1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е доволна само љубовта кон вашето дете?

Дискусија во 'Брак' започната од marchi-cool, 8 март 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Инспирарана од едни статии кои вчера ги читав и неколку коментари на еден српски форум решив да ја овторам темава .

    Многу жени разочарани од бракот после разводот се решаваат на самостоен живот без притоа да мислат на својата среќа туку се насочуваат кон тоа да го изведат своето дете/деца на правиот пат сами. Но дали е доволна само љубовта што ја добивате од вашето чедо? Зарем нњ недостига љубов од брачен партнер? Дали е подобро да се остане самохран родител или сепак е здраво да се трага по нова љубов?
     
    На crazylady, Brinetka, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Види, еве вака. На некои мажи (читај 80 проценти) им смета ако имаш дете. Значи те одбиваат само заради фактот дека имаш дете. Толку.Не дека сме разведените несакаме да имаме некој или ќе им се посветиме на децата, тоа се можностите. Сори, ама оваа држава е Дизниленд за мажените, ама гроб за самохраните мајки....
     
    На SandStorm, crazylady, Milobebence и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool Мое мислење е дека тоа се два различни вида на љубов и дека едното и другото треба да се негува или подобро речено нормално е самохран родител да трага по нова љубов, па не му згаснал животот. Ако најде партнер и повторно се заљуби, тоа не значи дека ќе го запостави своето дете :) Имаат и самохраните мајки и самохраните татковци право да имаат свој интимен живот, покрај улогата на родител, бидејќи се живи суштества со емоции after all :)
     
    На crazylady, Milobebence, Dadusicka и 10 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    :bow::bow::bow:
     
    На macencef му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Ако остане темата нека се напише насловот како треба, со голема буква и прашалник на крај.

    Не знам дали е доволна љубовта на детето за родителот, но тоа и не е важно на почетокот. Но би требала да биде.

    Ако се работи за малолетник, па можеби и некоја година после 18 додека трае кризата на идентитетот, развододот е доста болен за надминување. Колку тоа и да е правилна одлука, сепак едно семејство се распаѓа. И остава голем траг. Па и ако има некои други компликации траумата може да стане подлабока.

    Затоа фокусот после разводот треба да се стави на детето, не на потрага по нов партнер.

    После неколку години, кога нештата би се вратиле во нормала, би било во ред да се даде тој простор за нов партнер.
    Ако нема некакви компликации претходно.
     
    На Broken♡, Dadusicka, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Зошто после неколку години?

    Едното, не го исклучува другото.

    Како тие што се во брак и со дете, имаат љубов и време и енергија, и за посветување на детето, и за посветување на сопругот?
    м? :)
     
    На zalosna, candy.cane, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Едното го исклучува другото кога детето не ја прифаќа новонастанатата ситуација и потенцијалниот нов член на "семејството".
     
    На christinnn, Tanjamm, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Тоа секако.
    Ако има проблем со детето, треба да се почека.
    Ама ако детето добро 'го поднеси' разводот, и новиот човек е разумно одбран... зошто да не?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Лично, поради многу причини. Иако сега за сега делумно хипотетички, делумно искусени.

    Рационално гледано, исто многу причини. Почнувајќи од тоа самиот родител да си даде простор да се стабилизира и да се навикне самиот на ситуацијата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ама тој период на адаптација, за сите луѓе е различен.
    Некоја може ќе е 'на нозе', за еден месец... некоја и по 10 години може да не е 'дојдена при себе' од шокот
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Ама после тој период следи реалноста. Таа е дека имаш дете со себе за кое носиш одговорност, и тоа (треба да) е на прво место. А знак прашалник е како тоа дете ќе реагира.

    И тука доаѓа прашањето на темава, и јас веќе се изјаснив.

    Како ќе постапува секој поединец одделно, е негова одлука.

    Само немој некој да глуми жртва два поста погоре
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто себично да се бара нова љубов после развод. Нормално дека треба да помине одреден период на стабилизација но тоа е индивидуално и зависи од личност до личност.

    Љубовта кон детето и љубовта кон партнер се различни и не можеме да ги ставиме на кантар. Но факт е дека детето нема да е со нас цел живот, еден ден ќе тргне по свој пат и ако одбиваме љубов само поради него ќе останеме сами цел живот.

    Нормално ова важи за оние кои трагаат по романтична љубов и не сакаат да се сами во животот, а има и такви кои не се гледаат со партнер.

    Јас лично ако се најдам во таква ситуација би сакала да имам некој до мене во животот. :)
     
    На Dadusicka, Lolipop23, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Мене ме прозиваш?
     
  14. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Не! Доколку дојде до развод, секој треба да може да си ја бара љубовта на својот живот со кој ќе остане до крајот...и кога децата ќе го напуштат домот и ќе си живеат свој живот.
    Јас лично не би можела да живеам без љубов. Децата ќе си ги сакам најмногу на свет ама љубов кон и од партнер е и те како потребна! Никој човек не е должен да остане сам...
     
