1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е штетно држењето на лаптоп в скут?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од sweety90, 26 октомври 2010.

  1. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Што мислите дали предолгото држење на лаптоп в скут може да предизвика стерилност кај жените и кај мажите??
     
  2. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    35
    Не верувам дека може да предизвика стерилност кај жените, но држењето на лаптоп в скут сигурно го намалува квалитетот на спермата кај мажите. Предуслов за произведувањето на сперма е пониска температура од телесната (затоа и тестисите се надвор), па топлината што ја ослободува лаптопот може да го намали бројот на сперматозоиди и со тоа и шансите за оплодување.
     
    На LadyGaga7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Точно така, докажано е при неколку испитувања дека може да се предизвика стерилност кај мажите, токму од таа причина која веќе @jasmin ја напиша.
    За женските не е возможно, вакво нешто, напротив, топлината може и позитивно да влијае, доколку сте настинати, ве болат јајниците, ќе го затоплите тој дел :)
    А да и внимавајте на изгореници, зошто кога се загрева делот под лаптопот можеби нема да почувствувате во истиот момент но ќе видите подоцна дека имате изгореница :(
     
  4. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Мислам дека не се работи само за топлината, туку и за електромагнетното зрачење што го има.
    Не е докажано научно дека е штетно држењето конкретно во скут, но логично е , бидејќи електромагнетните зраци можат да предизвикаат промени на клетките. Има научни истражувања кои докажале дека ткиво изложено на електромагнетно зрачење може да заболи од рак.
    Затоа што е сигурно, сигурно е. Не го држете лаптопот во скут. Мене ми е шубе.
     
  5. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
  6. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Многу работи се докажани па "откажани". Колку само лекови кои биле "безбедни" испаднало дека се крајно штетни.
    Kако и да е. Дека е штетно штетно е. Многу добро знам што е електромагнетно зрачење и само тоа ми е доволно. Истиот муабет како со мобилните телефони. Дали се штетни или не. Штетни се, ама што да правиме, кога се потребни и мораме да ги користиме. Ако ништо од сите електронски уреди не беше штетно, немаше да биде толку многу во пораст бројот на заболени од рак.
    Живееме во такво време и озрачени сме од сите страни, колку и да се чуваме. Од тоа нема бегање. Затоа барем да се заштитиме од она што баш и не мора да се зрачиш држејќи го лаптопот во скут.
    Башка што така го гушиш и лаптопот па не само што за тебе и твоето здравје е штетно, штетно е и за животниот век на твоето преносно компјутерче. ;)

    Редактирам... Линковите со истражувањата што ги ставила Дидија биле за тоа деке е потврдена штетноста. За тоа се согласувам.
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Пред некое време имаше статија дека е штетно држењето на лаптоп во скутот бидејки можело да ја изгори кожата... Имаше и пример со некое дете кое по цел ден со лаптпоот во скут играло игри на интернет... За стерлиност кај жени не сум слушнала, а за мажите имаше некои истражувањ. Мада мислам дека нема врска, јас нон стоп сум со лаптоп во скут
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Нема или има врска сеедно. Девојче глеј таа навика да ја отргнеш. Имаш маса, не е за џабе таа.
    Никако лап топ во скут.
    Ние младите како што знаеме да дремеме на интернет со саати и да држиме топли батерии на скут, зрачење до нашите јајници... тоа е ептен неубаво.
    Мене лично не ми се потребни истражувања, очигледно е дека лап топот не е за во скут.
    Секој ден по 5 саати седи во кревет со лап топот во скут, па после неколку години може и ќе има негативности. Од кај да знаеш? Зашто да ризикуваш?
    Одма ајде на маса лап топот и седнувај на стол! :)
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Предолгото држење на лаптопот в скут поради претерано изложување топлина може да предизвика синдром на дисколорација на кожата.



    Научниците и лекарите веќе долго предупредуваат на опасноста од држењето на лаптопот в скут. Имено, истражувањата покажуваат дека тоа предизвикува синдром на дисколорација на кожата (toasted skin syndrome). Проблемот се јавува кај претераното изложување топлина, која инаку не е доволно големи за да предизвика изгореници. Обично предизвикува дисколорација на кожата, но може да нанесе и штата која доведува до рак на кожата.



