Дали знаевте дека?

Discussion in 'Насмевка' started by pink4ever, Nov 19, 2010.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,676
    - Државата Илиноис забранува јавна ерекција и танц без облека.
    - До 1990 година Ајдахо, Јута, Аризона, Оклахома, Минесота, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд, Масачусетс, Роуд Ајленд и Вашингтон забрануваат употреба на вибратори.
    - Во Детроит двојките не смеат да имаат секс во автомобил, освен ако не е паркиран на нивен имот.
    - Во Оксфорд, Охајо, жените според законот не смеат да се соблекуваат голи пред фотографиите на своите мажи.
    - Во Вашингтон единствена прифатлива сексуална поза е мисионерската. Сите други се сметаат за незаконски.
    - Во Ромбоча, Вирџинија, не е дозволено да се има секс со запалени светилки.
    - Во државата Џорџија оралниот секс е забранет. Еден маж бил осуден на пет години затвор затоа што имал орален секс со својата жена во својот дом со нејзина согласност.
    - Мажите во Амеса, Ајова, не смеат да испијат три пива по секс.
    - Мажите во Александрија, Минесота, не смеат да имаат секс со жена си ако здивот им мириса на лук или сардина.
    - Во Боцмана, Ајова, двојките не смеат да водат љубов во своите дворови ако се потполно голи.
    - Законот во Клинтон, Оклахома, забранува самозадоволување при гледање двајца како имаат секс во автомобил.
    - Сексот без кондом во Невада е илегален.
    - Во Бахреин на гинеколозите им е забрането директно да гледаат во гениталиите на жената.
    - Мастурбирањето во Индонезија се казнува со смрт.
    - Во Хонгконг изневерените жени можат да ги убијат своите мажи, ама само доколку го направат тоа со раце. Мажите своите љубовници можат да ги убијат на кој било начин.
    - Во Кали, Колумбија, жената смее да има секс само со својот маж, а првата брачна ноќ таа задача ја има - нејзината мајка!

    http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razono ... -za-seksot
     
    Lolo5 likes this.
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    Многу интересно. :)
    Погоре прочитав и дека некои црви ако не се хранат,се јадат самите себеси.
    И дека првите штикли биле измислени за мажи... 8)
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,805
    Gender:
    Female
    ...кога ќе не` касне комарец, откако ќе ни` ја исцица крвта, уринира врз нас. :lol:
    ...црната фризура на Клеопатра е перика. Таа всушност била плавуша ;) (што е и логично ако појдеме од фактот дека таа всушност не ни била Египќанка, туку античка Македонка, а они биле плави).
     
    Lolo5, okcenzi and Sara123 like this.
  4. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2010
    Messages:
    258
    Likes Received:
    146
    ...реченицата "the quick brown fox jumps over the lazy dog" ја содржи секоја буква од англиската азбука.
    ...човечката коса и нокти продолжуваат да растат после смртта.
    ...потребни се 20 секунди за да една црвена крвна клетка проциркулира низ целото тело.
    ...кога нилскиот коњ е вознемирен неговата пот станува црвена.
    ...секој ден 200 милиони парови водат љубов, се раѓаат 400.000 бебиња, умираат 140.000 луѓе.
    ...до врвот на Ајфеловата Кула има 1.792 скалила.
    ...компанијата Colgate имала проблеми со рекламирањето на пастата за заби во земји каде што се зборува шпанскиот јазик бидејќи Colgate на шпански значи "оди обеси се". :lol:
    ...интелигентните луѓе имаат повеќе бакар и цинк во нивната коса.
    ...Титаник бил првиот брод кој користел SOS сигнал.
    ...Далматинците се раѓаат без точки.
    ...лилјаците секогаш вртат лево кога излегуваат од пештера.
    ...зеницата се проширува и до 45% кога личноста гледа во нешто пријатно.
     
