Дали имаме премногу државни празници?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 23 октомври 2025.

?

Дали треба да се укинат некои од државните празници во Македонија?

  1. Да

    18 глас(а)
    16,2%
  2. Не

    93 глас(а)
    83,8%
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    11.276
    Пол:
    Женски
    Генерално гледано, многу се, за разлика од западот, што не слават ништо. Ама од друга страна, ние имаме одмор од 21 ден, а ваму од 25 па нагоре, дури и цели два месеца, зависи што работиш. И кога ќе видиш, не дека ние не работиме и сме мрзливи, само не може да си бираме кој да ни биде слободен ден кога празникот е зацртан да биде на одреден датум. Тоа е разликата. А практично е исто.
     
  2. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    869
    Пол:
    Машки
    Не ми е јасно, на што темелите дека имаме многу слободни денови?!

    [​IMG]

    Горе-долу во рамки на европски просек сме
     
    На Cosmic Girl, Victorian и Rozevata им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Многу или малку, треба и повеќе да има, ама да не си го спојуваат (на државно) четврток со викенд кога петок е работен!
     
    На daylight и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.370
    Допаѓања:
    4.473
    Малку се, потребно е да има плус по 1 неработен ден во февруари и ноември.
    Не е до празниците, до менаџментот е.
     
    На n.lauda, Victorian и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Де бре и за убавите работи не ви чини. Па не ги зимајте работете ги.. налет. :rofl:
     
    На No Makeup, Wideperpetual и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    562
    Празниците не им одговараат на тие што работаат од дома или имаат контрола над деновите во кои работаат пошто човекот е ебено себично суштество и гајле му е за други. :D
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    6.183
    Пол:
    Женски
    Луда работа. Во голем дел од Европа се разговара за работна недела од четири дена, на нашето СКМ многу им дошле празниците на вработените, па сега вработените да бираат дали Божиќ или Велигден да слават… да е до нив само на работа на труд 24 часа по можност.

    Оти профитот не смее да страда!

    Па и зошто парите се трошеле на страна а не во МК… луда работа
     
    На Cosmic Girl, Rozevata, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Машки
    Нема стратегија за подобрување на економијата, стопанството, индустријата.. и како поинаку освен да се удри по верата..
    уствари шо тресам зелени нели бевме 3-та економија у светот..
     
    На Cosmic Girl, DS10, Rozevata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Машки
    Не се многу и кога би можело да се договори неработниот ден од празник да се поместува секогаш петок или понеделник ако се погоди од вторник до четврток. Да можат сите убави да си одморат.
    Немаме многу неработни денови (празници), соодветно имаме многу историја.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    40.850
    Пол:
    Женски
    Да не им падне на памет ни случајно
     
  12. dasd

    dasd Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    310
    ако е за државна администрација имаме да, ако е за луѓето кои приватно работат и така се на работа празник не празник и работат со еден слободен ден, не им менува, а би било добро на административците да им се скратат
     
  13. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    6.183
    Пол:
    Женски
    Ова мислење малку ми е „да му умре козата на комшијата“ … јас ако не можам да имам слободен ден зошто да имаат другите? :worried:

    Прво во голем дел од приватните компании овие обврски и те како се почитуваат. Празник не престанува да биде празник затоа што работиш во приватен сектор. Ако природата на работата е таква што мора да се работи и на празник (производство што не може да запре, работа во смени, одредени услуги …) постојат законски правила и за тоа, вклучително и право на соодветен додаток на плата за работа на празник.

    Барем во претходната фирма во која работев така функционираше, а колку што знам и во голем број од поголемите приватни компании е исто. Така што проблемот не е што „администрација имаат премногу слободни денови“, туку ако некој приватен работодавач не ги почитува правата на своите вработени. Решението за тоа тешко дека е да им се скратат правата и на тие на кои им се почитуваат… make it make make sense.

    Ако сакаме сериозно да разговараме за продуктивност, многу поважно прашање е колку сме продуктивни во деновите кога работиме … и зошто (не) сме… ама тоа е друг муабет.
     
    На Cosmic Girl, DS10, M.B. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. dasd

    dasd Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    310
    Ако мислиш дека празниците важат за приватните повели кога е празник по молови, ресторани, млекари, и да не ги бројам се по ред, па моловите не мислам дека се индустрија која ќе трпи производот па мора да се работи тој ден за да не се расипе и да има загуба.
    Кога веќе зборуваш за продуктивност, ја не гледам продуктивност од 200 000 администрација, а ако мислиш на продуктивност на работникот во приватен сектор, јас глава сечам дека нашиот работник е попродуктивен од 70 посто од работниците во светот, ама едно големо ама нашите газди не сакаат да инвестираат во иновации, нови машини , технологии, и наместо во реинвестиции за подобро утре тие си возат порше си одат на одмор со едната па со другата швалерка и да не набројувам.


