Во работен ден, очекувам да биде отворено и да работат. А со кои вработени, дали спасојка или трајанка е таа што ќе ја заврши работата, мене ич не ми е гајле. Ко да сакам па јас со нив да се маткам.
Таман си се празниците. Но лошото е во тоа што едни празници важат само за администрација, а истите не важат и за приватен сектор. Тоа значи, дека тие што се набутани во државно (а такви ги има премногу), ќе си се шетаат во Солун и на Халкидики, а тие што се во приватен сектор, ќе ги гледаат на фб тие од државниот сектор како си сликаат плажи и си позираат во манекенски пози. Пола од тие на државно си искачаат кога си сакаат, си шетаат кучиња и мачиња, си пијат кафиња, си одат во спа со швалерот/швалерката и тн.
И најмн. спојки прават...ама поштено. Слободен ден сум зимала од приватно, а шалтерушава спојка си направила па оди сликај се. Затоа таму е така како е, средно жалосно.
Како не те мрзи да снимаш филмови кој шо прави? Мачиња не се шетаат, може очи да ти извади ако го врзеш...мачето . А и да е баш вака им се може, а не треба... Долга и наширока, а исто како тебе најжал ми паѓа ем за оние што раб. а остануваат со прстот у уста.
Е што лошо кажав? Ги демнам на инста и фб што прават. И пишува на профилот ,,вработена у министерство", и ја гледаш после на Лефкада се слика ко сирена на плажа, во Барселона ги истражува делфините во аквариумот, во Рим се слика како шмука шпагетче како црвче и тн. Сами си се издаваат што прават. Не треба многу да се помачиш. Мало е Скопје. И да не ги знаеш, ќе ги дознаеш кои се и што прават. Од каде толку коли на граница во лето? Се е тоа администрација. Да не мислите дека оние жалчињата од приватен сектор се (со чест на исклучоци, мада приватниот сектор е во колапс мпментално).
Поима немам вака детално за сите и за во Ск. особено кој, што, како. Тука секој си гледа за себе, си брка раб. и печали. Приватен сектор не е толку тиња има добар процент и дефицитарни по струка и преплатени. Од нив има напредок, другово е им се може, а не треба. Спојки, лажни боледувања, па оф леле мори мајко што (ќе)се казнува и лапаат откази. Иако и тоа како свако чудо 3 д. ама ај...живи били па видели.
Затоа викам ако не ме ценат во оваа држава, ќе ме ценат во друга. Јас работа по струка си најдов во странство, тука чекаа партиски војник да сум. Е прц.
Исто по струка за мн. поголема плата него ли таму. За др. не ме принудувале по таа линија по струкава ни таму, тука па ич. Не им е гајле кој што прави и фаворизира, симпатизира. Во иста или слична со на членкава изгледа. Ќе земе пример кога ќе си го смени умот на народот и работен и безработен, да си раб. повеќе да не си се замара или манијачи кој шо како...
Темата е за бројот на државни празници и неработни денови. Не е за работата на државна администрација и приватен сектор.
Членката мислам дека е во Данска. Ваљда ти си во Исланд, дека блиску нели... Народот треба некој да го опамети, а тој некој е државата, а државата моментално ни е калакурница. Не се знае кој јаде, а кој пие. Затоа имаме неефикасни институции, а кога имаш такви институции, тогаш тури и пепел на државата. Институцијата ја прават вработените, а кога немаш вработени кои си ја сакаат работата и одат ради реда, тогаш имаш нефункционални институции. Сега за сега во Македонија не постои функционална институција, а 70% од работоспособните граѓани се напикани по институциите. Еве кога ќе дојдеш следен пат тука, отиди до некоја институција и кажи како е.
Се губите со муабетите за приватен и јавен сектор и баш им идете во прилог на стопанска комора и газдите-робовладетели. Прво, идејата за помалку празници е од газдите на фирмите. Тоа да не го заборавиме! Причината е да се зголеми НИВНИОТ профит. Не вашиот! Вашиот ќе се намали. Сите измени во областа на трудот што се прават моментално се со иста цел: Како да добие газдата повеќе работа од вработените ама за помалку трошок. За дејностите во кои мора да се работи за празник мора да се плати празнична дневница согласно закон. Помалку празници, помалку празнични часови. За газдата тоа е - исто сработена работа, ама за поефтино. Платата ја држат на минималец кој е се само не е достоинствена плата. Со неа не може човек да ги покрие ниту сметките, ниту месечните трошоци. Ќе оди пак кај газдата да работи втора работа за да преживее. Зошто да се одмара дома, после осум саати работа? И слободното време да му го даде на газдата! Второ кај работи повеќе за помалку плата, ќе работи и подолго во животот. Младите си одат во странство да работат, тоа е факт, идната работна сила се губи. Треба да се компензира тоа. Оние што ќе останат и што се сега во некоја средната возраст, во иднина ќе работат до подоцна во животот, зошто старосната граница за пензија ќе биде поголема. Рекламата со која тоа се продава е дека тоа е во склад со светските трендови, дека животниот век е подолг сега, нали на човекот...па нали треба да сме активни и да работиме до постара возраст за НАШЕ добро. За да сме подолго здрави психички и ментално, да сме ангажирани. Ама они ќе ти кажат за кого и со што да работиш, недајбоже да имаш време за она што си немал додека си бил млад и си рмбал. Уште да речат Arbeit ist gut, Arbeit macht frei! Тоа е причината, а не дека пензискиот фонд нема пари. Па така ако преживееме, со триста дијагнози и со бастун ќе одиме на работа додека младите ќе бараат достоинствена плата надвор негде. На старост нема да ми треба уште да работам, ќе ми треба пензија која ќе ми биде доволна за живот и рекреативна активност. А се знае за тоа што треба - да имаш пријавена во завод солидна плата што не е минимална. А баш тоа е она што работодавачите не го прават! Не пријавува вработен, ако го пријави тогаш е на минималец, пола плата во плик... П.С Не ви држи вода дека администрација има повисока плата од приватен сектор. Околу мене се споени празници и екскурзии во странство прават вработени во приватниот сектор. Зошто можат да си дозволат. Овие од администрација не можат да си дозволат и спојуваат викенди да одат да поработат негде за да преживеат.
Се надоврзуваме на муабет, не ми е јасно што толку ви смета. Кој што сака нека си искоментира. Читаме за што е, нема потреба да не потсетувате.