Ај стај се во ваква ситуација. Да имаш врска во која што ќе се гледаш еднаш во месецот и дури после година време ќе ти каже дека имало причини за тоа (Неможам да наведам кој се) И цело време да те вреѓа, да те тестира, нигде да не излагаш и ништо да не прави. И после преку ноќ да се смени. И уште некој работи да се десат, да те тестира да види дали си љубоморна, намерно да почне прв да се допишува со други, да се замара за нив а ти што ќе кажеш да не се важи, да си поблиска со другар отколку со него.. Ќе ти биде сеедно? И истите тие фаци да ги гледаш околу него и да се осеќаш бедно? Едвај да чекаш да испадне за да дишеш на раат? Епа мене така ми беше додека не ми пукна филмот. И многу бев глупава, праев се за него, трчав по него, киснев во Скопје, не гледав за мене.. Несакам да бидеш во ситуацијава и несакам да се карам немам лоша намера, знам дека избувнувам и сум ладна но не си ми во кожа за да знаеш како ми е. Се надевам нема ни да бидеш. Инаку за другиот цитат, намерно го ставив затоа што има сличен дека не е убаво да го правиш тоа што несакаш да ти го прават, па јас така и правев со цел да вратам, кога јас го правев тоа што сакав барем малку да ми го возвратат добивав најлошо епа сега нека биде обратно. Немав лоша намера да се карам или навредам, само сакав да појаснам.
.....Ќе ти биде сеедно? И истите тие фаци да ги гледаш околу него и да се осеќаш бедно? Едвај да чекаш да испадне за да дишеш на раат? .... Зошто тогаш си се уште со него и дозволуваш така да те третира? Ќе речиш го сакам, да ама не е доволно само тоа...Ако нема почит кон тебе , верувај џабе е се. Не е ни прв ни последен, нели? ти посакувам се најубаво
Не реков дека не го сакам и дека ми е сеедно само ми сметаше што беше во лошо друштво но сега се е сменето..
Што се однесува до мене тој ја има потполна слобода.Оди каде сака и прави што сака. Јас не му забранувам и мислам нема фајде од тоа.Џабе е ако некој сака да прави нешто ќе те излаже и повторно ќе го направи истото без да знаете.Затоа колку и да сум бесна некогаш и лута тоа не го искажувам.Не го контролирам.Доволно да ми каже каде е и со кого.Додека од негова страна тој сака да биде исто како и јас што правам,но малку потешко оди.Тој се лути за ситници ама ајде нема врска го поднесувам тоа бидејки не е нешто што не може да се поднесе. Знаете какви се машките кога некои работи им ги забранувате и не сакате да ги прави тој како за инат ќе ги направи.Затоа јас си молчам и не се однесувам како инспектор. Подобро сега нека изживее некои работи него ли подоцна ,здравје боже,во брак да се глупира.
Порано многу го контролирав секој повик, контакт, фејсбук, се распрашував што се не правев. Како минуваше времето научив каква личност е и сега буквално ништо не контролирам ни он мене, едноставно му верувам, а и на секој му треба малку слобода
Еве и јас да си го кажам моето.Во врска сум 9 месеци веќе.Не живееме во исти градови,не делат 200км.Во него имав преголема доверба половина година,мислев дека е најдобар,најверен,и дека само јас сум важна.Арно ама првата лага или скриена вистина како сакате беше тоа што еден месец не беше дошол кај мене,се вадеше на финансиска состојба,проблеми и незз ли ти што.Отидов јас и случајно отворив во пораки и имаше шо да видам.Типот бившата си ја запишал под ТЕ САКАМ и си се пишувал со неа во мегувреме,ок решив да преминам преку тоа под услов да нема више работи позади грб,се согласи.Не поминаа ни 3 месеци од тогаш,фб му беше оставен уклучен а пошто еднаш се излаже нормално е да се сумја.Коа глеам у пораки имаше и тамо шо да видам.Типов си се пишувал со девојки,као сме биле на пауза со врската,па као не бил заљубен,а заедничките слики биле само слики,па дека да било до него не би ми стаил ни коментар нити статус нити па би дозволил да го тагирам на нашите слики,тоа го правел затоа што нејќел да се налутам и натажам.Толку многу ме повредија тие муабети што не ни знаев воопсто кој стои до мене и кој толку многу кажуваше дека ме сака и дека сум му се на светот и никогаш не би ме повредил,и сеа се трудам да се вратам у нормала,пошо довербата више од моја страна ја снема,а да не зборам за тоа колку ми се одмили се од тогаш.За Ѓабе не рекле старите сакај со срцето но секогаш чувај ги очите отворени,целосна доверба во денешно во никој...толку од мене ве позз и се најубаво