    figgiMK likes this.
  5. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Joined:
    Mar 26, 2012
    Messages:
    312
    Likes Received:
    352
    Gender:
    Female
    -Вкупната тежина на сите мравки на планетата Земја е поголема од вкупната тежина на сите луѓе.
    -Ако сакате да се најдете на листата на најбогати луѓе на Форбс морате да бидете милијардер, а за да заработите милијарда долари во една година, просечно морате во една секунда да заработите $31.69 долари, што значи на крајот на денот сте побогати за $2,739,726.03 долари
    -Пајо Паторот бил забранет во Финска затоа што оцениле дека овој Дизниев јунак може да влијае на моралот и да ги повреди чувствата на граѓаните затоа што не носи гаќи.
    -Анатидаефобија е страв дека некаде во светот постои патка која ве набљудува.
    -Хипопотомонстросесквипедалофобиа е страв од долги зборови.
    -Во резервоарот на еден Џамбо џет има гориво со кое можете со својот автомобил да направите четири круга околу Земјата.
    -Желките имаат вкус на јаболка, а црвите на пржена сланина.
    -Сретствата против комарци не ги одбива комарците туку вас ве прави невидливи. Хемиските состојки ги блокираат сетилата на комарците кои не се во состојба да го детектираат топлиот оброк во облик на вашите раце или нозе.
    -Уреа, хемиска состојка која се наоѓа во мокрачата, се додава во цигарите за да се зајакне нивниот вкус.
    -Ако се верува на нутриционистите, целерот има негативни калории, односно човековото тело троши повеќе калории додека го вари целерот отколку што содржи истиот.
    -40% од светската популација никогаш во животот не направила телефонски разговор.
    -Ако кивнете пресилно можете да скршите ребро.
     
    Lolo5 likes this.
  6. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Joined:
    Sep 29, 2010
    Messages:
    187
    Likes Received:
    294
    Домашната мува зуи во средна октава, тон Ф?
    Сегашните стандардни лименки настанале во 1957 година?
    Групата Симпли Ред го добила името поради љубов кон фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед?
    Лавовите се единствените вистински друштвени мачки и воглавно сите женки во групата се во крвно родство?
    Комарците повеќе сакаат деца отколку возрасни и повеќе сакаат русокоси отколку бринети?
    Секоја година во светот се искористува онолку тони цеменет колку што тежат сите жители на Земјата?
    Сингапур е единствена држава на светот со само една железничка станица?
    Зборот "самба" значи кога се трие пупак со пупак?
    Чикаго е поблиску до Москва отколку до Рио Де Женеиро?
    Пекинезерот бил свето животно за кинеските императори пред повеќе од 2.000 години?
     
    Lolo5 likes this.
  7. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2010
    Messages:
    258
    Likes Received:
    146
    ...лимоните содржат повеќе шеќер од јагодите .
    ...Хавајската азбука има 13 букви.
    ...на птиците им е неопходна гравитација за да можат да голтаат.
    ...пајаците не се инсекти.
    ...повеќе калории се согоруваат при јадење целер отколку што самиот целер содржи.
    ...звукот патува 5 пати побрзо во вода отколку во воздух.
    ...секој ден е празник некаде во светот.
    ...бисерите се растопуваат во оцет.
    ...човек од 70 кг содржи 0.2 мг злато.
    ...едно јајце ги содржи сите витамини освен витаминот Ц.
    ...првиот град кој достигнал популација од 1 милион жители бил Рим.
     
    Lolo5 likes this.
  8. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Joined:
    Apr 11, 2012
    Messages:
    670
    Likes Received:
    350
    Ако пајаците не се инсекти што се?? :)
    Инаку интересно,повекето работи од овие не сум ги знаела! :)
     
    Lolo5 likes this.
  9. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2010
    Messages:
    258
    Likes Received:
    146
    Пајаците се арахниди, бидејќи припаѓаат на класата Arachnida (Пајаковидни) во која исто така припаѓаат скорпиите и крлежите, кои многу често се помешуваат со инсекти.
     
    Lolo5 and smiley22 like this.
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
  11. EleMental

    EleMental Популарен член

    Joined:
    May 16, 2011
    Messages:
    753
    Likes Received:
    4,243
    Дека кравите можат да спијат исправено, но за да сонуваат, мора да се легнати хаха. Од видео клипче на YT

    http://www.youtube.com/watch?v=zkdwEVFdcok
     
    Lolo5 and tessie like this.
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Joined:
    Mar 26, 2012
    Messages:
    803
    Likes Received:
    2,635
    American school buses are yellow because the brain registers the color yellow faster than any other color.
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    8)
     

    Attached Files:

    Lolo5 likes this.
  14. buterfly.fly.away

    buterfly.fly.away Истакнат член

    Joined:
    Mar 8, 2012
    Messages:
    152
    Likes Received:
    20
    - Ако ја удираш главата од зид еден саат се трошат 150 калории ??????

