Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали дечкото може да ја сака и да биде верен на една девојка која му е прва и имаат долга врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Iggy.A, 16 ноември 2015.

  1. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl Ete sea prv pat za ti da sretnes ,g-ja pismenka ! :*
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.231
    Пол:
    Женски
    Ако не си имала таква врска Бриџит, нормално дека не ти е поимливо, но тоа не значи дека такви врски не постојат и дека се мислена именка, а ние тука јадеме трици напразно.

    Патем, никаде не спомнав како мојата или нечија друга врска останала иста и реално гледано, не ни може да остане иста од аспект на созревањето.
    Еволуира како што растеме и созреваме, но сепак се наоѓаме на иста фреквенција и можеме да си парираме во сите гледишта, па од тука изостанала желбата да се проба нешто настрана.
    Сè додека е така, не гледам причина зошто би прекинала исполнета врска, само заради бедната причина „еден и единствен“.
    Бесмислено ми е, дури и смешно.

    Мене не ми е како на почеток во никој случај, дури и поубаво ми е сега отколку тогаш, ама ок. :)
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Не ја има таа среќа секој за жал
    ... Не сме сите исти и неможеме да бидеме , ама барем нека поддраж среќа на други и да посакаат се нај ,место да ме убедуваат дека сум неискусна и сл... Затоа фрчат разводи ,цел живот незадоволни од нешто и ајдеее менуваме! Еден,двајца да не де погодиле па и тројца ете , ама 4,5,6? Помош нема за такви!
     
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Девојки никој не кажа дека ако имате стабилна врска со првиот партнер треба да го оставите само затоа што бил еден и единствен. Ако ви е толку убаво скролајте ги нашиве мислења и уживајте си во љубовта.
    Самата тема има конкретно поставено прашање на кое секој си го кажува мислењето, не ја осудувам секоја една од вас посебно, туку во глобала за мене тоа е невозможно и сметам дека во таквите врски барем едниот од партнерите си има по нешто и од страна или доколку нема прашање на време е кога и тоа ке се случи.
    Не е овде прашање дали да го оставам зашто ми е прв туку дали е можно цел живот да имаш само еден.
    Впрочем девојчето што ја отворило темава да мисли дека е возможно една врска за цел живот не би ја ни отварала темава ама ај. И она се сомнева во тоа побара мислење а прва скока да ги негира неистомислениците. Девојче ако мислиш дека може да си му доволна за цел живот зошто постои тој сомнеж па побара мислење и од нас ?

    И уште нешто ке реплицирам. Смешна ми е реченицата горе дека не сите ја имале таа среќа веднаш да го најдат вистиснкиот, се засакале на 14 години и ке се сакаат до 77, туф туф ние напатени жени, несреќни што петтиот дечко ке ми стане сопруг, леле голем пропуст што не сум го запознала на 15 години демек многу ке ми се посреќило, ама несреќница една на 27 ке го сретнам сум ја немала таа среќа како вашата.
    И никад да не го запознаам вистинскиот, пак ке сум посреќна отколку само еден да ми е за цел живот.
     
    Последна измена: 17 ноември 2015
    На crazylady, Avery, Wahnsinn и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    @manja666 Ne se voznemiruvaj ,samo sakav da slushnam mislenja ,mene konkretno mi odgovaraat istomislenici,stho e normalno.Od niza komentrai , iskustva slusam I si dobivam odg na nekoi prasanja , a gledam mn devojki nezadovolni pa odma udri smena;):* se najdobro !
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.231
    Пол:
    Женски
    Јас тоа не би рекла дека е среќа, пре би рекла дека се работи за сплет на околности, но тоа не е тема на муабет во моментов.

    Мене повеќе ме зачуди последната реченица од твојот пост.
    Не знам зошто толку трагично си го сфаќаш поимот „еден за цел живот“, ко да е некоја тешка болест од која бегаат сите нормални, а еве ние ненормалниве, не знам што не е во ред со нас.
    Баш ми е криво што така мислиш, но пак, не можеме сите да бидеме исти, па ако ти си среќна со петтиот, Бриџит се нашла на исто рамниште со вториот рецимо и така натаму, баш ми е мило - барем некој е среќен на крај од целиот тој исход.

