Тоа страшно ме нервира кога ќе почнат некои девојки тука со своите патетични приказни да ронат крокодилски солзи и уживаат во улогата на жртви. Кој тоа Вас ве малтретира, омаловажува, навредува од околината поради тоа што сте разведени? Јас таков случај во моја околина не познавам. Истите тие што се разведени гледам и работат, излегуваат, се дружат, влакно не им фали. Друго, за излегување, шетање, патување, јадење по ресторани, пијачки по кафичи треба и пари, а самохрана мајка со две деца тешко дека тоа задоволство секогаш ќе си го дозволува. Има мал милион причини за развод, а таа причина не е секогаш неверството така да секој нормален човек може да ги резонира тие работи. Секое второ семејство има женско во семејството така да не верувам дека би се сителе на нечиј развод. Градовите и селата со мала популација секогаш и на секое место во светот се такви, затоа што едноставно малата популација чини сите да се познаваат колку-толку барем од видување и транзиција секој ден. Но, од друга страна никаде во светот едно машко не сака покрај себе девојка со “богато“ минато, затоа што му ја уништува гордоста и самодовербата, но залудно е да се замараш со такви работи во 2 или 5 милионски град, затоа што и така девојката нема потреба да ти ја каже вистината затоа што нема да ја дознаеш, а и никој нема да ти ја шлапне вистината дека ја “работел“ твоја девојка т.е. жена. Проблемот и не е во озборувањето, тоа го имало отсекогаш и ќе го има, затоа што луѓе може да те навредат само затоа што не си му рекол добар ден на улица, но вистинскиот проблем е ако почнеш да трпиш физичко омаловажување т.е. јавно плукање, навредување, повредување како што има во некои земји за банални работи. Со самото тоа помалите градови и села да се развиваат економски и инфраструктурно, а со тоа и културно тие работи ќе бидат далеку споредни, затоа што вработен и со обврски човек ќе нема време да се занимава со глупости и чаршиски муабети.
imame pravo na zivot zosto da ne ..na 14 god go zapoznav na 18 se omaziv na 26 se razvediv..od toj brak imam dve zlatni decina (tie se zivot moj) na 27 god ja zapoznav ljubovta moja.2 god patuvav so decinata MK -CH za da imaat prilika decinata podobro da go zapoznaat mojot nov partner i da vidam dali tie nego ce go prifatata a i obratno..se bese ok po 2 god go pokaniv da se preseli kaj nas..od togas od koga go zapoznav pa ima pominato skoro 8 god imame 1 zaednicko 9 mesecno bebence..cerkickata i sinceto presrekni se sto imaat dadicka a mm go cenat isto kako da im e tatko..
Јас искрено ич не кукам ко некој погоре што рекол. солза не ми потече после разводот. За претходно не зборам. Искрено од после тоа заживеав....
Јас кога се разведував славев, сум се омажила со погрешен, ама срека рано сватив и си се разведов. Имам едно дете, и јас на 18 се омазив на 24 се разведов. Сега сум сама немам никој ама сум срекна, исполнета. Ни се жалам ни ништо. А за тоа дали имаме право на живот, едно големо ДА, и тоа на уште подобар.
Па не баш под полна пареа, ама гледам да одам натака, Гледам да се отарасам од тоа што ме мачи сега и да си живеам срекно со керкичката. Се надевам на подобри денови.
Јас сум дете на разведени родители уште од своја 6-та година. на почетокот како и секое нормално дете неможев да го прифатам тоа, сакав да се смират и некои други слични работи. но од седмо-осмо мислам дека така беше почнав да ја убедувам својата мајка да продолжи со својот живот бидејки е сеуште млада. (млада се омажила) но сепак мојата мајка го одбива тоа велејки дека јас и мојата сестра прво треба да се омажиме. донекаде ја разбирам, но неможе вечито да остане сама, нели? дали е тоа само изговор или навистина го мисли јас незнам. што мислите за ова?
Па никој не сака да остане сам во староста. Мајка ти убаво ти кажала, вие да се омажите да се средите и таа ќе си најде некој за во староста. Можеби не сака да излезе некој лош глас за неа а со тоа и вие да бидете во нечив фокус.
Секој си има завземено свој став во врска со ова прашање. Можеби ве штити вас за да не ве повреди, можеби не наишла на некој кој што би и одговарал, можеби не е спремна за нова врска сеуште има милион можеби, сепак таа најдобро си знае. Ваше е и понатаму да ја поддржувате во врска со тоа за ако дојде моментот да биде со некого не почувствува вина поради тоа.