Па неможам да речам дека го контролирам.Имаме навика,на пр.тој излева со некој на кафе и ќе ми се јави и ќе ми каже,исто и јас така.Телефонот многу ретко му го проверувам,а фб му немам отворено веќе 3 месеци бидејќи не сакам многу да му се мешам таму,сепак негов профил,негов живот.Тој повеќе ме контролира мене,неголи јас него
не е секој подготвен на сериозна врска.уште ако е на далечина се случуваат и такви работи. инаку јас на почетокот од врската повеќе внимавав,сега не,воопшто не му вршам притисок.ако прави нешто веднаш ќе го познаам.после толку време знаам како дише хаха
Според мене довербата е темел врз која се гради една врска, не констатирам параноично контролирање, но пред да се впуштиш во авантура со некој треба да провериш со кој си фаќаш работа. Дела а не шекспир, пред да се заслепиме треба да ископаме подлабоко дали типот одговара на нашите ''пропорции'' па убаво да си го ''истренираме'' не рекле за џабе за секој пес постои соодветен синџир.
на почетокот од врската го контролирав затоа што ми фаќаше кривини и ме лажеше по малку ,е сега веќе не ,имам целосно поверение во него а и тој во мене,така да нема причина да го контролирам повеќе
Во никого немам 100% доверба, па ни во него. Ако сум во долга врска, ако не ми направил ништо пак не му верувам 100%. Не викам дека претерано го контролирам ама сакам да знам каде е и со кого е кога искача некаде.
Emotional123 ова што ти го наброја според мене е нешто нормално за една сериозна и долга врска. Секако доколку сето тоа е изнесено во границите на нормалата и на културен и цивилизиран начин. Барем јас сакам да знам дечко ми каде е и со кого. Затоа се вика врска, да не ме интересираше ќе се викаше врска без обврски. И тоа воопшто не го гледам како контролирање, туку како дел од секојдневните разговори. Затоа и реков дека твоето е нешто нормално за една здрава врска.
Исто е и во нашата врска и од моја и од негова страна.Никогаш и во никого не можеш да си 100% сигурен.
ја искрено мн го контролирам ама на не нападен начин така поштено испитувам и командам што може а што неможе...нели сепак јас сум најбитна хехехе.а за проверки на тел и фб ухууу махер сум за тоа се до најмала ситница проверувам додека он нешто прави хехех
Не премногу. Има слобода, не го гушам. Го прашувам само каде ќе оди, кога се враќа и тоа е тоа. Со кого излегува сам ми кажува. А на интернет редовно проверувам што лајкнал, кого го додал за пријател... Но не му барам пасворд од фејсбук.
Го контролирам ама не многу. Фб нема зашо пред некое време му пиша една додека бевме заедно и мн му се налутив дури и му раскинав, се смиривме и го избриша он фб-то. Сега само му проверувам дали гледал порно зашо луѓе дечкото има 25год а секој ден гледа, мн ме нервира како опсесија му се и неможе да се откаже да не гледа. Ок ми е да гледа 2-3 пати во месецот ама секој ден :/ И затоа најчесто се карам со него хахахах. Навечер не изглегува зашто е на работа и уморен е, и да сака да излезе не би му забранила, а кога иде кај другари ми се јавува да ми каже само дека ке иде и после ми се јавува кога ќе стигне дома. Несакам додека е со нив да прај муабет со мене зашо знам какви се машките одма ќе го зезаат нешо
Секс имаме 4-5 пати во недела, сега нели зависи од работата, некад нема да се видиме по 2-3 дена, некад е уморен ама можам да кажам дека често имаме. И го имам прашано дали сексот со мене му е ок ми вика да, му имам речено ако сака нешто да ново да пробаме да ми каже слободно значи а не да ми ги глеа тие таму Кога го прашувам зашто гледа ми вика онака, не ми претставува никакво задоволство. Ств неможам да го сватам дечкото.