Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку го контролирате вашиот дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од Miss-HeLL, 25 мај 2012.

  1. m.maci

    m.maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Не го контролирам воопшто,и немам таква навика.Имам доверба во него,а и он во мене !!!
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.209
    Пол:
    Женски
    Не го контролирам, ниту пак тој мене. Едноставно не гледам причина, ниту пак имам потреба да солам памет некому или да се ставам во улога на детектив, посебно не на хм, да речеме зрела личност која знае што прави.
    И не ми ни личи на годините, бесмислено ми е.
    Прашањата од типот - каде беше, како си помина, што правеше денеска и сличните такви, воопшто не ги сметам како намера за контролирање, ами сето тоа ми е дел од како да кажам, small talk-от кој си го водиме секој ден.
    Ниту сакам да изигравам полицаец, ниту пак некој да ми соли памет што и како треба да правам.
    Тоа повеќе ми е својствено за оние тинејџ-врски, уште додека карактерите на личностите се во фаза на формирање и ми е ептен незрело. :Down:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Е јас ќе се самоцитирам :) комплетно ја сменив тактиката. Еве веќе месец и нешто, скоро два месеци како олабавив. Не му звонам, не го контролирам, чисто онака понекогаш ќе го прашам кај бил, со кого, како си поминал и тоа. Дури има денови и кога воопшто не се слушаме на телефон. Искрено, ми недостасува, ама мора вака. Морам да видам во што грешам и дали воопшто јас сум таа што греши во нешто. Знае да каже: кога те лажев ми веруваше, а сега кога сум искрен не ми веруваш. Епа така е братко, довербата тешко се стекнува, ама многу лесно се губи. Доволен е момент за да исчезне се што си градел со години ;)
     
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Порано многу,сега воопшто не му се ни јавувам.Од мене има целосна слобода.Кај сака нека оди,што сака нека прави...ако тој сам сака јас ништо не му можам.По тоа ќе проценам дали вреди за мене или не.
    Не за џабе викаат дај му на човек слобода и ќе видиш каков е.
    Јас сфатив каков е..знаев одсекогаш.Затоа и не ми одговара многу...
     
  5. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Ние и двајцата со дечко ми си кажуваме сами каде планираме да одиме, со кого, што бараме таму и слични работи па затоа ретко му поставувам дополнителни прашања.
     
  6. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    1.796
    Скоро ич. :) Имам доверба во него и воопшто не се потресувам кога не е со мене. Тој самиот ми кажува што прави и како прави, а мене не ми е ни толку битно. Знам дека не в кревет со некоја друга. |(
     
  7. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    Воопшто не го контролирам можам да кажам дека имам голема доверба во него :) .
     
  8. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Не го контролирам. :) Оди каде што сака не сакам ништо да му забранувам.
    Му верувам многу затоа што долго време сме заедно и ни еднаш не ми има дадено причина да сумњам во него за нешто :)
     
  9. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Не се контролираме имам потполна доверба.. пред еден месец си ги сменивме пасвордите од фб и сега не си ги знаеме и поубаво ми е, иако кога го знаев не се уклучував често и не со намера да се сомневам нешто, туку така онака да видам што пишувал со другарите (дали ме спомниле мене :D )... секој си има слобода да излегува кога сака, со кого сака и колку сака :D ... и не се испрашуваме како полицајци, ме инересира како си поминал, пто правил, со кого бил ово оно :D
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не знам кој како гледа на темава и што подразбирате под "контролирање". Кај нас нема такво нешто. Си имаме целосна слобода и доверба за тоа кај сакаме да одиме. Секако, во границите на нормалата ама затоа па сметам дека е зрела, возрасна личност која многу добро ја знае таа граница. Ако он самиот не е свесен за некои работи тогаш јас најмалку па ќе направам да се освести. Сепак, една нормална созреана личност која е во сериозна врска треба самата да знае што може, а што не може. И тука јас немам никакво влијание. Си оди со другари, другарки, колеги на кафиња, си излегува по кафани итн. Иако за волја на вистината дечко ми дали еднаш во два месеца излегува без мене. Не дека јас имам влијание туку нема нешто премногу време, а и другарите и другарките сите му се вработени и со сериозни врски па така што секој си е со своите обврски и се гледаат кога ќе можат. И морам да напоменам дека до сега за полни две години никогаш не ми скрил нешто. Никогаш не ми дал повод да јас се посомневам во нешто. Кога ќе излезе ми кажува кога се вратил, со кого бил, кај биле, како си поминале итн. Не дека јас се' го прашувам во детали туку си имаме таква комуникација. Разговараме буквално за се'. И тоа кажување негово е уз муабет и кажува зашто он самиот сака.

