Да! дечкоми има цврст карактер не е емотивен бидеќи животот го научил на многу тешкотии... го имам заприметено неколку пати кога ќе се караме да пушти солза иако никогаш не му имам речено и знам дека не би сакал и тој да знам дека плачел...
Верувам тоа е само еден доказ плус за да ми докаже нешто и тоа оби4но не се дешава 4есто во годината еднаш
На бившиот не му верував бидејки беа лажни (кога ќе се скаравме за да му простам за тоа што згрешл плачеше за да ме придобие),но на сегашниот му верувам.Никогаш не сум видела толку искрено да плачи некој (па дури ни женско).Само ме гушна и цело време плачеше(кај што го гледав и мене ми протекоја солзи)
Јас еднаш бев многу навредена од страна на дечко ми но тогаш идевме неколку месеци, беше кажано без размислување и е нешто што никоја девојка не би сакала да го слушне од својот дечко. Потоа се тргнав од него и нормално почнав јас да плачам бидејќи мислев дека е готово, а бевме заедно некаде 5-6 месеци и почнав да го засакувам. Кога сфати што кажа, и ме виде дека сум многу навредена, седна, ме гушна и ме молеше да се извинам. Кога го слушнав гласот како плачливо ми го изговара името и се извинува, видов дека плаче и ми падна многу жал,ги избришав и моите и неговите солзи и сега сме скоро 2ипол години заедно. Се деси уште еднаш, и тогаш сфатив дека многу ме сака... не секој до толку се препушта пред некој..
mislam deka maskite solzi od decko/soprug se mnogu poiskreni od zenskite. nie zenite znajme da se prepravame poveke od mazite [mod-kirilica:1mxv1ke5][/mod-kirilica:1mxv1ke5]
Само да знаете што се случува во душата за да се пушти солза..... Тоа е длабоко против убедувања всадени од најрано детство дека секогаш мора да си јак. Солзите се распад на вредностите кои сами сме си ги поставиле и се израз на длабок душевен конфликт каде што не преовладува само една чиста емоција туку е најчесто микс на тага, бес, немоќ, болка......
Верувам! Затоа што сум била сведок на искрени машки солзи. И можам да кажам дека машките солзи се многу поискрени од женските. Ние женските по природа сме такви да можеме да заплачеме за било што.
Категорично НЕ!!! Имам лошо искуство со нив, лажни се. Ако се однесува некое машко фино со девојка, нема да има потреба од плачење и прошка нели?
А зарем имало машки и женски солзи??? И за ова ли генерализација.. цц ќе се упукам некој ден. Солзи си се солзи, болка е болка не е битно дали е машко или женско, стар или млад, дете или возрасен итн. Како вака размислувате јас незнам.. стварно неможам да сфатам. Па што ако е машко зарем не смее да плаче или ако заплаче по дифолт е лажно плачењето или он не смее да има емоции и чувства. Не верувам дека сите се толку добри глумци мислиш од Холивуд излезени па ќе глумат, абе ајде не живејте во некој нереален свет.
Досега дечкоми никогаш не пуштил солза пред мене одиме 3 ипол години... понекогаш сакам да го видам да пушти солза, но кога ке размислам подобро не сакам бидејки нејкам како пичка да изгледа да плачи за караници или сл иако до сега немало некои големи проблеми (иако јас мн пати сум плачела пред него)... Мојата најверна има дечко и тој мн пати плаче пред неа (таков карактер е кога се нервира солзи пушта, и јас сум таква). Но од тоа што таа ми го кажува е дека тоа не е убаво, дека се осека не убаво и дека и на глава да му се качи тој пак ке и прости. Затоа не сакам да го видам дечкоми во солзи често, само еднач... но се надевам нема да има причина за такви случаеви
Апсолутно целосно го поддржувам твоето мислење. Жената може цело време да плаче ама мажот кога плаче - плаче. И јас сум била сведок на машки солзи и знам дека тие се искрени. Е сега, постои разлика од машко до машко
da za maskite koga ke zaplacat znaci navistina se grizat toa go znam po mene bev so edno momce 5 meseci i mu kazav potoa deka ne go sakam a toj placese za mene no sepak poubavo e da ja kazete vistinata i ne e ubavo da lazete nekogo zatoa sto mozebi vistinata boli no lagata ubiva a inaku jas veruvam vo maski solzi a koga sme kaj zenskite nie pocesto placeme i za nisto taka da toa e
Секако дека верувам, машките солзи се најреални. Ретко кое машко плаче пред други, а ако плаче мора навистина да не може да издржи. Ние женските сме тие кои ги користиме солзите во разни ситуации. Би додала и дека немам видено машко да плаче, дури ни дечко ми. Ама го имам видено многу пати со насолзени очи и тоа без голема причина, чувствителен е исто како мене.
Доколку добро го знаеш,самата можеш да заклучиш дали навистина плаче или не.Има машки кои навистина имаат чувства и ке заплачат од срце,ги има,ама поретко