Спред мене не би требало да предизвика стерилност кај жените , а за кај мажите се согласувам со мислењата на оние кои што пишале дека може да се оштети спермата. А можно е да се појават изгореници. На мојот лаптоп отпозади пишува да нема допир со кожа дирекно бидејќи може да и наштети.
имам прочитано дека кај машките држењето на лап топот во скут доведува до намалување на плодноста со намалување на бројот на сперматозоидите....има логика во тоа верување!!
До пред некое време после туширање, од топлата вода почнуваа ужасно да ме чешат и црвенеат нозете, и се чудев од што може да биде така. Арно ама во прво време не приметив дека само при контакт со топла вода ме чеша, мислев некоја алергија од детергентот за перење. А се тоа всушност да ти било од лап-топот што го држев во скут. А дали еден час во денот траеше таа работа. Ама навистина многу загрева, сега приметувам абе кога е загреан 2 минути да го ставам во скут одма ме печи, чеша, одма ми црвенее таму местото. Остава последици некои од таа топлината, тоа сигурно. Избегавајте да го држите в скут.
Баш додека ја читам темава гледам дека лаптопот ми е во скут. Навикната сум така, и нон стоп мајка ми ме кара дека е штетно. Јас знаев дека не е добро ама ко што читам по постовиве верувам дека има нешто вистина. Време да се одвикнам од ова
јас штом го држам во скут осекам некоја болка во стомакот .....и додека го држите во скут внимавајте перката за ладење да биде слободна затоа ви загрева многу,може да прегрее,,,,,, и никако на кревет немој да го ставате
мислам дека е штетно. понекогаш телефонот кога ми е блиску до главата ставен ме заболува бидејки зрачи не па лаптоп.. мое мислење.
Ооо, бебето мое, па секоја вечер си лежиме гушнати Штетно или не , компјутерот живот ми значи. И се обидувам да седам на биро колку што можам, ама не можe , по 1 сат грб ме фаќа. Вака фино лепо во креветче А, знам дека е лошо и што секоја вечер заспивам со него ,ама тоа е студентски осамен живот.
Ове не може да предизвика стерилност. Стерилност може да предизвика рано почнување со сексуални односи, користење на гелови, креми за интимна нега, преголема изложеност на сексуални односи, групни сексуални односи, преголемо ослободување на полови клетки поради чести сексуални односи(се мисли на повеќе од два пати дневно). Ова е штетно кај двата пола за држењето на човековото тело, кое се крепи директно на стопалата, при што главата е влечена од Земјината тежа, и настануваат тешки последици на вратниот рбет, како и на лумбалниот (кичмата)...
Потполно точно исто така со тоа му го скратуваш векот на траењето на лап-топот на овој начин не може правилно да се лади бидејќи не е на рамно место поставен. И се разбира дека има негативности не знам дали стерилност ама сепак и од многу седење на ком или лап топ е штетно и за здравјето,а особено за видот затоа помалку треба да се практикува седењето на компјутер бидејќи е навистина штетно.
Секако дека е штетно! Дајте луѓе малку логика, секој компјутер, мобилен и слични компјутерски апарати зрачат, така? Епа тоа зрачење делува некако, а бидете сигурни дека е штетно. Влијае на клетките, бидејќи целото наше тело е составено од енергија, атоми кои се подложни на најразлични влијанија, па ако тоа е краткотрајно, тие успеваат да се вратат во првобитната состојба, а ако е подолга изложеноста, тогаш... А што е па тешко да не се работи на лап-топот во скут? И плус еве ако нема друг начин во одредена ситуација, кога ќе треба подолго да работите, ставете нешто измеѓу вас и апаратот, некој изолатор или сл.
Штетно е премногу..!!! Мајка ми цело време ми вика поради тоа... Секој вид на ваква технологија ( како и телефон и сл.) зрачат премногу на јајниците... Па женски сме, фала богу треба утре деца да раѓаме.. Па подалеку од такви ствари
Мислам дека е штетно заради зрачењето, најчесто избегнувам да го држам лаптопот во скут, но не дека не ми се случува и мене. Некако не сум навикната да седам на биро со лаптопот.
Има зрачење да, но искрено, нонстоп ми е во скут нонстоппп. Предолгото држење на лаптопот в скут поради претерано изложување топлина може да предизвика синдром на дисколорација на кожата.
princesssss напиша:Ове не може да предизвика стерилност. Стерилност може да предизвика рано почнување со сексуални односи, користење на гелови, креми за интимна нега, преголема изложеност на сексуални односи, групни сексуални односи, преголемо ослободување на полови клетки поради чести сексуални односи(се мисли на повеќе од два пати дневно). Ова е штетно кај двата пола за држењето на човековото тело, кое се крепи директно на стопалата, при што главата е влечена од Земјината тежа, и настануваат тешки последици на вратниот рбет, како и на лумбалниот (кичмата)... Ц, ц, ц.... свашта, не ми се верува што се може да се прочита на форумов Да се вратам на темата... дефинитивно треба да се избегнува долготрајно(повеќе часовно) држење на лап топ во скут затоа што ја пореметува нормалната природна температура на телото, сум читала истражувања на интернет за тоа
Јас постојано го држам лаптопот во скут. Пред извесно време си купив и даска за под него ама некако немам навика да ја ставам.
Јас ретко го ставам на скут.Во кревет неможам само ако гледам некое филмче.Џабе лап топ кога пак си седам на маса со него ко обичен компјутер
Ама ме фатифте сега и јас го држам во скут.... се согласувам дека кај жените нема ризик но кај мажите ...
Се знае дека сите апарати што ги имаме по дома зрачат. Од ТВ кој претпоставувам дека кај секого е нон стоп вклучен, фрижидер, шпорет, бојлер, фен додека сушите коса, правосмукалка додека чистите по дома.....ама тоа се толку мали радијации што не штетат на човечкиот организам (исто кога излеземе надвор на прошетка па примаме радијација). Сигурно никој не држи 24/7 лаптоп во скут, па и на дестоп да си сепак те зрачи додека работа. Да, штетно е ама тоа се многу мали радијации. А за радијација знаете, голема количина на млеко да се пие