јас па и мојата сестра целосно ја подржуваме во тоа да најде некој кој би и одговарал. мислам дека секое дете го посакува најдоброто за својот родител, без разлика дали тие се разведени или не, па така и јас.
Не се сите деца исти мила моја. Убаво што вие ја разбирате мајка ви и понатака бидете и поддршка низ животот. Нема поголема среќа за еден родител ако неговото дете е покрај него и е среќно и задоволно од постапките на својот родител. Низ животот сум гледала различни ситуации, така да браво за вас.
Секој има право на свој живот после еден развод и точка од една животна етапа, која по сплет на околности се случила и завршила. Животот е непредвидлив и суров ние никогаш не би знаеле утрата што ни носат, и никој ама никој не може со сигурност да каже дека никогаш не би се случило такво нешто. Секој живот, секој брак, секоја природна и вештачка појава има почеток и крај.. самиот животот е почеток и крај, па затоа не би ме чудело појавата развод и доживување на истото.. тоа е сосема нормално и подобро за луѓе кои невино страдаат низ животните проблеми. Сите ние сме грешници, сите правиме и сносуваме најразлични грешки, но најважното од сето тој исход е секогаш тоа да го воочиме и да се ослободиме од нешто што не ни се допаѓа и не тортурира. Исто така секој има право на свој личен живот, после разводот и неговите последици секој има право на својата среќа и исполнетост, животот не завршува онаму каде што сме ставиле точка на една етапа од нашиот пат туку напротив продолжува и означува секогаш нов почеток, сила и храброст да посреќни и поисполнети денови.
Секој има право на живот после развод на брак затоа што секој е достоен за да биде среќен и сакан. После развод секој има право да си го живеее живото како што сака ило да патува со своето дете, пријатели, да се надградува себе си, да најде нов партнер и да основа семејство. Повеќе ги почитувам тие што ќе се разведат и по некој одреден период ја бараат среќата во друг партнер наспрема оние кои варааат додека се во брак .
Право на живот има секој, но никако нема право за втор брак! Затоа отворете очите на време и пазете кого одбирате! Бракот е поставен од Бог и кога некој се заветува пред Бога дека ке го сака својот брачен сопатник, треба да се држи до тој завет, со тоа нема играчка!
Абе ајдее, нека те тепа, нека те малтретира ама затоа што ти си ветила пред бог мораш се тоа да го трпиш нели? Затоа отворете очи и ако не ви чина разведете се и ако си најдете сродна душа пак да си се омажите. Ццццц не ми се верува на очите што читам,
Aerodrom, brakot sklucen vo crkva moze isto taka da se razvede. Prasaj bilo koj svestenik. Ne znam od kade volku ogorcenost,sekoj moze da zgresi vo izborot,da bide zaslepen od momentalnata vljubenost,a na kraj kraeva i lugeto se menuvaat. I sto sega,eden pogresen izbor i tuka e krajot? Abe ajde...
Разводот и религијата? Пред очите на Бога сите сме исти! Во животов сите грешиме,безгрешни не постојат затоа постојат покајанието и простувањето. Црквата дозволува развод на црковниот брак (граѓанскиот завршува на суд)причини можат да бидат не само неверството на едниот брачен партнер туку и психичкото/физичкото малтретирање и брачната некомпактибилност и нетолеранција. Сепак се чини малку парадоксално, дека општествената стигматизација зема примат дури и над црковните догми!!! Јас сум за ВТОР брак ,секој може да избере погрешен животен партнер и не може доживотно да се осуди покрај него,секој заслужува втора шанса за среќа! Не сум за ТРЕТ;ЧЕТВРТ;ПЕТТИ брак тоа преминува во абсурд,со повторувањето се губи суштината!
Да се одлучиш на развод не е воопшто лесна работа, посебно ако во тој брак има и дечиња. И сега ќе зборам од женска гледна точка иако во некои бракови причина за разводот е угнетување на мажот. Повеќе се восхитувам на разведена жена која собрала храброст да остане сама за да си го задржи спокојот и достоинството, отколку жена што секојдневно трпи тортура но не се разведува поради тоа што ќе кажат комшиите. Јас мислам дека разведените не само што имаат право на живот, туку имаат право на исполнет и богат живот за да ги поттиснат стресовите од пропаднатиот бракот. Секој заслужува втора шанса,а никој не заслужува да остане сам поради една грешка и лоша проценка. Не знам колку ги има развдени на форумов, ама од се срце им посакувам да им се намсее среќата.