1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали знаевте дека?

Дискусија во 'Насмевка' започната од pink4ever, 19 ноември 2010.

  1. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    55 интересни факти

    :| :| :|
     
  2. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    55 интересни факти

    ми ту :$ :D
     
  3. SoNi55

    SoNi55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    55 интересни факти

    Ова вистина е??? :^)
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    55 интересни факти

    Пробај па ќе дознаеш :lol:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Интересни факти

    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!
    Инспирација ми беше пост од ИдиВиди :clap: :geek: :clap:
    http://www.idividi.com.mk/panorama/zanimlivosti/727493/index.html
    Па мои Феминки ајде изненадите со други вакви Интересни Факти. :$
     

    Прикачени фајлови:

    • 1011.jpg
      1011.jpg
      Големина на фајлот:
      40,6 KB
      Прегледи:
      490
    • 1582.jpg
      1582.jpg
      Големина на фајлот:
      54,3 KB
      Прегледи:
      490
    • 8133.jpg
      8133.jpg
      Големина на фајлот:
      24 KB
      Прегледи:
      490
    На Mygirl и papagal4e им се допаѓа ова.
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!

    Интересна тема :clap:

    Просечно, човек може да остане без здив околу 1 минута. Светскиот рекорд го постигнал Tom Sietas и тоа 15 минути и 2 секунди.

    Во просек , човек дише 23,000 пати дневно.

    Просечно секој човек изговара скоро 5,000 збора дневно - и покрај тоа што 80% од зборувањето е самиот со себе. ( за жените бројката е двојно поголема според мене :D )

    Со конзумирање на 8 јаготки ќе внесете повеќе витамин Ц отколку со еден портокал.

    Шимпанзото е единственото животно кое може да се распознае кога ќе се погледне во огледало.

    Играта монопол некогаш била многу популарна во Куба, но Фидел Кастро наредил сите монополи да бидат уништени.

    Физички е невозможно да го излижеш својот лакт (јас пробав :D )

    Во просек луѓето повеќе се плашат од пајаци отколку од смрт.

    Во 1987 година, American Airlines заштедиле 40000 долари со елиминирање на една маслинка од секоја салата послужена во прва класа.

    Ајде доста се, да оставам место и за другите :D
     
  7. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    523
    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!

    - Во просек мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди.

    -водородот е запалив гас, кислородот го поддржува согорувањето, но во комбинација ја сочинуваат водата која се користи за гаснење пожар

    -кикириката е една од состојките на динамитот

    -јазикот е најјак мускул во човековото тело

    - вкупната маса на сите мравки на светот е поголема од вкупната маса на човечката популација

    -топлата вода замрзнува побрзо од ладната вода

    -глушецот може да издржи без вода подолго од камилата

    -јаболкото содржи 84% вода
    -секоја птица секој ден мора да изеде храна барем половина од својата тежина за да може да преживее

    -пеперутките осеќаат вкус преку своите нозе

    -некои Ескими користат фрижидери за да го спречат потполното замрзнување на храната

    -сонцето е 330.330 пати поголемо од земјата

    -ако количината на вода во човековото тело се намали за 1%, човекот чувствува жед

    -шансите да се родите на 29. февруари се 1 спрема 1461

    -спротивно на фразата "се потам како свиња", свињите всушност не можат да се потат

    -Ватикан е најмалата држава на светот со површина од 0.44 километри квадратни

    -пустината Сахара се шири 1 километар месечно

    - кај човекот, должината од рачниот зглоб до лактот е еднаква на должината на стопалата?
    - за еден килограм мед, пчелите мора да посетат 4 милиона цветови и да поминат пат 4 пати подолг од земјениот волумен