    Никој не рече дека е пропуст (чувај Боже) тоа што некои не успеале да најдат компатибилен партнер порано, туку сакавме да кажеме дека да, постојат такви примери и во денешно време, а тоа што вие упорно замижувате пред таквите е сосема друга работа.
    Иста работа и за муабетот дали некој „оправдува“ или не, живот со еден единствен партнер - не мора да значи дека ако некоја не сака да се раководи според тоа, така треба да биде и со другите како по некоја школска дефиниција.

    Патем, лично никогаш не сум ставала план или што год да е за вакви работи, сè си доаѓало спонтано, па играм на карта - додека сум среќна и исполнета, гајле ми е што ќе биде еден и единствен.
     
    На eloves, cresa-jagoda, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    @Mishela, една членка погоре имаше реплицирано нешто во таа смисла дека не сите ја имале таа среќа првата љубов да им е и последна, не се однесуваше на тебе. Да, можеби го доживувам тоа како нешто страшно но секој си има своја причина. Мојот прв дечко и мојата прва љубов беше прилично долга врска, траеше со години, се зближивме премногу и убаво беше навистина, со тек на време во мене почна нешто да се менува, не сакав да си го признаам ниту пак да го спомнував но имав потреба да пробам нешто друго, си мислев период е, ќе помине ама не поминуваше туку желбата за нешто ново стануваше се поголема, толку многу ми омрзна тоа што со години бев само со него што мислам дека сечие туѓо најмало внимание ми годеше многу повеќе отколку таа врска. Настанаа драми, немав сила да го оставам, бев фрустрирана и искомплексирана како никогаш повеќе во животот. Тоа што раскинав сметам дека ми е најдобрата одлука што сум ја донела во животот, и како кошмар го доживувам кога ќе си замислам дека имаше шанси цел живот со него да останам.
    Јас уште во првиот пост посочив дека постојат такви врски кои што опстануваат, ама еве бидете реални и вие дека се бројат на прсти колку се. За мене е така и стојам позади се што сум пишала. Не знаеш дали е најдобра книга ако читаш само една иста, не знаеш дали е најубаво јадење ако јадеш секој ден исто, примерите се банални ама она што останува на крајот е кога знаеме само за едно нешто кога тогаш ке ни здосади и ке посакаме нешто ново. Може и да не се изневеруваат ама доволно е да му поминува тоа низ глава и цел живот да се прашува како би изгледал сексот со друга жена, мене искрено ова ми е многу полошо и од самото изневерување. Во ред, мислам дека сите горе - долу се согласуваме дека има такви ретки примери, ама еве признајте и вие дека во денешно време се се поретки па дури и невозможни. Не само од мое искуство туку од милион примери околу нас. На страна тоа што многу врски навидум ни изгледаат среќни а којзнае што си прават позади грб.

    @Iggy.A Искрено повеќе шанси за развод има кога на некој у 40 ке му текне дека не си ја изживеал младоста, а им текнува кога тогаш отколку од некој кој барал цел живот и сфатил покрај каков човек може да опстане. Муабетов ич не ти држи вода. 5-6 не ни се погодиле демек у нас е проблемот мора уште првиот или вториот да ми се погоди. Разликата меѓу мене и тебе конкретно е што ке сменам и 20 ако треба ама нема да бидам со некој по секоја цена, се ценам и премногу себеси за да дозволувам да правам компромиси за крупни работи и да замижувам на се само за да ми опстане врската. Имам впечаток за тебе дека би се покорила само немој 5-6 дечковци да смениш, не значи тоа дека си лесна не се секирај. Последното мислење ти е смешно што дури ме боли кога читам какви небулози и глупости пишуваш.
     
    На zekzeki, Bridget, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    @manja666 imam smeneto ne se sekiraj,imam I drugs dolga vrska pozadi.mene ,samo sho ne sum legnala od radoznalost, od pucanje strasti I sl..
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.231
    Пол:
    Женски
    @Iggy.A, ама не е работата да престанеме да објаснуваме. Патем, јас не се чувствувам дека се објаснувам некому, туку ете, културно ја прашав Мања зошто толку негативност и зошто мисли така, а таа исто така ми даде фин одговор.
    Тоа е и целта на темата - ако да, зошто да и ако не, зошто не.

