Јас за прв пат денес дечко ми го видов како заплака за мене, дури му идеше да си ја чукни главата од ѕид...ама сам си беше виновен заради бившата ми се развика и јас од нервоза добив како напад неможев да дишам и ко виде тој дека неможам воздух да земам почна да плачи и да ме моли да му простам...али ипак не му вервам дека искрено заплака, пошто некој дечко ако си ја сака женската нема ни да дозволи да се случи тоа па и да плачи тој..
Верувам во машки солзи, сум била сведок на едни искрени и невини солзи, солзи кои беа пролеани поради љубов. Едноставно тоа што се случи неможеше да се одглуми, а плус и подоцна се виде дека сето тоа било реално и вистина. Но како што некои жени умеат да пуштат лажни солзи само да бидат поубедливи, сигурно има и вакви мажи. Значи и женските и машките солзи можат да бидат и вистинити и лажни.
верувам... ама исто така верувам дека постојат секакви машки така да според тоа дали се лажни или не, мислам дека самата личност си кажува за себе...
па тие не плачат , јас досега не сум видела маж да плаче, само кај сапуниците го има, бидејќи ретко плачат им верувам на солзите, освен ако е некој талентиран плачко или лигуш.
Мерлинке respect за мислењево ме умре од смеење, сите твои мислења се за во тема смешни мислења Инаку кога го прочитав насловот на темата си помсилив ’’Што е ова зар мажите не се живи луѓе, зар немаат чувства зар не смеат да плачат’’. Не знам зошто толку жените креваат врева околу машките солзи. Мажите плачат исто како и ние само не ко нас да не видат 100 луѓе со размачкана шминка, тие тоа го прават кога наоколу нема никој. Зошто да плаче ако не му значиш ништо? Тоа што не се како нас да плачат за глупости не значи дека не плачат.
^ Рака на срце, поверодостојни се нивните отколку нашите. Па нас жени мили, за се ни се плаче. ПМС наш, ПМС на мама, ПМС на дада, ПМС во светот, гладот на кучињата скитници, среќата на Есмералда, малерот на баба и, дождот во лето, сонцето во зима, комплиментот доделен на комшиката, скршен нокт, мал раст на коса, укор, болка... И мала е Фемина за темелно доловување на нашите причини за цвичење. Така да, вера не може да ни се фати. А и маж да ни се фати пак ќе се расплачеме. Додека видиш да не веруваш. Res, non verba. Ако се тркала нешто од очите, плачат. И тоа особено ако ја оплеска здраво.
Ako devojka place zbog decka, znaci da ga voli. Ako decko place zbog devojke, znaci da tu devojku ne moze niko voleti vise od njega... ♥ верувам во ова..и мислам дека е точно .. ретки се машките кои плачат дефинитивно !
Верувам во машки солзи. (иако не сакам да го видам тоа ) Ама машко чим заплаче сериозна е работата. Во женски не верувам.
Верувам,само еднаш го имам видено дечко ми да пушти солза и тоа заради мене.Го изнервирав премногу и иако не бев во право продолжив да терам инат,а тој од петни жили се трудеше да ми докаже дека не сум во право ама јас не,во право сум и точка.Од нервоза заплача и ептен ми стана криво Исто и татко ми сум го видела да заплака еднаш,а тој важи за човек со многу цврст карактер. Ако машко заплаче верувам дека стварно му е тешко.
Има еден стих од нашиот Тоше- „Женски солзи небо гледа, но ќе запише само кога маж ќе заплаче“... Верувам во машки солзи само ако му верувам и на мажот кој плаче... Спојлер Не сакам машко кога плаче...многу лигаво ми изгледа
Верувам, бидејќи машките преретко плачат, и знам дека ако заплачат мора да имаат голема емотивна тежина на себе (за разлика од женските кои често ги злоупотребуваат солзите). Досега пред мене - за мене никое машко не заплакало (овде не мислам на машки од семејството).
Верувам, но не во сите. Нема потреба да ми кенка за секоја ситница, само за да ми покаже дека демек му значам. Ах кога само ке се сетам коа мислев дека нема да идам и јас со него на одмор. Јас плачам, тој шмрка со носот... Знаев колку му е битно и јас да одам со него, и отидовме.
А мислите ли дека машките се способни да исценираат солзи само за да добијат нешто во врска (како на пр. некои женски) ?
Верувам...кога душата моја верува! Машките имаат НА его, толкаво, ама мислам дека кога е дојдено до срце, и тие знаат да заплачат. Ако веќе станува збор за љубов, заради грешка, неверство(макар што невертството не го оправдува апсолутно ништо), изгубена љубов...Верувам во машки солзи, тешки се, и болат повеќе од милион зборови, апсолутна вистина има стихот на Тоше кој некој го спомна.
Па и не баш, зборувам за во врска. Искрено мене страшно би ме изнервирало ако ми плаче, особено ако е крив, па сега се труди да ја поправи работата.Ниту јас му плачам, ниту сакам да ми плаче.И не знам што е работата во последно време, ама нонстоп слушам за нечии дечковци како плачеле, изгледа виделе дека лесно паѓаат женските на тоа. За други ситуации, ако му е навистина тешко, ќе заплаче нормално, жив човек е и нема зашто да не му верувам