1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали имаме право на живот после прекин на брак (развод)?

Дискусија во 'Брак' започната од Daleron, 14 јули 2014.

  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Далерон бар од тебе не очекував ваква тема, ама ко што рече да си размениме мислења. Јас мислам НАЈВЕЌЕ право за живот имаме НИЕ разведените. Не дека другите немаат, ама богами и те како треба м*да со 2 деца да се разведеш. Затоа уживај си и свиркај си. Кога ке сретнеш некој сама ке си осетиш кога и пред кого треба да го претставиш, ама во никој случај не си ускратувај да имаш маж до себе. :*
     
    На tessie и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hормално дека да,секој има право да биде срекен :)
    Mногу ме нервираат коментари како дека не треба да бараме партнери,срамота е заради што сме разведени или имаме деца,тие коментари ми е се прости ептен :|
    A што треба да се затвориме дома,да ја чуваме нервозата и тагата во себе и ке гледаме турски серии и ке се тешиме? Mа глупости! Cекој има право да биде срекен! :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Хм, а кој може да го ускрати тоа право? Секој сам си ја крои судбината. ЗА брак треба зрелост. Но и за втор брак исто така. За мене звучи како оправдување да отворам теми од типот „Дали разведените имаат право на живот“. Премногу е бобмастично. Всушност, никој и не се занимава со нашиот живот толку колку некогаш ние би сакале. Можно е, не тврдам, велам можно е Далерон да има криза во врската, а да не знае како да се справи и да не може да ја детектира вистинската причина, па пишува прво за децата негови, а после се префрла на таткото... Што знам, мене ми изгледа дека меѓу партнерите е проблемот. Децата се деца, тие повредуваат и кога си во брак, тие растат и не треба да им се фаќа кусур, туку треба да им овозможиме добри услови за растење и созревање и соочување со животот. Но , да не сум оф топик, ќе повторам, како и на почетокот од мојот пост, секако дека имаат право разведените на живот. Секој со својата животна приказна. ЈАс сум разведена, 4 години, не знам дали ќе имам втор брак, ама не ја исклучувам и таа можност. Бракот е света работа. Ако сме ние разведени, тоа не ја намалува неговата вредност. Сега за сега моите родители преземаат доста од обврските, можеби затоа не ми е итно да се премажувам, но ако се одлучам на втор брак знам дека пак влегувам во ризик. Ама тоа е, животот е војна. Со повеќе битки :) Инаку имам еден син малолетен живее со мене и се гледа со татко му редовно. А јас си живеам, си работам, ми зазеде животот еден поспокоен тек, така што не исклучувам и дека ќе останам сама. Ама тоа не ме плаши. Не би влетувала по секоја цена. Кога велам сама, мислам без партнер, сопружник. Признавам, ми фали целина, ама сега фала Богу што сме пак здрави и живи и работоспособни. А природно е човек што има деца да си има и со кој да си го споделува товарот на животот, така што, заклучувам, имаат право и разведените на живот :) Поздрав до сите и убав ден на сите :)
     
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Да, има право на живот после развод, е сега зависи што бара од вториот ...
    Ама тешко дека ќе го најде скроз совршениот :)
    Секој со свои мислења, (форум е) може и да ме карате :)
    [​IMG]
     
    На CameliaMiller, imelda, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Имаме право на живот, ама којзнае дали го користиме тоа право :rofl:
     
  6. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Секако дека и Далерон, и сите останати разведени жени имаат право на живот после разводот, и дека животот не престанува после еден неуспешен брак.
    Секако децата се „терет“ на родителот посебно ако се работи за мајката, и обично мајките цел живот се жртвуваат за своите деца.
    Ние живееме уште во некој изопачен свет како во турските серии каде мажот има право да има и швалерки и да се прежени додека жената е курва ако го направи тоа.
    Секако дека многу потешко и многу по комплицирано е доколку жената сака да се премажи, тогаш може да настане вистински кошмар, иако тој на почетокот ќе тврди дека ќе го прифати детето како свое, дека нема да прави разлика.... Но реално многу е тешко маж да прфати туго дете, додека кај жената проработува мајчинскиот инстинкт и во голеб број случаи децата на партнерот ги прифаќа како свои.
    Исто така она што не ми се допага при разводите е тоа што постојано ќе имаш контакт со бившиот, заради децата и навистина немислам дека децата ќе бидат посреќни или како што вика Џои, дека може да си ја извршуваат родителската функција.
    Не е родителска функција да го прошета 1 неделно во парк и да му купи патики, туку родителската обврска е 24/7.
    Да се вратам на темава, нејдобро е за случаите кога жените имаат мали деца да тие имаат врски или некој со кој ќе имаат емотивен и сексуален живот но без тоа да го приметат децата или без тој да ти се вртка низ дома. Мислам дека на тој начин мајката губи двапати и авторитет кон децата и постојано ќе има сомнеж во партнерот и за секој пвишен тон од нејзиниот партнер на децата ќе ја боли срцето.
    Значи, велам дека треба да се има партнер пред се за задоволување на сексуалните потреби, колку и да тоа кај нас се смета за небитно само јас знам како е да се биде без секс долг период и колку тоа влијае на целокупното здравје на жената, но да тоа биде дискретно а не да земе тоа масони размери на курвање и секој ден со различен маж.
     
