1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали знаевте дека?

Дискусија во 'Насмевка' започната од pink4ever, 19 ноември 2010.

  1. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Дали знаевте дека:

    -Кралицата Елизабета Прва насекаде носела огрлица со мало шишенце парфем на неа каде и да одела.

    -Ако пешачите по 20 минути дневно во просек би согориле околу 3 килограми сало годишно.

    -Црвенокосите имаат околи 90 000 влакна во косата за разлика од оние црнокосите кои имаат околу 110 000

    -За време на владеењето на Луј 14 жените користеле лимон за да ги зацрвенат своите усни.

    -Спротивно на верувањата - чоколадото не предизвикува акни (што мислите вие? :^) :^) )

    -За една насмевка се употребуваат од 5 до 35 мускули на лицето.

    -Повеќето кармини содржат лушпа од риба во нив.

    -Секој крал од картите за играње претставува некој голем крал од историјата: Лист - Кралот давид, Детелина - Александар Велики, Срце - Чарламајан, Каро - Јулиј Цезар.

    -Зборот Шах-Мат потекнува од Индија и значи „Кралот е мртов“

    -Најголемата диско-топка во светот има дијаметар од 2.41 метри и 137.89 килограми, а содржи вкупно 6.900 огледалца.

    -Вистинското име на Боб Дилан е Роберт Зимерман.

    -Во просек луѓето повеќе се плашат од пајаци одколку од смрт.

    -Ниедно парче хартија не може да се свитка на половина повеќе од 7 пати
    (јас планирам да пробам :D ).


    Толку засега, ако најдам уште некој интересен факт сигурно ќе им прави друштво на оние погоре :D
     
