Не го контролирам бидејќи тој самиот ми кажува кај бил, што правел и слично. Ни тој не ме конторлира мене поради истото и јас самата му кажувам што како ќе правам
Сам кажува или јас ќе го прашам кај беше? Како си помина? - И одма добивам извештај, на убав начин. Хахха
Секој ден ми доставува писмен а и усмен извештај прецизно опишан со часови и минутки каде бил,каде застанал после работа,со кој се видел,колку пати му зазвонил телефонот итн. Се шалам,немам потреба да го контролирам дечко ми затоа што тој и онака сам си кажува каде се наоѓа,со кого е,што прави...Постојано се слушаме на телефон и навистина немам потреба да го распрашувам и контролирам.
па добро..сите нас не интересита кај оди нашиот партнер,со кој е,што прави..кога не е со нас.но сепак треба да има некоја граница во тие наши испитувања од типот кај бил ова она...јас имам 3ипол годишна врска и тоа на далечина значи не сме од ист град но се гледаме еднаш неделно по 3-4 дена..му верувам и не го контролирам иако понекогаш знам да поставам некои љубоморни прашања најважна е довербата според мене,ако немате барем малку доверба во партнерот џабе ви е девојки,вие можете и да го следите и да го контролирате и секогаш ке бидете сомнителни во него ако се нема таа доверба што по мое мислење ја одржува врската..
Не сум опседната со тоа да знам каде оди и што прави, и со кого е. Нормално има право да си излезе со кого сака. И со другарка, и со другар. Мене тоа не ми пречи. Не ме интересира што зборувале, ниту со кого разговара на фејсбук, тоа си е негова работа. После сето ова време мислам дека нема потреба да се контролираме до тој степен.
Па не го контолирам едноставно и двајцата така се научивме уште од почетокот.Пред да оди некаде се јавувуа , кога се враќа се јавува и така.А исто и јас
Тој ако не се контролира сам што прави јас ич неможам.Инаку излегуваме во исто кафуле па имам прегледност смс не му читам во никој случај ни тој мене.Емаил , фб исто така НЕ.Се сакаме едноставно нема љубомора нема изневерување барем сеа за сеа и да , најважно си веруваме
Ќе лажам ако речам дека не ме интересирало што прави и со кого е, ама сум имала потполна доверба во него.. Кога ќе ми кажел ваму сум, со тој и тој, прифаќам и не доиспрашувам подоцна.. Како што и јас не сакам да давам отчет некому за секојдневието мое, така и не барам од никого..
Морам тука да го постирам видеово повторно http://www.youtube.com/watch?v=k2UOb_qlGLk Не сум контрол фрик и не можам да се замислам со некој што е. Не сакам кога некој ми ја скратува слободата или приватноста. Али стварно овие две работи ми се неопходни да го преживеам денот без нервен слом. Безпотребно преоптеретување е да се замарам со глупави работи како фб, телефон, кај бил и со кого. Ако е паметен нема да е глупира. Целата оваа слобода што мажите ја добиваат од мене ги мотивира да бидат верни, не ја земаат здраво за готово. Дури и мислам полесно ќе го фатам во нелегална акција ако не се сомнева дека јас се сомневам во нешто, ако знае веројатно ќе научи и како тоа добро да го скрие од мене. Кратко кажано, не им ставам ланец околу врат.
Не го контролирам. Немам потреба. Го сакам, и сакам да е среќен. Ако е среќен со други или со мене лично не ми прави разлика. Само да е среќен. И не сакам да го делам , додека е со мене, само со мене . Но доколку повеќе не сум му потребна во животот, или не ме љуби, тој секако ќе направи нешто, а доколку го контролирам само тензии ќе му правам, што ќе го одалечи од мене. Пред да го сфатам ова, му пробуричкав во телефонот и најдов слика од бивша во телефонот кој што не го користеше , туку само за вип број му беше. Кренав паника и само кренав тензии, му го дигнав егото, и сега ако сака да ме изнервира ќе знае како- ќе стави слика. А сликата била заборавена од далечното минато. Секако ја избриша, но повеќе не би реагирала така. Не би му ни чепкала во телефонот. Викаат ако не бараш, нема да најдеш. Не барам, не сакам да најдам нешто. Ако почувствувам чудно однесување ќе истражам. Тоа секако ќе излезе на виделина некогаш. Зошто ако сега ми е убаво само да се натрупувам со нервоза? Во моите случаи со овој дечко било само непотребно и се откажав. Па љубовта нели се потпира на доверба? Сега му верувам.
па не го контролирам,можеби малце во некои случаеви,али му верувам,се додека е ваков му верувам зашто ако сака да ме превари или изманипулира ке најде начин проверувала го ја или не-така да многу не се замарам!! Се додека е ваков вреди да се гради и негува понатака брачниот живот,прв момент кога ке се разниша недајбоже нешто-НЕ СЕДАМ НИ 5 МИН.да трошам вр. за оправки!
И јас не го контролирав на почетокот, му верував, ја имаше целата слобода, ама се покажа онаа старата дека кога даваш прст ти ја земаат целата рака. Е така и кај мене. Сега е малку потешко, си заслужил така да биде!
Не го контролирам во смисла строга контрола да се јавувам сто пати на ден и да го прашувам каде е, па зошто е таму, па да си оди и слично, но за се се договараме се слушаме често па досега немало проблеми.
Проверувам фб , телефон ..... Сакам да знам каде е и што прави , тој има таква глупа особина што нема навика сам да каже како си поминал на излегување , со кој бил , тоа за него е небитно , а јас кога излезнам сака се да знае до детаљ... Или и да отиде некаде со пријатели , не ми каже тој , јас се научувам од други луѓе , го прашувам зошто не ми кажал и тој ее тоа не е толку важно ..... Од таа и таквие слични причини сум приморана да контролирам инаку тој многу често на шега ме прави љубоморна , и кога се случи некоја слична ситуација како да не сум љубоморна , како ?
Темава вришти. Туку ај. Никој не е моја сопственост па да го контролирам, да го следам, да му чепкам во телефон, пасворди од сите форми на социјални мрежи. Ниту сакам некој мене тоа да ми го прави. Искрено најглупа работа е да си менувате пасворди или да одговарате на телефонот на партнерот. Ако јас се обратам на другар/ка по било каква мрежа очекувам дека истата личност и само таа ќе прочита и одговори, а не они како пар. Ако нешто ме копка си прашувам, ако сме дошле до тоа да си контролираме секојдневие, ќе си кажеме па-па многу скоро.
Не го контролирам воопшто,всушност јас цело време знам кае пошто секој ден го прави едно исто а тој нема појма каде сум што сум Но не рекле за џабе Верувај но и проверувај !