    Па тогаш да се трескаме од ѕид :rock:
     
    Lolo5 likes this.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,805
    Gender:
    Female
    Џеки Чен самиот ги изведува сите опасни сцени во неговите филмови, никогаш нема најмено каскадер.
     
    Lolo5 likes this.
  16. COollLady

    COollLady Популарен член

    Joined:
    Nov 18, 2011
    Messages:
    654
    Likes Received:
    1,337
    1. Не постојат докази дека викинзите имале рогови на шлемовите.

    2. Наполеон не бил низок, иако не бил ни особено висок (1,69 м).

    3. Мусолини не е заслужен за навременото пристигнување на возовите.

    4. На голтната мастика не ѝ требаат 7 години за да се разгради (затоа што брзо ќе се исфрли од вашиот организам).

    5. Големиот Кинески ѕид не е видлив од вселената. Според НАСА, ниеден астронаут го нема видено.

    6. Лилјаците не се слепи, само имаат други поразвиени сетила кои примарно ги користат.

    7. Црвената боја не ги разлутува биковите, туку матадорите кои мавтаат со своите наметки пред нив.

    8. Бричењето не предизвикува влакната да растат побрзо, погусто и појако.

    9. Црвенокосите луѓе нема да исчезнат.

    10. Алкохолот не ги убива мозочните клетки.

    11. Мажите не мислат на секс секои 7 секунди. Можеби мислат, но статистички е невозможно да се измери.

    12. Повеќето метеорити се ладни кога ќе ја допрат Земјата.

    13. Пукањето на прстите не предизвикува артритис.

    19. Имаме многу повеќе од 5 сетила. Научниците одредиле 14-20, во зависност од начинот на кој се дефинира зборот сетило.

    20. Мускулите не се претвораат во сало откако ќе престанете со вежбање.

    21. Не користиме само 10% од мозокот.

    22. Ноевите не ја кријат главата во песок, само ја доближуваат до земјата.

    23. Суши не е сирова риба. Сашими е. Тоа се парчиња жива риба потопени во сос, кои понекогаш се служат со суши. Сушито е јадење кое се состои од ориз со оцет, а може да содржи сирова риба или други морски плодови и понекогаш доаѓа со разни топинзи.

    24. Доколку разбудите месечар, нема да го повредите. Но, ако не го разбудите, тој може да се сопне и да се повреди самиот.

    25. Златните рипки имаат малку подолго помнење од само неколку секунди.
     
    Lolo5 likes this.
  17. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2012
    Messages:
    1,012
    Likes Received:
    687
    Слонот е цицач кој има развиени ментални функции, многу поразвиени од видови кучиња и мачки.
    Кучето може да чуе звук и на оддалеченост од 250 метри.
    Жените трепкаат речиси 2 пати повеќе од мажите.
    На Нов Зеланд има 17 пати повеќе овци од луѓе.
    Стаорците и коњите не можат да повраќаат.
    На свињите им е физички невозможно да погледнат во небото.
    Запалката е измислена пред кибритот.
    Кога е лута, камилата плука наоколу.
    Кикириките се една од состојките на динамитот.
    Очите ни се исти од раѓањето, а носот и ушите никогаш не престануваат да растат.
    Невозможно е да кивнете со отворени очи.
    Сечиј отпечаток од јазикот е уникатен.
    Мува во куќа може да преживее околу 14 дена.
    Аргентина го добила името по латинскиот збор “аргентум“ кој означува сребро.
    Ако се дереш без престан 8 години, 7 месеци и 6 дена, ќе произведеш доволно звучна енергија за да се загрее шолја кафе.
    Но, ако прдиш непрестајно 6 години и 9 месеци, ќе произведеш доволно енергија со сила на атомска бомба!
    Човечкото срце кога пумпа крв, произведува доволно силен притисок за крвта да шприцне на 10 метри.
    Оргазмот на свињата трае 30 минути!
    Буба Швабата може да живее 9 дена без глава, се' додека не умре од глад.
    Удирајќи ја главата во ѕид се трошат 150 калории на час.
    Мажјакот богомолка не може да се пари додека главата му е поврзана со телото. Женката го започнува сексуалниот чин со откинување на главата на мажјакот.
    Мувата може да скокне 350 пати повисоко од должината на нејзиното тело. Тоа е како човекот да прескокне фудбалски стадион.
    Сомот има преку 27.000 сензори за вкус.
    Некои лавови се парат преку 50 пати дневно.
    На пеперутките сетилото за вкус им е сместено на стапалата.
    Најсилен мускул во телото е јазикот.
    Деснаците живеат во просек 9 години подолго од леваците.
    Слоновите се единствени животни кои не можат да скокаат.
    Урината на мачката свети под лампа.
    Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.
    Морската ѕвезда нема мозок.
    Поларните мечки се леваци.
    Луѓето и делфините се единствени суштества кои имаат секс од забава.
     