    На crazylady, Milobebence, Dadusicka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Детето пред се. Не сум била во ваква ситуација, но во мои очи се неодговорни мајките кои само што се развеле и веднаш бараат партнер, а при тоа запоставуваат дете, не бараат работа, не мислат од што ќе живеат. Да се свртиме малку и кон реалноста, точно е дека кај нас мажите не сакаат разведена жена со дете, дури и ако самиот тој има веќе дете од претходен брак. Ако некому детето на жената е товар, зошто па жената да трпи таков маж? Сметам дека жените треба да се особено силни, штом ќе се најдат во ваква ситуација. Детето да се изведе на прав пат, детето е најважно, тоа е дел од тебе, а мажот во овие времиња невремиња денес го имаш, утре кај друга ќе биде, така да не паѓајте на бајки, за љубов на Ромео и Јулија, посебно не во зрели години кога луѓето зад себе имаат куп проблеми, трауми, развод, багаж кој не е лесен да се поднесе. Не сум видела пример на млади заљубени, не пак луѓе во позрели години кои веќе имаат зад себе развод. Врти сучи мене се повеќе ми се чини дека работите во нашето општество се сведуваат на интерес, пресметаност однапред. Колку можам, што можам, што добивам, што губам, дали вреди? Ако грешам нека ме поправат со контрапримери, но мене ми се чини дека народот станува премногу пресметан, а како времето минува ќе биде тоа поизразено.

    Сега ќе споделам пример од мојот град. Жена останува вдовица, на свои 19 години истата вечер кога станува мајка. Сопругот доживува сообраќајна несреќа, и починува. Жената цел век се посвети на девојчето, да го образува, да направи човек од него. Никогаш не се премажи, имала голема љубов со сопругот, уште жали за таа трагедија. Можеби имала некој љубовник, не верувам дека на 19 години за неа завршил сексуалниот живот, но дури и да имала тоа било тајно, штом никој не знаел и цел живот имала поддршка од свекорот и свекрвата. Но, тоа беа минати времиња кога се водеше сметка за тоа кој како се однесува и кон кого, имаше почит, срам. Денес не е така.

    Друга жена од мојот град си го остави детето со баба и дедо за да си шета со маж кој пие исто како и нејзниот претходен сопруг. На детето доаѓа, му носи кесичка храна, и си оди кај човекот со кој е во врска. За мене ова е крајно нечовечки, детето не е Шарко, па фрли му едно парче леб денеска и за еден час оди си. Со дете од 8 години треба да се работи, учи, пишува домашно, разговара, а не да седи со баба и дедо за мајката си оди да се забавува.
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2019
    На Broken♡, baby-star, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    имав и јас некое вакво мислење кога посакав да ја отворам темава. Еве кога би се ставила на такво место мислам дека ќе ми недостига внимание од брачен партнер, не би можела дете да однесам да живее кај туѓ човек колку и да сакам да сум со некого
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Како не си видела заљубени?
    Кај живееш?

    Ако некоја е разведена, не значи дека нема или не бара работа (ако нема), ами брка дечковци.

    Секакви приказни има.
    Можам да ти кажам за такви, во која жената има солидна работа, финансиски е независна, разведена е со дете и премажена.

    Секој има право на љубов и на партнер.
    Можеш паралелно и дете да гледаш, и да работиш, и да имаш дечко.

    На некоја, можеби ќе и' е доволно да биде само мајка... На некоја, не и' е.
    Се' додека не го запоставува детето, со среќа нека и' е.
     
    На JuLleE, Milobebence, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Јас сум на страна на децата секогаш, жал ми е. Кај детето нема татко, не се гледа со него, ниту издршка дава, нит ништо, уште и мајката си се забавува, а детето го зезаат во школо. Мојата мајка вели „ехх, а што мислиш детето фала ќе и каже, или поарно ќе биде од неа“. Тоа е глуп изговор. За дете не може да се рече така или да се мисли така. Детето за мене би било над се, затоа што реално јас немам сретнато разведен маж кој сака да се обврзе, сериозно да се ожени, да се скраси, туку бараат жени за забава. Забавата ќе си помине, а детето ќе има трауми. Сакав да кажам луѓето едно зборуваат, а друго прават.

    Можеш и да работиш и дете да гледаш, и маж да најдеш. Да, може, но реално ајде да согледаме каде сме и на што сме. Таквите жени се ретки, не е дека ги нема, но ретки се. Прво дали тоа дете ќе прифати да има жената партнер, како ќе го прифати, друго самохрана мајка е растргната со обврски, како ќе стигне на 100 страни, како ќесе бори за егзистенција со шугава плата, па и да има време за социјален живот, за да запознае некој. Друго дали тој маж би го прифатил детето? Дали и тој има деца и дали таа е подготвена на тоа?Со годините доаѓаат обврски, а со тоа целиот живот се комплицира. Детето пример ако веќе си самохрана мајка, мораш да му мислиш кај ќе живее, станбено прашање, што е претешко овде, а ако го мкнеш од куќа на куќа со човек кој реално можеби и не сака да се врза, што фајде? Моја пријателка се вери и се остави по 10 месеци и после велеше „иста грешка по втор пат не ја правам“. Нема дете, а замисли да има по една траума, дали некој така лесно ќе се впушти во нешто неизвесно?
     
    Последна измена од модератор: 19 март 2019
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Тоа не е твоја/наша работа.
    Секоја е должна да си го следи развојот на детето и да одлучи кога и дали ќе стапи во нова врска, или брак.
     
    На Milobebence и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Колку и викав на мајка ми да си најде човек и да ми роди бебе... многу сакав, а и сакам се уште да има некој... не ќе се секирав сега толку кога ја оставам за викенд.
    Од друга страна, за себе не знам како би постапила..
    Вероватно зависи од тоа како би завршил бракот.
    Дали љубовта е доволна???
    Зар има споредба на љубов спрема дете со било која љубов???
     
    На katalina и marchi-cool им се допаѓа ова.