Дали дечкото може да ја сака и да биде верен на една девојка која му е прва и имаат долга врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Iggy.A, 16 ноември 2015.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    87.269
    ^
    Бaш кaкo мaјкa би сaкaлa дa видaм кaрaктер кaј мoјa ќеркa спрoтивен oд oвoј штo ти гo oпишувaш. Сaкaм нa тие гoдини дa се зaнимaвa сo oбрaзoвaние, интереси рaзни, дa се дружи неoбaвезнo и рaстеретенo, пa пoдoцнa дa смени грaд, рaбoтa, пaтувaњa, a не дa ми изигрaвa дoмaќинкa нa 16 гoдини. Знaм декa ќе се нaлутите тие штo имaте вaквa врскa, aмa aкo вaс ви е дoбрo, не требa. Јaс си збoрaм штo би сaкaлa дa видaм вo свoе дете.
     
    На anastasija18, SexiLy, eloves и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Значи немам 16, туку 26, магистер сум и работам(од мои 20 сум во врска) ако те интересира, дечкото исто,имам прошетано повеќе од што можеш да замислиш, не сум ти можда реална ,сакаш верувај ,сакаш не , а домаќинка во кујна ,лично ради моја садисфакција. Не се фалам, да имам дете како мене,пресреќна ке бидам!
     
    На marijaz, PogbaPol, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    28.983
    Пол:
    Женски
    Зошто оволку фама? @Iggy.A браво за тебе :clap::clap::clap: Дечко,факултет,еее јас на твои години го родив првото бебушко.
    Набрзо ти пожелувам да си ја крунисате љубовта да бидете нај срекни.
    Верувај во тоа што го сакаш туѓи мислења не ти требаат мила.
     
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    61.415
    Мислам дека време ти е да оладиш!!! Прочитавме дека ти е убаво, а штом ти е убаво нека ти е убаво и сега што?! Како ти е убаво така терај си, не знам што си се завртела околу едно те исто, аман! Секој по својот пат, секој со своите избори! И каде прочита ти дека секоја девојка што доживеала љубовно разочарување, нема доверба повеќе во мажи?! Никој мислам такво нешто тука не напиша, зборевме само за искуства!
     
    На eloves, kjukli и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  5. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    И одговорив на девојката горе пошто ме правеше малолетна,ако ти пречи нешто излези од темава де. Ајт чао!
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    47.173
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто поистоветувате долги врски со заостанатост и домаќинлак, недостаток на образование, дружби и интереси, но нека ви биде, коментарот не е вреден ни за одговор и е многу поограничено сфаќање од ова што го сметате за заостанато.

    И @Iggy.A аман олади, сама си бараш вакви коментари.

    Од крајност во крајност се оди значи, на ниедна тема не сме способни да дискутираме на форумов.
     
    На eloves, Night Rider, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    87.269
    ^^
    Пишано беше во брзање па затоа така излезе. Тоа што сакав да кажам е дека не би сакала мое дете на тие години да се врзува за некој на таков начин. Ако разгледаме какви се врските кои се малку подолги и ставени во група озбилни, тогаш во најголем процент преовладуваат сеуште некои традиционални сфаќања за поимот врска. Ограничен си за многу работи, ја немаш таа слобода што би ја имал доколку си слободен. Не зборам за одење на кафе со другарка, имање хоби или образование и слично иако така излезе во претходниот мој пост. Па и овие работи не можеш да ги правиш тотално по своја волја без да се консултираш со партнерот. Што е нормално во една врска, ама зошто во години кога треба да се пронаоѓам како личност, да испробувам што ми годи а што не, да имам тотална слобода да одлучувам сама без туѓо влијание или грижа на совест како тоа ќе се одрази на партнерот? Ќе речете -јас таа слобода ја имам, затоа што впрочем ниту сакам нешто што не го вклучува него, така? Прашањето што мене ме занима е -како воопшто на тие години сте дошле до степен да не сакате работи кои нема да го вклучуваат и вашиот партнер? Не смееш да флертуваш со други, не смееш да излезеш на кафе со некој (машки познаник) со кој се испоставило дека имате многу заеднички теми па би сакала со денови да разговарате на истите. Смееш да имаш нов најдобар пријател а да тоа не е некој од детството добро познат на дечко ти? Љубопитност од сексуален аспект ајде воопшто и не спомнувам оти нели, тоа не за вас, немате такви прашања во глава. Ова се само неколку примери. Можеби мал процент на вакви врски и имаат слобода за каква што зборам, но повеќето не. Вас овие работи не ви требаат, го имате него. И само него. Добро.
    Имаше еден добар пост ми се чини од @1209 во темата сдк пред некој ден, и јас верувам дека во секоја млада личност се крие, или треба да се крие друга што посакува работи различни од оние што ги прави секојдневно и која мисли дека ја дефинираат како личност. Ако како млади не се истражите доволно и не се осмелите да излезете од комфор зона за да дознаете до каде можат да се прошират границите кои сте ги ставиле околу себе, кога? Не зборам само за менување партнери пошто од прва гледано темата само за тоа е, туку за слободата што ја има млада личност кога не се врзува слепо за чувства, личности, ситуации.
     
