Дали и колку добивањето на деца влијае врз бракот?

Дискусија во 'Брак' започната од Trendafilka, 20 април 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Децата се благослов (тоа сите го знаеме) ;) Јас не сум мажена и нормално не сум ни мајка, ама сум детенце на мама и тато :D . Сега, не знам можеби дека сум едно дете, па не се чувствувала никогаш преголема напрегнатост околу мене, како на пр. во семејства со две или повеќе деца. Моите родители до ден-денес се ставаат како пар на прво место, зборувам за случувања од типот како одмор, или патувања, или Нова година - ако одам јас, одат и тие некаде. Никогаш на пр. не рекле - еве оди само ти, ние ќе седиме дома, што на почетокот како помала ме лутело, но сега сфаќам дека не е воопшто себично и е многу важно да се одржи разбирање, романса, љубов во бракот.

    Познавам многу жени, кои откако го добиле првото дете, толку многу се свртеле кон него (веројатно мајчинската љубов е таква, не можам да кажам), но буквално го запоставиле сопругот. Целото внимание, љубов и грижа е насочено кон детето.
    Моето прашање е дали и колку добивањето на деца може да влијае врз квалитетот на бракот, и како се постигнува еден убав баланс помеѓу односот мајка-дете и жена-сопруга?
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.677
    Интересна тема, ептен реална. Речиси секогаш е така се јавува родителската љубов особено од страна на мајката и целото слободно време го посветува на детето а мажот секогаш на второ место. подоцна го влечкаат детето секаде со нив на одмори ваму таму и на крајот немаат време само за нив двајца па бракот трпи, за жал. Сега зависи кој како некој наогаат баланс помеѓу време за детето и време за сопрузите ама многу ретко.
     
  3. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Јас лично немам искуство со ова, но имам видено многу работи. Доколку парот нема деца, честопати доаѓа до неверство, расправии и сл. За секој човек децата претставуваат најголемо богатство. Тие им ја надополнуваат среќата, сепак добро влијаат. :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.804
    Како божем да мора да бидеш мажена, па да си мајка. Ова некој би можело и да го сфати како навреда.
    Мислам дека на секој пар различно му влијае добивањето на дете. Ако многу го посакуваат ќе бидат среќни, нема зашто да не бидат.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Многу нормално, од насловот на мојата тема, во истиот тој контекст сум го придодала тоа дека не сум мажена, па ми дојде така природно да напишам и дека не сум мајка. Лошо сум се изразила , далеку било дека јас сакам да навредам некого.
    Темата е сосема друга, јас зборувам за друг проблем. Секој посакува деца, тоа е многу нормално. Прашањето е - што се случува откако ќе се добијат? Тука започнуваат низа пресврти, се врши нормално адаптација, сега повеќе не се маж и жена, сега се веќе семејство. Во принцип, познавам многу пријателки кои ми кажуваат дека после добивањето на детето, почувствувале оддалеченост од сопругот. А и општо денеска, ретко можам да видам млад, брачен пар кој ужива во животот. Јас прашувам - дали и колку детето има врска со тоа? Не може само - ние го сакаме, МОРА да сме среќни!
    ??? Пријателка ми кажува дека 9 месеци немала никаков интимен однос со сопругот после раѓањето на првото дете, бидејќи целосно му била сконцентрирана на детето (значи свесна е, сама си го кажува тоа, дури и гордо на моменти-што мене ме чуди) и сега е загрижена дека тој можеби ја изневерува. :(
    Дали ова е само индивидуален случај, или навистина мајките претеруваат во таа грижа со детето? Јас - станува ние, ние сега учиме да боиме, ние сега учиме да пееме, јас со ниту една млада мајка кога седнувам, не го споменува сопругот, цело време се зборува за детето. :| Не велам дека е лошо, ме интересира кој како го доживува тој дел. Можеби е најдобро да почекаме да искоментира некоја која искусила мајчинство, во секој случај. ;)
    И повторно се извинувам ако навредив некого. :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    вака јас ќе кажам нешто што прочитав од една статија во весник....едно истражување од некој амерички психолог, имаше врска со воспитувањето на децата..нејсе..и пишуваше вака дека брачните парови кога ќе добијат детенце целото внимание му го посветуваат нему тоа станува центар на светот во нивниот живот..он кажува дека тоа не треба да е така..туку на прво место да си бидат они мажот и жената а после детето..нормално тоа ќе си ја има љубовта на мајката и детето..меѓутоа ако се запостават самите себе настануваат кризи во бракот(меќу кои и неверството), а се тоа после влијае и на детето..
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    :y:
    Ете, на тоа мислев и јас, и токму затоа е темата. ;)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.804
    Па ми запна за око тоа, па морав да си го искоментирам :)
    Не знам дали некој ја Читал тројца во кревет од Кармен Рид, ако не грешам, меѓутоа содржината е токму на оваа тема. И навистина тоа ми остави впечаток, како една мајка се соочува со бременоста и се што следи после тоа.
    Мислам дека има голем процент на парови во таа ситуација. Кога ќе дојде бебето мајката се свртува кон него и дури чувствува одвратност кон мажот. И имам таков пример. Една колешка беше толку поврзана со детето, мажот не го ни погледнуваше, ни знаеше кај е ниту ја интересираше, само детето. И на крај почнавме да слушаме дека бил виден ваму или таму со различни жени. Искрено јас не знам што да кажам за ова, ниту пак можам да кажам јас како ќе се однесувам во таква ситуација. Ама ете времето ќе покаже.
    А некоја од мајките тука може и да си го пише своето искуство. :)
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    i jas go imam citano vo vesnik toa za sto zbruva julie77,i toa majka mi me vikna specijalno za da mi go dade :D navistina e taka,deteto si e dete normalno e deka ke bide sakano,no po ragjanjeto na deteto ne si samo majka,tuku i zena i sopruga i ne smeeme da go zapostavime nitu soprugot,nitu nasiot izgled i nasite potrebi i interesi.toa ne e ubavo nitu za deteto,a ne pa za se ostanato
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.449
    Добивањето деца не е воопшто едноставна работа. Животот ти се менува од корен. Треба човек да сфати дека работите што претходно сами си доаѓале, сега треба да ги планираш. Нема веќе спонатаност, се мора да се планира. И потешко е првата годна, кога бебето се буди ноќе, исцрпена си, не знаеш кога е ден, кога ноќ и слично. После веќе децата стекнуваат навики, и можеш полесно да се адаптираш и да планираш.

