1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали им верувате на машките солзи?

Дискусија во 'Врски' започната од Anely, 27 јуни 2011.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    91.284
    Пол:
    Женски
    Верувам! Секогаш не учеле дека жените се плачки, а момците се тврди, па момак за да покаже солза знам дека треба му е многу тешко. Бившиот дечко знаеше да заплаче во овие 3 години кога беше повреден, кога му беше тешко или едноставно затоа што ме гледаше мене расплакана. Кај мене добиваше и повеќе поени со тоа затоа што не се плаши да си ги покаже емоциите. Верувам дека ниту една од вас не сака да биде со камен.
     
    На srcekrsacka и creshicka им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.611
    Пол:
    Женски
    Да.И тие знаат за болка и тага.И кога плаче машко мене ми е тешко,зошто машко плаче кога има добра причина за тоа, не како нас кога знаеме за нешто безвеза да се разрикаме(јас сум во оваа група :tmi: )Не го дефинирам тоа како слабост и не ми е воопшто смешно ако видам некое машко да плаче, се ставам во нивна кожа и размислувам колку му е тешко бидејки нивните солзи се ретки и сигурна сум дека се искрени.
     
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Ако не верував немаше да бидам сега со сегашниов ми дечко .
    Толку многу неубави работи му се имаат случено во текот на нашата врска, болести, губење на многу драги личности што ако не заплачеше пред мене ќе се посомневав во тоа колку тој мене ми верува , колку е искрен со мене .Ќе незнаев дали сум во врска со човек или со камен како што напишала претходно марама.Во тие моменти додека му било тешко да се правеше некој џек,демек се може да поднесе , ''вистинскиот маж никогаш не плаче'' или слично ќе се посомневав дали тој воопшто разбира што е љубов ,доверба и чуство. Но не тој плачеше на моето рамо додека го гушкав и тешев.
    Кај да бара рамо за плачење ,утеха и совет ако не кај мене?! Како јас што го ставам на прво место секогаш, така и тој мене.
    А дека има глумци има, за жал не секој може да ги препознае...
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Никој до сега не ми плачел. За еден, не сум сигурна, можеби додека бил сам.
    Ама верувам во болката која ја изразуваат при плачење. Знам по брат ми, кога се разделуваа со девојката на автобуска. И тие имаат чувства..
     
  5. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    160
    Не гледам разумна причина да не верувам :^)

    Сепак и мажите, колку и да се тврди, се живи суштества.И тие имаат потреба понекогаш да си ја изпразнат душата, но сепак не го прават тоа толку често како ние жените :lol:
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Освен ако не плаче кога е изнервиран од наставничката, ко моето дwугар4е. ;(

    Си поплачуваше уште од прво на час.
     
  7. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23

    Па не знам баш да сум искрена... Идевме со дечко ми година и месец и дознав дека типот си имал двојна врска цела година и коа му раскинав, се утепа од плачење, ко да го коли некој, ама онака језиво многу плачеше, и на телефон и по две недели кога го видов. :puke: шупак.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Верувам, бидејќи токму тоа што уште од мали нозе се воспитувани дека како машки не треба да плачат, тоа како да им е втиснато во генетски код и се воздржуваат прилично повеќе од нас и кога плачат тоа навистина е од длабоки емоции и со причина :!: . Самиот алфа-мажјак синдром е контра цмиздрење без причина така да не би нарушиле имиџ без врска.

    Се сеќавам како плачеше пред мене за болеста на својот брат и призна дека потајно пуштил солзи во врска со нас во неколку прилики, кои не ги видов но без разлика не е чин на слабост во никој случај, жив човек има право на се‘ човечко тоа вклучува и солзи.

    Не би му верувала на машко чија фреквенција на плачење ја надминува мојата, но лажните солзи како и лажните насмевки се обично видливи ако не веднаш пак ќе се најде начин да се открие вистинската суштина и мотиви кога тогаш.
     
    На Marilyn-Monroe и stella83 им се допаѓа ова.
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Да,верувам.Не може машко само така да заплаче т.е да глуми.
    Според мене многу ретки се таквите в :?:
    Кога ке слушнам машко да плаче не го окарактеризирувам како слабак и плачко.Таквото размислување ми е многу глупаво.Напротив-добивам многу подобра слика за него дека и тој е човек со душа и срце.Секако додека се е во границите во нормалата,несакам некој да ме удави во океан |(
     
  10. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    И машките и женските имаат солзни жлезди анатомски гледано, па не гледам зошто не би можело и машко да заплаче. А мислам и дека помина времето на тврдокорни мачомени кои на некој начин биле воспитувани дека како машки треба да се силни и да не искажуваат емоции со солзи, денес е времето на метросексуалците кога мажите се чувствуваат послободни да ја покажат и почувствителната страна (исклучоци секогаш постојат во кој било од наведениве периоди). Нема ништо страшно, ниту срамно и машкото да заплаче кога ќе осети потреба за тоа, подобро да се олесни така отколку да го пренасочи тоа во агресија затоа што таа емоција секако мора некако да излезе.

    Е сега дали верувам...па не знам, зависи од личноста. Првиот пат кога се сретнав со машки солзи поверував, и самата сум голем сентименталец иако ретко плачам па се соживеав со солзите. Но следните неколку пати ми стана симптоматично, прво затоа што ми беше откриена слабата точка (дека паднав на солзите првиот пат) и со тоа и искористувана, а друго затоа што се покажа дека солзите биле средство за прикривање на лага (иако на лагата и се кратки нозете па бива откриена кога тогаш).

    Тогаш сфатив дека може да постојат и машки кои како и некои жени (ако не и повеќето) ги користат солзите за не така искрена намера, туку да го постигнат тоа што во моментот го сакаат.
     
  11. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Верувам ама веќе не 100% оти на мојот бивши на крајот беа лажни :@ :(
     
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    верувам во солзите како израз на емоции и не ги делам на машки и женски :$ :$ :$
     
    На Hkikica и AIT им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    22.397
    Пол:
    Женски
    Верувам, да. И во никој случај не го сметам машкото за слабак и сл. ако заплаче пред мене. Еднаш му се има случено тоа на дечко ми, поради негова грешка во врска со нас. Иако бевме на почетокот на врксата, видов колку навистина му значам и колку сама да сум со него. :)
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Видете,денес ретко кој е искрен,сето е удрено на глума,така да се зависи од личноста.
    Има и момчиња и девојки кои плачат за да добијат нешто,има и такви кои ги боли секоја пролеана солза...
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    женски солзи небо гледа
    но ќе запише,само кога
    маж ќе заплаче :)

    ретки се,верувам :)
     
  16. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Да, верувам и тоа многу затоа што само еднаш сум го видела да плаче, ми го скрши срцето не можев да го гледам така, ама ако некогаш се обиде да го злоупотреби тоа... :punch: (се однесуваше на дечко ми)
     
  17. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Хммм незнам...Ама мислам дека не верувам :?:
     
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Исто...
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Машките солзи се ретки, многу ретки :!:
    Но верувам, барем во мојот случај, солзите на партнерот беа искрени, и кога и да има солзи на неговото лице знам дека се искрени.
     
  20. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.881
    Епа искрено нема врска тоа дали се машки или женски :) може да поверувам и на женски солзи и на машки сепак од тоа зависи која е таа личност доколку го сметам за искрена личност ќе поверувам а доколку не ма нема шанса :)