Постои секако. Иако денешниве невредности се очајни за внимание, и се билда нешто што не е достојно да се нарече пријателство, само ако едниот има корист од другиот или взаемно. И навистина, долготрајните пријателства се нарушуваат само поради глупости, но сепак, кога некој не може да премине низ глупост, не е вреден за понатаму. Сепак во време каде што никому не можеш да веруваш, тешко е да склопиш вистинско пријателство. А она што вредело премногу некогаш, вреди и сега, сигурно ќе вреди и понатаму.
Постои вистинско другарство! Еве пример мајка ми има пријател уште пред 20 години! Значи секогаш е тука за неа, она за него, фамилијарно сме многу поврзани! Можам да кажам дека си имам и јас другарка целиве 17 години, се надевам ке трае и понатака
Јас на друг начин ги дозивувам пријателствата и затоа кај мене многу траат,имам многу пријателки но една ги знае повекето работи за мене а со сите сум добра и сите ме вбројуваат во тесниот круг на пријатели но еве јас сум некако на дистанца и не дозволувам да ми навлегуваат многу во проблемите и љубовта.На сите им е чудно како до сега не сум била во ниедна кавга и со никој се немам скарано па да го расипам пријателството напротив се повлекувам и многу пати кога се скараат две јас сум во средина сите мене ми се плачат,верувам во вистинско пријателство зосто сум спремна да помогнам,да се смеам во радост да плачам во тага се бе се и го имам осетено и од друга страна,сепак потребни се граници а кај нас во мк некако ептен ги форсираме сите пријателства,јас познавам лугје кои 40 години успеале да одрзат пријателство и тоа вистинско ама и нивниот совет е: се сто е под или над нормалата не е добро,немојте безрезервно на никој да му верувате,секој потсвесно ви завидува на среката колку и да ви се чини дека не го прави тоа верувајте дека е така
Дефинитивно ПОСТОИ ...Барем за мене..Имам поголем круг на верни пријатели, но само една ги знае сите мои тајни...И верувам бескрајно и она мене.. Се до детал знаеме една на друга, не се разделуваме.. Ја почитувам пред се, и ја сакам најмногу на свет. Многу сум среќна што постои, можеби Бог не ми подарил љубов од спротивниот пол, но ми ја подарил неа, ми подава рака и кога најмногу ми е тешко, заедно поминуваме и среќни и тажни моменти, заедно преку секој проблем, заедно при прославување на некој наш успех. Каде и да сме секогаш двете заедно сме. Ти благодарам што секогаш си покрај мене и што ги трпиш сите мои испади, ти благодарам што тоа си ТИ и што не се менуваш. Ти благодарам што ме сакаш..
Како и обично кога човек е силен и моќен, тогаш има премногу пријатели, а кога ќе западне во неволја, тогаш и најверните се оддалечуваат, како и да не го познавале оној на кого до вчера му зборувале дека за него би пошле и во оган! ПОСТОИ, но многу ретко...
Постои...се додека во другарството не се појави љубомората...Инаку да ти е некој вистински другар не значи дека со него треба да си уште од мали нозе(незнаеш никој што ти копа зад грб) напротив никогаш не е доцна да го најдеш вистинскиот другар...А тоа што не разочаруваат оние во кои сме имале најмногу поверение е Божја заслуга,сака да не заштити од грешките на време
Не сум сигурна дека постои искрено другарство, барем не повеќе. Денес луѓето пред се си гледаат на сопствените интереси и газат по се само да ја постигнат целта што прави да не можеш да му веруваш на сопствен брат/сестра, а не пак на другар/другарка. Имам неколку личности кои ги сметам за блиски и во кои имам доверба (обострана се разбира), но никому не верувам слепо... Пријателите ми се поделени и од секој знам што можам да побарам и што да очекувам.
Ретко,но постои. Сум била разочарана во мнооогу т.н пријатели, но има и некои што никогаш не ме изневериле и што се секогаш тука за мене.Мал е бројот,еве кај мене се сведува на 3 личности чија доверба знам дека секогаш ќе ја имам. Сум сретнала полно луѓе кои ме уверувале дека другарство не постои,дека се е од корист,дека сите се дружат со тебе од интерес,но сега кога ги нема во мојов живот,верувам во вистинско другарство,да.