    Ти благодарам на излагањето @manja666, примерите се навистина банални, но баш те разбрав кон што целеше.
    Меѓутоа, јас не се чувствувам како секој ден да јадам една иста подгреана супа во микро, туку секој ден ми се случува нешто ново со еден ист човек и со него на долгорочен план заедно еволуираме во нешто поголемо и повредно.
    Не чувствувам дека нешто ми е скратено со тоа што не сум сакала (не не сум можела, туку баш не сум сакала) да експериментирам со партнери.
    Едноставно, имам нешто свое кое ми е највредно на свет и во кое тотално се пронаоѓам, па чуму припаѓање во несвест дали ќе ми биде единствен.
    Ти не си се пронашла во таа врска и тоа е тоа, нема потреба од понатамошно полемизирање, се знае што е „лекот“ во вакви случаи.

    И јас си стојам на ставот дека тоа зависи единствено само од двајцата партнери, ништо без взаемната комуникација за сенешто, а доколку пак имате различни гледишта и барања од животот, повторно ништо од муабетот погоре.
     
    На cresa-jagoda, manja666, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Женско ко женско може да се приврзе за еден емоционално, да го идеализира, да се задоволи со него и да нема потреба од друг, ама машко да останало само со една цел живот, ни сум го видела ни чула тоа, и за една вечер да е друга имал сигурно што имал односи со неа, стварно ми е нереално машко со една да остане цел живот:?:
     
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.339
    Пол:
    Женски
    Верно машко ? Ар ју гајс кидинг ми ? Незнам јас не им верував на мажите , пред да се омажам се разбира .. Паа да не лажам и до ден денес имам сомнежи за мм ама потајни , ако претерува му кажувам разговараме и се решаваат некои проблеми .. Факт е дека во сите подолги врски има варање , ама не е факт дека само мажите изневеруваат имам случај на блиска роднина каде девојката го варала дечкото , тој дознал некако и све се распадна , плановите за брак , деца , закажаната веридба , повиканите гости беа известени за состојбата и така .. Мислам дека е подеднакво и од машка и од женска страна ... Е сеа зависи од карактерот на самите индивидуи :?: Јас лично , сум била изневерена многу пати , но јас никогаш не изневерив , но и не простив , никогаш :shake:
     
  12. karmenka

    karmenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    62
    Леле факт било дека во сите долги врски има варање! Сериозно ли?

    Ај да се утепаме сите што имаме долги врски пошо природа налага така,жалам, ама мора варање.
    Не знам вие со какви сте иделе ама за мене варањето е сељачизам од прв степен, незрелост и немање карактер.
    Ако сакаш да ти шета гзот остај ја девојката/дечкото и живеј живот што да ти кажам.
    Јас не би оставила некого за да пробувам со други и такви глупости... ако се ми е во ред со дотогашниот.
    А на вас што после 5та години ви се здосадува и сакате да си шарате, што мислите дека со наредниот дечко петтата година ќе ви цвета? Ехее колку има такви што ќе фатат дечко, па ќе им се крене самодовербата, па го остава мисли ќе си најде боље, не си наоѓа и сфаќа што остаила.
    И има право Мишела. Сега ми е поубава врската отколку на почеток. Ги нема тие недоверби, караници и глупости. Си го знам човекот до мене ко селски буквар!
    За раскинувањето на Мања комплетно се согласувам и за жал знам уште многу такви случаи. Но сите тие кога тогаш раскинуваат, па макар било и 10 годишна врска.
     
    На eloves, cresa-jagoda, Ana.brojka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.513
    Допаѓања:
    201.538
    Пол:
    Женски
    Без генерализации молам... не се сите исти. Јас на пример не се сомневам во мм, воопшто.
    Зошто да не ти се верува дека еден дечко може да биде верен на една девојка долги години? Мене тоа не ми е чудно, ниту пак неочекувано. Едноставно, нашол во неа се што му треба, се сложуваат, компатибилни се, и тоа е тоа.
    Башка што мене ми е поверојатно дека ќе изневери некој што сменил повеќе партнери пред брак... иако не мора да значи. Пак ќе кажам, се е до човекот.
     
    На vitamina, eloves, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Се е до човекот и до неговиот карактер. Ниту пак ако не изневерил, не значи дека никогаш не помислил на тоа или на друга личност, а верноста не мора пак да значи ја пронашол вистинската и дека нашол се што му треба, може едноставно се скрасил и секоја помисла за нешто друго е обвиткана во пасивност и никогаш не би направил нешто.
     
