1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали им верувате на машките солзи?

Дискусија во 'Врски' започната од Anely, 27 јуни 2011.

  1. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Малку сум скептична за ова прашање,зошто и меѓу нив има многу вешти глумци :lol: Сега за сега,само еднаш сум се уверила дека машките солзи може да бидат вистински.Таа сцена никогаш нема да ја заборавам и знам дека тие солзи беа од срце
     
  2. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Јас препознавам кој е глумец а кој стварно плака..Добро кажано tessi машките солзи може да бидат вистински.
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Доколку го знам човекот подолго време, да знам каков карактер е, сигурно би верувала и би знаела кога ќе се работи за вистински солзи.
    На странец, нормално дека не би верувала, всушност мислам и дека не би го приметила.
     
  4. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
  5. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Има и жени кои тешко се расплакуваат така да солзите не треба да се делат на женски или машки туку дали се искрени ...
     
  6. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Верувам, али многу добро препознавам кои се вистински а кои лажни солзи!
     
  7. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    А зошто да не верувам? :^)
    И не ја сфаќам таа поделба на мажи и жени. |( Добро бе, божем ние сме луѓе, а тие обични безчувствителни стоки. Па секој во животот има потреба да се исплаче. Вистина е дека има добри глумци, но со плачењето, ние жените сме поголеми и подобри глумици. :!: Со некоја солзичка знаеме да изманипулираме со луѓето, ама сепак повторно се осудуваат мажите.
    И кога е љубовта во прашање, кога плачеш пред партнерот, пак мажите се оние кои глумат, а ние сме искрени. И пак несфатливо ми е тоа. Ние знаеме да сме поголеми ѓубриња од нив, иако глумиме светици, премногу чувствителни, не кршиме срца и сл. И тие се луѓе со чувства, и тие знаат да сакаат и почитуваат, и тие знаат да заплачат кога им е тешко, и тие го кажуваат тоа што го чувстуваат.
    Затоа што мажите потешко пуштаат солзи не значи дека кога ќе заплачат, глумат. :devil: И кога го прават тоа тогаш го прават најискрено!
    Да не должам многу. Да, верувам во машки солзи!
     
  8. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    Јас мислам дека машките се премногу горди суштества, можеби ќе молат, ќе глумат во стилот налутени, навредени ( тоа дефинитивно знаат да го изглумат) ама за солза да пуштат мислам дека треба нешто ептееен да ги повреди! Јас барем така ги имам сфатено, е сега на оваа кутра Земја сигурно има и такви лигуши!

    Секако ова е за возрасни мажи, а инаку од лично искуство кога ме носеа на одмор мама и тато со нивното друштво, еден пар имаа дете лиглеее абе до немајкаде за се да се плачело и глумело..
    Сега појма немам каков е ама кога ќе се сетам уффф ние останатите деца за се си го однесувавме заради него :^) Значи - Сепак се е до домашното воспитување и култура, јас на пример никогаш до сега не сум изглумила солзи, не можам, не ми идат а и не ни сакам, тоа ми е ПОД СЕКАКВО НИВО!
     
  9. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Се си зависи од човекот. Има и жени што глумат, а и мажи. Па тоа цела една река ке ти исплачат само за да добијат што сакаат. Треба да го познаваш човекот, колку - толку, за да одредиш дали се вистински или не.
     
  10. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    да верувам на било чии солзи наивно делувам, слабост ми се. :doh:
     
  11. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Незнам..
    Кога веќе правиме моабет дали верувам во солзи..Ќе речам дека треба доволно да го познавам за да знам дали солзите се вистински или не..Иначе има и жени кои кога плачат им течат крокодилски солзи..Затоа за да поверуваш во солзите треба да ја познаваш особата... :!:
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.435
    Верувам......
    Најтешка е солза на мајка за дете и машка солза.И двете излегуваат од срце.
    Исто така ,тешко е да гледаш машки солзи и солзи на мајка за дете,а да неможеш ништо да направиш.Жално е.....
     
    На Dvolicen и Unfaithful18 им се допаѓа ова.
  13. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Нее нее нен ене ененененененененнененененненененене не не не не не не не не не нененене не! НИкако машка солза за женско не постои. За споствено дете или член од фамилија е друга прича. Ама машка солза за женско - ха ха. Нема такво нешто. :devil: :devil:
     
  14. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Lining не се согласувам со тебе . Имам другар кој се ми кажува па дури и во разговор се случува да му се протркала некоја солза по лицето не само него туку и мене. И да обично разговараме за девојки и за момчиња. Нему не му е срам да се исплаче пред мене за девојка се има случено многу пати , а ни мене не ми е срам пред него. Сакав да кажам дека и машките плачат само тоа се случува по ретко да се исплачат пред нас девојчињата. Поз :*
     
  15. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Сепак јас си стојам на мојот став дека машко за девојче не плаче. Незнам зошто сум толку убедена во тоа. Дури и пред мене некој да заплаче ке мислам дека е глума. Незнам зошто. :)
     
  16. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Верувам.МАШКИТЕ СОЛЗИ СЕ РЕТКИ НО ИСКРЕНИ
     
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Верувам во неговите.
    Никогаш не плачи пред мене.
    Ама кога ќе се расплаче тоа значи дека му е неизмерно тешко.
    Се гледа во неговите зелени очиња... :inlove:
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Да, затоа што е мнооогу ретка и од срце!
     
  19. Cece25

    Cece25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    45
    Верувам, затоа што машките солзи се многу ретки, но вистинити.
     
  20. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    секако дека верувам иако се многу ретки ни барем се искрени