  2. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    1.Најсилниот мускул во човечкото тело е јазикот...
    2.Јаболката се поефикасни за расонување од кофеинот...
    3.Карпентер мравките се користат за затворање на рани во Индија, Азија и Јужна Америка веќе 3000 години...
    4.Студентите кои пиеле шоља кафе пред мемориски тест постигнале подобри резултати отколку тие што пиеле безкофеинско...
    5.Просопагносија е неспособност да ги препознаете луѓето по нивните лица....
    6.Ризикот од срцеви заболувања е двојно повисок за жените кои ‘рчат во споредба со останатите...
    7.Близу до црната дупка времето се забавува, а во нејзината внатрешност целосно запира...
    8.Земјината атмосфера е, пропорционално, потенка од кора од јаболко...
    9.Едно јапонско истражување има заклучено дека умереното пиење ја зголемува интелегенцијата...
    11.Државата Андора има стапка на невработеност од 0%...
    12.Околу 40% од оптекот на парите во САД после граѓанската војна биле фалсификат...
    13.САД ја купи Аљаска од Русија за 2 центи по акра...
    14.Една четвртина од сите ваши коски е во вашите стапала ...
    15.Првиот лек кој е продаден во форма на таблета е Аспиринот ...
    16.Еден од дваесет луѓе имаат вишок ребро ...
    17.Пушачите имаат два пати повеќе шанси да имаат проблеми со грбот одколку непушачите ...
    18.Десното крило од белите дробови е поголемо од левото. Тоа е поради големината и поставеноста на срцето ...
    19.На возрасното човеково тело му се потребни околу 40 килограми кислород дневно ...
    20.Октоподот и лигњата се смета дека се најинтелегентни од безрбетниците ...
    21.Комарците имаат заби ...
    22.Доматот и краставицата се овошја ...
    23.Мачките имаат повеќе од сто вокални звуци, додека пак кучињата имаат само десет ...
    24.Лавовите не знаат да реваат се до својата втора година ...
    25.Остригата може да си го промени полот ...
    26.Клеопатра била една од првите жени што ги боела своите усни ...
    27.Дланките на вашите раце и табаните на нозете никогаш не можете да ги исончате, ниту пак растат влакна на тие места...
    28.Плавата боја има смирувачки ефекти. Таа го стимулира мозокот да испушти хормони за смирување ...
    29.Ако пешачите по 20 минути дневно, во просек би согориле околу 3 килограми сало во една година ...
    30.Планетата Венера се врти спротивно на другите планети во сончевиот систем...
    31.Планетата Уран има 27 месечини ...
    32.Сонцето е оддалечено од Земјата околу 149 милиони километри ...
    33.Железото се топи на 1535 целзиусови степени,а врие на 2750 степени....
    34.Најдолго досега регистрирано целосно затемнување на Сонцето изнесувало 7,5 минути ...
    35.Ако излезете надвор во Космосот, ќе експлодирате пред да се загушите бидејќи таму не постои воздушен притисок ...
    36.Звукот патува 15 пати побрзо низ челик отколку низ воздух...
    37.Дождот содржи витамин Б12 ...
    38.Бактериите се толку мали што една капка течност содржи околу 50 милиони бактерии ...
    39.Облаците летаат повисоко дење отколку ноќе ...
    40.Јупитер е најголема планета во сончевиот систем ...
    41.Црната боја е добиена со комплетна абсорпција на светлосните зраци ...
    42.Една санта мраз содржи повеќе топлина од една запалка ...
    43.Буквата "Ј" не се појавува никаде на периодичната табела на елементи ...
    44.Количката на едно тркало била измислена од страна на Кинезите...
    45.Според истражувањата, најпродуктивен работен ден е вторник, а најмалку продуктивен е петок...
    46.Ако застанете на дното на некој бунар, ќе може да ги видите ѕвездите на небото дури и дење...
    47.Цврстината на мразот е приближна на онаа на бетонот...
    48.Зборот "летологика" ја опишува состојбата кога не можеме да се сетиме на зборот што сакаме да го кажеме...
    49.Првиот регистриран домеин воопшто бил symbolics.com...
    50.Парите не се направени од хартија туку од памук...
    51.Со самото оставање на чешмата отворена, додека си ги миете забите, можете да потрошите 15 литри вода во минута...
    52.Групата АББА го добила името со земање на првите букви од имињата на нејзините членови (Агнета, Бјорн, Бени и Ани-Фрид) ...
    53.Во казината во Лас Вегас нема часовници ...
    54.Групата луѓе што се ангажирани да ракоплескаат на настап се викаат клакови...
    55.Потребни се 8.5 минути светлината од Сонцето да дојде до Земјата...
    56.Жешката вода е потешка од ладната ...
    57.Заради ротацијата на Земјата, еден објект ќе биде фрлен подалеку ако се фрла према запад...
    58.Живата е единствен метал кој е течен на собна температура...
    59.Запалката за цигари била измислена пред кибритот ...
    60.Ножиците биле измислени од Леонардо Да Винчи...
    61.Психокинеза означува способност да ги движите објектите со помош на Вашите мисли...
    62.Секој крал од картите за играње претставува некој голем крал од историјата. Од лист - Кралот Давид, Детелина - Александар Велики, Срце - Чарламајн, Каро - Јулиј Цезар...
    63.Зборот шах-мат потекнува од Индија и значи "кралот е мртов" ...
    64.Ниедно парче хартија не може да се свитка на половина повеќе од 7 пати ...
    65.Физички е невозможно да го излижеш својот лакт ...
     
    На acvamarin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Нешто околу мислењата за земјата
    Астрономијата е наука која ги проучува вселената и сите небесни тела (планети, ѕвезди, комети...). Астрономијата станала вистинска наука во VII век пр.н.е. Дотогаш небесните тела биле, пред се, поврзувани со божествата.
    Почнувајќи од Платон (427 - 437 пр.н.е.), Грците мислеле дека земјата е тркалезна, но неподвижна. Тие сметале дека планетите, Месечината, Сонцето се вртат околу земјата. А пак, за ѕвездите верувале дека се закачени за пространа сфера што прави еден круг околу земјата за едно деноноќие.
    Арапите ги усовршиле системите за набљудување и направиле каталог на дотогаш познатите ѕвезди. Во XII век, откритијата на грчкиот астроном Птоломеј се прошириле во голем број земји и ги поттикнале астрономите од Западна Европа да пројават поголем интерес за астрономијата.
    Во 1543 година Никола Коперник го изнел тврдењето дека Земјата, заедно со сите други планети се врти околу Сонцето. Никој не ги сфатил сериозно неговите откритија. На почетокот на XVII век, Кеплер открил дека движењето на планетите околу сонцето е елиптично, а не кружно. Тој исто така, докажал дека брзината на тоа движење е променлива.
    Во 1687 година англискиот научник Исак Њутн го докажал постоењето на една привлечна сила - позната како гравитациона сила - меѓу Сонцето и секоја од планетите. Тој објаснил како Месечината се врти околу Земјата и како планетите се покоруваат на Кеплеровите закони, кои биле објавени во периодот од 1609 до 1619 година.
    [​IMG]
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    - Ајкулата е единствената риба која може да трепне со двете очи.

