Дали добрината и љубезноста се вродени кај човекот или се стекнуваат низ животот?

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 10 декември 2016.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    Најдобрите и најљубезните луѓе што ги имам запознаено, што ги гледам секојдневно и ги знам со години, се луѓе кои имаат доживеано пораз, што ја запознале маката и изгубиле нешто драгоцено, луѓе кои се бореле секојдневно и го пронашле патот од најтемните длабочини.
    Незнам дали животот со нивните искуства ги наполнил со такви позитивни емоции, сочувства, разбирања..незнам како да ги објаснам...но во светот на темнината во кои они се родени и живеат со нивниот избор на живеење, со својата позитивност, добрина и љубезност, ги осветлуваат животите на другите луѓе.

    Навистина не можам да ги објаснам овие многу ретки но прекрасни особини кај човекот, од што произлегуваат!?
     
    На Mrs.Brain, meckicka, biGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Ima vistina.

    " Ne prašuvaj gatalec,tuku patalec ".

    Radosta e sebična i samodovolna.Empatijata i blagosta se javuvaat često posle životnu udari,posle padovi koi ne menuvaat i posle koi so poinakvi oči gledame na životot.
    Koga vo tudjata maka prepoznavame delčinja od sopstvenoto iskustvo,nekako prirodno e da reagirame so sočuvstvo.
     
    На PaLaVa, ♡BuBaLe♡, ♣ Alba Viduam ♣ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Dobrina i Ljubeznost?

    Rezultat na nacitana osoba.
    Edna nacitana osoba ne otvara osetlivi temi. Ne se interesira podlaboko za necii zivot i ne navleguva vo sitnici po naski kazano go tupi.
    Ako se znae deka pr; tema politika, moze da isprovocira razlicni mislenja, a kako go dal nasiot narod odma licno da go svati, ete ti moznost za debata koja na kraj zavrsuva so povreda na nekoj custva i se razbira na okfalikuvanje na sprotivnata strana kako drska i losa.
    Tema: razvod, familijarni slucuvanja......da ne nabrojuvam zosto site znaeme sto go remeti normalniot razgovor i go provocira nekogo ne bi trebalo da se raspravaat ako sakate da ostanete ljubezni, a ljubezniot covek na kraj izleguva i dobar.

    Ako sakate da ostanete dobri i ljubezni treba da se drzite do praviloto pazi sto zboruvas i kavi temi otvaras.
     
    На dc15, mynameislove, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  4. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.593
    Љубезноста и добрината се производ од домашното воспитување, уличната школа, скршеното срце и напатената душа...
    Но не секој кој го има се она од погоре прераснува во човек со такви особини.
    Се зависи каква поддршка имаме и со каква енергија сме опкружени
     
    На Feminka192, Tanjamm, realGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    7.531
    Пол:
    Женски
    Сите овие особини се дел од карактерот, а карактерот не е вроден туку стекнат :) така да, добрината и љубезноста се стекнати особини :)
     
    На Tanjamm, realGirl, biGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    Да, мислам дека овие две особини не се раѓаат туку навистина се стекнуваат. Постојат мислења дека добрите и љубезни луѓе првично биле песимистички расположени, но грубиот и мачен живот ги научил да низ живиот песок најдат патека и градат иднина.
    Во трката со животот они не ги гледаат другите тркачи, секогаш ги бодрат другите, секогаш наоѓаат утешни зборови за секого.....
     
    На fallenangel, Victorian, Tajnaotrovna и 4 други им се допаѓа ова.
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    7.531
    Пол:
    Женски
    Ова преку тетка ми го согледувам, да не расправам на долго и широко но така е, можно е да има фактор пр. домашна култура но и самите животни лекции.
     
    На ♡BuBaLe♡ и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.278
    Пол:
    Женски
    Никој не се родил со некоја карактерна особина. Првите карактеристики на личноста се појавуваат како резултат на воспитанието и околината во која расте и притоа тие карактеристики се најчесто клучни за понатамошниот развој. Ако од малечко детето е научено на морал, на добрина и љубезност, тоа и понатака ќе биде такво, само надградено. Ако од малечко е научено на неморал и на лошо, тоа ќе продолжи низ годините. Има случаи на тотален пресврт каде добар станува лош или лош станува добар. Реално, според законот на универзумот, лошите нешта во животот на човекот се случуваат за да го опаметат и да стане добар а не да го разлошат, но луѓето тие лоши и непријатни настани не ги сфаќаат на ист начин.
     