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Овој форум постои за секој да си го каже своето мислење. Различни луѓе, разични табиети, но и различен начин на гледање и чувствување на туѓите проблеми. Пред да осудите пробајте барем малку да се ставите во туѓа кожа, пример вашата ќерка ви го кажала тоа. Кога ќе прочитате нечиј проблем, трудете се да се воздржите од негативни и остри критики. Покажете почит кон луѓе кои претежно се воздржани и ретко пишуваат што ќе им текне, луѓе кои се повозрасни од вас барем најмалку една година. Бидејќи колку и да сте интелигентни и остроумни тие секогаш ќе бидат помудри од вас за една, пет, десет години.

    Е сега да кажам еден пример од местото во кое јас живеам.
    Беа во брак 14 години, со две деца. Мажот отсекогаш имаше некоја на страна и за жал тоа беше нормално, никој не го осудуваше. Жената дома, деца, обврски. Го пушташе насекаде, на излегување, на излети и изгледаше како да и одговара тоа (таа си знае) но, се закачи една за него и им го расипа бракот, ги раздели. Првата жена не сакаше да му пререче ни збор, а оваа втората за нос го влече, дури и смешен е, како кутре врзано со јаже од мало дете. После разводот жената нормално почна да излегува и си најде ерѓен, дури помлад од неа и тогаш уште полошо. Бившиот сопруг се прежени 1 месец после разводот, за него никого ни збор, а за неа жалната што ли не слушнав и тоа од жени, нејзини (не)пријателки. Ама тоа ти е жална Македонија!
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    friendy јас повеке би рекла-ја спасила жената, не и расипале брак. како може да и расипат нешто што од сам старт било расипано!? само таа се погодила некоја префригана последната па успеала да ги разведе. а тоа што викаш за неа сите зборат лошо а за него ништо-мила, само зад добар коњ се крева прашина. :D

    нашата државичка е толку слаба, толку....за греота до некаде. ко што вика пеперутка-некои живеат во турско време, има и луѓе кои гоживеат америчкиот СОН само што се у Мк (само со таа една разлика), и сите се толку ....различни. буквално ко џипси сме. кој што сака прави кој што сака збори кој како сака живее. ок-наш живот наши правила. ама ние нашите правила уживаме да ги наметнуваме на другите! тука е проблемот! и после чудно ни е зошто во Италија било чудно ако пиеш еспресо после 11 и ако го пиеш пола саат. Барем имаат некаков кодекс на понашање.....овде кај нас ЖИВЕЛА МАКЕДОНИЈА КОЈ ШО САКА ПРАЈ СЛОБОДА СКРОЗ и пак не ни е арно. е не ни е. јер устите ни знаат повеке од очите. толку сме виделе ние од светот.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Е мене ова највеќе ме нервира. Кога се прави возрасна дискриминација на форумов. И не е точно дека повозрасните поретко пишуваат и се повоздржани. Пак дискриминација. Напротив, скоро сите коишто од одредени непријатни моменти се откажаа од форумов се млади личности. Искуството е релативна работа, животот е непредвидлив, знае такви шамари да мавне да те созрее и те како предвреме, а од друга страна можеш да имаш и 50 години и уште да ти лета паметот како на тинејџер. Не значи дека ако сме помлади, помалку знаеме. Почит да, но обострана треба да има. Помладите не се помалку луѓе поради нивните години. Тоа што некој се родил порано не треба да значи дека трофеј треба да му се даде и дозвола за што сака да прави и да збори и за десет години евентуално да колне момчиња и девојчиња што не му станале у автобус.
     
