Би сакал да видам какви се мислењата по однос на оваа тема бидејќи како што се пушка во многу градови во Македонија луѓето биле поткупувани и дури и заплашувани да не излегуваат на избори доколколку не гласаат за актуелната власт
Јас би кажал само едно конкретно за мојата општина каде во трка се кандидати на албанскиот блок Алианса и Дуи . Е сега вршење притисок на секој кај што можат да притискаат секодневно функционери на дуи идат по селата со службени возила директори на шумско , на болница и т.н други партиски функцуинери кои праќаат и закани по живот на.Само ќе ви кажам еден пример каде еден човек кој до ланска година беше со дуи , а првиот круг работеше за Алијанса , сега во втор круг на човекот му се заканиле со убиство и сега он пак работи за дуи а знаеме дека прв круг беше против нив дури и неговиот син беше посматрач на Алијанса. Сакам да кажам како тргнала сдс и дуи ако не милум силум ова го нема ни во С.Кореа за срам
Имаше криминал, скап криминал... Бившите градоначалници уплаќале баснословни суми на сметка на ДПМНЕ за да ги кандидираат пак нив, иако се неспособни и ги заглавиле општините во долгови од неколку милиони евра. А кој би гласал неспособни арамии што си гледаат само за нивниот џеб? Така ДПМНЕ само си се саботираше.
Конкретно во мојата општина , немаше . На ниво на Македонија , не знам , можеби имало некаде . Јас мислам исто дека ВМРО само се саботираше со изборот на кандидати за градоначалници .
Имам информации од прва рука дека имало нерегуларности во: Битола, Куманово, Прилеп, Скопје,Тетово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Охрид Струмица Штип, Берово, Богданци, Валандово, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Пехчево, Ресен. Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Свети Николе, Струга Дојдоја предавниците од сдс на власт и ете одма почнаа да крадат, Срамота, Гревски барем знаеше да спроведе фер и демократски избори.
Во моево место немаше никаков криминал ниту инцидент ... Никогаш не ни давале ни поткуп Претежно секогаш овде било мирно
Мое размислување е дека најпрвин политички теми овде воопшто да не се отвараат, што се однесува до криминалот 11 години ве крадат и пљачкат ве прават будали, незнам колку години по ред груевски добиваше избори со криминал се додека не се прочистија наместени списоци, измислени гласачи и слично...па сега ли најдовте да зборете за криминал, поготово што гледан некои членови обде како @PogbaPol што можеби е и 13 годинки па ќе збори дека во сите општини каде му изгуби симпатијата негов груевски имало криминали.
Барем со ова твое мислење докажуваш дека и кога беше вмро на власт секогаш било мирно и фер браво за мислењето
Имаше. Се случи мал скандал али секако тоа ќе се затае. Од страна на ВМРО. Уствари се случи и од страна на СДСМ, но и тоа остана во тајност. Ми се повраќаше кога гледав како трчаат да собираат луѓе, ги носеа со кола од дома само за да гласаат. Аман те бе осет малку. Затоа јас мојот глас не би да го давам ниту во иднина. Или бар не мора да ме знаат за кого гласам. А оваа денешново гласање повеќе е јавно отколку тајно.
Ајде, ако имало криминал би ве замолила да пишете доколку имате информации и да истото го пријавите. Вака испаѓа - Стојна му кажа на Мара, Мара на Петра, Петра на Трпана, Трпана мене. Сите знааете оти имало поткуп и друг криминал, а никој доказ нема. Само на празно ли сте јаки? Јас како граѓанин сакам да знам... Вие, не сакате? До пред некоја година имаше случаи на поткуп на роми во Шутка, Пустец организејшан, милион лица - гласачи на една иста адреса и стан итн... Зборот ми е, за ова постоеја докази и јавно се говореше.
За во моето место кажувам , за другите места не знам. Кај нас овде скоро никој не се замара за политика , и немало никаков ицидент во овие 26 години .
Да те прашам нели сдс викаше имали фантоми и дека 500 00 0 гласови биле повеќе на избирачки список а сега испадна и оние што ги извадија од список во 2016 сњга ги имаше до еден ама за тоа никој не збори ФАНТОМИ ТЕ станаа реалност оваа година
Имаше неуспешни и мизерни обиди за криминал од страна на мизерните дпмне. Знаат дека баба ми живее сама и отишле неколку млади комшии од умс за да и се пондат да ја носат со кола до гласачкото место, за да заокружи едно 13че (така рекле). Демек стара жена е баба ми, и ај ќе ја излажеме...Виделе на списокот на гласачи дека не изглегла до 18 часот, и одма дејствувале. Ги избркала и им се заканила дека уште еднаш ако отидат ќе викне полиција за вознемирување и недемократско однесување за време на избори. После се мислеше дали да го пријави случајот во полиција, ама моите од дома ја спречија зашто ги знаат родителите на тие деца, па да не се прават проблеми. Мизерии...