Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали дечкото може да ја сака и да биде верен на една девојка која му е прва и имаат долга врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Iggy.A, 16 ноември 2015.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Видете, привлечност и љубопитност за друг може да се јави и кај веќе изживеани луѓе, односно, пар кој стапил во брак после солидно проживеана младост (во смисла менување партнери, истражување, себеспознавање). Ретки се тие кои си ја изживеале младоста со еден ист партнер и плус се веќе во брак. Факт е дека кај секого може да се јави желба за друг, до нас е колку таа желба ќе ја контролираме или ќе и се предадеме. Неважно дали е мажот или жената. Зависи и од околностите. Генерализации не се потребни, нема правила во животот.
    Сега може за ова ќе ме утепате - ама имам впечаток ( а богами и искуство) дека жените се тие кај кои почесто се јавува таа желба за промена после подолг временски период со ист партнер. Не се ни мажите цвеќе за мирисање, ама ако споредуваме - жените водат ;) макар и минимално.
     
    На crazylady, srcence1607, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    96.643
    Јас сум за барем една претходна врска пред стапување во брак со човекот од наредната. Зборувам од мое искуство, не мора да значи дека сум во право, меѓутоа од нашите сопствени грешки најмногу се учиме за жал, така да мене ми беше потребно тој таканаречен ''кикс'' со претходната врска за да сега многу добро знам што не сакам, а не што сакам и апсолутно свесно одбивам се што се коси со веќе створените критериуми благодарение на таа претходна врска. Ми донесе многу маќи, ама лекциите се уште поголеми.
    Ми се чини дека во првата врска најчесто сме склони кон идеализирање, бајковити сценарија, нерационални моменти итн. После тоа се ствара веќе некој изверзиран став кој што е далеку помалку колеблив отколку претходно за тоа каков би требало да биде човекот кој ќе ја игра улогата на маж и татко на нашите деца/дете.
    Значи мислењета и очекувањата сега ми се толку сменети од пред неколку години во кои што се случи и таа моја врска која ми ги ококори а не отвори очите, да не можам ни да протолкувам како јас тоа сум можела да размислувам така и да имам такви очекувања. Сега сум рационална.
    Некој можеби ќе рече во љубовта треба да преовладува срцето а не разумот, ама ете јас одбирам разум. А нашиот разум е правопропорционален со годините, а годините носат искуства и раст на личноста во секој нејзин сегмент па и во врските и љубовта.
     
    На Annath, kjukli, Dreams11 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не знам зошто ама кај повеќето девојки кои што имале еден партер досега се јавува некаква одбивност спрема нас останатите кои сме имале неколку врски повеќе од нив. Затоа и се потресувате толку на темава и ме цитирате, не сте свесни ама од страна делува како да ве плаши тоа што некој мисли дека ваквите врски се невозможни, па со сите сили пробувате да убедите дека вашата врска е совршена и ке дочекате старост заедно без притоа да пробате ништо друго. Во ред, ако мислите дека е возможно само напред.
    Никој не рече дека треба да го оставите партнерот само затоа што не сте пробале нешто друго, но гарантирам дека после години заедно кога тогаш ке си помислите а како би ми било да пробав со некој друг. И тоа воопшто не е грешно, природно е, човекот сам по себе не е моногамен, ама кога ке се заљубиме одбиваме да веруваме во тоа и си ствараме слика во глава дека партнерот цел живот ке има очи само за нас и притоа нема никогаш да посака да вкуси нешто друго.
    @LivingGlam, во ред постојат исклучоци, ама секој од овде може да се сложи дека оние кои што имале еден дечко или една девојка цел живот процентуално се некои 10-15 % да не трескам, може не се ни толку, епа сега не знам кое е по нормално еве кажи ми ти. Не велам дека сте отидени со паметот ама за мене не е природно и искрено незамисливо ми е да фатам дечко на 15 и тој да ми е едниот дур да умрам. Ако ти е тебе во ред, живеј така, мојот став е различен не мора толку да скокаш и да ми правиш психолошки анализи колку сум несигурна или искомплексирана. Верувај ми дека несигурна би била во спротивниот случај, кога само еднаш би ги почувствувала оние пеперутки во стомак кои се на почетоткот на врската, онаа затресканост кога допрва се заљубуваш во некој, чувството пред да отидеш на првиот дејт. Не сум ги имала многу на број ама пак не ми се десило ни само еднаш тоа и мило ми е што е така.
    И фактот што ме цитираш сто пати само ми потврдува колку си несигурна ти во твојата врска, негирај ме слободно ама да така е.
    Што се однесува до промискуитетност, да не е во ред, ама доколку некоја сменила 4-5 дечковци не значи дека е лесна ниту пак промискуитетна. Сосема нормална појава е, ни премногу партнери ми се несфатливи, ни еден само, средината за мене е ок.
    И многу ги изврте моите зборови и ги вадиш од контекст, па кај јас побогу реков дека број на партнери значи зрелост, дај да збориме како што е без да правиме игра на зборови само за да се во корист на нашиот аргумент. За да знаеш што сакаш од една врска треба да имаш искуство со повеќе од еден партнер и тоа како. Треба да згрешиш, треба да бидеш оставена, треба да оставиш, треба барем еднаш да си повредена за да на крајот кога ќе сфатиш што ти одговара а што не, е тогаш стануваш способна да бираш партнер со кој мислиш дека би можела да останеш. Во спротивно не знаеш, едноставно не знаеш бе кога не си пробала, може сексот ти е добар сега ама од кај знаеш за подобар кога немаш пробано. Не е се во тоа легни, срвши и супер секс имам, мхм како не.
    Ќе ви текне на темава кога за некоја година ке почне да ви се превртува утробата за некој друг, па затоа некои ги фаќа доцен пубертет, кога во 35 години прави работи што требало да ги прави на 16, да брка женски да флертува, да излегува. Негирајте ме слободно, ама и длабоко во себе знаете дека е тешко остварливо.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tamaraa1234