    Јас бев (и уште сум) многу свесна за работите што ги напиша Трендафилка, и не дозволив да ми се случи оддалечување со сопругот. Колку и да ми се спиеше, и колку и да бев уморна, наоѓав време да разговарам со него, и обавезно да водиме љубов, барем 2-3 пати во неделата, колку и да бев изморена. А бев многу, зошто многу рано тргнав на работа, немав класично породилно.
    Децата од мали знаеме да ги оставаме кај бабите, да отидеме на кафе, во сабота често и преспиваат кај некоја баба, и тогаш имаме време да се видиме со луѓе, ама и да си посветиме време само за нас. Знаеме за викенд да отидеме негде и без деца. Имавме до скоро и распоред, еден ден преку недела ги чуваше мајка ми за ние да прошетаме (после 9, кога веќе се заспани), мајка му за викенд, еден ден тој сам со другари излаегува, и еде ден јас со другарки. Другите денови имаме дома гости, исто така после 9 :D Во последно време некако повеќе сме дома, ама сепак со гости скоро секоја вечер.
    Сега веќе е друго, децата се поголеми, па не е толку заморно. И на одмор веќе одат и со бабите и дедовците. Навечер си легнуваат околу 9, па имаме време да седнеме, да се видиме, често си пиеме винце навечер (со гости или без :D )и тераме релаксиран муабет.
    Од друга страна, кога ќе се вратиме од работа, максимално сме им посветени на децата, бидејќи и немаме многу време на располагање, па се трудиме барем да биде квалитетно поминато. Си играме дома, ги носиме на лулашки, им читаме книги, зависи од расположение и од временските услови :)

    На темата неверство, човвек што вообичаено не изневерува мислам дека би изневерил само ако дома не му е ок. Во однос на тоа се трудам да сум максимално коректна, да му дадам простор кога му треба, кога не му се прави ништо - не го терам да прави, не го замарам, и се трудам да изгледам ок - значи дома не седам по исфлекани широки тренерки , си купувам убав долен веш и други глупости што ќе ми текнат, и се трудам да не се запуштам (во зима знам да ставам по некое кило, ама во лето ги баталувам :D ). Кога со некој се однесуваш ок, тој го цени тоа и ти враќа со иста мера.