    - Сите часовници во филмот Ефтини Приказни (Pulp Fiction)се наместени на 4:20 часот.

    -Нема збор во англискиот јазик кој се римува со month, orange, silver и purple (месец, портокал, сребро и виолетово)

    - Сите 50 американски држави се напишани на банкнотата од 5 долари на страната каде е споменикот на Абрахам Линколн

    - Мачката има 32 мускули во секое уво.

    - Медот е единствената природна храна која се прави без да се уништи друг вид на живот.
    - На бизнис картичката на Ал Капоне пишувало дека е продавач на мебел

    - Првата човечка PEZ глава(се секавате на бомбоните) е таа на Бетси Рос, жената која го сошила првото американско знаме.

    - Монетата од 10 центи има 118 вдлабнатинки по работ.

    - Невозможно е да кивнеш со отворени очи.

    - Името ОЗ во “Волшебникот од ОЗ“ се добило кога креаторот Френк Баум се загледал во фиоките за документи каде на една фиока пишувало A-N а на друга O-Z.

    - Просечно се заспива во рок од 7 минути.

    - Има 336 вдлабнатинки на голфско топче.

    - “Stewardesses” е надолгиот збор кој можете да го искуцате на тастатурата само со левата рака.

    - Единственото домашно животно кое не е споменето во Библијата е мачката.

    - Златната риба има меморија од 3 секунди.
    - Мајк Џордан заработува од NIKE годишно повеќе пари одколку сите фабрики на NIKE во Малезија.

    - Најдолгиот топографски поим кои сеуште е во употреба е рид во Нов зеланд Тaumatawhakatangihangaoauauotam-eteaturipukakapikimaungahoronukupokai-whenu a kitanatahu

    - 1 во 2.000.000.000 ќе доживее да прослави 116 роденден.

    - Мачката не може да ја движе вилицата странично.

    - Реченицата “ The quick brown fox jumps over the lazy dog” ја користи секој буква од англиската алфабета.

    - 111.111.111 x 111.111.111 = 12.345.678.987.654.321

    - Зборот Џип доаѓа од инцијалите на генералното возило во Амриканската армија – General Purpose vehicle (G.P).

    - Името Венди е прв пат употребено во цртанот Петар Пан на Дизни.

    - Слоновите се единствени цицачи кои не можат да скокаат.
     
    На J.Ivanoska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Дали знаете дека сите оние личности од нашите соништа за кои мислиме дека се тотални странци или дека се измислени, се всушност истите тие кои случајно некаде сме ги сретнале? :)

    Тоа може да биде човекот кој работи на бензиска пумпа од каде сте полнеле гориво уште пред 3 години.
    Тоа се минувачи кои сме ги здогледале, а подоцна сме ги заборавиле. Уште пред 2,3,10 па и повеќе години.

    Фасцинантно е колку меморија поседува нашиот ум и колку малку од истата секојдневно користиме.
     
    На interesna и pink4ever им се допаѓа ова.
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Ќе се надоврзам на ова

    YUGO - You go, but car doesn`t !!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Проба ли хах? Јас имам пробано порано и навистина, до 6 пати стигнувам,можеби до 7 со тешки муки :D
    Незнам дали е невозможно, но можеби со поголем лист е успешно. :)
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ми кжаувале дека во светот има 7 личности исти како тебе.
    Незнам колку е ова точно ама имам една внука (3 години) и друагрка ми братучедка абре гледавме слики и споредувавме абе многу личат, скоро исти се! :o
    Исто еднаш идеме со другарка да се шиша и таа фризерката иста Неџла, ненормално многу личеше! :o
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Пробав на лист од А4 формат, и едвај го свиткав 7 пати. :)
     
  10. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    Мислам дека е вистина поради тоа што мене многу познати ѕвезди ми се исти како некои пријатели,роднини,соседи...Мики од македонскиот идол е еден од тие личности! :o
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Еве еден интересен факт кој најмногу ме зачуди, а не сум знаела...

