1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е знак за неверство или здодевност од сопругата

Дискусија во 'Брак' започната од skorpijaaa, 4 ноември 2010.

  1. skorpijaaa

    skorpijaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    ;( ;( ;( ;( здраво!!!девојки имам голем проблем.во брак сум само година ипол а веке станавме ептен далечни.имам девојче 8години,од првиот брак,во којшто мажот ми загина во сообраќајка кога јас имав само 21 а девојчето 2години.сега во новиот брак на почетокот беше се ок,велеше дека детето ке го прифати како татко,но како прво почна грубо да се однесува и со неа,а и мене ме запоставувааа.немаме уште наше заедничко дете,а незнам дали и сакам да имаме.како прво многу пие а има и доста други лоши навики кои на почетокот не ги забележував.се прашувам што да правам понатаму.во последните 4-5месеци ептен ретко имаме односи,а го забележав како сам си ги задоволува потребите и тоа пред компјутерот гледајки порно страници,а тоа ме уби,се осетив како недоволна за него,а најискрено јас сум измислена за него ,и по став,и по карактер и сеееее друго.незнам дали воопшто тој ме заслужува мене а не јас него.се потресов од сликата кога го видов што прави пред ком.а ништо уште не сум му рекла за тоа,едноставно ми е страв и срааам.незнам дали се тоа периоди во бракот или едноставно да го оттргнам од мојот живот засекогашшш.ве молам help meee :hai: :hai: :hai: :hai:
     
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    дали е знак за неверство или здодевност од сопругата

    Стварно жално, ама така е кога се залетувате во брак без да се запознае партнерот и неговите лоши навики. Штом велиш дека пие и грубо се однесува кон твоето девојче а и плус немате нормални сексуални односи јас би те советувала добро да размислиш за развод. Сто пати подобро самохрана мајка одколку во таков брак. Разговарај со него и прашај го зошто наместо секс со тебе тој мастурбира, и како може да ти биде срам од сопствениот сопруг? Гледајте порно заедно можеби му е досаден сексуалниот живот, ама во твојот случај изгледа сексот не е главниот проблем, туку карактерот и навиките на твојот сопруг.
     
    На stefani.i.t, Crvenarosa, ancetupance и 2 други им се допаѓа ова.
  3. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    дали е знак за неверство или здодевност од сопругата

    Тоа што седел пред комп и си играл, ај некако. Си прави интересно и придружи му се. Ако покажеш дека те боли само полошо ке стане. А ти отиди му и : Еј што правиш? Може заедно да гледаме, баш е интересно. Па после седни му во скут и ...
    Ама оваа другава работа е лоша, не смееш да дозволиш грубо да се однесува кон детето. А лошо е и што пие, тоа е веќе навистина проблем. Утре ден може да е пијан, и извини за ова, ама може да го повреди, удри детето. Затоа таа работа ако не се поправи, па што е ако е втор. Има и трета срека. А засега немој да планираш дете никако додека не ти се разбистри се.
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Мој совет е да разговараш со маж ти ,и да го прашаш дали има некој проблем,можеби проблем на работа или нешто што го мачи а го нема споделено со тебе,како што кажа сте станале далечни.Само гледај детето да не го примети тоа бидејќи од лично искуство кажувам дека лошо ќе се одрази !!
    Можеш да излезеш со него на романтична вечера во вид на смирување па вечерта еден добар секс да му приредиш и ќе видиш како ќе се одвиваат работите,ако продолжи пак по старо значи проблемот не е во тебе туку во него.Извини но ќе бидам малку груба,или не си му привлечна веќе или животот во брак му е досаден.
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. skorpijaaa

    skorpijaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Збунета сум, но сепак благодарам, ќе размислам подобро за се... Сепак сум во многу гадна ситуација.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Не треба да ти биде ниту страв, ниту срам да зборуваш со него за тоа. Не знам колку време сте заедно (велиш година и пол во брак, ама пред тоа?) но очигледно не ви цветаат рози. Дали тој има некој проблем, ти мораш да откриеш самата, а тоа можеш само ако директно го прашаш. Тоа е она што ви треба, еден добар, искрен разговор. Запрашајте се и двајцата каде грешите и дали сакате бракот да ви успее. Девојчето не заслужува тој лошо да се однесува со неа, ниту пак заслужува да расте во нездрава средина. Затоа мора да расчистите, ако не ви оди, нема зошто да се присилувате да бидете заедно по секоја цена.
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Го поддржувам мислењето на Annath. Само би додала во текот на разговорот да избегнете надвикувања, повишувања на тонот.
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Греота за девојченцето. сите овие работи кои ги наведе, не водат кон добро. знаеш ли ти колку вакви ситуации има (повредено семејство), кои почнале еве од вака?
    не си играј со животот, рзговарај со него... можеби има некој проблем (никој не знае), ама ако тој е вистинскиот тој, а ти си немала време да го запознаеш, тогаш најубаво е да се тргнеш од него, и за тебе и за девојчето.
    многу вакви малечки девојчиња биле злоупотребувани од очувот (не дај боже). и не смееш да дозволиш ти, како мајка, да се однесува тој грубо кон детето твое.
    разговарај со него, ако сфатиш дека е таков и дека нема да се смене, и ако е тоа неговото вистинско лице, тргни се до него, за доброто на девојчето и нормално за тебе.
    се согласувам со тоа дека подобро самохрана мајка, отколку во таков брак, во кој страда невино девојче.
    А за тоа дка се самозадоволува пред компјутер, а бре ќе му отидеш и ќе го пресечеш на пола, мислиш згодно ќе му биде кога ќе те виде?
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Значи во целата оваа ситуација,мене најмногу ми е криво за девојчето.Каков човек е тоа кој што може да се понаша така со мало дете,кое јас сум сигурна на никој начин не му направило нешто лошо?Ако му смета тоа што не е од него,тој тоа го знаел и штом прифатил сега нема потреба од такво понашање,доволно му е на детето што си останло на почеток од својот живот без татко...А ти не знам само зашто би си ги продолжувала маките со него?Си поминала низ пекол кога си го загубила сопругот,сега ти е потребен човек кој ќе ја ублажи твојата болка од загубата,а некој кој само ќе ти го продолжи страдањето низ животот..Девојко,остави го,знам не е лесно исто како кога ќе се каже и ти најубаво си знаеш,ама тој има премногу мани,а човек не се менува!Имаш само 26 години,животот можеби ги чува добрите работи допрва за тебе и за твоето дете..после сите маки,валда ќе дојдат добри денови,а покрај него јас мислам тешко..Кој се разбрал со човек што пие,па и ти да се разбереш?
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. skorpijaaa

    skorpijaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    :sweat: :sweat: :sweat: ви благодарам...........неможам да престанам,се гушам во солзи.........но ке го направам најдоброто за мене и за моето девојче кое страда заедно со мене.....мислам деке ке одлучам да се разведам....само едно ми е страв ................да не останам пак многу осамена во животот.........поздрав за вас.........сепак ми е многу теско,знаете... :hai: :hai: :hai:
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Па подобро сама,отколку во лошо друштво.Секако нема да си осамена,имаш ќеркичка која вреди да живееш и само за неа,а ако останеш со мажот ти,само за да не бидеш осамена,а притоа не престане да се однесува вака,што добиваш?Само малтретирање,понижување а што е најлошо и трауми за девојчето.
    Ти посакувам среќа за што и да се одлучиш.Поздрав!
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Не давам лесно совети за туѓи проблеми, возрасна сум, во брак сум и знам дека животот може да биде и многу потежок и многу полесен и дека секогаш има избор. Секогаш! Е сега, дали сакаме да избереме или е полесно да оставиме на времето да реши, не знам. Тоа што си останала вдовица толку млада е една огромна траума за тебе, ама и за детето кое останало без татко, кое нема ни спомени од тој човек (на 2 години тешко дека запатила нешто од него). Ај ти што си несреќна, твој избор (извини на грубоста) ама детето? Како мајка прво мора да мислиш на детето, после на себе. Млада си, нормално е да сакаш некој до себе, ама некој да ти даде топлина, да те гушне, да те погали, да му биде потпора на детето... Ова и за двете е само уште една траума, ама оваа траума ќерка ти ќе ја памти. Што ќе научи за врските, за бракот, за љубовта од твојот пример? Заслужуваш да бидеш со некој кој те сака и почитува (секоја жена заслужува) и кој во најмала рака ќе биде ОК со твоето дете.
    p.s. Имам другар кој се ожени со жена која првиот маж ја малтретирал. Од првиот брак таа има ќерка. Другаров мој не се прави дека и е татко, ама и е татко повеќе од вистинскиот. Учи со неа, разговара, знае да и каже на малата ако претера, се грижи да е секогаш дотерана... Сакам да кажам, не е нормален односот на маж ти кон ќерка ти и тука мора да пресечеш. Како, ќе решиш самата.
     
