1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали им верувате на машките солзи?

Дискусија во 'Врски' започната од Anely, 27 јуни 2011.

  1. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    офф зависи за кој,бившиот ми плачеше за да добие нешто,за да испадне он жртва а не виновен-така да на неговите солзи (откако укапирав што менталаче е) се смеев


    е пред некој ден дечко ми пушти солза и ке се срушев (сакав да ме немаше) оваа прилика да ја искористам да и се заблагодарам на Офи :*
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Па зависи...секако чим веке се пролеале солзи тоа е искрено и емоциите го надвладале.. но сепак.. со солзи не се решаваат проблеми..ниту пак не потклекнувам на солзи ако многу ми има згрешено! :!:
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    ретко кога машката солза е лажна и безпричинска, не цмиздрат на романтичен филм,зашто се скарале дома или што знам.. треба причината да е голема за да дојде до солза, и да верувам во таа солза затоа што е вредна и многу работи укажува..
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Само на филмови. :P Шала.
    Па зависи.. во живо уште не сум видела некое машко да плаче. :?: Барем сега не ми текнува..
    Ипак, машките не се изроди за да не плачат. :lol:
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Верувам. И многу се мразам поради тоа. Знам да бидам многу напорна, да ја затупам во некоја глупава работа и да ја терам до недоглед. Така лани правев, незнам што филм ме збуца, ама нон стоп терав инает, дечко ми се обидуваше да ми докаже од петни жили, а јас упорно стоев на мојот став и уште цинично му одвраќав, или ќе дофрлев по 3-4 саркастични збора со што го вадев од такт. Толку го изнервирав што заплака :worried: И многу ми беше жал, неможев да поднесам да го гледам како плаче... Сега си мислам, која глупачка сум била, зошто сум го нервирала, колку само требало да го извадам од такт за да заплаче... И сега избегнувам такви ситуации, неможам да гледам како плаче, срцево ми се откинува :(
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    И машките суштества понекогаш имаат потреба да плачат зависи од ситуацијата... на пример ако почине некој верувам во нивните солзи зошто стварно им е жал или ако имаат некој голем проблем и не можат да го решат... или пак мојот бивши кога требаше да си замине и почна да плаче дека ќе се оддели од мене и од неговите тогаш верував во неговите солзи ;(
     
  7. Dragannah

    Dragannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    ДА и тоа многу! Кое машко лесно се расплакува?!
    Мора ептен да му значи нешто и да му биде криво за да пушти солзи.
     
  8. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Мој бивши плачеше мајка му беше болна .... многу ми беше криво . Ама не му верував плачеше кога раскинавме и отидов кај мајка му ја прашав дали е болна.... ;( некад сум cold bitch а потоа плачам и се каам


    Потоа плачеше дека е он болен само за да се смирам , но он не бил .... лажеше |(
     
  9. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Верувам и тоа многу,се скаравме со бивсиот и после еден месец лутење тој настојувасе да бидеме заедно,се сретнавме и најпрвин ме сокирасе тоа сто бесе ослабнат и тоа многу но вечерта дојде тој момент кога му казав дека несакам да бидам со него а се бесе убаво и водење љубов бла бла,тој сакасе да спиеме заедно и утрото да ме однесе но јас станав на сред нок и настојував да си одам зосто не ми е убаво со него.Тој немасе веке сили зосто навистина се направи само да бидеме заедно и почна да плаче и да ме моли.Немозев да си поверувам толку ми падна зал сфатив дека навистина бил очаен и дека пропага,сепак после неколку дена ја прекинав врската но не сум без дуса навистина имав причини и не постојат такви солзи сто ке ме предомислат но сепак му верувам на тагата тоа не бесе глума.И јас сум плачела и сум била искрена и срцето ме болело и пак бил суров па не гледам тука простор да се смилувам на неговите,зависи од ситуацијата но немозес ти да изневерис и солзите да те измакнат од последиците, зосто тогас не плачел?
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    порано мислев дека само кукавиците плачат, но како што минуваше времето сватив дека сум грешка
    а тоа дека еден од бившите плачеше ко мало бебе пропратено со молење, и пак со тераше по свое тоа е друга приказна, се навикнав веке на тоа, а за разлика од него пак едно друго типче со кое бев кога го видов како солзи му се тркалаа по лицето од сонцето сакав да ме снема оти не е машко што показува емоции(срека, болка, тага)
    а кога ке го видам брат ми како плаче(ептен ретко се слушчува, значи дека ептен нешто кулминирало)
    за чудо татко ми отакако знам дека ми е татко во зивот го немам видено дека плаче, чудно :?:
     
  11. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Мене пак ме смеат машките солзи :devil:
     
  12. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Откако ги видов во неговите очи,сега верувам дека и најладниот човек сепак има емотивност длабоко во него.
     
  13. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Mашкото ретко плаче и мислам дека најчесто е од вистинските емоции понесен.
    Бидејќи никое машко не сака да биде виден како често плаче а нарочито пред девојче,знае дека ќе излезе "слабак".По таа некоја си филозофија заклучувам дека машките солзи се најискрените :)
     
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    не верувам и не верувам....никогаш повеќе нема да верувам! ја како личност која им верува на сите и на се, мислев дека солзите кај машкото се најсветото шо си го чуваат, ама ете не било така! Ми плачеше како дете на рамово, убедувајќи дека ме сака, дека девојка му(наводно бивша) не ми е ни до колена, за утредента таа да дојде кај него, а тој да не ме познава. И ај сеа како да верувам??
     
  15. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.097
    Верувам. Ретко кое машко сум го видела да плаче во животов, освен на шпанскиве серии, се разбира :rofl:, а и на индискиве .... Овој од Огнови на љубовта, Манав, кога и да ја фатам серијата, само рика, се изнаплака човекот за цел машки род :lol: :rofl:

    Ај, шала на страна, верувам дека плачат од некоја многу добра причина.
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Да, верувам во машките солзи! Кога маж ќе заплаче значи навистина жали...
     
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Јас како машко ќе ви кажам на вас женските да верувате во машки солзи. :) Таквите солзи се вистински, доаѓаат од емоција и не можат да се фејкуваат како што вие женските знаете да изнудите т.е. да плачете лажно. :lol:
    Што се однесува до овие работи, сметам дека ние машките не можеме да одглумиме посебно кога се солзите во прашање, така што ако машко плаче, мора да знаете дека има добра причина зошто го прави тоа и мора да му верувате што и да е во прашање. :)
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам дека машките не можат да одглумат солзи и плачење. Напротив-сметам дека на повеќето од нив воопшто не им е мило да заплачат, особено пред девојката. Така што, во никој случај не би станувало збор за солзи кои не се вистинити, искрени и од срце исплакани.
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Се разбира дека да. Сите мажи плачат, без разлика на тоа колку се обидуваат да прикријат.
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Да, мажите не се можеби емотивни колку жените ама кога плачат имаат добра причина :)