Лелеле кога ја видов темава одма рипнав од кревет и седнав на биро со лаптопов знам дека е штетно, свесна сум, но навика ми е и убаво ми е а ставам ја парче иверица под лаптопот може така нели? иначе од искуство ставанње перниче под лаптоп НИКАКО! се полни лаптопот со прашина..
Претпоставувам дека е штетно и можам да забележам по мене. Постојано го дршам во скут и веќе одредено време нозете горе ми се многу топли (значи и кога не го користам) па дури и кога ми е ладничко и од време на време ме боли стомак, али не мора да значи дека тоа е од лаптоп-от. Сакам да ја сменам оваа глупава навика ама некако не ми иде. Што да правам, некои работи тешко се менуваат...
па зависи има лаптопи тие што се постарите што дуваат од долната страна па така нема од каде да се лади и прегрева а и не е убаво за нозете ... а инаку овој мојов од страна дува и навика ми беше па и убаво да ми стои на нозете но пред некое време осетив болки во нозете и одма се преместив на биро па уште од тој ден до сега ме немат заболено нешто мускулите ме болеа а по се изгледа од тоа беше па сега сум добра вака исправена на маса милини
Богами штетно или не те става во недоумица ... Секој пат кога ќе се заборавам со лаптопот во скут после се мислам што сум прочитала на нет и не ми е баш сеедно ...
јас па секогаш на стомак ко држам.. кога сум сама ќе си ја дигнам маичката и убаво ми доаѓа топло на стомакоот..
За машки , да, штетно е, но за женски незнам зошто би било. Сепак , некој веќе спомна, многу е важно дали кулерот е одоздола или од страна. Мене на стариот лаптоп ми беше одоздола, па се имам изгорено на ногата. Ете ваква изгореница(само помала, околу 10цм) На новиот лаптоп ми е од страна, па искрено не ми прави проблеми, или лежам ,а тој ми е на колк ставен, или пак седам и ми е на нозе.
Сите што сум ги прашала велат дека е штетно... на мене кулерот ми е од страна, фала богу ама на братучет ми му е одоздола и тој има поголема изгореница на ногата, не само на нозете секаде е штетно да се става, само на маса не
Дефинитивно е штетно ако се држи повеќе време. Прво е ради прегревањето и можни изгореници, а второ мислам сите треба да знаете дека се што спаѓа во техника е штетно ради зрачењето. И лап топите е препорачливо да се ставаат на тврди подлоги само.
Веќе одамна лап топот го фиксирав на биро. Го вадам само по потреба. Порано постојано кога работев го држев во скут, дури и перничиња си ставав, ама зрачењето и топлината ништо не ги спречува.
Без разлика дали е штетно или не, не би да ризикувам. Секогаш ми е ставен на биро, а и никогаш не ми било удобно да го држам в скут.
Обично на биро ми стои, ама кога го зимам во скут обавезно под него ставам голема книга со тврди корици за да ме штити од топлина, а и за лаптопот е препорачливо да стои на рамна површина
Вујко ми е програмер и по цел ден е пред компјутер, ама никогаш не сум го видела со лаптопот во скут. Кога ми го купи мојот лаптоп одма ми рече, не го ставај во скут зошто може да имаш изгореници на нозете. Негова другарка на нозете има изгореници како стрии, но многу повидливи, испакнати. Не е како на сликата која некоја форумџика ја имаше ставено погоре, но сепак е грозно за гледање. Не би да ризикувам, перници вамте-тамте се безврска, зрачењето не се спречува така лесно.
Женски, ајде кога сум тука да ве прашам, опасно ли е држење лаптопот во скутот посебно додека сте бремени? Демек зрачење ова, она, ама па што денес не зрачи? Јас седам и го држам на колената сега, за карање ли сум?
Јас го држев во скут ама го ставав на перница, знам не е добро за лаптопот ама је*иига нешто мора да страда, подобро лаптопот одколку бејбито.
Јас на папка дебела го држам, од оние првачињана што ги носат.Уште одкога го купив вака се научив, шубе ми е да го ставам така во скут, вака ем е на рамна површина ем не е директно на мене.
Многу ретко го држам лаптопот во скут. А во тие ретки случаи си користам перниче од ИКЕА кое го купив пред неколку години. Не жежи со перничето и е прилично комотно, но сепак сигурно пак си има некое штетно зрачење од лаптопот.
Ретко го држам лап топот во скут. Ако го правам тоа, тогаш не се задржувам многу време, не сакам да си направам проблеми. А, исто така не го држам в скут бидејќи може да прегрее, па да се расипе, порано имав таков проблем, ама сега, да чукнам во дрво, нема. Нормално дека е поудобно е кога ке си легнеш и ќе си го наместиш лап топот во скут, ама штетно е. Читав некаде дека може да создаде изгореници, па дури и да предизвика рак. Вакво нешто би купила, доколку го има кај нас. Еве еден линк каде што има нешто повеќе: http://science.opposingviews.com/danger-having-laptop-lap-1144.html