    Морам само да кажам дека многу мразам кога куп мајки ке се соберат и зборуваат за децата, или кога мајката зборува во множина. Тотално неприродно се чувствувам во таква средина. А, да, и не носам слики од децата во новчаник, и не ми се на десктоп :) И не сфаќам што посебно има да му се посветиш на детето? Детето си расте, и среќно е ако е во позитивна атмосфера. И постдипломски истерав со 2 деца (ај да не се зарекувам, да ја напишам прво тезата), па никому не му беше скратено внимание (само мене спиење :D ).

    Инаку имам пријателки кои се раздалечија од нивните мажи, некои ја вратија близината после некое време, а некои се разделија.

    Значи тоа што сакав да го кажам е дека може да се посвети внимание и на детето, и на сопругот, само треба да се вложи труд. Моментално имам страшна хармонија дома, и уживам во тоа, особено што знам дека во голема мера е моја заслуга, затоа што се трудам да направам на сите да им биде убаво, па тоа ми се враќа.
     
    На SV1911, galijan, Libera и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    :clap: Прво едно ГОЛЕМО БРАВО за тебе Ариел, многу искрено, многу реално. Ти се восхитувам и мислам дека ја заслужуваш сета хармонија и среќа на светов.

    Се согласувам со се' напишано, но овие два дела посебно ми оставија впечаток. Многу женети братучеди ми се жалат дека после бракот жените им се запуштиле, и од ден на ден на се поголема жалост, им стануваат се помалку привлечни. :|

    За делот со децата, кога манијачно се зборува само за нив и само за тоа, само јас знам како ми беше на работа со моите 3 колешки :) Некои имаа помалечки дечиња, некои - деца постари дури и од мене, јавување по 5 пати во денот, јадеше ли, облечи се, надвор дува. :^) Просто човек да се засрами, дури и реков еднаш на мајка ми - дај јави ми се барем еднаш, луѓево ќе помислат дека сум сираче, недај боже :D

    Уште еднаш ти благодарам за се' што напиша. Да размислуваа барем половина од младите мајки што јас ги познавам, сега немаше да сме во ситуација да најмуваме професионален следач на сопрузи (под сомневање за неверство). :( Жално, но вистинито.
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.405
    Во контекст на ова, бидејќи уште неможам да зборувам на темава....САМО БИ КАЖАЛА...уште еднаш и уште стопати ако почуствувам потреба...секоја чест Ариел...ти се восхитувам, те обожувам и си ми слика на она што јас сакам да бидам...успешна жена, сопруга, мајка.....браво...се трудам да учам од тебе..... :* :* :*
     
  13. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Големо браво за Ariel :clap: :clap: :clap:
    Пример за тоа каква треба да биде жената. :clap: :clap: :clap:
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    :lol: ...печатна грешка имам направено..љубовта на мајката и таткото.. :)
     
  15. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    А дали некогаш тие твои братучеди се запрашале што тие им понудиле на тие нивни жени ;) Зашто секогаш се поставува прашањето како треба да изгледа жената во бракот па нели сте ги виделе 80% од мажите коишто се во брак дека после 2-3 години свињи по килажа стануваат у брак освен локање алкохо.,мрсно,кафани и слично незнаат друго у живот.Дали тие се запрашале некогаш дали им се привлечни на нивните жени или тоа не се прашува жената мора да трпи каков и да е мажот али важно жената мора секогаш да се приспособува според желбите на мажот и.Колку од нивните мажи им пружиле задоволство на нивните жени кога им се сака у кревет и слично ,а на овие не им се сака.Или желбата на жената не се прашува.За да изгледа една жена убаво и привлечно у брак играат многу фактори пред се материјалниот статус,степенот на образование и подршката од сопругот.Има могу жени и семејства што се на раб на бедотија па на крај памет и е дали ќе носи танга,подвезници и дали ќе се шиша кај Дадар или ќе употребува вибратори у секс.Кога една жена би имала целосна подршка од нејзиниот маж на пример во чување деца,перење,миење,чистење и кога многу често ќе ја одменува во тие работи самата жена би имала и повеќе простор и време да си посвети на самата себе и својот изглед,а не целиот товар да паѓа на нејзин грб и притоа да се бара секогаш да биде разположена за ебење со мажот и.Има и многу жени што раснеле во конзервативни фамилии каде што биле воспитувани дека после бракот нејзиниот социјален живот престанува и дека треба да се посвети на мажот и и децата у смисла дека не треба да си внимава самата за себе туку секогаш да биде исчистено ,исперено,зготвено.Има и многу конзервативни примитивни мажи коишто им забрануваат на своите жени да изгледаат секси и убаво да се облекуваат после стапување у брак поради љубомора и слично.Не е факторот жена пресуден у бракот туку и факторот маж игра огромна улога во бракот.
     