    Секој крал од картите за играње претставува некој голем крал од историјата. Од Лист-кралот Давид, Детелина - Александар Македонски, Срце- Чарламајн, Каро- Јулиј Цезар.


    Зборот шах- мат потекнува од Индија и значи “Кралот е мртов„.



    Пет проценти од луѓето кои користат персонални огласи за дружење и запознавање се веќе во брак.



    Човекот обично се смее околу 15 пати во денот.



    Парче тост што било делумно изедено од Џастин Тимберлејк било продадено на Е бај. Бљак!



    Дали знаевете дека вашиот роденден го делите со уште најмалку 9 милиони луѓе низ светот.


    Жените трепкаат два пати повеќе од мажите.


    Со удирање на главата во ѕид се трошат 150 калории на час. :lol: да но дали ќе останеш нормален...


    Најдолгиот холивудски бакнеж бил во филмот You arе in the army now од 1914 бакнежот траел 3 минути и 3 секунди.


    Зборот Шпанија значи “земја на зајаци“.


    Пепси го добил своето име по состојката пепесин, што се верува дека помага при дигестијата на храната.
     
    На t.w.e.e.t.y, white.kitten, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Интересни факти за пуканките

    Пуканките се една од најголемите зарази од која што не можете да се откачите се до последното зрно, а посебно кога гледате некој интересен филм.

    1. Зошто пченката пука? Секое зрни содржи одредено ниво на влажност. Како што зрното се загрева, водата се претвора во пареа. Колку повеќе пареа се ствара толку поголем е притисокот врз зрното кое што на крај пука.

    2. Пченката пука на температура од 175 степени Целзиусови.

    3. Непукнатите пуканки се викаат ‘стари моми’. :D Тие не пукаат поради фактот што немаат доволно влажност во зрното или пак обвивката на зрното е оштетена.

    4. Американците во текот на една година консумираат доволна количина на пуканки за да се наполни ‘Empire State Building’ 18 пати.

    5. Научното име на пуканките е ’zea mays everta’ и тоа е единствениот вид на пченка кој пука.

    6. Луѓето уживаат во пуканките илјадници години. Во 1948 година во Мексико пронајдени се пуканки од пред 5000 години.

    7. Традиционално, домородците во Америка ги зачинувале пуканките со суви тревки, па дури и со чили.

    8. Некои домородци од Америка верувале дека постои дух во секоја испукана пуканка. Духовите никогаш не ги вознемирувале луѓето, но доколку нивниот дом е многу загреан, тогаш духовите сè полути скокале наоколу се додека не ‘пукнат’.

    9. Кристофер Колумбо наводно ги запознал Европјаните со пуканките во 15от век.

    10. Првата машина за правење пуканки ја измислил Чарлс Креторс во Чикаго во 1885. Неговата фирма сè уште произведува машини за правење пуканки.

    11. Пуканките почнале да се служат во кината во 1912 година.

    12. Пуканките доаѓаат во два облици: снегулки и печурки.

    13. Според Гинисовата Книга на рекорди, најголемата чинија со пуканки била широка 365cm и содржела 909kg пуканки.

    Вечерва, одберете добар филм и секако една голема солена чинија пуканки!
     
    На t.w.e.e.t.y и maja8 им се допаѓа ова.
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Џвакањето мастика додека лупите кромид ќе ве спаси од солзење. супер.
     
  14. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Фактопедија

    1. Ако сте деснорак ќе тежнеете да ја џвакате храната на десната страна, а ако сте левучар на левата.

    2. Ако престанете да чувствувате жед значи дека треба да пиете повеќе вода, затоа што кога човечкото тело дехидрира, механизмот за жед се исклучува.

    3. Џвакањето гума за џвакање додека лупите кромид ќе го спречи солзењето на очите.

    4. Вашиот јазик е без бацили само доколку е розов. Ако е бел значи дека има тенка покривка од бактерии.

    5. Мотото на Mercedes-Benz е “Das Beste oder Nichts”, што значи „најдоброто или ништо“.

    6. Титаник е првиот брод којшто употребил SOS сигнал.

    7. Зеницата на окото се шири до 45 проценти кога личноста гледа нешто пријатно.

    8. Во просек на луѓето коишто го оставиле пушењето им е потребен еден час помалку спиење.