    Швајцарските научници во списанието Pediatrics наведуваат случај на 12 годишно дете кое заболело од овој необичен синдром откако неколку месеци секој ден го држел лаптопот в скут додека играл видео игри. Студентка во Вирџинија од лекарот побарала помош бидејќи кожата на нозете и потемнела откако го држела лаптопот в скут дури шест часа дневно.



    Лекарите затоа препорачуваат во скутот да се стави некој вид заштита од топлина, ако на него лаптопот баш мора да се става, но во секој случај подобро е воопшто да не го ставате в скут. Дури и познатите произведувачи на лаптопи препорачуваат да не се држи в скут подолго време.



    Во минатото овој синдром е забележан кај луѓето кои работеле близу постојан извор на топлина, како што се пекари или произведувачи на стакло. Пред воведувањето на централно греење, од синдромот заболувале луѓе кои седеле преблизу до печката, а познати се и случаи кога дошле до синдромот поради претерано користење термофор.
     
  10. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Дефинитивно Е...Знам по тоа што кога бев на преглед кај кожен лекар, прво нешто што ме праша беше `држиш ли лап-топ в скут?` Мене ме затекна прашањето, бидејки до тогаш не гледав некоја поврзаност меѓу двата фактора. Но докторот ме предупреди, да се лишам од таа навика веднаш за да не ми настрада кожата... :|
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Штетно е. Имам обичен компјутер, но кога сум кај братучед ми користам лап-топ. По половина час, ми жежи и го поместувам , па после пак жежи. Некогаш си ставам перниче или ќебе, ама кога одам во тоалет приметувам огромно црвенило на кожата. Така да сега веќе не ни го користам многу или пак го ставам на маса или столче.
     
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    А ти сакаш одма негативните ефекти? Чекај, за тоа треба години да се јават... Не си го загрозувајте здравјето непотребно. Лаптоп не е за во скут!
    Освен тоа кажав веќе, лаптопот ќе има многу пократок век на траење ако се гуши, ако не го ставате на рамна површина. Не сте приметиле колку повеќе загрева кога е пригушен??
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Електромагнетското зрачење од компјутерите во денешно време, особено од лаптопите е сведено на минимум, скоро и да го нема. Но и така тоа зрачење го има секаде околу нас.
    Ама нормално дека не е препорачливо лаптопот да се држи во скут, поради прегревањето. Признавам и јас доста често така го користам, посебно кога преведувам нешто (а тоа и не е така ретко). Сепак, негативните ефекти од тоа прегревање нема веднаш да се јават - затоа девојки, пазете се!
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zagrizena123

    zagrizena123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    Паа јас сметам дека штети кај мажите бидејќи имало многу зрачење и наштетувало на плодноста...аа исто така и ако во преднот џеб носат мобилен и тој истотака штети..
     
  15. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    во преден џеб нечини да се носи мобилен, во кошулата не чини зашто е блиску до сеце, во заден џеб не чини оти можеш да го наседнеш...друго? :)

    лаптоп нечини да држиш во скут, прво за лаптопот не чини, ги затвораш кулерите од кај што „дише’’ и се лади, така може да дојде до прегревање и да ги изгори матичната (ѓаол ипол) мање више тестисиве неплодни :) (шала)

    за неплодност ќе слушнеш 21312414135 работи...најбитна е генетиката :helou:
     
  16. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Незнам да ли штети, ама јас спијам со него. Од едната страна мажето ме топли од другата лап-топот :lol:
     
  17. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    ако имате деца ич да не му се секираш...уште еден да ти купат на нозете да не ми ти студи :D
     
    На pufi-cufi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    и мене ми е исто како на марама жешко ми е,црвена на нозете и стомакот сум,и ме боли стомакот :doh: мада што ретко го држам в скут,нестабилен така ми е,ама мислам не е добро да се држи в скут :?:
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Не знам дали штети, ама непријатно е затоа што ми ги затоплува нозете и ме фаќа сафра. Имам гледано дека се продаваат специјални перничиња за лап топ, ама не знам дали ги има кај нас.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Штетно е.
    Прво, кај мажите во однос на плодноста.
    Второ, кај жените во однос на животот на јајниците, т.е. тегоби при менструален циклус и тегоби при носење на плодот и породување.
    Зрачење е, не е играчка.
    Трето, штетно е за лаптопот ако не се држи на рамна површина. :lol: