Јас верувавам дека постои вистинко другарче ,имам три најдобри пријателки кои секогаш ми помагале ретко сме се скарувале и тоа за глупости и одма сме го разрешувале проблемот во куќниот совет а нај многу си помагаме во тешките моменти и не се оставаме тоа многу ми значи .со едната се знам од забаваче а со другите две од прво на станвме најдобри другарки во пето.Покрај сите проблеми што ги поминавме верувам во нив .Се надевам дека нема да се сменат и дека нема да ма разочараат
Постои јас имам 2 најдобри другарки другарки и еден најдобар другар со машкото сме заедно од 7 години него најмногу му верувам како брат можам да речам ми е и плус комшии сме си живееме фамилијарно... За овие 3 луге неможам да кажам лошо многу ги ценам и ме ценат секогаш си помагаме и баш се чудам како некои ќе речат другарка ти прва ќе те изневери, едната другарка ми е мажена и ден денес со мажот и идат кај мене. Другата другарка ми е друга вера (муслиманка) и не знам ама ми е како родена сестра многу сме слични уште кога се запознавме се фативме за рака и цел ден така шетавме, абе една мајка да не раѓаше ќе не згрешеше А сум имала како малечка и некои кои не ми биле другарки но тоа се со тек на времето се открива меѓутоа според мене вистински другарка/другар е оној кој кога ќе го прашате за совет ќе има исто или приближно мислење како мајкати.. проверено
Тие што сеуште имаат другар/ки на кои можат да се доверат и досега не биле изгорени, велат дека постои вистинско другарство, додека јас, можеби прерано, ама ја осетив болката на загуба на најдобрата другарка и тоа во период кога ми беше најлошо. Тоа ми беше како јаготка на шлагот, па се чувствував како овената роза, ама се‘ е минливо. Тоа ми беше леција за тоа како понатака да се однесувам со луѓето што да давам, и колку да очекувам, колку да им верувам, ама НИКАКО ни да им се доверувам. Така да, сега секоја загуба(не смртна) ја доживувам ладнокрвно, затоа што не се врзувам многу со луѓето.
Аууу вистинско другарство, пред година дена ќе бев многу сигурна дека постои, но после низа случувања некако не ми стои дека е возможно, кога тогаш ќе се појави некој проблем што ќе го наруши вистинското другарство
Мноооогу ретко! Најчесто денешните "другарства" се базираат на исти/слични интереси што траат одредено време и потоа тоа истото другарство (како што брзо се развило) брзо се распаѓа! За жал така е... Секоја чест на исклучоците!!!!
Ретко... дури и не верувам нешто премногу, како помала да имало поголемо почитување ама како што тече времево некако сите си гледаат свои интереси, се тргаат настрана, ја нема таа блискот и тоа е. Уште се дружам со другарки од основно, ама ете некако не е тоа тоа, не дека некоја нешто ми згрешила ама ете. Еден куп лажни фаци
НЕ После рајот, го искусив горчливиот вкус на другарството и тоа не еднаш. И како потоа да верувам? Можеби сеуште не сум достојна да говорам за вистинско другарство затоа што сум во раните години, ама доволно сум изгорена. Не можам повеќе да коментирам на оваа тема. тАчка !
пред некои 6-7 месеци се здружив со една другарка многу и станавме најдобри другарки, и не можам да се пожалам од неа. Исто размислуваме, се надополнуваме, дури и исто се чуствуваме , се случува да се гледаме едно 5 секунди така и потоа и двете да извикаме ист збор и после се чудиме како ни текнало. Имаме исто мислење за доста работи и ист поглед на светот. Ептен ми е мило што се зближивме и што ќе се дружиме уште 4 години во средно.
Не, во денешно време НЕ!! Јас на пример размислувам вака немора секогаш да биде така ,ама сепак мислам дека е тоа.За да бидеш со некој пријател мора да имаш ист поглед кон работите,слични размислувања,да се сложуваат карактерите едни со дури ....итн.Доколку го нема тоа нема приателство, а што се однесува во денешно време НЕма виктински пријатели, сите си гледаат прво за себе па потоа за другите и дури мислам и дека попрво ќе сакат да ти наштетат(предадат,окриват,љубоморат) отколку да ти помогнат во било која ситуација.Ви го кажувам ова од искуствоо!