    Lolo5, sweet.cookie and Twetty.swetty like this.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Фактопедија

    Луѓето се раѓаат само со два страва
     

    Attached Files:

    Lolo5, SnowWhite8 and Gordana10 like this.
  19. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2012
    Messages:
    1,524
    Likes Received:
    1,738
    Gender:
    Female
    Научно докажано!

    Еве нешто...
    Плачењето е здраво
    Имено, според некои научни истратражувања, честото плачење е една од најважните причини поради кои жените живеат подолго од мажите, кои поради внатрешните социјални предрасуди ја избегнуваат оваа навика.

    Плачењето е едно од секојдневните чуда кои ги земаме здраво за готово. Ви носиме седум начини како феноменот наречен плачење нè лечи физиолошки, психолошки и духовно.

    Солзите ни помагаат да видиме

    Најосновната функција на солзите е да ни овозможат да гледаме. Тие не само што ги влажнат начите очи, туку и спречуваат дехидрација на очните мембрани. Без тоа навлажнување не би бил ни видот. Без солзите животот би ни бид различен, очите би не болеле, а видот полека би исчезнал.

    Солзите ги убиваат бактериите

    Баш поради солзите не ни се потребни никакви средства за дезинфекција на очите. Сите тие бактерии кои секојдневно доаѓаат во допир со очите во текот на работата со компјутер, возењето со автобус или при миењето садови, успешно се одстрануваат со солзите кои имаат таква структура што делуваат антибактериски. Тие во себе содржат лизозим, течност која во рок од 5-10 минути убиваат 95 посто од бактериите.

    Солзите ги отстрануваат токсините

    Во најновите научни студии откриено е дека негативните емоции кои предизвикуваат солзи содржат повеќе токсини отколку тие предизвикани од различни иритации. Таквите солзи делуваат многу позитивно, бидејќи од телото ги исфрлаат насобраните штетни материи предизвикани од стрес.

    Плачењето може да го поправи расположението

    Плачењето кај луѓето е поврзано со намалување на концентрацијата на хемиските реакции кои се поврзуваат со нервоза, агресивност, емоционална вознемиреност и загриженост. Емоционалните солзи исфрлаат посебни протеини кои служат за пренос на мали токсични молекули.

    Плачењето го намалува стресот

    Во текот на сите научни тестирања е заклучено дека кај луѓето кои плачат се намалуваат негативните последици од стресот. Докажано е и спротивното, воздржување од плачење го зголемува нивото на стрес и ја поттикнува појавата на болести како висок крвен притисок, срцеви проблеми и појава на чир во желудник.

    Солзите градат заедништво

    Солзите не само што помагаат во одржувањето на доброто здравје, туку и ја зголемуваат врската меѓу луѓето. Низ заедничко плачење луѓети се зближуваат и стануваат многи потолерантни едни према други. Солзите помагаат при брзото воспоставување на комуникацијата, а со тоа и создаваат заедништво.

    Солзите ги ослободуваат чувствата

    Дури и доколку не сме доживеале ништо трауматично во животот, секојдневно акумулираме мали незадоволства и конфликти. Тие предизвикуваат хемиски промени во деловите на нашиот мозок и среце. Плачењето има прочистувачко дејство. Тоа од нас ги вади нашите мали внатрешни демони пред да пораснат и да предизвикаат поголеми проблеми.
     
    Lolo5, bile-v and Stoimenovska like this.
  20. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Joined:
    Jul 5, 2012
    Messages:
    923
    Likes Received:
    1,858
    Gender:
    Female
    Научно докажано!

    тогаш јас би била уште долго здрава :)
     
    Lolo5 likes this.