1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е доволна само љубовта кон вашето дете?

Дискусија во 'Брак' започната од marchi-cool, 8 март 2019.

  1. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    И повеќе од доволна е. Ваква љубов немам почувствувано никогаш!
    Знаете како ни велеа, кога ќе бидеш родител ќе разбереш. И верував во тоа се разбира, но не претпоставував дека е толку буквално! Се би сторила, се би дала за него. Не го тргам погледот од него, а не е опсесија. Вистинска љубов е, дел од мене е. Не можам да верувам дека го донесов на овој свет ова мало човече. Толку ме прави среќна што ништо друго не ми е потребно, може да бидам сама на светов знаејќи дека го имам него. Една негова реакција кога ќе ме види мене ме соборува на земја, се топам едноставно.
    Отсекогаш сакав да оформам семејство и да имам можеби повеќе од само едно дете, но за жал нема, не можев никако да го предвидам разводот и траумата што ми ја донесе. Верувам како и повеќето, така и јас се вложив себе си целосно во улогата на сопруга, се трудев максимално притоа држејќи до својот став за одредени работи, само за на крај да добијам коментар дека не се почувствувало ништо од тоа. Иако можеби беше кажано во гнев, бидејќи реалноста ја знам. Не сум пресамоуверена, едноставно знам колку давам од себе, па и за најмалата ситница.
    Сум била и сингл, сум имала и доста врски претходно, и кратки и долги, не сум неизживеана што би се рекло, но единствено во една врска се почувствував сигурна за се. Конечно го најдов она што го сакав и многу повеќе, не ни замислував дека дел од работите кои ни се случуваа во врската беа возможни, во поглед на взаемно разбирање, заеднички одлуки, слични размислувања... Никогаш не ми паднало на памет дека две индивидуи би можеле да бидат толку избалансирани. Се додека не ни се разниша светот. Се доведовме до ситуација да преферираме секој сам да биде, не можевме да се поднесеме и не покажувавме разбирање еден за друг.
    Не можев да го препознаам човекот кој беше до мене, а и сите околу нас, нашето друштво се чудеа како толку нагло се промени, како буквално некој да го маѓепсал. Не можев да си дојдам на себе што ми се случи, како некој да ми убил, да ми одзел нешто. Да, јас пресеков, но не можам да верувам за реакциите кои следеа, постапките со кои продолжува да ме запрепастува и понатаму. Но, веќе оттрпнав.
    Дефинитивно да го немав детето немаше да можам да се опоравам така брзо. Тој ми внесе една нова енергија. Неговите мали очиња и мила насмевка ми докажаа дека и покрај се што ми се случи, имам нова надеж, ми остана тој - производ на нешто што некогаш беше толку искрено и чисто. Тој е the whole package! Веќе има СЕ во себе, искрена љубов, разбирање, емпатија, среќа, невиност... Не треба да работиш на ништо за да добиеш за возврат, тој дели една специфична врска со мене - уште од утробата, од најмало зрнце грашок, тој ги преброди кризите во бракот заедно со мене. Единствениот кој знае како срцето ми чука одвнатре.
    Не е дека ми е тазе па сега вака размислувам, напротив, ова е една доволна поука за да знам дека не сакам повеќе да имам вакви стресови во животот. Нема да се доведам до ситуација повторно да почнувам нешто, да се вложувам психички и да градам доверба кај што ја нема само за некој да ме разочара и да ми го упропасти животот, не благодарам! Еднаш можам да се изгорам, втор пат не. Решителна сум по карактер и знам дека ќе биде така.
    Секако дека преферирав да има и татко покрај себе, како и јас сопруг, но во токсична средина не можев да дозволам да останеме. Тој не заслужува да биде сведок на такво секојдневно расправање и префрлање, нема никаква вина, треба да има убаво сеќавање за детството и правилен развој. Така што не останувам во нездрава средина по секоја цена, се ценам себе си малку повеќе.
    А најмалку од се можам да замислам некој друг покрај син ми. Исто како што само јас сум му мајка и не може никој друг да му биде - не можам да си замислам да претставам некој пред него како човекот со кој мама 'се гледа' и утре тој да му стане татковска фигура, па да излезе дека немал искрени намери, се предомислил, не бил подготвен... Не можам да дозволам, нема да си простам. Разводот за мене не е пауза до следната врска. Оној кој треба да му биде татко е жив и здрав, тоа што не прашува за него и се однесува како да не постои нека му служи на чест. Секако дека има мажи кои би биле многу подобри татковци од него (читај: секој) но не сакам да си го губам здравјето и нервите барајќи го вистинскиот. За мене тој беше вистинскиот. Не прифатив да му станам жена ради-реда, не го направив тоа зошто другите го прават, прва во друштвото се омажив, не се угледував на никој. Искрено го сакав и многу ми е жал што дојдовме до таа точка од каде нема враќање, но тоа што вака ноншалантно се однесува не можам никогаш да му го простам. И немам намера да го преживувам истото со некој друг. Ниту пак да играм на ризик.
    Да, се разбира дека еден ден детето ќе порасне и ќе оформи свое семејство и се надевам дека ќе дочекам да го видам тоа и тоа ќе биде најголемата награда за мене. Апсолутно најсреќна на свет ќе бидам. Многу луѓе живеат сами, а притоа за немоќните има решенија, така што не се грижам премногу за деновите минати во старост, супер би било сите да си ги дочекаме.
    Ова е моја гледна точка и не сметам дека ако некој одлучи да живее поинаку ќе погреши, едноставно ова е најисправното за мене.
     
    На Осе, baby-star, evangelina.ina и 7 други им се допаѓа ова.