Секој човек има потреба од друг човек кому ќе му се довери и ќе му ги каже своите маки. Верувам дека постои вистинско другарство, иако сум се разочарала толку многу од мојата другарка која ми беше како сестра демек.Јас ја пронајдов својата "најдобра" другарка пред година и нешто. Постојано бевме една кај друга, си ги кажувавме тајните, маките, радоста. Делевме се и среќа и тага и никогаш не сум и посакала нешто друго освен среќа. Проблемот беше што таа не знаеше да размисли како зрел човек. Иако е постара од мене секогаш јас бев таа што се однесуваше позрело. Се појавија нови другарки но како нашето другарство немаше помеѓу ниедна од нив. Сите не знаеја како сестри а не како другарки. За на крајот таа да фати дечко и тотално да заборави на нејзината вистинска другарка. Далеку од тоа дека и бев љубоморна и посакував да биде среќна, но не сакав да ја изгубам. Пробав да и укажам дека другарството ни се распаѓа, но таа од што беше толку заљубена не гледаше подалеку од својот нос. Ми го заврте грбот и таа и цело друштво. Воопшто не ја беше гајле за нашето другарство за таа љубов која што ја имаше помеѓу нас. Ме напушти без капка каење и нашите нови другарки сега беа само нејзини другарки. И ете ја сега среќна, заљубена, со ново друштво, а јас загубив се што имав ги загубив сите поради неа, бидејќи многупати ги лажев сите за неа само да ја заштитам. Плачев, се нервирав, само господ знае колку за еден ден да се свестам дека таа не е вредна и дека не била вистинска другарка, бидејќи да беше вистинска ќе останеше со мене додека ми беше тешко ќе се потрудеше да го зачува нашето другарство. Сеуште ми е тешко и не можам да се прилагодам на новото друштво кое го имам, имам нова другарка секако блиска но сега многу внимавам на тоа како го градам нашето другарство и не ги правам истите грешки како порано. се трудам да останам силна и да не дозволам минатото повторно да ме скрши. Целата поента е дека постои вистинско другарство, но за жал мораме прво да ја научиме лекцијата за да стекнеме знаење. Затоа само храбро не дозволувајте да ве скршат оние кои што не се вредни за вашето внимание а уште помалку другарство.
Па фала богу јас сум една од ретките кои имаат другарка,вистинсkа другарка! Многу ја сакам и едноставно неможам да го замисламм животот без неа... Нејкам ни да помислам каков би ми бил животот без неа. Сите што пробало да не разделат на почетокт биле среќни зашто мислеле дека успеале но сепак ГОЛЕМО НЕ. Сме и ке си остнеме најдобри, вистински другарки!! Колку сум си само среќна што ја имам нејзе, аххх Ја сакам најмногу али стварно најмногу.♥♥♥
Вистинското пријателство постои, оние кои што не го доживеале само не биле на вистинското место во вистинското време и што е најважно личноста покрај нив не била вистинската. Не велам дека вистинското другарство постои по мој пример, затоа што сеуште не сум го искусила, а верувам дека тоа ќе се случи наскоро. Оптимист сум, но сепак не го гледам светот низ розови очила. И јас сум била разочарана, од луѓе кои сум ги сметала за пријатели и свесна бев уште пред сето тоа да се случи дека онаа вистинска личност не е покрај мене. Завршив основно, за две недели веќе ќе бидам опкружена со нови луѓе, во нова средина. И се радувам на тоа верувам дека помеѓу тие луѓе се крие онаа вистинската личност на која ќе можам безусловно да и верувам! Сигурна сум дека ќе го ја препознаам вистинската пријателка, бидејќи ќе се чувствувам слободна пред неа и ќе можам да и ги кажам тајните. Всушност за да бидеш вистински пријател треба да бидеш спремен да одиш до неговата/нејзината куќа и на најголемиот дожд, само за да ја утешиш бидејќи дечкото ја оставил, да бидеш спремна да ја поделиш последната коцка чоколадо со неа, да бидеш секогаш тука за неа дури и ти се јави во два навечер, да и даваш совети, бескрајно да ја сакаш и почитуваш. Но треба и да го очекуваш истото од неа Вистинското пријателство е да бидеш подготвен да делиш, да почитуваш, да сакаш, да слушаш, да даваш совети од срце, да се смееш со неа додека не те заболи стомакот , да плачеш со неа кога кучето и се разболело , едноставно да уживаш во нејзино друштво. Затоа апелирам до сите разочарани од пријателството, не очајувајте сите ќе си го најдете оној вистински другар еден ден. А дотогаш уживајте со оние "лажните"
Да, постои. Најдобар сведок (за мене) на прашањево е моето другарство со мојата цимерка (воедно бест френд од 6 одделение). И пресреќна сум шо си ја имам и во лошо и во добро. Гледаме како растеме, како се развиваме, како се променуваме... убаво е кога делиш животни моменти со најдобрата другарка.
