1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали добрината и љубезноста се вродени кај човекот или се стекнуваат низ животот?

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 10 декември 2016.

  1. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Јас мислам се вродени,самата генетика дава удел а потоа околината го моделира понатаму во која насока ке се доизгради личноста.Деца од исти родители исто воспитувани се различни,што значи сепак нешто им е вродено.Но и околината и воспитувањето знаат да влијаат и да ја однесат личноста во истата насока или пак во дпротивната.Знам добри личности кои животот до толку ги дотолчил што од нив станала огорчена ,лута личност на се околу себе ,која прераснала во полоша личност од што била ,иако таму негде во самотијата пррплакувала над туѓите несреќи како над свои.Можда затоа што ја потсеќа на својата несреќа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.385
    Пол:
    Женски
    Се стекнуваат. Секој може да биде добар. Потребна е само желбата за тоа.
     
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Добрината и љубезноста немаат некаква поврзаност. Не значи дека ако некој е добар мора да е љубезен и ако е љубезен дека е добар. Добрината не е нешто што може да се стекне, човекот се раѓа со таа особина и таа личност што си е добра колку и неправди да му има нанесено животот таа личност ќе си остане добра, а тие што се лоши во душата се околу себе трујат со лошотија па и своите деца. Има нешто во тој генетски код, но и во вспитувањето не за џабе рекле крушата под круша паѓа и до сега искрено не сум видела пинаков случај, кога ќе подразмислам скоро сите луѓе што ги знам децата се копија на карактерот на родителите и тоа во потполност. Животниот пат може да те надогради како личност, да те избруси и да го дооформи карактерот на една личност, но не може да го извади од човек тоа што го нема, добриот станува уште подобар а лошиот уште полош. Колку и да сака некој да се промени, карактерот на човекот не се менува. За љубезноста сметам дека е нешто што може да се научи во било кој период од животот, никој не се родил љубезен, тоа е нешто што родителите ни го имаа пренесено или сме го научиле подоцна во текот на животот со цел да имаме подобра комуникација со луѓето.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Се стекнуваат низ животот.
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    41.686
    Пол:
    Женски
    Се стекнуваат. Влијание веројатно има фамилијата, училиштето, опкружувањето и искуството.
    Ако навистина сте добар и љубезен (не само да си мислите дека сте) често ќе страдате и ќе ве газат. Потребна е некоја златна средина и добра проценка во која ситуација треба да сте добри, а во која не, нешто што јас не го поседувам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Се стекнуваат, ако ги немаме. Некои луѓе ги имаат од раѓање и во текот на животот ги продлабочуваат или ги губат.

    Постојат добри луѓе кои не се љубезни. И тоа е сосема во ред.

    Постојат луѓе кои немаат добри намери и добрина во себе, а се крајно љубезни. Тие се нарекуваат лицемери.

    Луѓето често ме опишувале како добра, но и наивна. А многу луѓе ми рекле дека не сум доволно љубезна или пак дека селектирам, и сум со нејасен карактер. Кон едни ваква, кон други таква. Мислам дека тоа е така поради тоа што за кратко време ги проценувам луѓето. Никогаш не ме излажала интуицијата. Ако од некого на почеток осетам негативна вибрација, подоцна тоа се потврдува. И многу сум тешка, признавам. Не сум многу љубезна бидејќи тоа ме асоцира некогаш на лицемерие. Мразам вештачко смеење и непотребен муабет. Секако дека кон одредени луѓе сум љубезна ако ги проценам како добронамерни, и доколку има обострана почит. Но ретки се тие луѓе и јас едноставно не можам кон сите да бидам љубезна. Премногу сум искрена и не можам да бидам љубезна со оние кои зрачат со негатива. Не дека сум некултурна кон нив, но ставам бариера.

    Низ темава прочитав дека влијае фамилија,воспитување итн. Не е тоа секогаш така. Тоа се забележува многу често помеѓу браќа и сестри. Едниот е културен,добар и љубезен, а другиот може да е целосна спротивност. А пораснале во исти услови, иста фамилија, исти родители, наметнати им се исти вредности и исто воспитување. Сепак е до карактер.
    Некој доколку е лошо третиран ќе стане негативец, а некој колку и да е лошо третиран ќе се обиде да биде поразличен и ќе внимава во животот на никој да не му се случи тоа, ќе се бори и ќе стане подобра личност бидејќи пред себе имал лош пример.
     
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Човекот е тој што самиот си носи одлуки каков ќе биде дали добар или лош. Значи он бира каков ќе биде и во зависност од ситуациите во кој се нашол.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Вродени се, речиси секое детенце е невино и добро. Обично подоцна прифаќа тоа што не треба.
     
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Делумно.
    Сметам дека еден дел од карактерот се наследува.
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.514
    Пол:
    Женски
    Верувам дека карактерот од родителите почнува да се одликува кај нас.
    Сметам дека луѓе кои не се стремат кон добрината или научиле така или во себе носат незадоволство, емоционална повреда, особено од детството. Не знам, сепак сметам дека детството е основа на се и една најмала случка може да биде разлика во тоа каква особа ќе си како повозрасен.
     
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.419
    Пол:
    Женски
    Ништо не е вродено, освен генетиката. Се друго се учи, а самата генетика се активира во самиот процес.

    Детството е основа, но тоа е се'. Секој подоцна може да се развива во каква насока и да посака. Се се сведува на избори и одлуки во животот.

    Избор е човек да се фокусира на добар човечки однос и љубезност. Исто како што е избор некој да се однесува насилно.

    Верувам дека има моменти кога човек не знае или не е способен подобро да ја обработи ситуацијата, ама затоа искуството помага. Човек расте и се менува.
    Но и тоа е избор. Некој не сака да го направи и тоа, јер тешка навика за одвикнување е да си тераш како знаеш и до таму.
     
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Се стекнуваат. Се зависи во каква околина растеме, со какви луѓе сме опкружени, кој ни е role model, се тоа си има влијание...

    И детството според мене има многу влијание баш за овие 2 особини.
     
  13. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Dobrinata e vrodena, nasledena..ama za ljubeznost e domasno vospituvanje, trening i samokontrola, vo slucaj da e nekoj so anger issues. Site sto rabotat vo hotel=ljubezni itn..sekogas imame izbor, se moze da se nauci ako se saka. Ama izgleda e polesno da bides los :)