    На anastasija18, SexiLy, marijaz и 12 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    47.173
    Пол:
    Женски
    @Bridget да, секако дека сум имала и имам слобода да се истражувам како личност, исто како и секоја друга девојка. Само што некој се истражува низ повеќе врски, ете кај мене испаднало да се истражувам преку една. Не затоа што сум си поставувала некои ограничувања, туку затоа што немало причина и желба да биде поинаку. Тоа била мојата желба. Не поставена однапред, туку желба да бидам со тој што го сакам. Сум го сакала постојано и тоа не се сменило.

    Имам другари со многу заеднички теми, иако ретко се гледаме зашто секој фатил своја страна. За нови такви пријателства немам, но не гледам причина зошто не би смеела да имам. Другарството го гледам ко другарство, не како флерт.

    Го прочитав тој пост во СДК и го разбрав. Себеси не се пронаоѓам тука. Не знам како да објаснам со поедноставни зборови: немам желба за повеќе партнери затоа што го имам вистинскиот. Засега. Не знам дали ќе биде за цел живот, ама моментално немам потреба за друг.

    Не станува слепо врзување за личност, туку за врска која се развивала низ годините, растела и немало ни причина ни желба да се прекине.Јас сум се изградила во личност каква што сакам да бидам и не би сменила ништо во моите минати избори. Можам само да се надоградувам од тука каде што сум.

    И мислам дека кажав се’ што имав на темава. Премногу лично беше, доволно е. Вам не ви поставивме прашања зошто сте менувале партнери и какви проблеми и желби сте имале. Да ја држиме дискусијата на тоа дали може или не може. Ако навлегуваме во психологија, би имала и јас што да кажам околу тоа зошто побогу не можете да разберете дека има долги и здрави врски.

    Моето искуство покажува дека може. Што ќе биде натаму не знам, исто како што и вие не знаете што ќе биде со вашите втори, трети или било кои на ред партнери.
     
    На dayla, simoncelicius, Night Rider и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam
    :clap::clap:
    "Премногу лично беше, доволно е. Вам не ви поставивме прашања зошто сте менувале партнери и какви проблеми и желби сте имале."

    Дали некој сака да сподели пошто нели правам "монолози" и доста ми беше ?
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.414
    Пол:
    Женски
    Дали може да сака? Да, може да сака и да мисли дека е тоа, тоа но ќе му здосади и секако ќе посака да искуси како е и со друга посебно кога сексот е во прашање. Секако ова важи и за девојќите, но тука работите стојат поинаку, поголем процент е на девојки кои останале со првиот партнер отколку на мажи затоа што девојќите се поемотивни и се врзуваат за еден човек за разлика од мажите.
    Во секој случај ниту е добро ниту треба да си правите филмчиња дека ќе бидете до крајот на животот со првиот дечко. Според мене, иако ќе наиде на осуда ова што ќе го кажам, мислам деа ниту за едниот партнер ниту за другиот не е добро да не се искусат некои работи во животот. За мене верноста како човек е многу побитна од тоа дали јс или тој ќе бидеме сексуално активни и со други луге. Според мене партнерите кои имаат повремени излети надвор од врската а кои не ја загрозуваат самата врска се многу посреќни и задоволни отколку оние кои се верни а всушност длабоко во себе патат.
     
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    6.690
    Пол:
    Машки

    голема вистина....:)
     
    На Strumka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.894
    Допаѓања:
    73.555
    Пол:
    Женски
    Не може да имаш повремени екскурзии во врската, а патем пак истите да не и' наштетат воопшто на самата врска.
    Тоа е невозможно ниту во теорија, ниту во пракса.

    Се знае - или си во врска со некого како што треба, без мрдање опаш или си менуваш партнери кога сакаш и како сакаш без обврски.
    Таквите како тебе Струмке, ама ич не ги разбирам - ќе си тераш мерак на страна со кој ти душа сака, ама битниот момент е дека си во врска со некој сирот кој повеќе од сигурно не заслужува да го понижуваш на таков начин.
    Големи сте, си знаете.
     
    На martine, Kaley, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.732
    Пол:
    Машки
    Wow, доста работи се изнапишале откако последен пат ја ѕирнав темава и дискусијава као да „излета од шините“ малце. Него, ај ја да си кажам што сакав.