Нова сум на форумот, па некако темата ми падна во очи. Можеби поради едно свежо искуство. Со мојата најдобра другарка се знаеме 13 години и еве пред некоја недела видов дека всушност и не ми била најдобра другарка како што бев убедена. И не ми беше поентата тоа..... Јас ништо не изгубив, јас бев вистинска другарка, затоа сега јас можам да ја гледам во очи а таа не! Секогаш страдаше од своите грешки а сите околу неа и беа виновни за ситуацијата и незнам како ама ни јас ни некој друг после многуте обиди неможеше да и докаже дека страда од "нејзината глава". И како што реков не ми беше тоа поентата туку нешто друго сакав да кажам: Мојата мајка има прекрасна пријателка, едноставно ги гледам и неможам да поверувам дека такво пријатество постои. Тие не се една со друга само кога треба да пијат кафе или да направат некој колач. Тие се една за друга во секој момент и во лошо и во добро и во болести и во срекни моменти. Пред некое време таа го изгуби сопругот мајка ми тоа го поднесе многу тешко а за пријателката да не зборувам се знае Мајка ми во тие моменти беше постојано покрај неа и ни во еден момент не ја остави сама, во денот ке се случеше и по 5 пати да отиде до кај неа ако не друго барем да знае дека некој е со неа ( така велеше мама). Еве и уште еден доказ дека тие се вистински пријателки можеби малку смешен но сепак искрен: Пред некое време на татко ми не се чувствуваше добро, па мајка ми како и обично крена паника и веднаш и звонеше на пријателката која инаку е медицинско лице... И двете пробаа да го убедат како е најдобро да отиде на лекар. Пријателката бидејки беше на работа па секои 15 минути и звонеше на мајка ми и го бараше татко ми за да се расправа со него Во последниот повик му кажа : "Немој да не плашиш те молам, знаеш каква е мојата ситуација и колку се плашам ако не сакаш да дојдеш ке ја пратам колата за брза помош да дојдат да те соберат па после срами се колку сакаш " . Татко ми не ја свати озбилно.... И кога за 3 мин колата беше пред нашата кука Значи сакам да кажам дека тие работи не се прават за некој кој не ти значи ништо. Јас ова, и не само ова има уште милион докази кои неможам да ги соберам овде, го сметам за вистинско пријателство незнам како го доживувате вие.
Искрено престанав да верувам во вистинско другарство од пред некое време. Имав една другарка со која го имав поминато целото детство ја сакав како сестра за што за на крај она да ми го сврти грбот.. Ајде помина и тоа.. Потоа премногу се зближив со едно девојче, девојчево во градов беше обележана како к*рва ( извинете на израз ) а пред мене глумеше светица и верував премногу се испокарав со пола од тие што ги знам за да ја одбранам и кажував се делев со неа буквално се некогаш си правев проблеми дури и со моите дома за да и угодам неа несакав да се почуствува сама бев со неа и во убаво и во лошо кога плачеше она плачев и јас ме болеше кога ја гледав тажна и она беше таа што ми зари нож во грб.. Еднаш се подскаравме малце и почнаав да слушам се што сум и кажувала во доверба неа од други па уште и ги преувеличувала работите ма дури сеа ме боли кога зборувам... Сеа се дружам и со други но можам да кажам дека стварно се чуствувам осамена, немам доверба во никого, немам на кого да му кажам кога не сум добро немам таков на кој му верувам тешко ми е премногу....
мојот став за вистинското пријателство е следниот-како и во се друго Што е вистинско и од срце и пријателството бара да се вложи многу љубов,топлина,разбирање,отвореност,искреност,директност и секое пријателство го врзува некаква страст кон нешто,меѓусебна помош и подршка.Дали постои вистинско пријателство..верувам дека постои(исто како што постои и вистинска љубов)само што денес,кога живееме во време на изменети вредности и извртени правила вистинските пријатели се ретки бисери кој треба високо да ги цениме и релациите со нив внимателно да ги негуваме!