Не би можела да се замарам, премногу е исцрпувачко, не ми е дете да го пазам толку. Луѓето се непредвидливи, да, ама сепак мислам дека низ муабети може да се види карактерот на човек, за што е способен, а за што не. Секако, има исклучоци.
Ама и да се замараш некој што е склон кон неверства неможеш да го преправи најдобро се чита човек низ разговор браво многу убаво кажано
А зошто е тоа така јас да ме гуши толку и јас би возвратил или неси љубоморна или немаш енергија да се справиш може не размислувам исправно но према мене така ке биде не би и попуштил освен ако е во право тогаш е оправдано
Нема зошто да го контролирам. По цел ден сме заедно, освен додека е работа, а у фирма се само мажи, нема ваљда со колегите да ме вара. Онака неговиот телефон е по цел ден во мене додека е тој на работа, имам пристап до се', ама ја за игри си го користам.
Ни маж ми не го контролирам а не па кога сум имала дечко. Јас имам/в навика можеби е грешна ама кога дечко ме натераше на сомнеж во него, сфаќав дека не е тоа, тоа, и му раскинував , не се бафтав со следење, бркање телефони.. Едноставно некој кога ми даде повод за сомнеж не можам да се замарам детектив и да губам нерви
Ич. Ни јас него, ни тој мене. Се потпираме на тоа, дека ако има нешто битно за кажување, ќе си кажиме.
Знам дека е многу токсично ама тоа е , секогаш тајно му проверував во телефонот и му читав разговори со другарите . Откако не најдов ништо се осеќав многу лошо и му признав се и он ми рече ова не го очекував од тебе подобро да не ми кажеше. Исто така еден тип што се дејтавме му зирнав во телефон кога отвори на месинџер да врати на порака . И секогаш морав да знам каде е .
Дали и колку го контролирате вашиот дечко? Јас иако немам сакам да кажам мое мислење можеби ќе биде од корист. Јас кога ќе имам не би му ја ограничувала слободата, нека прави што ќе прави само да не погледне друга
Пред многу години бев во екстремно токсична врска каде буквално дечкото го контролираше и следеше секој мој чекор, морав почнувајќи од кога ќе се разбудам да го известам, и за се останато во денот да го известувам со порака или повик, ме пратеше кога одам на училиште, кога се враќам, кога одев на спремање идеше со мене и чекаше пред зградата 45минути а потоа ме испраќаше дома, забрането ми беше да разговарам со машки особи а за машки другар не идеше во предвид, а исто така ограничени ми беа и излегувањата со другарки ( и пратени ) .. Нормално ја прекинав таа врска, но за жал две години го трпев тоа малтретирање, јас воопшто и тогаш не бев некоја љубоморна или некоја што контролира, но после тие трауми си ветив самата на себе дека никогаш нема ни приближно да бидам таква, бидејќи видов колку е тоа лошо, туку напротив сосем спротивно од тоа. За среќа двете врски што ги имав после тоа не беа ништо слично, доверба, почит и слобода имаше и од моја страна и од страна на партнерите, со едниот од нив сега сум скоро година во брак ☺️ И никогаш не ми паднало на памет да го контролирам или да забранувам работи. Нормално се прашуваме и си кажувмее како ни поминал денот, кај сме биле, што сме правеле, но тоа и двата го правиме бидејќи го сакаме и не го сметаме како контролирање туку споделување ☺️
Не го контролирам ниту пак имам потреба од тоа , јас и дм сме многу блиски и он секогаш знае каде сум и јас секогаш знам каде е буквално се си кажуваме . Доколку би имала птреба да го онтролирам тоа би било знак дека не сме еден за друг...
Не го контролирам и не ја гледам смислата на тоа. Прво доволно е возрасен за да знае што прави, а второ ако некој сака да направи нешто позади ваш грб, ќе направи без разлика колку го контролирате. Не му чепкам по телефон, ниту му читам разговори, а исто и тој мене. Не сакам такви работи, не резултираат со ништо добро и не треба фа постојат во здрава и успешна врска според мене.