    На Ina-Mar, Tanjamm, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    Добрината и љубезноста се вродени и полека се губат низ животот.Кога ќе остарееме пак се враќаат.
     
    На Tanjamm, Arthur, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тебе душичко!
    Погледни околу тебе, погледни ги комшиите, роднините, погледни го твоето друштво, околината....погледни ги и старите, пензионерите...абе на прсти нема да имаш потреба да броиш, нема да пронајдеш добар и љубезен човек.
    Да се разбереме прво,јас не мислам на професионалноста љубезност и добрина, мислам на човечката вистинска вредна особина со која ќе ти го разубави денот, ке ти ја подсмири маката и душата, со која ќе ти даде воља и сила да продолжиш со животот, за особини со која ќе ти направат да размислиш дека вреди да се живее...ете, јас за таква добрина и љубезност мислам, стекната е по се изгледа, ама ретка нажалост.
    Погледни и размисли убаво, има ли на форумов љубезност, добрина...по твое мислење излегува дека треба да остареме на форумов и да бидеме љубезни.
    Овде повеќе се чека како лешинари на некој член да се нападне, да му го загорчат животот, да го спуштат што може пониско...и со тоа ликуваат.
    Има членови тука кои ги обожавам оти на ниедна провокација не вратија со иста мерка, напротив со секогаш љубезен збор одговараат.
    Сите толку брзо чекориме низ животот, гладни за задоволување на своите интереси, стануваме себични, а всушност сите сакаме она едноставното да го имаме и да го добиваме, добрината и љубезноста, почитувањето на другите....
    Убава изрека има- Љубезноста е мал чекор за човекот ама голем за човештвото!
    Затоа бидете љубезни, употребувајте ја секојдневно, наполнете се со неа и ќе ги видите благодетите:)
     
    На Angie24, Aleksandar1212, Nyngya и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.057
    Допаѓања:
    160.584
    Пол:
    Женски
    Стекнати се со воспитувањето и развивањето на личниот карактер. Патем, според мене не е пресудно колку и какво искуство има со луѓето и воопшто како го третира животот, туку важно е на какво однесување тоа искуство ќе ја насочи една личност (од позитивните достигнувања и однесување на оние околу нас - да научиме да шириме позитивна енергија и да ја возвраќаме добрината, наместо да ја злоупотребуваме; од негативата - да се здобиеме со емпатија, а не да се однесуваме лошо и кон луѓе што воопшто не се виновни за ништо или пак да омаловажуваме туѓи проблеми).
     
    На Arthur, КикиМаус и referentka им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    26.406
    Пол:
    Женски
    Добрината и љубезноста треба да се разграничат како поими. Секој може да биде љубезен, но не секој може да биде добар.
    Човек се раѓа како таков, добар или лош, нема средина. Подоцна во животот може да се надградува карактерно, ама да се смени, не. Голема улога имаат и нашите предци, семејството во кое сме растеле, неговите вредности во нашите очи. Тоа поминува и на нашите деца и потомци.
     
    На anel, AnaKarenina и PaLaVa им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.874
    Допаѓања:
    106.086
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека човекот се раѓа како лош. Сите луѓе се добри, нема лоши луѓе. Проблемот е дека пред се карактеристиките ги добиваме од домашното воспитување. Кога ќе речат какви родители такво дете е веќе јасно за што станува збор.
    Карактеристиките како добрина и љубовта се стекнуваат во текот на развивањето на човекот во својот живот.
    Според мене негативните карактеристики човекот ги добива поради преголема заштита на родителите кои се обидуваат да го заштитат своето дете од нив, наместо да го соочат и самите да го научат како да се искорени. Секој човек може да се смени, ако сака.
    Некаде напоменав дека лошите луѓе имаат добрина во нив само не знаат како добро да ја покажат. Секој лош човек може да се промени, а секој добар може да стане лош. За жал од многу комплекси добрите ги газат, а лошите ги вреднуваат.
     
