"Тежината" на солзите се мери според карактерот, а не според полот. Манипулатор или искрен, едноставно е.
Се гледа во неговото лице дали тие солзи се искрени.Не може да ве излаже може само да ве замисли ако не сакате да ја прифатите вистината.
Според мене машките солзи не доаѓаат од ич ништо или за ситница. Се работи за сериозен проблем или душевна болка. Имам таков впечаток според она што сум го проживеала до сега.
Порано верував. Сега веќе не. Од моето последно искуство со бившиот сфатив дека не секој што ќе пролее солза е начин на каење. Обична глума,по неколку дена стара песна. Ретко чии солзи се вистински.
Повеќе во машки солзи верувам отколку во женски. Да сме искрени, жените за се нешто можеме да заплачеме, а мажите само кога стварно е нешто сериозно. Тоа е мое мислење.
Верувам во искрени солзи . А тоа се познава . Кога на некој му е тешко , не е важно дали е машко или женско . Маж ми ретко плаче , ама кога плаче тоа е од срце . Последен пат плачеше кога почина баба му . Жената го гледала цел свој живот , како втора мајка му беше . За физичка болка не плаче , уште помалку за девојка/жена . Се случувало да се скараме многу лошо , сме раскинувале , до сега не плачел за такви работи . Секогаш се дистанцира да оладиме и двајцата , па со ладна глава да го решиме проблемот .
Еднаш поодамна маж ми (тогашен дечко) ми рече 'Никогаш да не веруваш во машки солзи'. Нормално, не мислеше на плачење за смрт на близок или некој негов проблем што му прави тешкотија туку во смисла кога маж плаче за жена.
Имам плачено неколку пати за женски од тага и еднаш од среќа. Машко плаче само или од многу тага или од многу среќа.
Да верувам. Зошто не би верувала и тие се луѓе. Сега ако мислиме дека глумат и женските можат да глумат така да нема врска дали е машко или женско сите сме луѓе и имаме чуства.
Верувам. Можеби мажите не плачат често колку жените, но сепак и тие се луѓе, па сосема е нормално кога машките плачат. Дури можеби повеќе верувам во машки солзи отколку во женски затоа што знам дека машко не може да фолира плачење како што тоа го прават жените, туку плачат само кога навистина се повредени.