    Види, мене поентата ми беше дека едниве не се посреќни од другиве.

    Тие што имале (и сеуште имаат) само еден партнер, можеби се поштедени од моменти како одбивање од потенцијални симпатии, од изневерувања од повеќе партнери, од тешките чувства после секое раскинување итн., ама па и им се ускратени многу работи – мечтаењето по симпатијата, онаа слатка трема при секое ново запознавање и флертување, онаа фаза на запознавање и откривање на другата личност, моментот пред првиот бакнеж, првиот секс, првото заедничко утро и слично. И едното и другото си имаат свои предности и недостатоци.

    Факт е дека оние кои имале/имаат само еден партнер не знаат како е да си ги имал повише, а важи и обратното – оние кои имаат повеќе врски зад себе, не знаат како е да си со еден човек цел живот. Сите тука само си претпоставуваме и теоретизираме.

    Според мене, секој треба да си најде некој кој ќе го прави среќен и со кого ќе сака да го помине животот. Е сега, колку пати и врски ќе му бидат потребни за тоа, е индивидуално.

    Затоа и реков дека не може да се каже дека едното е „подобро“ од другото.
     
    На anastasija18, eloves, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Boze so kakvi gluposti se zamarte bre luge...Dali da se ostanelo so edne bilo podobro otolku da se menuvale pratneri I obratno...Tuka nema pravilo sekoj trgnuva od sebe. Sega tinejdz zelba e da se ostane so prviot,pa neli se fantazira kako ke mi lici negovoto prezime,pa kako ke si ziveeme zaedno pa decata kako ke gi krstuvame bla bla.
    Sepak jas licno mislam deka normalno e niz godinite covek da evoluira emotivno I ako ima partner sto go sledi vo scekor neka si ostanat zaedno(sto retko ostanuva dokraj taka) inaku sosem nomalno e da se menuvame so evoluiranje I toa sto ne privlekuvalo na 16god.i mi bilo decko se nadevam deka e uspeh veka na 26 ili 36 ili itna da ne me privlekuva bidejki sum se smenila sozreala I ona od 16te detence deckice da bide nekoj ubav spomen.
     
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    28.983
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост неам слушнато.:drunk:
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.376
    Допаѓања:
    63.496
    Ха! Темава :)

    Може, а и не мора дечкото да биде верен. Имав многугодишна врска (повеќе од 7- год) и мислев како вас. Се додека не го начекав со друга. Според него, не можел да издржи да сум на две работни места во исто време, му требало домаќинка. Го болеше што заработував повеќе од него, што учев повеќе, што имав амбиции повеќе. На 22 години сте едни луѓе, на 30 сосема други. Во смисла на идеи, потреби, желби и можности. А и приоритети. Не викајте дека вака или онака е најубаво. И јас на ваши години викав дека така е најубаво. Еден и единствен. Не знаев за подобро, а ни полошо. Се што се случуваше мислев дека така треба.

    Се до денот кога сфатив и видов дека долго време ме изневерува. И дека сака да ме смени, да станам мајка му, од работа дома, перење, чистење и готвење. Ништо повеќе. И Господ здравје да и даде на таа што ни се пикна во постела, ми ги отвори очите. После раскинувањето, сфатив колку сум силна, колку поодобри мажи има, многу подобри од тоа што мислев дека постојат. Подобри и на душа, и на изглед и во кревет. И во однесување и забава. И во почитување.

    И среќа, не останав со првиот, оти знам дека последниот е најдобар. Кога би седнала да ги споредувам, би рекла дека единствено нешто слично кај двајцата е што се од машки пол. Ништо друго. Сега сум сакана, почитувана, привцеза, жена, дете, девојка, другарка, жена, галениче. Сега можам да бидам онаа која сум без да мислам дали на некој ќе му се допаѓа. Оти знам дека ме сака без комплекси.

    И на крајот, да одговорам на прашањето од темава - теоретски се е можно. Сите слушнале за некои на времето кои си биле први и се венчале и среќно си живееле. најчесто мајките. Оти на 90% вашиот татко им е прв. Не ви кажуваат на периодите кога биле деца на цвеќето, кога имале дечко по кој коси кубеле, дека имале и други, туку, вашиот татко е прв и единствен. А вашиот татко е јак ебач, имал он 2-3 претходно, ама многу ја сакал мајка ви. Не знам зошто, веројатно од страв дека ќерките ќе станат промискуитетни, не им кажуваат дека и тие биле млади и имале живот. А може и подобро е така да остане во мислите, дека си биле први и последни. Теоретски, има такви кои си биле први и останале засекогаш, ама додека не дојде тоа засекогаш, не зборувајте пред време. После 50 години ќе се видиме на темава и ќе си кажеме дали првиот ви останал последен, или помеѓу првиот и последниот имало 10мина кои не вределе да се последни.
     