    Е сега од друга страна искрено па и не ми се допаѓа тоа што некои воопшто не ги интересира каде отишол партнерот, со кого бил итн. Тоа според мене воопшто не е доверба туку незаинтересираност. Како може јас да отидам некаде, а дечко ми да не знае или да не ме праша како си поминав, убаво ли ми беше, кој дошол итн. Доколку не ме ни потпраша нешто јас искрено ќе мислам дека почнува да не му е гајле за мене. Не може, невозможно е да некого сакаш, а да не се заинтересираш барем за едно нешто. Ако ништо друго ќе се загрижиш како се вратил, со кого, да не испил многу итн. Така што кај нас во нашата врска има едно златно единствено правило. Може да оди кај сака и со кој сака ама претходно да ми каже. Исто и јас. Колку да знам каде е. Не е никаква контрола тоа, никогаш не му правам проблем за ништо, ниту пак нешто му фучам со носот, баш напротив. Секогаш му велам, супер, убаво помини си, дотерај се, му давам предлози како да се облече итн. Може што сака и кај сака да оди ама да ми се јави и да ми каже таму и таму сум или се договоривме вечер со колегиве да одиме во кафана, толку. И сето тоа уз муабет, не како извештај. И морам да напоменам дека никогаш не му вртам кога е некаде излезен, никогаш, ниту па он на мене. Кога ќе заврши и си оди накај дома самиот ми се јавува без јас да му вртам. Сепак ние сме во врска и треба да се има една граница. Не може на него му текнало да оди во моментов во Тунгузија и ајде си отишол. Такво нешто не. Тоа не го сметам нормална врска ниту па ако каже за контрола туку за една нормална комуникација. И моите што се во брак 20 и кусур години па си кажуваат каде биле, со кого, како си поминале, некоја смешка да се насмеат итн. Сето тоа си е нормално.

    А за телефони, социјални мрежи, пасворди, пораки итн, според мене е мизерно да чепкам. Сепак секој си има своја приватност и пак ќе кажам ако он самиот не е свесен, џабе е се. А и на него му имам кажано, возрасен си, свесен си за нашата врска, паметен си, те сметам за воспитана личност која ги знае вистинските вредности, па ако мислиш дека треба нешто да направиш, направи го, ама јас нема да преминам преку тоа, а да изигравам џандар најмалку мислам.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.899
    Допаѓања:
    89.478
    Пол:
    Женски
    Си имаме доволно доверба еден во друг што мислам дека е најважно во една врска а контролирањето и баш не ми е ... Не се контролираме слободно оди каде сака, а исто и јас не му забранувам ништо не му кажувам што да прави сметам дека смедолго време заедно за да се контролираме кој каде оди ишто прави.Нормално само си кажуваме ако одиме некаде и толку ,нема испади на љубомора и заради тоа сум многу среќна :lol: :inlove:
     
  12. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    До пред една недела се беше ок..го прашував каде оди, со кој, ми го знаеше пасворд на ФБ. исто и јас му го знаев, му звонев почесто..Ноо веќе е се сменето не дека го контролирав и му викав не оди таму или било шо но пак знаев со кој е и кај е а сега му звонам 2 пати на ден навечер кога е со другарите исто му звонам 2 пати не му го знам пасвордот на фб..и тој мене не, тој ме контролира со тоа кога јас ќе му се јавам и ќе му кажам каде сум тој се лути и прави работи за инает.;(
     
  13. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    не го контролирам зошто во принцип знам каде и со кого излегува а и самиот ми кажува кога ќе се видиме или пред да излезе :)
     
  14. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Во врски давам многу слобода но и го барам истото за возврат.

    Доста сум либерална и имам такво друштво, значи потребно ми е разбирање.
    Во принцип не сум ич љубомора и секогаш им давам простор и слобода. Некои дури им пречи, ама повеќето на тоа гледаат како благослов.
    И секогаш колку повеќе простор им давав, толку повеќе сакаа да бидат со мене и до мене. Ха.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Ни малку.. Не му забранувам ништо, може да оди кај сака, со кого сака, може да си излегува и секој ден ако сака.. Во телефон не му чепкам(едино ако играм), пораки, именик не му ни отворам.. Пасворд на мејл, на фејсбук не му знам, не сум му ги ни побарала..

