Јас мислев па дали е добро да држиме дистанца со луѓето поради короната и си викам кој при здрав памет отворил ваква тема со ова прашање...
Секако дека не треба да се доверувате секому. Не знаете утре дали ќе ви забие нож во грб но во секој случај ви треба некој за дружба и не е добро да останете целосно затворени и изолирани. Стеснете го кругот но немојте да останете сами и отсечени. Инаку држам дистанца со луѓе со кои немам заеднички работи а сепак мора да ги сретнувам.
Апсолутно да. Си имам направено свој круг на блиски луѓе во кој спаѓаат другарки од основно, средно и некои братучеди.Тие луѓе знаат многу работи за мене, НО не баш сè (бидејќи сепак не можеш на никој да му веруваш 100%). Со останатите познаници имам муабет, но не за лични работи и имам познаници кои ми се само на здраво. Мислам дека многу е важно да знаете да си ги разграничите односите со сите луѓе бидејќи никогаш не се знае со кој може да се скарате и да ви забие нож во грб.
Јас сум затворена и срамежлива личност, држам дистанца ама како што растам, гледам дека сам човек не е за нигде. Не знаеш кога ќе ти треба нешто а нема да имаш каде да тропнеш. Другарство вистинско многу е ретко, ама треба да се има контакти.
Секогаш треба бидејќи не можеш да знаеш што точно мислат за тебе.Атак може да се случи и од кај што не очекуваш.
Некако по автоматизам држам дистанца, потешко ми е да создадам блиски пријателства последниве години надвор, сепак во родното земјуле ми беше полесно цело тоа градење на однос. Тука се на се две блиски пријателства со потенцијал за трето, од кои една особа се пресели повторно, сеуште сум упатена на другарства од мк.
Да, добро е. Само мал круг на луѓе треба во животот. Тие два-тројца луѓе воопшто и заслужуваат да ве знаат одблизу. Другото не менува и онака.
Имам тесен круг од поблиски луѓе, а останатите ми се само познаници со кои сум на дистанца. Тешко се зближувам со луѓето и некако автоматски гледам со недоверба на нив, поради некои минати лоши искуства. Сепак, сакам да верувам дека луѓето се, во суштина, добри, но уште ми е останат горчливиот вкус од изневерената доверба што ме тера да бидам резервирана.
Да, апсолутно, добро е човек да има пријатели, но држам дистанца не секам да се зближувам премногу, само онолку колку што треба. Многу е тесен кругот на пријатели и роднини во кои имам доверба, тоа се луѓе што знаат секогаш да ме мотивираат кога тоа ми е потребно, да ме сослушаат и да ми пружат поддршка кога тоа ми е потребно, тоа е секако обострано.
Мислам дека сите се согласуваме дека не е реално да имаш многу голем број на блиски пријатели, односно дека вистински близок и најотворен можеш да си само со одредени луѓе. Ама има разлика од тоа да се доверуваш секому, до тоа да градиш убав однос со повеќето луѓе без премногу да се отвараш, барем јас така разбирам. Ова второво е потребно, дефинитивно не е добро да се држи дистанца со сите останати луѓе, воопшто не е позитивно да се биде ладен и недружељубив.Комуникацијата и контактите се важни во секој сегмент од животот.
Супер си е. Селекција според тоа кој колку е полезен и што арно може да донесе. Оти од повеќето луѓе се попримаат само лоши навики, особено на возраст кога карактерот се уште се оформува.
Имам мал круг на блиски пријатели, од кои една другарка ми е другарка цел живот и со неа споделувам буквално се. Со другите споделувам одредени работи, а и со текот на времето се оддалечивме и ретко се гледаме, а и јас станав доста позатворена за излегување и споделување. Познаници немам многу, но пример на факултет јас правев муабет речиси со сите, и сум помогнала на кој му требало но сум била поблиска со неколку, што еве веќе сега сум изгубила контакт. Јас во глобала сум фина и ќе направам муабет речиси со секој, и зависи од вајбот некој може ќе ми стане поблизок а друг ќе остане само на муабет. Сакам да запознавам луѓе, и од форумов, и другарки на мои другарки, колеги, колешки.. навистина не ми е проблем, но доверба не се полага во секој, тоа го имам научено. А и моментално, не знам дали заради депресијата искомбинирано со коронава сум многу позатворена со луѓе и избегнувам гледања дури со другарки, а не пак рандом луѓе.
Амбиверт сум по природа и искуството досега ми покажа само дека во нашево опружување вреди да се држи дистанца, во смисла премногу отворање за лични работи - не. Имав прилика да запознаам многу луѓе во животот кои помалку или повеќе допринесоа за ваквиот став. Ептен ми се стесни кругот на пријателства, до толку што во последнава година се сведе на личности кои се бројат на една рака. Кога минував низ најтешкиот период само тие неколкумина постојано ме контактираа и се грижеа да не попуштам психички, иако сум цврста на психа, сепак убаво беше да се чуе дека има некој кој се грижи за тебе. Инаку немам проблем да стекнувам нови пријателства, сакам кога сум опкружена со луѓе со кои комуникацијата се води непречено, но исто така сакам и кога ќе ме ислуша најдобрата пријателка за нешто важно. Значи комуникативна да, споделување отворено се и со секого, не.
Жално е тоа што кога една личност ќе ви забие нож зад грб право губите доверба во секоја нова личност што ќе ја запознаете. Па што ќе е животот ако не бидеме повредени, не се каеме за нешто? Во сечиј живот има по некој што ќе те оговара или повреди ама сепак тоа не е причина за да се оддалечеш и се и сешто. Јас многупати не ми била возватен истиот респект или љубов што пружам некому. Искрено речиси му ја имам отворено душата т.е. имам дадено дел од себе. Јас го сметам тоа како дел од животот и што не прави човечни. А во врска со дистанцата. Понекогаш кога имам проблеми со душевниот мир ми се има случено да изгубам контакт буквално со секој, се додека не сметам дека сум спремна за да комуницирам со некој.
Гледано од повеќе аспекти - да. Зошто? Затоа што кога немаш верба во некого, многу по тешко е да те разочара. Кога не си близок со некого и да дојде до загуба на контакт или дистанца, нема да дојде до повредена психа.
Да. Селективно. Дистанца со оние кои предизвикуваат лошо расположение. Блискост со тие кои зрачат позитивна енергија.
Добро е да се држи дистанца со луѓето, бидејќи се има крај. Факт е дека сме сами сите. На крај сами ќе умреме. Луѓето кога-тогаш ќе излезат од вашиот живот а никој не гарантира дека тајните ќе ви ги чуваат тие луѓе. Значи најбезбедно е да не кажуваш тоа што го сметаш за битно.