    На Anacid и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    И јас некако не можам баш да ги изедначам добрината и љубезноста. Можеби па различно ги сфаќам.

    Знаете како за некои луѓе викаат дека имаат добра душа, мека како лепче? Според мене, тоа не се учи. Или го носиш тоа во себе, или не. Или си таков скроен, или не си. Дури и најмалечките деца ако ги анализирате, ќе видите дека не се сите исти.

    Од друга страна, љубезноста е манир, резултат на добро воспитување. Нешто што се стекнува низ годините. Може некој да те воспита како да се однесуваш, ама не може да те научи како да се чувствуваш. Никој не може да го смени тоа што го носиш во душата.
     
    На mynameislove, LivingGlam, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Не се вродени туку тие се род на сиромаштија, несреќа... Немам ништо а помагам колку што можам ако нема да ми биде возвратена добрината, барем полесно ќе заспијам вечерта, знам сум помогнал некому, макар и за најмала ситница.
     
    На Tanjamm, baba Rada и Mr. Right им се допаѓа ова.
  16. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Не може да се вродени, пошто не сите сме љубезни и добри. Кој помалце или повеќе, кој ич. Тоа се стекнува од самото детство од тоа како детето е воспитано од страна на родителите, понатаму средината исто така може да влијае брз тоа дали детето е добро и љубезно, или пак да не влијае зависи индивидуално од аспект на карактерот на личноста. Трето многу често се губат тие карактеристики после изневерување на таа добрина и љубезност, или пак човек воопшто може да не бил добар и љубезен претходно и да стане поради ХХХ причини, итн..
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    Твоево размислување ме подзамисли...интересно, род на сиромаштија...хмммм, во право си, сите кои ги познавам и кои се навистина љубазни кон мене, не можат да се пофалат ниту со богатство, ниту со убав живот,напротив, секојдневна борба им е животот.
    Но поентата ми е што и поред маките што ги носат на душа, тие секогаш знаат со некој збор да предизвикаат топлина околу моето срце, знаат да ми ја вратат насмевката на лице, тие шират љубов и топлина..не се од оние луѓе кои ги детектирам веднаш, оние кои сакајки да извлечат некоја корист или да предизвикаат симпатии па изиграваат т.с. глумат дека се љубезни.
     
    На Tanjamm и Bonus-Kombinator им се допаѓа ова.
  18. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Знам како изгледа болка и физичка и психичка. Ако патам јас не сакам другите да патат околу мене ако јас можам да помогнам во тоа.. :) Некој ништо нема а се би ти дал.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.714
    Допаѓања:
    110.071
    Сите се раѓаме со одредени предиспозиции ама околината е таа која ги активира истите или не.
    Едно дете би рекла е љубезно и добро по природа ама едно дете не разликва комплексни емоции и ситуации за да можи да се класифицира како добро зошто смета дека така треба туку зошто природниот инстикт го тера така. Со формирање на личноста, која се стекнува со самото растење и оформување, се оформува и карактерот а со тоа се формира и добрината и љубезноста.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bowie29

    Bowie29 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    89
    Баш интересна тема која не може, а да не те подзамисли.
    Според мене кога едно дете се раѓа тоа е tabula rasa или неиспишана табла. Подоцна, како детето почнува да се развива и започнува да се соочува со животните предизвици, се она со кое ќе дојде во контакт остава белези на неговиот карактер. ПОширокото семејство, родителите, домашното воспитување (многу важно е и на кој начин тоа му се презентира), другарите, пријателите, средината во која живее, животните прилики и неприлики, итн. се може да влијае на тоа во каква личност ќе се развие детето понатаму. КОнкретно за добрината и љубезноста сепак мислам дека се особини кои се стекнуваат во животот и се два различни поими, и како такви не се дополнуваат еден со друг туку се засебни. Не секој добар човек е љубезен, и не секоја личност која е љубезна по некое правило мора да биде добра. Во секој случај љубезноста може да се научи и да биде производ повеќе на домашно воспитување отколку одлика или особина на карактер, а добрината е малку покомлексен поим која мислам дека е тесно поврзана со емпатијата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.