Во моментов најмногу ми треба такво копче... А по можност и за исклучување на мислите уште едно. Да не ми летаат каде што не треба. Заедно со чувствата се a deadly combination.
Секогаш не ми функционира. Некогаш протресувам глава и растеретувам мисли со некоја занимација, или окупирам теми од форумот да ми се разлетаат мисли.
не, не постои таков копче, не си робот, не си комп. и не ти треба такво копче.... ти треба контрола и рамнотежа... ама не е толку едноставно
Немам а сепак е потребно за некои ситуаци.. Познавам луѓе кои стварно немаат чуства за ништо.. Нив им треба друго копче.
Немам ни јас вакво копче, а има луѓе што навистина се оперирани од секаков вид на чувства, не знам како можат така.
Зависи за какви чувства. Јас имам такво копче , сум зборувала со блиски мој и друг пат за истово. Чувствата на тага, на болка кои што можат да преминат во огромна експлозија ако им дадам простор јас ги потискам во мене. Едноставно научив да ја гледам сликата во глава но да се правам како да не постои, како да не се десило нештото, како да може да се промени. И само подголтнувам замижувам си давам момент и толку е. Секогаш ми успева.
Ова најдобро го знаат анскиозните луѓе и знаат колку уште полошо се чуствуваат кога некој ќе им каже не се замарај. Јас сега не сум до тој степен се да си ставам при срце али на почетокот на состојбава кога ќе кажев нешто мислејќи дека нема да се замарам така и сватив после некое време дека тоа ми е само маска, а дома кога ќе дојдев се јадев одвнатре.
Мислам дека поднаучив како да го користам ова "копче" кога е понекогаш многу потребно во некои ситуации. Со вежбање ќе го усовршам можеби некогаш.
Имам такво копче,и одкако го научив да го користам се препородив... Не дека е сеедно ,но барем не секој мора да ти ги знае чувствата...