    -звукот патува 3 пати побрзо низ вода отколку низ воздух

    -лубеницата е зеленчук, а доматот овошје

    -човекот во својата уста дневно произведува 1 литар плунка

    -ајкулите никогаш не се разболуваат бидејќи се имуни на сите видови болести

    -на Уран, летото и зимата траат по 21 година

    е невозможно да си го лизнете лактот

    -интелегентните луѓе имаат повеќе цинк и бакар во своите дланки

    -комарците имаат заби

    -е невозможно да кивнете со отворени очи

    -просечниот човек дневно губи 200 влакна на главата

    - во 1926 година во светот имало само 100 телевизори

    -првите 4 потези во шахот можете да ги одиграте на 318.979.564.000 начини

    -Гинисовата Книга на Рекорди го држи рекордот за најчесто крадена книга од книжарниците

    -на планетата Земја има толку злато што може целата да ја прекрие со слој од еден метар

    -флеката на кравата е уникатна исто како и отисокот од прст или снегулката - не постојат две крави со ист облик на флеки
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!

    WooooW
    Девојки/Феминки навистина предобри нешта прочитав, а идат уште :rofl:
    Дали знаете дека...

    ...некои од имињата што биле планирани за џуџињата од „Снежана и седумте џуџиња“ биле Нечистко, Превртливко, Жешко и Скочко.

    ...римскиот цар Домицијан уживал кога со часови бил затворен во својата соба, ловејќи муви и прободувајќи ги со молив.

    ...во релативно блиско минато во Земјата удриле два објекта со доволно голема сила што секој од нив можел да уништи цел град, но двата објекта, едниот од 1908 година, другиот од 1947 година, паднале во Сибир и никој не бил повреден.

    ...најголемата религиска градба на светот е хиндуистичкиот храм „Ангкор Ват“, изграден во 11-тиот век Камбоџа.

    ...книгата „Црвенкапа“ во 1990 година била забранета во неколку училишта во САД, бидејќи на една од илустрациите во кошничката на Црвенкапа се наоѓало шише вино.

    ...кога сондата „Галилео“ влегла во атмосферата на Јупитер имала брзина од 170.600 километри на час, што е најголемата забележана брзина што ја достигнал некој предмет што го направил човекот.

    ...ликот на Попај е заснован на вистинска личност – Френк „Роки“ Фигел, кој физички навистина многу личел на Попај.

    ...колку личноста е сексуално поактивна, толку се поголеми шансите повторно да го привлече спротивниот пол, бидејќи телото на сексуално активна личност лачи поголемо количество феромон, хемикалија што има силно влијание врз спротивниот пол.

    ...едно истражување покажало дека поголемиот број грабежи на куќи и станови се случуваат преку ден кога нема никој дома.

    ...во 1976 година 14 банки се соединиле за да ја формираат кредитната картичка „Мастерчарџ“, што подоцна станала позната како „Мастеркард“.

    ...истражување покажало дека патиштата во Лос Анџелес се толку пренатрупани, што просечен шофер во сообраќајот претрпува застој од 82 часа годишно.

    ...триаголниот облик на „Тоблероне“ е заштитен со закон.

    ...најголемиот мост на светот го изградила индиската војска на Хималаите.

    ...едно испитување покажало дека семејствата што го исклучуваат телевизорот за време на оброк се хранат поздраво.

    ...кожата од која се прави облеката нема мирис сама по себе, оној автентичен мирис доаѓа од хемикалиите што се користат при обработката.

    ...еден скротувач на змии од Бангладеш во една прилика пронашол 3.500 кобри и нивните јајца скриени под подот во две куќи во една приградска населба.

    ...во Белгија во 1879 година 37 мачки биле користени за доставување пошта по селата, но подоцна констатирале дека мачките не се доволно дисциплинирани за оваа задача.

    ...„Пекмен“ во флиперниците е најиграна видео-игра на сите времиња.

    ...Чикаго е единствен град во светот што има пошта низ која можете да пројдете со автомобил.

    ...ископувањата на некои археолози покажуваат дека канабисот веројатно е првата билка што ја одгледувале луѓето, а ја користеле за изработка на платно, хартија и облека.

    http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razonoda/dali-znaete-deka43
     
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!