    Едноставно, пуштен е да прави што сака, а истото можам и јас.. Мислам дека вака е многу подобро отколку секогаш да му висам на врат и да му забранувам, и самата да си се нервирам.. Ако сака да прави нешто, ќе прави па колку и го држам стегнато.. И двајцата сме возрасни, знаеме што сакаме и го чуваме тоа..
     
    На gangstergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.720
    Првиот месец секој си правеше што си сакаше. Е после од коа отидов на гости кај него и некако почнавме посериозно, му вршев мн контроли, он на мене бетер. Чепкање по фб, по телефон и пред да се оди некаде прашување :lol: колку пати имаше лутење, од што се задржал повеќе. Имаше карање. И до раскинување сме стасувале. А сега ( дечко ми е во странство) не си ни звониме преку ден, се слушаме само навечер. Му го проверувам некогаш фб, а и он мене.Не му забранувам ништо, може да оди кај сака, со кој сака. И дали пред или после испагање ми кажува. А господинов, за преку ден не ми прави проблеми, ме прашува информативно само кај сум била, што сум правела. А за навечер не му се свиѓало да шеткам :lol: Чуден е, нз што си мисли ако испаѓам навечер и ке направам некоја глупост. А не знае ако ми беше за глупости, дека можам да ги направам и од дома :)
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Не го контролирам.Доволно сме возрасни и двајцата и добро се познаваме,имаме рзбирање и доверба,макар што за неверство не треба многу.Има потполна слобода во излегувањата и дружењата со пријателите,иако последниве година дена нема доволно време за нас,а не па и за други.Недела ми е ден резервиран за излегување со пријателите,зборувам за машка популација,а тој само ќе ми посака убаво да си поминеш.Јас си седам во кафуле,а тој си гледа тв дома.За мене слободата во една врска е многу битна :*
     
  18. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Јас го контролирам, ја знаете веројатно онаа поговорката дека кога ќе се изгориш после ќе дуваш и на ладното, мав и некој примери пред него што ми покажаа дека треба да се контролира, но не е секогаш тоа во лоша смисла бидејќи и он ми го знаеше пасвордот и бидејќи е од многу другари заебан,читаше разговори со моите бивши и неправилни другарки и спречи да се дружам со сите што беа од корист и да ми се случат некои лоши работи, несакам сеа за тоа да зборам.
    Да не бидам офф топик и јас го контролирам, заедно живееме, не сме на врска само па ајде сеедно..
    Кога си разменивме пасворд му избришав се што ми сметаше, банално и срам ми е да има слики со жени или пријателки, исто и јас немам слики многу веќе и не ми требаат.
    Сега ни другарка нема, единствени женски на фб што ги има се само неколку девојки што се во врска со наши пријатели и што нема наскоро да останат така туку ќе имаат и нешто повеќе, роднини што се многу постари од нас, и една комшика што е мажена од Кавадарци, ја имам и јас затоа што сме блиски а и неможе да направи ништо, муслиманка е и стара.
    А такви што немаме пишано збор на фб било машки или женски нон стоп бришам и јас и он.
    Кога идеме негде несмее да ни да се поздрави со некоја од типот гушкање и сл, јас се поздравувам само онака, а и мразам гушкање и лигавење со лугето.Муабет и онака само со тие што не се сингл.
    И кога би имал другарки глупаво би ми било да излагаат, од кај да знам дека некоја нема да донесе пријателка или нема нешто да направи?
    Мм има шамар удрено на една што го замараше, имаше и такви што беа досадни и идеа да го замараат но откако почнав да флертувам намерно со други на фб и откако мм си доби скршен нос и рокчиња на глава се се заврши. :) Затоа треба некогаш да се реагира бидејќи нема денес пријатели.
     
  19. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    2.494

    ЦЦЦ, па вие не сте точни! ова ли ти личи на нормална врска??? :o :clap:
    што се не шета по светов :o :o
     
    На crazylady и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Никогаш никого не сум контролирала..Сите што биле со мене имале целосна слобода... И нормално џабе не се рекло прави му го на човекот она што сакаш тебе да ти го прават.. ;)