И тоа како верувам, скоро секое машко плаче како мало дете ако му раскинеш а глумат као не. *Едит Сега видов дека за друго е темата
Мене пак темава ме потсети на една епизода од Пријатели кога ликот на Брус Вилис кој глуми мачомен ќе почне да раскажува за минатото и на крај ќе се убие од плачење
Порано , пред да се омажам , не верував воопшто во машки солзи . Откако живеам со маж , сфатив дека иако ретко плаче , тие солзи се искрени . Маж ми дали 3 пати има плачено пред мене , за сите 8 години . А зошто да не веруваме ? Мажите челик ли се ? Па и тие знаат да заплачат за некои работи , особено кога им е навистина многу тешко ( на пример маж ми плачеше кога почина баба му , која му беше како втора мајка , кога се разведуваа неговите и дозна некои работи што и мене тешко ми паднаа , не пак нему како нивно дете ) . Никогаш не плачел поради љубов . Но ете , некои вакви работи , како што наведов погоре , може да го расплачат . Сепак е само човек .
Не знаев дека H2O, уреа, лактоферин, муцин, липоцалин, лакритин, гликоза, калиум, натриум, и уште некои имале машки и женски пол...
Порано верував. Ама откако сфатив дека последниов манипулираше константно со солзи, сега имам поделено мислење.
Има различни карактери на машки, бивш плачеше за се само да добијам грижа на совест и да мислам јас сум причината за неговите солзи. Сегашниот никогаш не би се расплакал што и да се случи си држи во себе, си ја мачи душата во затвореноста. Aко некогаш видам солзи во неговите очи ќе знам, карпи исфрла од себе не солзи.
Veruvam..Bas bidejki go vidov vo izdanie od koe srce mi se skrsi..Najlesno mi bese da sum pokraj nego i da go gusnam najsilno sto mozam..sega veruvajte mi go sakam uste povekje.Bidejki pred mene sekogas e taka kako sto se cuvstvuva.