    неколку сликовити :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • 2011-08-06.jpg
      2011-08-06.jpg
      Големина на фајлот:
      140,6 KB
      Прегледи:
      416
    • 2011-08-11.jpg
      2011-08-11.jpg
      Големина на фајлот:
      134,1 KB
      Прегледи:
      416
    • 2011-08-19.jpg
      2011-08-19.jpg
      Големина на фајлот:
      153,7 KB
      Прегледи:
      416
    • 2011-08-26.jpg
      2011-08-26.jpg
      Големина на фајлот:
      478,3 KB
      Прегледи:
      416
    • 2011-08-28.jpg
      2011-08-28.jpg
      Големина на фајлот:
      269,2 KB
      Прегледи:
      416
  10. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!

    Шимпанзото е единственото животно кое може да се распознае кога ќе се погледне во огледало.
    Шимпанзото :^) нели беше слонот??
    Слонот е единственото животно кое може да се препознае во огледало :rofl:

    онасите од Тибет спијат исправено

    -Динамитот е направен од кикиритки

    -Anatidaеphobia е фобијата дека некаде, некако, те набљудува патка

    -Единствената храна која не скапува е медот

    -Бубашвабите можат да живеат со отсечена глава до 9 дена… после тоа умираат од изгладнетост!

    -Turritopsis Nutricula медузите се биолошки бесмртни

    -Ако ајкула се отпреврти – паѓа во кома
    -Најдолгата изнесена затворска казна изнесува 10 000 години

    -Во Франција е легално да се венчаш со мртов човек

    -Hippopotomonstrosesquippedaliophobia e фобијата од долги зборови

    - Aдолф Хитлер во 1938 год. е избран за човек на годината од страна на магазинот Тајм.

    - Најдолгиот бокс меч траел 110 рунди.

    - Најчестата човечка лага е „добро сум„.
    Најмалечката птица на светот е колибрито. Тежи околу 1 грам.

    Мечките можат да трчаат со брзина до 50 километри на час.

    Слоновите се единствените животни кои што неможат да скокаат.

    Поларните мечки се леваци.

    Крокодилот неможе да го исплази својот јазик.

    Мачките имаат 32 мускули во своето уво.

    гуштерите геко можат да одат по вертикално поставено стакло

    мачката има 32 мускула само во едното уво

    Во Кина повеќе луѓе зборуваат англиски отколку во САД

    Бадемот спаѓа во фамилијата праски.

    Ако носиме слушалки би ги зголемиле бактериите во нашето уво.

    Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, кои се сметаат за најголеми писатели во своите земји, умреле во ист ден - на 23 март 1616 година.

    Десничарите во просек живеат 9 години повеќе од левучарите.

    Една просечна личност се смее 15 пати дневно

    Кога би викале непрестајно 8 години, 7 месеци и 6 дена би произвеле доволно енергија во звучни бранови да се загрее филџан со кафе.

    - Жирафите ги чистат ушите со својот јазик,кој е долг 45 цм.

    - Сомот разликува 27.000 вкусови
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!

    Загатката на реката Нил е што секоја година нивото на водата и се намалува за 2 сантиметри :)
     
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Интересни Факти! 1000... нешта кои не ги знаеме!!!