    На Lovely93, GretaGarbo, ancetupance и 7 други им се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.677
    Браво boyfromtown :clap: треба сите мажи да земаат пример од тебе и тогаш ке има помалку постови во темите за неверство и проблеми. Инаку ако сопругата веќе толку се посветува на мајчинството а помалку на сопругот и дотерување па не е на одмет тој да се обиде да ја заведе неа повторно а не веднаш да си бара помлада и посредена
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. riba79

    riba79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    bravo za poslednite 2 posta... :clap:boyfrromtown i violetblue ..zosto samo zenite da bideme na dieta nekogas treba i mazot da bide na dieta :) :) :)
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    :D И ова држи вода и е сосем на место ;) Мажот си е па еден сосема друг аспект во бракот, да не отварам сега тема за некои кои никогаш не созреваат, дома го чека прекрасна жена, а тој се врти по секоја малолетничка и манијачи или на стари години се враќа во пубертет, и со последните пари или подигнат кредит купува мотор на пр. :|

    Јас повеќе сакав да знам од женски агол како се одвиваат работите после добивањето на детето и како мајките балансираат во тој нов однос, а Ариел совршено ни опиша. ;)
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    se e toa ok,no sepak mislam deka zenata treba da se grizi za svojot izgled pred se za licno zadovolstvo,a posle za ocite na mazot i okolinata ;)
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Kaj mene dobivanjeto na prvoto dete ne ostavi nikakvi vlijanija na mojot brak .
    Neznam dali zatoa sto prvoto dete tolku bese mirno sto cesto i zaboravavme deka imame bebe vo kucata.
    Pa taka jas i mojot soprug cesto si izlagavme so drustvoto so koe se druzevme,a tuka bea i babite koi mu se raduvaa na prvoto vnuce ,i mnogu mi pomogaa okolu deteto ...E sega so vtoroto dete se slusi obratnoto ..Od bolnica do doma ,pa uste i mesec dva usta ne zatvori, kraj so kraj ne mozevme da vrzeme .Istosteni ,nespani ipaniceni ne znaevme dali e den ili noc.Prvata nedela se trudev sama okolu deteto ,zatoa sto mojot soprug rabotese na eden proekt, pa samata rabota barase trezvena glava..Posle toa nekako se organiziravme,so nocnite dezurstva ..no vo nitu eden moment ne pocustvuvavme odalecenost eden od drug .Naprotiv deteto povece ne potikna da uspeeme ..i nemavme vreme da mislime na nisto drugo -Sekojdnevno si mislevme boze dali naredniot den ce bide podobarod ovoj denes.Sekoj den ni bese od doma do bolnica i nazad ,se vracavme so zborovite deteto e potpolno zdravo.. a placot ne prestanuvase se do pocetokot na tretiot mesec koga nekako samo od sebe se smiri i za nas se vide bel den.Sega so ovie zborovi sakam da kazam -mozno e vo toj period da ne sme obrnale vnimanie na nasiot izgled ,sigurno ne sum bila sekoj den nasminkana,fenirana ,doterana ,a isto se desavalo i so mojot soprug cesto so pena na liceto trcal od prvi sprat dogore ,....No koj go primetuval toa na taa maka ..vo toj mig deteto ni bese na prvo mesto a se drugo /?????-na vreme
     
    На cecilia и malarusinka им се допаѓа ова.