Можам да плачам на команда, незнам дали е тоа добро? До 18-19 повеќе ми веруваа, сега во главно или не веруваат или го рачунаат за минус па избегавам.
Ама ич не верувам кога ќе го откачиш и кога ќе почне да цимоли како некое дете за лижавче. Се глумци бре 1 до 1.
interesno e so jas neveruvam na zenski solzi ...valjda opstestvoto nagraduva psihopatski karakteristiki ne izbegavas sekogas btw steta so ti ja izbrisaa slikata so motorot od modni kritiki
Како е поставено прашањево значи, како дали верувате во Господ или во Дедо Мраз... Не ми е познат тој Немеш од кој е произлезена темава, ама чим плачел човекот, сигурно имал некаква причина за тоа. Значи, глупав е насловот на темава „Дали верувате во машки солзи“ - неоспорно е дека и машките (како и жените) плачат, и покрај предрасудите кои постојат за тоа, така да не е тоа нешто што е дискутабилно дека постои. Тоа дека мажите не плачат или не треба да плачат е верување и предрасуда од поново време. Да ве „просветлам“ малце - Спартанците, за кои би можело да се рече дека се најмажишта од мажиштата на овој свет - после секоја битка (без разлика дали победена или изгубена) сите без исклучок плачеле (тоа им бил своевиден ритуал), за да ја исфрлат насобраната негативна енергија од себе и, секако, за своите загинати соборци. И низ целата античка книжевност, плачењето не е одлика само на женските ликови, напротив. Од каде се дојдени денешниве замисли дека машките не плачат, не знам - ама тоа е тоа. Нашиве генерации (машките, де) се така воспитани, да ги кријат своите чуства, а ако ги покажуваат, тоа никако (скраја да е) да не биде со плачење. Е сега, што се однесува до искреноста на тие солзи (верувам дека на ова се однесува темава уствари), верувам дека како што можат и женските солзи да бидат неискрени (у смисла, да се плаче со цел да се оствари некоја цел), така може да бидат и машките - и искрени и неискрени. Е сега, факт е дека во минатото овој „трик“ беше женска карактеристика, ама ете, почнале и муживе да учат нови финти. Е па, драги дами, сакавте еднаквост со мажите, тогаш не се лутете одма ако почат да се служат и со некои женски фори . Сето тоа е дел од половата еднаквост, кон која нели, сите целиме. Не би ме зачудило и ако наскоро чујам како некој дечко и ускратува секс на девојката, затоа што и е лут.
Не е битно дали е машко или женско тој што плачи, туку каков човек е... односно, колку е искрен. Сум видела солзи од повеќемина... има разлика...
Има разлика од маж до маж, сум видела секакви плачковци но и јаки цврсти мажи кои ретко пуштаат солза, мислам ваљда ретко пред жена, е на таквите верувам..