    tamaraa1234 Нов член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    не може. :shake: јади јади пилешко секој ден ќе ти здосади
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    @manja666 тотално погрешно ги прочита моите мислења. Не, немам апсолутно никаква одбивност спрема девојки што имале повеќе партнери. Каде тоа виде дека убедувам некого дека моето е правилно а неговото не? Баш спротивното се трудев да ти го кажам. Напротив, кај тебе се јавува одбивност од не знам која причина. Ти си таа што прави психолошки анализи, предвидуваш крај на нешто што нема никаква врска со тебе и со твоето искуство.

    Ти немаш став, ти имаш тврда убеденост за нешто што треба да функционира според правилата на твоето искуство. Те цитирав не сто, туку два пати. Тоа никако не докажува дека сум несигурна во мојата врска. Па и ко факт го зеде. :D Ти си оставала, си била повредувана и си сфатила што сакаш. Јас сум имала прекрасна врска од почеток и не сум била ни оставена и повредена, нити сум оставила или повредила и тоа не ме прави неискусна и неразумна.

    Да, можам да знам што е добро за мене. Сум го пробала тоа што е добро и знам дека е добро. Ти, од друга страна, не можеш да знаеш што е добро за мене. Не знам со поедноставни зборови да ти објаснам. Длабоко во себе јас знам што знам, ти не можеш да знаеш. Смири се малку, има и нешто различно од она што ти си го одредила ко нормално.
     
    На cresa-jagoda, Ana.brojka, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Fakt e deka covecko oko e nenasitno , ama ako sam neznaes da se iskontroliras , znaci use neznaes so sakas vo zivotot I postojano baras nesto,bez razlika dali e maz ili zena. Za svoi 26god ,imam kolku-tolku iskistvo , 6 god veke vo vrska,imalo takvi raznishuvanja ama sfakjas deka ne e toa-toa. Nemam predrasudi , na sekoj moze da mu se zgresi (nedaj Boze),zatoa ja otvoriv temava da slusnam povekje mislenja , da vidam dali ima slucaevi kako mene, a za tie sto zavrsile vo brak im se voshituvam . Naucno e dokazano dela prviot partner (ako vistinski si go sakal) nikoj nema da moze da go zameni , iskreno vo ovie 6god.nemozam ni da zamislam da legnam so nekoj dr... Klucot lezi vo cvrstinata da karakterot , da si ubeden deka sakas da bide,ako ti e ubavo normalno..:inlove:.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе , ама во се!:clap: Верувај дупло поискусни сме ,затоа што сме се пронашле себе во едно лудо време,каде е тешко да најдеш нормален партнер а не па да функционираш долго...:sun:
     
  8. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Аххахахахаха поглупа компарација немам чуено ! Така и една Проф. викаше дека не се јаде грав за ручек секој ден ,сите веќе ја знаеме со човек е.
     
    На cresa-jagoda и Ana.brojka им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Абе @Iggy.A, не се сметам за поискусна ни понеискусна од никого. Само си проценувам за себе без никакви споредби. Ако ми е мене добро, ич не ме интересира што некој предвидува за мојата врска и моите избори.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ах бре луѓе, треба да сфатите дека некои работи во животот едноставно не се планираат. Многу ми се бесмислени такви стратегии од типот „со вториот ќе се омажам”, или „со четвртиот ќе се омажам, таман да пробам различни, ама сепак да не бидам промискуитетна” :^) Може првиот да биде вистинскиот, може тоа да биде вториот, а може и со десетиот нешто да не штима. И сега што правиме? Неразбирливо ми е некој да раскине подолга врска само затоа што некои луѓе сметаат дека тоа не е „нормално”. Убаво ти е со партнерот, се сакате, се почитувате, има взаемна поддршка и доверба, ама само затоа што ти е прв - треба да го оставиш. Кога некој ќе си ја најде сродната душа, не може да знае, а уште помалку да планира. Јас во мое друштво имам парови кои се заедно од средношколските денови, а имам и такви што се запознале подоцна. И искрено не можам да кажам дека бројот на партнери или должината на врската има некакво влијание. Формулата за успешна врска е составена од други работи. И немојте со тоа „ама од кај знаеш дали е успешна, ако не си пробала со друг”. За врски зборуваме, не за откривање нов универзум.
     
    Последна измена: 17 ноември 2015
    На Marossa, Priroden, Ana.brojka и 14 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.340
    Пол:
    Женски
    Може, и тука нема многу за дебатирање бидејки секој од нас е приказна за себе и со сопствени гледишта. Поткрепено со многубројни докази околу нас.
     
    На cresa-jagoda, MilaP и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Бaш зaтoa штo збoриме зa врски, a не зa oткривaње нoв универзум, знaеме oтприликa штo збoриме. Немa пoтребa oд oбјaснувaње кaкo тoa сите врски се тoлку рaзлични и ние не знaеме штo се случувa вo вaшaтa, пoштo нели, мистеријa. Знaеме де, сме биле млaди, сме имaле први, дoбрo ни билo, се билo супер, сме плaнирaле свaдби и децa, дoбaр секс, срoдни души итн итн. Нo сегa кaкo вoзрaсни свесни сме и кoлку вo тие гoдини те зaгушувa тoј кoмфoр, пoштo млaдoст, лудoст, хoрмoни, желбa зa прoмени. Кoлку јa пoтискaaт тaa свoјa желбa oти мислaт декa немa дa нaјдaт пoдoбрo, или убедени декa немa зa нив пoдoбрo. Не мoрa пoдoбрo, еднoстaвнo пoинaквo. Зoштo дa не си вo врскa вo кoјa првенственo пуцa стрaст a не кoмпaтибилнoст нa кaрaктери? Имa и вo тoa убaвинa. Пa пoсле врскa вo кoјa мoжете сo денoви без престaн дa збoрите зa зaеднички теми. Пa еднa дисфункциoнaлнa :D
    Нa крaј aкo не се прoнaјдете никaде, јaвете му се слoбoднo нa првиoт, aкo сте срoдни души нели, пaк ќе си гo нaјдете пaтoт еден дo друг:wasntme:
    Нoрмaлнo декa oвa не мoжеш дa гo прaвиш нa силa. Дoбрo ти е, удoбнo ти е, oд гoтoвo вересијa зoштo дa си прaвиш, тaкa? Прaшaње е дo кoгa ќе биде тaкa. Не сaмo зa вaс, зa сите нaс. Амa тoј штo искусил пoвеќе знaе штo имa oд другaтa стрaнa нa рекaтa, вие не знaете.
     