    ova ne sum go znaela
    упс
    знам дека НИл секогаш си го менува своето корито....
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен
    http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/kul-fakti-koi-kje-vi-go-napravat-denot-pointeresen/
    1. Дали сте знаеле дека показалецот на „Статуата на слободата“ е долг 2,5 метри?
    2. Во делови од пустината Атакама во Чиле никогаш не заврнал дожд или барем досега не бил забележан.
    3. Најголемата измерена снегулка била широка 38 сантиметри, а дебела околу 20. Паднала во Монтана, во 1887 година.
    4. Кога ќе наполните 75 години, тоа значи дека сте биле будни само 52 од нив, остатокот или 23 години од животот сте ги поминале во спиење.
    5. Замислете, крилото на „Боинг 747“ е подолго од должината на првиот лет на браќата Рајт. Тие го измислиле авионот, а нивниот прв обид да летаат со него траел само 12 секунди.6. А, сте слушнале ли дека на земјата живеат онолку кокошки, колку што има и луѓе?
    7. Постои вид птица која тежи помалку и од едно денарче.
    8. Внимавајте во каква боја се облекувате. Комарците најмногу ги привлекува сината. Можеби ви е чудно, но и тие имаат заби.
    9. Инсектите се толку многу бројни, што за секој човек има по речиси 200 милиони.
    10. И за кенгурите има работи кои можеби не сте ги прочитале. Тие не можат да се движат наназад.
    11. Освен луѓето, отисоци од прсти имаат и коалите.
    12. Знаете ли дека октоподите имаат по три срца?
    13. На човечкото тело се наоѓаат околу три милиони потни жлезди, а човечките коски се пет пати посилни од челикот.
    14. Ако сте на диета, добро е да знаете дека за да изедете еден целер ќе потрошите повеќе калории отколку што ќе внесете со него.
    15. Не е мит ниту дека ако изедете премногу моркови, може да станете портокалови.
    16. Просечниот човек троши две недели чекајќи да се сменат светлата на семафорот.
    17. Прогнозите се дека еден од две милијарди луѓе ќе доживее длабока старост од 116 години, а можеби и повеќе.
    18. Сакате ли да дознаете кој има најголем мозок? Тоа се китовите „Physeter catodon“ чиј мозок тежи речиси 9 килограми.
    19. Уште еден сличен податок. Јазикот на синиот кит е потежок од еден слон.
    20. Опасните ајкули-тигри се борат меѓу себе уште во утробата на мајката. Ќе се роди, тој што ќе преживее.
    21. Ајкулите што ќе преживеат, ќе „тераат“ до 100 години.
    22. Бамбусот може да порасне до три метри во височина, во рок од 24 часа. Значи, еве кој расте преку ноќ .
    23. А, сте слушнале ли дека 250 луѓе паднале од кривата кула во Пиза?
    24. Сега ќе се преселиме во Соединетите Американски Држави. Таму секојдневно се јаде по 303.514 квадратни метри пица.
    25. Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон за време на неговиот 8-годишен мандат, испратил само две имејл пораки.
    26. И за крај. Кога се смеете активирате 14 мускули, а кога се лутите 43. Затоа, продолжете да се смеете. Полесно е .
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Ова се некои работи кои ги дознав пред некое време:

    - Лубеницата се смета за зеленчук, а доматот за овошје.
    - Доколку кивнеме премногу силно можеме да скршиме ребро.
    - Дедо Мраз кој ние денес го замислуваме со бела брада, во црвено и слично за прв пат бил замислен за реклама на кока-кола.
    - Невозможно е да го лижнеш сопствениот лакт.
     
  16. Mawalazarevic

    Mawalazarevic Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    nevozmozno :D gledaf mithbusters tie zemaa list pogolem od fudbalsko igraliste za 2-3 saata edvaj go zavitkaa nekade nakaj 10-tina pari ne pomtam ama so valjak go gmecea :D
     
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    1. Иако животинските сетила за мирис се поразвиени, нашиот нос може да запомни дури 50.000 различни мириси.

    2. Тенкото црево е околу четири пати подолго од висината на просечен човек односно од 5.5 до 7 метри.

    3. Крвта низ телото ни циркулира низ мрежа од крвни садови, долга 96.000 километри, а срцето отчукува 100.000 пати на ден.

    4. На секои 2.5 квадратни центиметри од кожата се наоѓаат по 32 милиони бактерии. Поголемиот дел се од оние „корисни бактерии“ кои му помагаат на организмот.

    5. Воздухот кога киваме достигнува брзина до 160 километри/час - затоа и вирусите толку брзо се шират во затворен простор.