    9. Смеењето го намалува нивото на стрес хормоните и го зацврснува имунитетот. Шестгодишниците во просек се смеат 300 пати дневно. Возрасните се смеат 15 до 100 пати дневно.

    10. Шумот којшто го слушаме кога ќе ставиме школка на увото не е звукот на морето, туку звукот на крвта во вените на увото.

    11. Далматинците се раѓаат без дамки.

    12. Лилјаците секогаш свртуваат в лево кога излегуваат од пештерата.

    13. Копчињата на машките кошули се на десната страна, а на женските на левата.

    14. Бувот е единствената птица којашто го спушта горниот капак при трепкањето. Сите други птици го креваат долниот.

    15. Причината поради која што медот е толку лесен за варење е што тој веќе е сварен од пчелите.

    16. Сината боја има смирувачки ефект. Причинува мозокот да испушта хормони за смирување.

    17. Секогаш кога ќе кивнете ви умираат неколку мозочни клетки.

    18. Вашето лево белодробно крило е помало од десното за да има простор за вашето срце.

    19. Кога црвенеете, и стомакот исто така ви поцрвенува.

    20. Кога нилските коњи се вознемирени, потта им поцрвенува.

    21. Првиот Harley Davidson бил произведен во 1903, и за карбуратор имал лименка од домати.

    22. За да се изгради Титаник потребни се седум милиони долари, и 200 милиони долари за да се направи филм за него.

    23. До врвот на Ајфеловата кула има 1792 скалила.

    24. Звукот којшто го слушате кога си ги кршите прстите е звукот на пукањето на меурчиња полни со азот.

    25. Човечката коса и нокти продолжуваат да растат и по смртта.

    26. Повеќето фудбалери истрчуваат до 11 километри во текот на еден фудбалски натпревар.

    27. Единствениот дел од човечкото тело коешто нема снабдување со крв е рожницата на окото. Таа се снабдува со кислород директно од воздухот.

    28. Секој ден околу 200 милиони парови водат љубов, се раѓаат околу 400 000 бебиња, и умираат околу 140 000 луѓе.

    29. Во повеќето реклами за часовници времето коешто е прикажано на нив е 10:10 бидејќи на тој начин стрелките го врамуваат брендот на часовникот, така што се чини дека се насмевнува.

    30. Colgate се соочиле со голема пречка во рекламирањето на пастата за заби во земјите од шпанското говорно подрачје, бидејќи Colgate на шпански звучи како „оди обеси се“.

    31. Единствените две животни коишто можат да видат зад себе без да ја вртат главата се зајакот и папагалот.

    32. Интелегентните луѓе имаат повеќе цинк и бакар во косите.

    33. Дали ги знаете имињата на трите мудри мајмунчиња? Тие се: Мизару (не гледа зло), Миказару (не слуша зло) и Мазару (не говори зло).

    34. Жените трепкаат близу двапати повеќе од мажите.

    35. Германските овчари каснуваат луѓе повеќе отколку било кој друг вид на куче.

    36. Големите кенгури скокаат повеќе од десет метри.

    37. Камшикот пука бидејќи неговиот врв се движи побрзо од брзината на звукот.

    38. Двајца борци за животински права протестирале против суровоста на праќање свињи во кланицата во Бон. Одеднаш свињите коишто биле две илјади на број, избегале низ оштетената ограда и ги прегазиле двајцата несреќни поборници за правата на животните до смрт.

    39. Доколку кај статуата на којашто е претставен јавач и двете предни нозе на коњот се кренати во воздух, личноста загинала во битка; доколку е крената само едната предна нога, личноста починала како резултат на повреди здобиени во битка; доколку сите четири нозе на коњот се на земјата, личноста починала од природна смрт.