До пред некој ден мислев дека има , но се разочарав , со другарка ми се дружиме практикли цел живот , буквално од 4 години нон-стоп заедно ,но се задружи со едно девојче уште во сновно но никому ништо се си беше ок , потоа и во средно беше со неа но повеќе со мене , се додека пред два дена видов кого го смета за надобар другар , после тооолку години разбрав и увидов дека не е другарство само да кажеш некому нешто битно или небитно туку другарство е да непушташ некого да оди дома ...
Сите си го имаме поставено истово прашање. И мене ми с еима случено истото, со моја другарка. На која што премногу и верував, и за која што секогаш бев тука. Изгледа дека треба добро да припазиме на кој му ја даваме довербата и после тоа ако некој ја изневери таа доверба, треба да сфатиме дека не секој е способен да се сноси со тој дар што сме му го дале наречен доверба, и дека не секој го цени тој дар. Како и да е сметам дека треба да останиш во контакт со неа, ради тоа што мислам дека ќе испадниш како позрела личност, само немој да се отвораш многу пред неа, како што правам јас сега со мојата т.н најдобра другарка. А таа кога ќе забележи дека не ја вклучуваш во твојот живот како што си ја вклучувала порано ќе и биди многу криво. Меѓутоа, тоа е тоа. Некои луѓе си одат од твојот живот, други доаѓаат. Мене искрено од дома ми велат дека во никој не треба да имаш доверба освен во најблиските, во мајка татко сестра/брат...
Да постои... Имам две најдобри другарки кои секогаш се тука за мене, а и јас за нив Сме се карале понекогаш ама за ситници, веднаш се решавал тој проблем. До сега не ја изиграле мојата доверба а и се надевам дека и понатака нема.... Срцки мои мн ве сакааам
Искрено не верувам повеќе во искрено другарство, ке ти биде другар се додека има корист од тебе, а после тоа чаопријатно.
Да, постои! Пример за тоа сме јас и другарка ми! Ова веќе ни е 8сма година како се знаеме, од средно сме другарки, и буквално за ништо се немаме скарано! Се доверуваме една на друга до максимум, знам дека ме нема изиграно нити пак јас неа! Главата во оган би си ја ставила за неа, толку многу ја сакам и почитувам и ценам! Не сме крвно поврзани но за мене она ми е сестрата што никогаш не сум ја имала! Иако сме од различни населби во Скопје настојуваме 2 пати да се видиме неделно, иако телефонски секојдневно се слушаме! Епа среЧо моја најубава многу те сакам! што би јас без тебе? вода би ме однела
Да постои имам пишувано и не сакам да се повтарам. Другарство постои но треба да знеш и да го одржуваш. Имам другарки од прво одд до денес сме заедно се почитуваме,сакаме,помагаме а и често се гледам со нив.Тие можат во секое време да ми се јават се би дала за нив ,а и тие за мене. На 18јуни се собираме во кафана на генерациска средба од завршувањето од осмо,завршивме далечната 1988год и сега сигурно ке сфатите колку трае нашето другарство.Се собираме околу 15души не баш сите ама тоа ни е традиција секоја година и на тие средби се радуваме оживуваме спомени,пееме се смееме.....Генерација за пример, другарство вечно, најубави моменти од основно и најсрекно детство.... ВЕ САКАМ 8-б.........
И мене истото ми се има случено и некогаш се осеќам како да немам другарка ниедна, но подобро да немам отколку да ме искористуваат и да ме озборуваат позади грб. Дечко ми ми е најдобар другар
Од мое лично искуство мислам дека не постои. Денес сите гледаат своја корист, дали да извлечат пари, можеби некоја помош за школо или факултет.... Некои пак само онака ако им е досадно ти се врткаат....додека пак други цело време се со тебе, ги сакаш ко сестри, делиш се со нив, им кажуваш се....и на крај дознаваш дека се обични дволични...ма не дволични 10 лица имаат... на крај НЕ ПОСТОЈАТ ВИСТИНСКИ ДРУГАРКИ! Сега го имам дечко ми кој ме поддржува...и воедно ми е најдобар другар!
сите се со тебе дури имаат некаква корист за било што и потоа ти го вртат грбот...така да ВИСТИНСКИ другарки нема !!!!.....