    На martine, anastasija18, MilaP и 19 други им се допаѓа ова.
  17. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    6.690
    Пол:
    Машки

    :clap::clap:(y)(y) бравос...
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    95.346
    Не сакам да бидам погрешно разбрана и чест на исклучоците.

    Сериозно мислите дека целиот живот ќе ги имате истите вредности, верувања и афинитети, а да не кажам потреби? Истите работи ќе ви требаат за среќа?
    И да остане верен, никогаш нема да знаете што му се врти во главата, а бога ми и вас да ви е еден и единствен секогаш ќе се прашувате што е поразлично на друго место.
    Не е само возбудата и себедокажувањето, туку и откривање што ми одговара, а што не и тоа не мислам само во сексуална смисла. Да бидеме искрени и реални, од чиста верност према него и потреба од допадливост не сакате ни да си признаете си викате тој и само тој, ама кога треба да се погрижите самите за себе си и вашата личност, убедена сум дека сте се запрашале како е и зошто е и тоа со огромен срам и гадење према себе, како демек е тоа забрането, страшно и ненормално.

    Кај жените од повеќе фактори поголема е веројатноста дека ќе издржат, ама кај маж... Од она што јас сум го видела, тие се мирни како бајчиња и можете да ги играте и вие и мајка им како сакате... ако сте среќни со тоа терајте, а ако очекувате иницијатива, заштита, успех, прогрес... менувајте партнер. Со текот на времето ќе умрете од досада, освен ако не сте и вие некој мирен тип што сака удобен дом, регуларна работа, дечиња и некој постојан круг на живеење. А ако сакате повеќе динамика... почнете да се збогувате. Овие не можат да искочат од комфорната зона никогаш.
    Се на се, се е поврзано.

    Подобро да сум втора, него прва. Нека сум и десетта, само да не е со една. Не зборуваме за женкари од типот Чарли Шин (овие па само се играни од мајките, вие сте на некое 1000 место во нивниот живот), што е патолошки, туку за нормални мажи, дечки. Едно со едно е испреплеткано што грабат во животот и колку можат, на чисто се со себе. Нека просекот две партнерки, па конечниот избор нека сум јас. Ама прва и единствена до крајот, боже сачувај, не фала.

    А што се однесува до мајките и татковците. Јас искрено да ви кажам, неам чуено приказна од било кој родител што кажал, јас пред татко ти со 10 бев, јас пред мајка ти со 100 бев. Изгледа тоа комунизмот некое идеално морално време било, па дури и сексуалниот живот и љубовта биле по пропис и мерка.
    Да речеме сакаат да дадат убав пример, а како реално било... никој не знае.
    Еве и моите, и неговите, и на другарките, и на другарите, ма све бре тоа идилични приказни од први љубови... Па после ти осакатен, се осеќаш виновен ако погледнеш само друг, не па да го откачиш првиот зошто рецимо не те почитува или го мрзи да го живее животот, се сменил со такот на времето и ти не си среќна, ама побогу ПРВ Е и тој мора да е, зошто моите ете така. Лојално и прекрасно, сакано детенце.
    Море мрш.
     
    На kjukli, Annath, ladyySi и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Е ова веќе држи вода , има смисла ... Се заебал момакот,ваљда некоја од Пустец земал да му седи дома. Колку год имавте кога започнавте врска?
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    95.346
    Јас имав долга врска од 16 години и не спиев со него никад.
    Раскинавме, типот ќе се жени со девојка каква што тогаш тврдеше дека никогаш не би ја сакал.
    Показна вежба како искуството си го прави своето.
    Не можете да бидете со милијарди за да ги откриете сите можности, амааа можете да барате подобро и она што сметате дека го заслужувате.

    И да бидеме реални, има многу рипчиња во океанот кои може да ви бидат д уан. И не, не морате да спиете со сите, можете и да излезете 2-3 пати без обврски чисто за да се запознаете.
    Како да ви објаснам, се е од главата, а потоа емоциите во стомак. Она што е на прв поглед...е нешто сосема друго... ама тоа е друга длабока тема.

    Тука има врска со храброста, а не со љубовта. Стравот да се исочи надвор од комфорната зона и несигурностите, ете тоа е... Таму веројатно веќе одамна нема врска со љубов. И секој ден се помируваат како се сакаат и дека тоа е тоа што го заслужуваат и не можат подобро.
     
    На eloves, kjukli, Waka-waka и 3 други им се допаѓа ова.