    На eloves, Marick14, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Не можам, а да не го приметам антагонизмот кој се јавува во женската популација, помеѓу оние кои до ден денешен имаат само еден партнер и оние кои имале повеќе партнери. Некако, сите се у стил – „Ја никого не осудувам, кој како сака нека си прави“, а од друга страна, отворено или прикриено, токму тоа се прави. А стварно не ми е јасно зошто.

    На темава, прво ќе кажам дека како машко, сум навреден од насловот – демек, за девојката се подразбира дека може да биде верна и да сака дечко кој и е прв, ама проблемов е у дечкото. Ако може девојката, може и дечкото, и обратно – ако не може едниот, тогаш не може ни другиот.

    У однос на прашањето, ќе речам дека може – зошто да не?

    Секако, ваквите „први“ и долги врски си носат и свои проблеми. Ако стапиле у врска додека сеуште биле практично деца, со текот на годините и созревањето, како и проблемите кои ги ности животот на „возрасните“, голема е веројатноста интересите и целите на партнерите да почнат да се разидуваат, до таа мера што тоа ќе доведе до раскинување на врската.

    Второ, кај двајца партнери кои си се први еден на друг, секогаш постои и онаа варијанта која многумина ја спомнаа – желбата да се проба и со некој друг и да се искуси нешто поинакво од она што им е веќе познато – не зборувам само за секс, туку генерално.

    Сепак, овие проблеми не се карактеристични само за ваквите „први“ парови – во секоја врска, без разлика која по ред е и на колкава возраст се партнерите, може да наиде до разидување на животните интереси. Во секоја врска може да се јави желба за нешто поинакво или некој друг.

    Во споредбата на прв и единствен партнер наспроти повеќе партнери не можам да речам дека едното е подобро од другото, или обратно. Смешни ми се изјавите од типот „Не секој може да има среќа од прва да го пронајде вистинскиот партнер“, као тоа да е којзнае каква „среќа“ и убавина у животот, од која 99% од луѓето се лишени. У ист кош ми се и оние изјави како демек морало да се имаат повеќе партнери, ама не па премногу (а што ли е па тоа премногу, тек тука секој е со различна дефиниција), за да се стекне искуство и да се „изживее“ животот, зошто спротивното не било нормално.

    Еве, ќе ви кажам, ни едните ни другите не се во право.

    Целта на секој е да си најде партнер со кој ќе има љубов и разбирање, односно, со кој ќе биде среќен во животот. И не е воопшто битно дали некој ќе го најде од прва или од втор, петти или шеснаести обид. Крајниот резултат е ист – некој со кој ќе бидеш среќен и со кого ќе сакаш да го поминеш животот.

    Нема потреба да се глорифицираат оние кои тоа го направиле од прва, ниту пак да ги правиме дека се ненормални или затуцани, и да тврдиме дека останале со првиот партнер само од некаков си страв од промена. Стравот од промена и останување сам не е карактеристика само на партнерите кои си се први еден на друг, напротив. Или па обратно, да ги нарекуваме промискуитетни оние кои имале поголем број на партнери од бројката што ние сме си ја замислиле како „нормална“. Во животот секој си ја бара сопствената среќа, на свој начин – и има апсолутно право на тоа, без некој од нас да го осудува.

    На крај, ќе кажам дека не сум од оние кои ги романтизираат времињата на нашите баби и дедовци и носталгишаат по нив. Демек, тогаш постоела права љубов и верност, тогаш луѓето си биле први и последни и се сакале засекогаш. Yeah, right.

    Дали дедо бил само со баба од што многу ја сакал или затоа што општеството и средината така му налагале или дали на баба толку и се правел ќеифот што немала друг партнер освен дедо или немала друг избор, затоа што во спротивно златен дедо можел да ја здрви од ќотек и исфрли на улица, не можеме да знаеме.

    Ама, реално, од сите тие долговечни бракови, колкави се шансите баш на сите партнерот да им се погодил од прва? Ја би рекол, никакви. Значи, нешто друго било у прашање, а не љубов.

    Затоа и повеќе го сакам денешново време, во кое секој си има избор и можност да си го најде партнерот кој го сака. Да проба, да види како ќе му биде со некој, па ако не успее од прва, да проба пак. И повторно. Се додека не го најде она што го бара. За мене, најбитно е човек да си најде некој со кој ќе може да биде среќен. Све друго е скроз неважно.
     