    На ver.verica и skorpijaaa им се допаѓа ова.
  13. skorpijaaa

    skorpijaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    да така е,се согласувам со сите ваши мисленја и ви благодарам.... :hai: :hai: :hai: го сакам -признавам,но не повеке од мојата керкичка за која само јас и бог знаеме како ја пораснав и колку мноооооооооооогу ми значи во мојот живот,т.е.таа ми го продолжи животот.а сега ми преостанува да видам уште едни резултати мислам пред недела дена почна да користи таблети против алкохол,и ако сега дефинитивно не престане со тие грубости,знам веке последно што треба да направам за да се спасиме од овој кошмарен живот......меѓутоа сега ДА-не пие веке откако почна со таблетите,но упорно продолзува со грубото однесуванје со моето девојче,како за инает,што повеке му зборам за тоа однесуванје дека не е добро,тој се полшо.дали сеуште нема сватено што значи ДЕТЕ незнам,можеби затоа што сеуште не станал татко.за секоја нејзина мала грешкичка како секое дете нормално,тој вика и ја кара........а мене ми се кине срцето,ме боли душата.......и после тоа детето ке ми заспие натажено :sweat: : ......а јас ке си легнам со него.....и како да се опуштам за секс и сл.неможам.....одма ми се гади од него....незнам што се случува и со мене почна со караници,викањаааа.....мислам дека е многу понервозен од тоа што беше,можеби тоа му доаѓа од внатре,затоа што е тешко човек да се одвикне од алкохол зар неее...... ;( ;( ;( ве молам кажете ми,дали да почекам уште малку или НЕ...... :call: :call: :call:
     
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.170
    Пол:
    Женски
    Како што напишала и форумџиката пред мене несакам да де правам паметна и да делам совети за волку деликатни прашања ама едноставно твојов пост ме растажи. Фино за него што решил да се лечи од алкохолизам и секако дека треба да ја има твојата потпора и подршка за тоа ама однесувањето кон твоето девојче...едноставно немам зборови. Не заслужила со ништо некој да биде груб со неа макар и да направила некоја грешка како што прават сите деца. Мораш да поразговараш со него дали твојата ќеркичка му пречи, (иако тој требало тоа да си го има расчистено сам со себе во моментот кога решил да се ожени со тебе) бидејќи таа е тука со вас засекогаш и засекогаш ќе биде твоја ќерка! Не е фер да има несреќно детство само затоа што некој не е спремен да живее со нејзе. Искрено мислам дека не е алкохолот причина за неговото однесување кон нејзе.
    А за вашиот проблем со сексуалниот живот...се разбира дека ти е непривлечен кога знаеш дека е причина за твоето девојче да си легне тажно.
    Мораш да разговараш со него и да ги расчистите сметките!
    Се надевам ќе најдеш излез од ситуацијава. :*
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ти мајко имаш неколку проблеми. Те нареков ,, мајка,,...
    Мислам дека треба заштитнички да застанеш пред својата ќерка затоа што ти си нејзиниот столб-потпора во животот. Знам дека не е лесно да во исто време биднеш и мама и тато, да продолжиш во животот сама....ама Господ те благословил со дете кое мораш да го изведеш на прав пат.
    Сите тие трауми кои ги гледа девојчето верувај ми дека ако не преземеш некоја мерка можеби некогаш во животот ке те чинат премногу.
    По твојот пост тој не те заслужува тебе, ама тоа е некогаш свесно или несвесно самите правиме грешки во животот.
    Едно е да прочиташ мислење а друго е да решиш, а ти си таа која треба да реши по кој пат треба да тргне
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Размисли добро и разгледај ги сите опции, а за осамена, па секогаш ќе си го имаш детето, без оглед на се.
    Се најдобро
     
    На skorpijaaa му/ѝ се допаѓа ова.