Искрено, долго време се чудев зошто постојат вакви жени, ама по некое време ми се упали ламбичката. Веројатно вие сте тие кои го направиле првиот чекор, сте си го поканиле на дејт, можеби и сте платиле who the fuck knows. Што се вика, цела работа ја имате сработено за да стигните до статус врска, а сигурно не било лесно. Па после толку труд и напор, ви текнува дека сте му дале значајно искуство, како се приоѓа и однесува во врска, па ве мава онака некој склет, што ако кутриов забега по други. Па ајде, веднаш во мисија на проверка на телефони, профили и слични глупости. И затоа кога пишав дека не е баш најпаметно ти сама да го водиш, ќе ме испотепаа за малку. Ледени кралици, принцези, вештерки. Ами не знам, можи сум во право, можи и не сум. Ама да трчам прва, малку потешко.
Не го контролирам ич , исто и од негова страна он не ме контролира. До душа , јас сум типичен стрелец, погоден ми е хороскопот , така да не смее никој да ме гуши на никаков начин. Тие контроли ми се јасни уште од млади години кога имаш конзервативни родители кои ти забрануваат се, после исто ко живееш во конзервативна држава како Катар многу ме контролираа, така да сум научена на дисциплина и ми е јасно колку е битна слободата. Е затоа сега си живеам слободно , не смее никој ништо да ме контролира , за жал јавно и си признавам дека од сета таа контрола над глава ми се изгубени живците и слаби нерви имам одма пцујам се живо и диво. Слобода си е слобода, ко ќе го оставиш човек да диши и да си живее на свој начин.
Според ова, јас треба човекот со ланци да го врзам оти повремено излегува во дискотека со куп другари, и тоа пази - без мене. Како се осмелува само!? Нека ме врзе и тој мене што излегувам со другарки на шопинг, кафе, шетња и на други места надвор од градов (што е ретко, ама се случува) и така. Оти, никогаш не се знае - може да се изневериме! Баш тоа немање свој индивидуален живот, рутина, активности што ги правите сами или со друштво, а да не е вклучен партнерот во тоа - прават да ви е монотоно. Не може цело време сѐ да правиш само со еден човек и да немаш некој свој дел од секојдневието за себе, неважно дали ќе сте сами или со другар/ка. Не знам, јас би спобудалела. Не сум многу по дискотеки, којзнае од кога не сум била, ни па излегувам нешто многу често, ама ова апсолутно не значи дека секоја слободна минута треба да ја поминувам со партнерот. Оваа изјава дека таму се барале дечковци и девојки...смеа ме фати, божем на излог стојат, јас разгледувам и бирам што ќе пробам.
Замисли да иде секоја недела до 5 сабајле во дискотека со сингл другари и они да носат девојки на маса и он да се враќа пијан а ти седи дома и чекај го. И надевај се дека не те изневерил .