    На CameliaMiller, Daydream, Daleron и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    муабетов-што да и станам на жена со дете во автобус кога таа е помала од мене :D
     
    На zalosna и tessie им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Исто така и ние треба веќе еднаш за секогаш да сфатиме дека никој не може да растури брак, ако тоа не го дозволат сопружниците. Значи никој, па ни свекрва. Ако мажот си трча по швалерки, тогаш е виновна само жената, зошто или трчала да се омажи па не видела каков е и го идеализирала, или тој се сменил во брак, а таа под изговор за “децата“ си го трпи. Јас никогаш не осудувам разведена жена која има нова врска. Се развела затоа што подобро е да излезе од кошмарот, а има нов затоа што и таа е само човек и затоа што секој заслужува нова шанса. Знам за жени кои после разводот излгедаат многу посредено и се многу посреќни. Браво за нив што имале храброст да се изборат со сите тие малтретирања.
     
    На CameliaMiller и Daleron им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Како бе се закачи една за него кога тој постојано имал некоја, а сопругата одобрувала па дури закачената и бракот им го расипала. Кој брак бре тој на хартија?
    Епа Окцензи во приказнава за неа нема браво, дозволила тој да ја откачи. Браво за оние како ти што напиша, имале храброст да излезат од нездрава средина, а не да седиш да трпиш и на крај клоцата во газ.
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  13. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Еве и јас како дете на разведени родители да си го кажам своето мислење на темава. Секако дека разводот не претставува прекин на животот. Секој има право да продолжи со својот живот. И самата му имам кажано на татко ми дека многу би ми било мило да си најде некоја сопатничка, јас и сестра ми еден ден ќе се омажиме и би се чувствувала подобро кога ќе знам дека не е сам, страшна е староста кога се дочекува сама. Но од друга страна, не е па ни добро веднаш да се најде нов партнер. Доволна траума за самото дете е разводот на неговите родители, и му е потребно доволно време да го сфати тоа дека неговите мајка и татко веќе не се заедно. Затоа не треба да му се создава нова траума и да се запознава (дознае) со новиот/та партнер/ка на мајката или таткото. Понекогаш за тоа се потребни и години.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право, ама некои не размислуваат како тебе. Велат никогаш во оваа куќа нема да влезе друг/друга.Затоа што кај децата секогаш постои потајна желба дека еден ден родителите ќе се смират.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Го пушташе да излегува, таа не знаеше дека тој има други, а и не дозволуваше, зошто тој со неа се однесуваше како за него друга да не постои. Секогаш се држеа за раце, злато, душо, срце, на концерти, настани заедно. Но типот беше одличен глумец и дволичен се додека... абе жената секогаш последна дознава и обратно.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Извини мислев дека знае, ама тие работи бре се откриваат по начин на однесување. не е можно ништо да не примети. Едностано НЕ Е МОЖНО. Не се 2-3 месеци па и неколку години. Цели 14 години и ништо да не примети чудно.
     
    На nena2010 и okcenzi им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ми се извинуваш, таман работа. ;)
    Можеби претчувствувала нешто, не знам сите велевме дека го сака затоа, прва љубов и беше, деца, таа самата си знае, знаела не знаела, бракот и отиде у неповрат. Туку муабетот ми беше, кога дојде ред таа да продолжи со животот (оти сам не се живее, децата пораснаа) наиде на осудувања, демек дечкото бил заведен од неа, дрн дрн јариња. Како и да е нејзин живот, како сака така нека прави и кума ќе и се нафатам ако ме праша. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Море нека си тера живот и ич да не и е гајле, ако сака и како чорапи нека ги менува, од тие душобрижници, да не дојде некој да и помогне случајно, децата да и ги храни море марш. :swear:
     
    На okcenzi, zalosna и nena2010 им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    97.953
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира зошто ваков наслов?И какво е ова прашање?
    Апсолутно секој има право на живот по разводот.Не признавам старосна граница ниту стереотипи.Искрено, мал број, ако и можам да кажам воопшто не познавам некој кој пропаднал по разводот.Како се вели ,се си има свое време,и време за тагување и време за смеење.
    Можеби поадекватен наслов би бил-како да се најде соодветен партнер по разводот,зашто никој не е створен да живее сам.За правото на живот не сакам ни да дискутирам.Тоа се однесува и на мене и на мојот сопруг во случај да се разведеме.
     
    На tessie, Glasna и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Извини ама не сум многу писмена и не знаев каков да биде насловот.Ете модераторите нека го сменат.