хахахаха па што го знам, можеби е хахахха. Сега еве една недела скоро нема гледано, ама следен пат коа ќе го фатам дека гледал ќе го прашам и тоа
Конторлирање ? ДАли сте сериозни ? Во нормална врска нема потреба од конторлирање. НЕма да дозволам мене некој да ме контролира ни пак јас него.
Живееме заедно, па ако сакам можам без проблем да го следам по социјалните мрежи, ама не сакам! Што ќе ми таква врска? Ако не му верувам, нема да бидам со него или да живеам. Неговиот пасворд од фб милион пати ми го има кажано ако треба да му завршам нешто и исто толку го имам заборавено, зашто не ме интересира. Единствено, му ја следам работата со клиентите, зашто некогаш работам за него. Ниту го контролирам за излегување, и двајцата знаеме да се вратиме сабајле со вишок алкохол па едниот да му се смее на другиот. Ниту со кого ќе излезе, зашто е доволно паметен, а ако не е,пак, не би била во врска со него. Иако знам дека е мета, ми е гајле. Среќа, поморален е од мене, па не му ја мислам. Знае да ме излаже, или нешто да прикрие ама колку да не се расправаме за глупости. Јас знам, тој знае, ама немаме време за расправање за домаќински работи. Што знам, на двесет години не планирам да го ограничувам, ни пак некогаш, некој некого. Ако фаќа кривини или ме лаже за сериозни работи или ме изневерува често, нема да бидам во врска со него и тоа е тоа. Љубовта е за да биде слободна и да се чувствуваме среќно и слободно, па да имаме време за другите проблеми да си ги решаваме, а не да изигравам полицаец.
Му верувам. Ми верува. Не ми пречи ако излези со другарка/другар на кафе, не му пречи ако излезам со другарка/другар на кафе. Место да го контролирам, како што ми беше предложено од некои пријатели, јас го потсетвам кога треба да оди на кафе со одредена другарка со која одамна се намаат видено. Ми го има кажано пасвордот на фејс, на игрите шо ги играме заедно. Му имам влезено само еднаш и тоа зошто тој ми има речено за да ја отворам една игра која тогаш повремено ја играше, а не беше во можност да ја отвори тој. Многу пати кога сум кај него фбто му стој отворено и немам желба да отворам да видам шо има. Некои ќе речат одредена љубомора и контролирање се добри, да, се добри, ама довербата (и љубовта де) е клучна.
Секоја индивидуа е свесна што треба а што не треба да прави во една врска, тоа е спонтано, тоа е нормално, тоа доаѓа и само од себе, за контрола и за однесување не треба ниту да се зборува бидејки двајца оформени личности се доволно свесни за самата фунционалност на една врска и тука нема никаква потреба за дискусија. На прашањето дали некој некого контролира, би кажала не, врската нит е некаква контрола, нит опсесивност, нит заробеност, врската е напротив слобода и исполнетост на две индивидуи кои што безусловно се љубат. А кога се има љубов, се има и почит, разбирање и компромис. Нема потреба од никакви контроли, ако две личности знаат што сакаат и знаат што всушност значи една врска.
Никогаш не го контролирам затоа што имам многу доверба, а и знам како е некој постојано да те испрашува за се.. Во врска треба да се има слобода, а не некој постојано да те притиска со глупави љубоморни прашања..Нормално, сите поставуваме прашања од типот "каде ќе одиш и со кого?", но мислам дека е тоа нормално, фала Богу дека треба барем тоа да го знаеш
како мислиш често? не треба воопшто... демек ретко е, и во врска си. а ако е често, нема. не можам да сфатам
Ја не контролирам никад. Me too lazy for that. Во ова стресно време, у кое анксиозноста зема голем замав и се препишуваат милиони рецепти за Дијазепами не дозволувајте врските (па ни браковите и тоа се еден вид на врски) да си ги праите дополнителен извор на немир. Нека ви служат како одмор од светов, каков што е, брз, стресен и напорен. Важи и за машки и за женски ова моево (иако темата е дали го контролирате дечкото), никој тука не заслужува привилегии.
Вака да си прашам: А како ги контролирате партнерите??? Кај беше, со кого каде па кој беше во друштвотот? Дали чекате погоден момент да му зирнете во мобилен на вибер на фб..... И дали ако го правите тоа сметате дека тој е исконтролиран??? Во какво време живееме, колку и да се контролираме, ако сака некој да направи превара ќе направи.... Во ред да, одредена доза но не претерана и не нападна
Контрола ??? не го разбирам ова ? Јас не можам да поднесам таков притисок, не оти ќе направам нешто или правам нешто туку според мене така размислува човек што прави нешто па, сега му фуфка и др да не му мати нешто зад грб и ајде, контрола. Инаку разговор од типот како си поминавте или со кого беше е одраз на заинтересираност за убавите работи или проблеми на партнерот, а не контрола. Со ланец да врзеш некого ако сака да направи нешто ќе направи, а ти ќе спиеш на тоа уво "се е под контрола".
Не знам за друг ама ако нешто гуши и убива е баш таа недоверба и контрола и не би препорачала ако сакате да имате здрав врски.
Не го контролирам ниту пак тој мене си имаме нормална врска и разбирање еден кон друг 4 години како сме на почеток на врската си имаме направено муабет за некои работи и се придржуваме на тоа потполно му верувам а и тој мене
Сам ми кажува се, немам потреба да го контролирам а ни време да се занимавам со такви глупости. Како и да е вистината ќе си се дознае.
доверба во себе немам ја, не па во дечко ми хахахах патролирам околу него од лајкови до кој седел до него во автобус......
Јас на почетокот ама сега не ни лозинка на фб ни па у именик и пораки не му чепкаам немам потреба знам дека нема да ме свара никогаш
Некад од досада додека спие... Така фб , вибер... Мада имам 6то сетило , не ми треба ова. До сеа точно било со еден шупак
Ако не се јавува на телефон подолго време или вети дека ќе направи нешто, а не го прави ветеното ми дава причина за сомнеж која резултира со неконтролирано вртење на телефон и пишување пораки, но тоа не го сметам за контрола. Никогаш не прашувам кај си, со кој си, што правиш во моментот.
Не, бидејќи не осеќам некоја посебна потреба за тоа... Ако треба нешто да дознаам, ќе дознаам... Кад-тад... Така да не му се замарам многу-многу