    6. Во текот на животот произведуваме 23.000 литри плунка - доволно да се наполнат два базени.

    7. Јачината на ’рчењето има ист интензитет колку јачината на говорот - 60 децибели. Доколку истата достигне 80 децибели, тоа е јачина на машина за пробивање бетон. Толку силна врева е опасна за човечкото уво.

    8. Бојата на косата влијае врз нејзината густина. Русокосите имаат најмногу коса - затоа што природната руса коса е најгуста.

    9. Ноктите на рацете растат побрзо од оние на нозете, затоа што се повеќе изложени и се користат почесто. Најбргу растат на раката со која пишувате, поточно на најдолгиот прст.

    10. По раѓањето, главата изнесува четвртина од должината на телото, па затоа на бебињата им е тешко да ја држат исправена. На возрасните, осмина од висината им отпаѓа на главата.

    11. Без храна човекот може да издржи неколку дена, но по 11 дена поминати без сон - следи смрт.

    12. На секои 3-4 дена се формира нов желудочен ѕид. Поради големата киселост во внатрешноста - нужна е ваквата појава.

    http://brkajrabota.mk/lifestyle/zivot/12679-12-interesni-fakti-za-coveckoto-telo-
     
  18. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
  20. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Дали знаете како се одвива процесот на кивање, од што е предизвикан, колку течност пулверизираме при оваа акција?



    1. До кивање доаѓа поради иритација на носот, што предизвикува силно испуштање на воздух, чија брзина може да достигне до 150 км/ч.

    2. Интересно истражување на британските научници покажало дека луѓето киваат кога мислат на секс или на нешто погрешно.

    3. Кога нешто ќе ни го иритира носот, нервните завршетоци кои се наоѓаат таму, испраќаат сигнал до мозокот кој предизвикува серија на импулси во стомакот, градниот кош, очите и веѓите. Сите овие делови од телото се движат кога киваме. Додека спиеме, овие нервни завршетоци се во мирување и затоа не киваме кога спиеме.

    4. Начинот на кивање може да одреди некои лични карактеристики на човекот, покажало истражувањето на Др. Петата Вуд, експерт за невербална комуникација. Експериментот опфатил 547 учесници и ги донесол следните заклучоци:

    Дисциплинираните луѓе задолжително ставаат рака пред устата за време на кивањето. Тоа нема врска со воспитувањето, туку со квалитетот на личноста.

    Луѓето склони кон добротворни цели, киваат беззвучно, пригушено.

    Доминантните личности киваат силно, звучно и тоа многу пати во серија.

    Активните личности киваат брзо и јасно.

    5. Не можеме да кивнеме со отворени очи. Интересно е тоа што сеуште никој не открил зошто е тоа така.

    6. Најчести причини за кивање се прашина, полен и црн пипер.

    7. Кај некои луѓе, движењето на веѓите може да предизвика кивање со оглед на поврзаноста со нервните завршетоци во носот.

    8. Секој трет кива кога одеднаш ќе се изложи на силна светлина.

    9. Прикривањето на устата при кивање не се препорачува само заради домашното воспитување, туку и поради честичките од плунката кои летаат при кивањето кои можат да достигнат до 1,5 метар, а бактериите кои живеат таму - и подалеку. Бројот на капки од плунка може да достигне и до 40 000.

    10. Со кивањето се поврзани многу верувања. Едно од нив е дека зборовите кои се кажани веднаш по кивањето се апсолутна вистина. Старите Грци и Римјаните сметале дека кивањето надесно носи среќа, а налево - одлична иднина (т.е. каде и да се кивне - се е одлично). Хелените кивањето го сметале за дар од боговите. Во некои култури се верува дека кивањето е обид на душата да излезе од телото. Ако кажеме при кивање „На здравје", и помагаме на душата да се врати назад.

    http://kajgana.com/fakti-za-kivanjeto-koi-najverojatno-ne-gi-znaete