    На eloves и Emy867 им се допаѓа ова.
  13. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    @Bridget А koj toa kazal deka ne "puca"strast so eden partner ? Temava malce projde granici ali OK...fintata bese da se spodelat ubavi iskustva ,kolku lugjeto veruvaat deka denes moze da opstoi ova... A za menjanje najlesno e ;)
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.231
    Пол:
    Женски
    Не велам дека нема убавина во таквата врска, но не си се запрашала некогаш, дека некој можеби веќе се наоѓа во врска во која покрај страста ја има и компатибилноста на карактери како бонус, па „мечтаењето“ по нешто друго едноставно нема сврха, тотално е непотребно.
     
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Насловот....ко воведен пост
    [​IMG]
     
    На Jordanovska-K, Bender Rodriguez и tamaraa1234 им се допаѓа ова.
  16. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Ja se izvinuvam sho sum nova I neznam kako funckionira ova ,poso nemam vreme da se zamaram so takvi gluposti. P.s ne se mavajjj tolku.
     
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    96.643
    Тука секој споделува свои искуства дали убави или неубави, од кај знаеш дали на некој нема да му послужи како лекција моето неубаво искуство, на пример? Дали веруваме да споделиме искуства? Абе јас ако ми се случува во се што верувам и посакувам, ехехее...
    А болдот(facepalm). Како некој да рече дека треба 1001 да се сменат:^).
    И апсолутно стојам зад ставот дека оние кои веќе доживеале крах во некоја претходна врска, по стоички ќе се справат со преќин на врска или некој сериозен проблем од оние од кои се цел живот во една врска. Нема да биде во стилот - ''Од каде и зошто баш ова мене ме снајде?'', туку поучени од претходното искуство полесно ќе продолжат понатаму затоа што веќе биле на таа точка во животот и ништо не им е ново и непознато, спротивно на оние првите.
    Едит - и нормално зборувам и за двата пола без исклучок.
     
    Последна измена: 17 ноември 2015
    На eloves и Annath им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Нема врска дали си нова или стара, тоа во основно школо се учи...што е наслов, што воведен дел, средина и крај. Толку голем наслов имаш сретнато некаде? Во книга, весник, стрип, по интернет, на форумов? Сигурно немаш.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.231
    Пол:
    Женски
    Крах си е крах, не мора да имам којзнае колку партнери за да ми треба ладна глава или што знам што, да сфатам кога нештата ќе излезат од колосек во врската, или да гурам дури и кога гледам дека ситуацијата е безизлезна.
    Никоја зрела личност не е будала да турка со глава во ѕид кога нештата не одат. Тешко е кога станува збор за долга врска во која си се надевал и си вложил многу, ама ете јас лично не би се понижувала за да останам во врска која не ме исполнува.

    Мојот одговор на темата е, дека тоа првенствено зависи од карактерите на партнерите. Не гледам причина зошто само дечкото да биде повикан, зарем не сте слушнале до сега за жени кои изневериле? Јас такви знам милион.
     
    На cresa-jagoda, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Mishela
    Пa некaкo тешкo ми е дa верувaм декa млaди дечки и девoјки, сексуaлнo неискусни, успеaле oд првa нa некoи 15, 16 или 17 гoдини дa гo пoгoдaт пaртнерoт кoј вo нaредните десетинa гoдини и пoвеќе кoмплетнo ќе им ги зaдoвoлувa aпетитите, плус бoнус нели кaрaктернa кoмпaтибилнoст и oстaли пaрaметри.
    Јaснo е декa стрaстa oпaѓa сo време, врските пoстепенo влегувaaт вo пoвеќе или пoмaлку кoмфoрнa мoнoтoнијa, немoјте дa ме убедувaте кaкo вaшите врски пoинaкви се и дo ден денес ви е кaкo нa пoчетoк. Рaзликaтa е дaли тaa мoнoтoнијa ќе нaстaпи нa 27 или 37 гoдини. Тoј штo пoчнaл рaнo сo тaa еднa и единственa врскa, рaнo ќе гo стрефи. Нa 37 гoдини имaш дa речеме децa, пooзбилен си, интересите менувaaт нaсoкa, ти личи дa си пoмирен сo еднa тaквa "пријaтелскa" врскa. Нa 20 и кусур гoдини, пa не бaш.
     
    На SexiLy, crazylady, Summerlover и 4 други им се допаѓа ова.