    На vitamina, eloves, Yipman2 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Toa романтизирање и мене неколку пати ми падна во очи - сега се други времиња. Работава е, не можеме да ги замислиме таткото/мајката, бабата/дедото со други партнери и експериментирање, ама не можеме да се замислиме себеси без, па мора да се најде некое објаснување. :D
    И испаѓа дека магично во една генерација човечката природа се сменила и веќе не е нормално да си со еден, љубопитноста не дозволува. Тогаш било поинаку де.
     
    На eloves, CoverGirl10 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Мислам дека времињата имаат, но и немаат врска. Имало и тогаш, има и сега романтичари и, но имало и тогаш, како што има и сега тие што експериментираат :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.339
    Пол:
    Женски
    Е ок тебе ти е се во ред а што ако на партнерот не му е се во ред со тебе а неможе да те остави поради некои одредени причини на пр. верени сте или бремена си па не сака детето да биде со разделени родители ? Не помисли на вакви варијанти и сл нели ? Епа јас помислив , да и мене ми е сељачизам како и тебе , ама тоа не значи дека и за нашите блиски е така нели , патем не коментирав на темава за подоцна да се расправам за нешто за кое само дадов мое сопствено мислење !
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.933
    Допаѓања:
    81.231
    Пол:
    Женски
    Не е во ред само заради детето да се разделат родителите кога постои сомнеж за неверства и несогласувања меѓу нив, а во ред е детето да трпи и да собира фрустрации и трауми од бројните кавги и плачки со кои сигурно се соочува секојдневно.

    Абе ајде, поминаа времињата кога беше научна фантастика да се раскине брак, а да не зборувам за веридба или врска. Подобро да се спречи дур е време, отколку децата да страдаат од глупостите на родителите. Тоа е многу полошо @CrazyGirl15 и тебе како родител би требало да ти биде јасно.

    Кога не оди, не оди и нема тука место за поправки.
     
    На eloves, cresa-jagoda, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Smetam deka se se moze ama samo ako dvajcata rabotat na toa I go sakaat. So ednostrana zelba, vrska ne se gradi. Nemam predrasudi I za onie koi imale odnosi samo so eden covek I sklopile brak so istiot (naprotiv, im se voshituvam kako uspeale da istraat nasproti denesnata moda - deka e znak za neizhiveanost ako si so eden samo) nitu pak na onie koi imalr 2,3,5 vrski. Se vo granici na pristojnost,a ne ko corapi da se menjaat deckovci/devojki sekoj vtor den a sekoja e endless love. Smeski.

    Da dadam sega Eve I licen primer. Imam vrska od skoro 3 godini pokraj moite 19, znaci tinejdzerski pocnata no se uste dosta stabilna, normalna, Bez pogolemi ispadi, ne znam patoloski ljubomori I raspravii za se I seshto osven nekoi taka na prsti sto mozam da gi izbrojam. Muabetot mi e deka ne ocekuvam nisto. Nitu se nadevam na brak I slicno bidejki mi e prv seksualen partner nitu pak sprotivnoto. Dodeka ni e ubavo na dvajcata I se sakame, trpime I sl ke terame. Inaku ne planiram da se macam samata sebe vo vrska koja ne ja sakam.

    Pricini kako dolgo vreme sme zaedno I sl pa zdosaduva, na site ni e jasno deka ne moze se da bide sekoj den razlicno I vozbidlivo I ne znam ti sto. So tek na vreme se naviknuvas kolku I da negiras, samo treba taa navika da se osvezuva povremeno I da se neguva da kazam za da ne premine vo monotonija I se ke e okej.

    Druga rabota,oci site iame, za gledanje ni se. Ne e mozno na niedna da ne I se pushtil nekoj za vreme na vrska, ili da I se "zasvigja", zagleda, zanese ili slicno po nekoj si. Sigurno nemate kako konjine da ne gledate na strana tuku samo deckoto pred vas I nikoj drug. Samokontrolata e onaa koja ke odluci dali ke se predadete ne toa novo zanesno cuvstvo ili ke ostanete prisebni I na svoeto kako sto kaza nekoja od clenkite prethodno.

    Toa e mojot stav okolu temava.
    Sekoe dobro :D
     
    На cresa-jagoda, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Iggy.A им се допаѓа ова.