа сеа олабавив. За најверен другар во животов го сметам само дечко ми,и никој никој друг.Еден си е,ама вреден.
До пред еден месец цврсто верував дека постои, се додека не се појави дечкото на нејзиниот живот и заборави на мене !
Јас искрено не знам како денес некои луѓе го дефинираат вистинското другарство. Мислам, толку пријателства изникнаа, толку љубов и среќа, што не знам дали луѓево на некои лесни дроги живеат или се хранат со печурчиња. Имам милион примери од моја генерација, девојчиња на моја возраст што стекнуваат инстант брзи пријателства. Наеднаш тоа преминува во “систер, ај лав ју, форевер енд евер“ ,а веќе после некој месец, не се поздравуват на улица зошто едната на другава и го смувала дечкото, и ја скинала маицата, и вадела муабети. И се се тоа, некои квази пријателства, лицемерие, дружба од интерес или од не знам што. Па не е ни чудо, што пола и повеќе ќе тврдат дека пријателство не постои. А за тоа дека мораш да вложиш,понекогаш да жртвуваш, е повеќе од јасно. Мада и тоа треба да им се обајсни на голем дел од луѓево, што само бараат и земаат и земаат...
Темава во очи ми боде... Епа да ако другарство е тоа некој да биде покрај тебе кога му треба твојата услуга и слично и да биде далеку од тебе кога тебе ти треба очајно рамо за плачење и било каква услуга тогаш другарство постои. Ама бидејќи гледам колку е суров светов и гледам дека никој ама баш никој не ти пружа искрено пријателство и дека луѓево денес живеат за самите себе и за своите потреби категорично ќе кажам дека вистинско другарство не постои!!!
ПОСТОИ! Форумла за правилно другарство не е: „Да сакаме исти работи“ туку „Да зборуваме ист јазик“ Како оди тоа? ситуација 1: двете сакате исто мече и сеа се карате за него зошто сакате исти работи ситуација 2: двете сакате исто мече, но едната се откажува од неа за нејзината другарка да дојди
Вистинско другарсто дефинитивно не постои ... личноста која ја сметаш како ВИСТИНСКА другарка .... сестра ... прва те изневерува
Ха! Далеку е од ВИСТИНСКО ! Имам другарки кои Да, ги сметам за блиски и баш имаме онакаа супер пријателство,но сепаак НЕ ВЕРУВАМ ВО ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО ! Се е од Интерес! Ретко на денешно време има баш онакаа Другарство во секоја смисла на зборот! Најжално од се е кога имаш пријател,а во моменти кога ти треба-го нема
Не постои вистинско другарство во никој случај...Посебно меѓу две женски...Многу појаки се машко-женските пријателства
Луѓево ги имаат изместено вредностите.Не ми се верува како за нив бфф се пр. некои другарки со кои само ќе искочат петок и сабота, а преку цела недела не ги ни гледаат ептен некогаш ретко. Значи другарството НЕ Е ИСКАЧАЊЕ, да имаш со кој да искочиш туку некој на кој ќе можеш да му се довериш. Имам само неколку такви со кои праам отворен муабет, со сите останати здраво како си чао и се најдобро си викам на паметов,ни се замарам што праат ни сакам да се замараат со мојот приватен живот, чисто површински. Познаници имам многу, а другарки неколку и не ни сакам повеќе.
дефинитивно нема.сите се со тебе кога им требаш,а кога тие ти требаат каде се ? до пред некој месец мислев дека имам другарка која не би ја менувала никогаш,но си ја најде 'љубовта на својот живот ' ,па сега сме тотални странци.едноставно ме боли тоа што немам особа на која би и кажала се.
Вистинското другарство за жал не постои или е многу, многу голема реткост. Цветот е полн со злоба, луѓето се љубоморни и претерано себични, секој си гледа само за себе и ги штити за жал само своите интереси не гледајќи дали со тоа ќе повреди некој или не. Секогаш можеме да бидеме единствено сигурни само во нашето семејство, тоа секогаш ни мислело и ќе ни мисли добро.