    40. Човечкото срце при пумпањето крв создава доволно притисок за да исфрли крв во далечина од десет метри.
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Фактопедија

    ^ Далматинците се раѓаат без дамки??!!..... :^)
     
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Фактопедија

    Да, кога се раѓаат се бели. Во текот на животот им се создаваат црните дамки. :)

    http://dog-breeds.findthebest.com/sites ... matian.jpg
     
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Фактопедија

    • Должината на вашата подлактница е еднаква со должината на вашето стапало.
    • Човековото срце чука 101,000 пати дневно. За време на еден животен век ќе исчука околу 3 билиони пати и ќе испумпа околу 400 милиони литри крв.
    • Човековата уста произведува 1 литар плунка дневно.
    • Просечно, човек може да остане без здив околу 1 минута. Светскиот рекорд го постигнал Tom Sietas и тоа 15 минути и 2 секунди.
    • Човековата глава има 22 коски.
    • Во просек , човек дише 23,000 пати дневно.
    • Просечно секој човек изговара скоро 5,000 збора дневно - и покрај тоа што 80% од зборувањето е самиот со себе.
    • Мозокот на Алберт Ајнштајн бил со просечна големина (1375 грама).
    • Највисоката нација во светот се Watusis oд Burundi.
    • Ако количината на вода во вашето тело се намали само за 1% ,ќе се чувствувате жедни.
    • Хипокрит, таткото на медицината , препорачал дека на жената може да и се зголеми обемот на градите , со често и гласно пеење.
    • Човек може да издржи без храна околу 1 месец, но без вода само 1 недела.
    • Во текот на животниот век , човекот пие околу 75,000 литри вода.
    • Косата на главата расте 2 до 6 години пред да се обнови. Во случај на ќелавост , пасивната коса не се обновува.
    • Маж губи околу 40 влакна дневно. Жена губи околу 70.
    • За првпат во човештвото промена на пол се случи во 1950 кога Данскиот доктор Кристијан Хамбургер го оперираше Њујоркчанецот Џорџ Јаргенсен , кој стана Кристен Јаргенсен .
    • Мускулот на окото кој овозможува трепкање е најбрзиот мускул на телото. Тој овозможува трепкање 5 пати во секунда. Во просек, човек трепка околу 15 000 пати дневно. Жените трепкаат двапати повеќе од мажите.
    • Црниот дроб е најголем од внатрешните органи. Кожата е најголем орган од на телото.
    • Нашите очи се со иста големина од нашето раѓање.
    • Секој човек има уникатни отпечатоци на јазикот.
    • Кога Земјата би била голема како јајце, најдлабокото дупчење кое некогаш е направено не би ја пробило ниту лушпата.
    • Кога автомобил би можел да се вози без запирање околу екваторот со брзина од 100 км/х, би му биле потребни 16 дена, 16 часа и 45 минути да ја заврши обиколката.
    • Кога би возел околу Земјата од Северниот до Јужниот Пол и назад, би стигнал 80 минути порано, затоа што Земјата не е потполно правилна топка.
    • На копач кој копа дупка низ Земјата со брзина од 1м/мин, потребни му се 24 години да стигне на другата страна.
     
  18. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Фактопедија

    Прв пат слуша во животот за ова....и ако не го прочитав овде немаше ни да знам
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Фактопедија

    Остригата може да си го промени полот.
    Името Венди било измислено за книгата Петар Пан.
    Леонардо Да Винчи можел во исто време да пишува со едната, а да црта со другата рака.
    Леонардо Да Винчи никогаш не ја означил со датум неговата најпозната Мона Лиза.
    До XV век не постоеле интерпукциски знаци.
    Хавајската азбука има 12 букви.
    Повеќето кармини содржат лушпи од риба во нив.
    Повеќе калории се согоруваат со спиење отколку со гледање телевизија.
    Потребни се околу 3 центи за да се направи банкнота од 1 долар во САД.
    Парите не се направени од хартија, туку од памук.
    Андора има стапка на невработеност од 0%.
    Олимпик бил сестрински брод на Титаник, кој останал 25 години во служба.
    Кина има повеќе популација што знае англиски, отколку САД.
    Просечно 12 новорени дневно се даваат на погрешни родители.
    Електричниот стол бил измислен од страна на стоматолог.
    Четиригодишно дете поставува во просек 400 прашања дневно.
    Комарците имаат заби.
    Доматот и краставицата се овошја.
    Пијавицата има 32 мозоци.
    Јаболката се член на фамилијата на рози.
    Басенџи кучето е единственото куче што не знае да лае.
    Школките имаат 100 очи на работ од нивниот оклоп.
    Пајаците имаат проѕирна крв.
    Од 20000 видови пчели, само 4 прават мед.
    Октоподот има 3 срца.
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    :clap: :clap: :clap: pink4ever .............се изначудив
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.