За жал никогаш не сум имала искрена другарка што ми посакува се најдобро, се радува за мене или ми се доверува...ок моите другарки да, до некој степен, но се чувствува дека не е тоа тоа.
Вистинско другарство??? Ех, сега да бев 6-7 одделение и да верував дека постои вистинско пријателство. Не, за жал не. Она вистинско другарство постои кога има суштества со чисто срце, суштества кои им треперат очињата кога лажат, а тоа нормално се ДЕЦАТА. Кога си дете веруваш во се, во вистински пријатели, во вистински чувства, лажеш за „НАЈДОБРИТЕ“ пријатели. Секако, ова вистинско пријателство дали ќе постои или не, зависи и од нашите родителите . Па ние цело време учиме од нив. Ако озборуваат за пријателите кои им биле на гости откако ќе си заминат, ние истото го правиме надвор со пријателите откако ќе го нема некој другар во моментот. „Вистинско“ пријателство постои се додека не те искористат сите, да им кажуваш домашни, да речиш дека тие направиле проект за на училиште, а поим немаат ни за целосното име на проектот ( насловот), кога препишуваат на тестови од твојот, а ти се жртвуваш за нив макар и да добиеш КЕЦ.А сега 2-3 година ги гледаш заедно како сестри и после се озборуваат. За грев се, овој фејсбков, лајкови, коментари на слики ги расипа сите, компјутеров сите ги расипа воопшто . Она безгрижно детство кога немавме ни комјутер, ни фб, ни врска за ова, кога бевме по улици и трчавме безгрижно, тогаш постоеше вистинско другарство. Прашајте ги вашите родители , тие ќе ви кажат за вистинското пријателстово во 70-80 години. Како заедно играле и делеле едно парче леб. Тоа е ВИСТИСКО ДРУГАРСТВО, а денеска ако постои тогаш блазе им на оние кои го имаат тој скапоцен дар.
ПОСТОИ! Само кој каква среќа има Јас сум си среќна, си ги имам најдобрите што можат да се најдат во Скопјево Колку поише гледам какви се другите “другарки“ наоколу, толку поише си ги засакувам Срцки
По мене вистинско другарство не постои!!! постои можеби но премногу се ретки тие. и јас имав другарка 5 години, беше постара од мене малце, мислев дека ми е ВИстинска другарка , све си делевме и си кажувавме!! НАС ЕДНОСТАВНО НИКОЈ НЕМОЖЕШЕ ДА НЕ РАЗДЕЛИ ... само една ден се скрши нешто и едноставно ми забоде нож во грб... и сеуште неможам да се соземам и оддтогаш немам поверење во никој освен во самата себеси!! еве неколку месеци поминаа никој неможеше да ме убеди дека вистински пријателство не постои . ама небило така!! се излажав гадно и се заебав затоа мој совет девојки вие, Верувајте но во наводници немојте превише да верувате и да очекувате од некого превише ... за да не крај недај боже бидете премного и повредени ....
Верувам во вистинско другарство, според мене постои но тоа е како да бараш детелинка со 4 листа во поле полно со детелинки, ретко е но постои, ја сум пресреќна што имам две такви другарки кои никогаш не ме разочарале
здраво јас сум нов на оваа страна и го прочитав сето ова,и би сакал да те поучам на некои работи дека денес неможеш и несмееш да покажуваш слабост во врска со пријателите односно времето е променето за многу работи 1.несмееш да му веруваш на никого 2.кога си со некој така наречен пријател немој да му се отвараш за било што.3.само превземај разни информации од тој пријател.4.истите тие информации немој да ги искористуваш за твои цели тоа е неблагодарно.5.периодично проучувај го тој пријател односно обработи го.6.ги собираш сите можни информации за одредената личност.7.ги разгледуваш сите информации ги анализираш.8.и донесуваш одлука врз основа на тие информации.и тогаш кога ке бидеш сигурна можеш да се дружиш со таа личност но сепак запомни НЕ СЕ ОТВАРАЈ ПРЕМНОГУ ОДНОСНО НЕМОЈ ДА СЕ ДОВЕРУВАШ затоа што тоа може а биде искористено во корист на другата страна само претпазливо со секого.по мое мислејне денеска непостои вистински другари или пријатели како и лјубовта што не постои се се заснова врз интересите мислам би требало да го сетиш тоа поздрав
По мене вистинско другарство не постои!!! постои можеби но премногу се ретки тие. многу пати ми имаат забодено нож во грб .. јбг тоа е животот....
Изгледа не. Што е, тоа е. Премногу различни ставови и нетолеранција меѓу луѓето за да може да се развие такво нешто. Среќни се оние кои имаат вистински другари.
Јас мислам дека постои и не значи дека ако еден или неколку те разочарале дека и другите ќе те разочараат. Не се сите луѓе исти и не треба да се откажуваме од вербата во вистинско пријателство ако едно не било такво. Точно дека треба да се биде претпазлив и да не му се верува на секого, но не се согласувам со тоа дека не треба да веруваме на никого. Тоа би значело изолирање од сите, што во самата човечка природа е човекот да се дружи и да живее со другите. За да се има вистински пријател, треба и да се биде таков. Се надевам секој ќе си го најде соодветниот
Постои вистинско пријателство... Јас си ја имам најдобрата пријателка на светов. Душичка е. Секогаш е тука за мене, а и јас за неа И за ништо на светов не би се откажала од неа. Си ја сакам
Постои ! Јас имам едно такво, исто ко тоа на Хаус и Вилсон ( кој глеал знае ), во кое што јас сум Хаус, така да верувам дека подобро другарство од ова што го имам, ниту ќе има ниту пак можам да имам
постои ама јас мислам дека машките се многу поголеми другари од женските ама некако во последно време и тие се напраени катастрофални
постоии......јас си ја имам најдобраата другарка на светот...која ми покажа дека постои вистинско другарствоо...ја сакам ја обожавааммм не можам да живеам ни ден без неаа...... а исто така се сложувам дека некогаш машките се поголеми другари од женските.....имам исто така еден другар кој премногу ми значи и ми има помогнато во животот... си ги сакам двајцатаа... не можам ни ден без нив..!!!
Мислам дека постои вистинско пријателство..јас си имам три најдобри другарки и секогаш можам да му верувам и срцкасти се..секогаш се тука за мене и јас за нив
Да, затоа јас во последно време си се дружам со нив, си имам машки пријателчиња.. Но има и исклучоци, и тие почнаа да се упропастуваат со оговарање и такви глупости...
Постои, но за жал е во изумирање, барем јас така мислам. Секојдневно гледам како за глупости се рушат долгогодишни вистински другарства ( и машки и женски). Според мене, подобро е да имаш една вистинска другарка, отколку неколку „као демек“ најдобри другарки. За жал, луѓето со тек на времето се менуваат, и тоа баш оние од кои најмалку сме очекувале такво нешто. Јас лично имам две најдобри другарки, кои премногу ми значат. Не би ги менувала за ништо на светов, зашто ми се и тоа како потребни во животов.