    А да, и приватните спојуваат празници и одат до грчка, ако се лажеме.
    Ова дека ме чепна дека работникот е непродуктивен иначе немаше да реплицирам.
     
  15. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    6.183
    Пол:
    Женски
    Ама со вториот дел од коментарот практично се согласуваме :D

    Ако проблемот со продуктивноста е недоволна инвестиција во технологии, автоматизација, машини, организација и процеси, тогаш како точно укинувањето на три празници ќе го реши тој проблем?

    И никаде не кажав дека цел приватен сектор затвора за празник. Нормално дека ресторани, хотели, молови, пекари, здравство, производство со континуиран процес и ред други дејности работат…. и за таа работа на празник си се платени со соодветен додаток на плата (барем така треба да е).

    Поентата ми беше дека тоа што некој работи на празник не значи дека празникот „не важи за приватните“. Има и огромен број приватни компании што не работат, а таму каде што природата на работата бара да се работи постојат посебни правила за работа и надомест на празник… истото го кажав и погоре.

    А администрацијата е трета тема. Ако имаме превработена и неефикасна администрацијa (а имаме, чест на исклучоци) апсулутно треба да има реорганизација. Ама не гледам како од „имаме неефикасна администрација“ стигнуваме до „ај да му укинеме три празници и на работникот, лти дел од приватните фирми работат на празник“.

    И да има и доста голем број вработени што спојуваат празници и одат на викенд кај саканите ни соседи… но тоа само дополнително покажуваа дека не може целиот приватен сектор да го ставиме во категоријата „за нив празник не постои“ како што имаше напошано погоре.

    Пс. Коментарот за продуктивноста се однесуваше на аргументите изнесени од СКМ, не на твојот коментар.
     
    На Cosmic Girl, n.lauda и dasd им се допаѓа ова.
  16. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    5.611
    Пол:
    Машки
    Платите нека се покачат, не празници да укинуваат.
     
    На Cosmic Girl и plava.90 им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    4.327
    Пол:
    Женски
    Не сакав да отворам да видам за шо се расправаат шо мислат дека треба да се укине знаев ќе се изнервирам.
    И отворам сеа кога видпв дека и МПЦ излегла со став иии
    ,,да сме бирале кој ќе го славиме :бадник ,водици,велигден или духовден"
    Има ли бе некој нормален тука се прашувам.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MrsBrown

    MrsBrown Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    687
    Пол:
    Женски
    И треба да ги има, за овој напатен народ да одмори душа од кретенски шефови и проста багра посадена по фотељи кои дремат и млатат пари, додека обичниот, нормален човек не може да си приушти ни малецок одмор ван град
     
    На Cosmic Girl, christinnn и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. E.Day

    E.Day Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2026
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    150
    Мрза народ си е мрза народ, кај и да го насадиш никогаш доволно.
    Тука се прават распореди унапред кој да раб. на ден или празник кој е со повисока дневница.

    Уствари кој како си сака така, ама паричката има 2стр.
    Најжалосно за тие кои ем раб. за празник ем ошурени и неплатени од газдиве.

    Другиве од стално на државно цице и ова не им стасува...жалосно.
    А и што да им стасува од нив ли ќе се јача економијата?
    Колку сед(ат)еа дома и со платиче?
    За таквите од дома и беспосличарите во живо никад доволно.
     
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    31.737
    Пол:
    Женски
    Немаме. Тоа што во некои држави имаат помал број на празници не значи дека повеќе работат. На сметка на тоа пак имаат повеќе денови одмор. Од нашиве вошкарски газди ретко кој дава повеќе од 20 дена. А и за платите што ги даваат многу им е и од понеделник до петок работа. На народов ништо не му се погаѓа, македончето си оди само против себе. И за слободни денови што на сите треба да ни одговараат се наоѓа да се мрчи. Не знам што им е муката на некои толку со спојките. И јас си правам спојки. Пример празник паѓа четврток, петок си го земам од одмор. Значи од мојот одмор додека уредно си давам ден тоа не треба никој да го засега, не го добивам денот гратис. Се дур ни се очите во другите сите ќе трпиме штета. Толку лоши луѓе страшно, ќе пукнат од мака да не одморел некој 3-4 дена.
     
    На Трагедијаупмм, christinnn и la.malparida им се допаѓа ова.