Зависи кој како гледа.. Но има огромна разлика од дечко што сме се лапале 2/3 пати па ми плаче ме сакал и од дечко (сегашен маж) кој е емотивен многу а сум го видела само 4 пати да плаче 2 смртни случаи и 2 емотивни денови за нас . На такви солзи верувам дека се искрени.
Па логично е дека нема да 'умира' некој за тебе од 5 минути врска (фигуративно). И ти сама си проценила дека не треба да му веруваш...
Без разлика на пол плачење поради грешка, па барање прошка со солзи не ми се верни некако. Едно извини и солзи не решаваат ситуација.
Еве уште еден пример. 6 месеци во врска со мене и со уште една а ми плачеше за 14ти фев. дека изненадување му спремив истата вечер кога се разделивме со неа бил, не ги многу ставив на срце солзите и во право сум била го видов еднаш дека плаче ама ваљда си плачел што не му спремила такво нешто другата хахаха. Многу разликувам лажни солзи и искрени не знам како. Кај машките само. Кај нас жените не разликувам хахаха
Не на секој и зависи од околностите. Плачеше бившиот кога му раскинував, до некаде го сфатив после 3 и пол години врска, ама не му верував 100 %. На сегашниот дечко му верувам. Се случило 2 пати во текот на 1 година. И двата пати врвевме низ потежок период, беше напнат и од други страни и еден ден експлодира... јбг и тие се суштества од крв и од месо, со емоции и чувства.
Да верувам.. Со дм имавме тежок период и он кога плачеше знам дека солзите не беа глума. Бившиот ми плачеше на телефон затоа што раскинавме но затоа што немав чувства за него не ми беше гајле сепак мислам дека тоа му беше само обид да паднам на неговите солзи . Тоа дали плачењето е глума или не зависи од човек до човек , не сфаќам и многу ме нервира што ако машко плаче го сметаат за слабак и такви работи тоа е тој балкански прост менталитет . Затоа мислам некогаш кога на мажите им се плаче го чуваат во себе ,јас имам разговарано со дм на темава и му имам кажано дека секогаш сум тука за поддршка за рамо за плачење и мислам дека после тоа станавме уште поблиски.
Верувам . Маж ми до сега плачел само три пати. Два пати од среќа , и еднаш од тага . Веќе 5 години брак и една година врска, нема плачено бидејќи ме сакал ( кога сме биле лути еден на друг ) туку, сме решавале проблеми на други начини .
Искрените "плачковци" се кријат додека плачат, никогаш нема да ги видите како се докажуваат со помош на солзи.
Мене ми се има случено да го видам како стиска нешто во раката и ги стега забите. Сепак никогаш го немам видено пред мене да плаче и затоа мислев дека машките не плачат. Може да се работи за тоа? Зашто може и мојата проценка да била грешна па затоа се чудев зашто се стега така...
Зашто мојата проценка е дека машките се лабави, не се замараат со ништо.Ако женското тагува со помин нека и е.. и нека му ја мисли
Верувам. И они се живи суштества, нема ништо страшно да заплакаат. Сум видела и најсилните машки да плачат.