да, верувам! со оглед на тоа што имам тврд дечко и никогаш за ништо нема плачено,само еднаш заплака за мене,што иако го видов со свој очи не ми се веруваше и многу ми падна жал значи кога машко плаче за тебе значи стварно те сака.
Јас верував,но веќе не. Имав случка од која престанав да верувам на машки.. Бев слушнала дека мојот мојот дечко пишувал пораки на бившата секој ден или преку ден,кога го прашав тој почна да ме убедува дека нема врска работава почна да плаче..јас му верував,но за сигурност појдов до неговата бивша ја прашав и девојката ми рече дека секој ден и пишувал пораки како е..бла бла ...и од тогаш не верувам на машко..после тоа многу ме молеше и звонеше но веќе беше завршено засекгоаш )
Верувам, колку да се рече ! Имам еден другар, од мене е постар една година. Одеше со моја блиска другарка. Катастрофална врска. Врска само на големи цицки, карактер од едната страна и дебел задник. Но другар ми ја сакаше. Искрено ја сакаше. Нивната врска него не му беше многу важна, незнам како да кажам. Тој ја сакаше, но сепак не се траќаше толку. Од кога се скараа, сфати дека навистина му е потребна и важна. Тогаш . Само во неговите солзи поверував, во ничии други. Знаев дека другите се лажни.
Не само што зависи од ситуацијата зависи и од самото машко...има некои искрено плачат,но многу се ретки тие...но сепак постојат.
Верувам, за разлика до пред неколку месеци. Бидејќи воопшто не верував на машки, кога ми се случи тоа, мислев дека ми глуми само за да постигне нешто. И не изреагирав воопшто емотивно, туку му се развикав да се присобере. А сега, кога гледам дека детето сѐ правело од љубов, жал ми е што бев таква. Секако дека зависи од личноста, ама штом личност со силен карактер пролее солзи, само да му дадеш шанса, да ти кажува колку му е тешко без тебе, не верувам дека е глума. Ама... кој се изгори еднаш, се истура на погрешни луѓе.
Верувам од кога дечко ми има пуштено некоја солзичка поради мене, инаку пред тоа не, мислев дека машката гордост може да биде посилна од солзите
мислам дека машките воопшто не плачат.па зошто би плачеле кога ние тоа го правиме и за нив.но секој со своето искуство
Хаха...убаво го објасни ова така е. Сеа знаат и они да пуштат некоја солза,ама тоа не е ништо во споредба со женските солзи
Тоше Проески во една песна испеа: "Женски солзи Небо гледа но ќе запише, само кога МАЖ ќе заплаче", затоа што машките ретко плачат, a кога го прават тоа, им доаѓа од нај чистите делови од душата. Не се како нас женските, кученце да видиме да ни мафта со опавчето одма солзи на очите, за се и сешто си плачиме, плачки Добро има и плачковци, ама тие не ги редам во групата мажи
заборавив да кажам..машко имам видено да плаче само по смрт на некоја блиска личност..е да тоа се вистински солзи...
Не верував бидејќи бившиот беше лажен плачко, но сег верувам дека кај дечкото мој сегашен имам видено вистински искрени солзи поради мене,односно за мене плачел душичка таа
хахахаха леле незнам дали да верувам дали не, нејќам да генерализирам, само ке кажам од едно мое искуство со бившиот, сонцка кога се разделувавме кај мене дома бевме, срце абе плачеше ли плачеше срцево ми се здрви кога го видов, за да после два саата одкај мене одкако си замина да излезе со друго девојче “на кафе“ негова подоцна идна мувачица Али ај, ке се трудам некако силно во мене да не генерализирам нели , не се сите исти
хахахаха оба е широк поим за да им верувам на нивните солзи предходно ди ја согледала причината,однесувањето и изразит на лицето затоа што тие што лажно плачат се приметуваат исто како тие што лажат!!!!!!!!!!!
НЕ ВЕРУВАМ!!!До утре може да плаче не верувам.Имав еден таков многу ми грешеше му раскинав и плачеше ко мало дете се смиривме и пак иста песна.Од тогаш јок, поштувам искреност нека не ме лаже нека ме почитува,а не ке си игра па после ај ке заплачам ке ми поверува никако.
Ако навистина добро го познавате ќе препознаете веднаш дали се вистински тие солзи или глуми пред вас. Тие нервозата ја калат на друг начин за разлика од нас жените кои веднаш пуштаме солза и паѓаме во депресија. Спојлер На мм сум видела 2 пати солзи во очи (не дека плачеше на глас ама ги видов тие емоции кај него). Еднаш кога се породив и кога за прв пат го зеде бебето во раце - радосници и еднаш во една караница кога го многу повредив и сто пати се покајав за тоа