1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку добивањето на деца влијае врз бракот?

Дискусија во 'Брак' започната од Trendafilka, 20 април 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене во почетокот ми беше шок затоа што добив две наеднаш, уште не родени се прашував како и што ќе правам, уште неродени ми идеше да избегам хаха, затоа одма ја резервирав баба ми да дојде и седи овде со мене, не мислам дека направив грешка затоа што во почетокот стварно ми беше потребна помош околу сета новонастаната ситуација и две бебиња кои си плачат и незнаеш што да им правиш. Кога си отиде баба ми и целиот товар падна на мене 24/7, уште тогаш ја купивме куќата која се реновираше, мм од работа одеше да работи на куќата, јас бев 24/7 на милост и немилост оставена сама, сред лето во најголемите жештини.
    Денот во текот на цел август месец како што си дојдовме од Мк без баба ми, ми се состоеше од станување у 7, па тинтрање нив двајца додека да им погодам што сакаат, додека ги смирам малце трчам да им спремам појадок и ручек, додека појадуваат ручекот им се вари, одма ги спремав и таму околу 10 ипол тргнувавме во поход, со цела покуќнина, со се тенџериња лонци и поклопци да шетаме, оти единствено мирни можев да ги задржам во количка. Надвор се ручаше, надвор се вечераше, дома за спиење во 8 доаѓавме, утредента јово наново. Тој период малку ме раздрма, додека се прилагодив и помирив дека сум сама со нив, после полека им воспоставив режим, сега точно се знае кога се појадува, кога се преспива, кога се руча, кога се легнува навечер. Не дека се оддалечивме месец дена додека се случуваше таа транзиција, ама приметив дека сите бевме растргнати на своја страна, мм со своите обврски јас со своите околу децата, нешто и немавме време да размислуваме за нас двајца. После режимот како што кажав, се се врати во нормала, за месец, месец ипол. По денски ги оставам да си играат, гледаат цртани, ги учам да не бидат лепенки со мене него што више да се самостални, тоа е единствен начин да си потерам работа, измијам садови, спружам алишта и сл, а и тоа подобро за нив. Така што денски кога ќе си ги решам обврските околу нив и куќата, во 8 кога ќе ги ставам во кревет, после тоа време е за мене и мм, таму до 11 додека не заспиеме и двајцата. Нешто многу не се потресувам околу тоа дали е растурено, битно ми е да е чисто, а дали ќе стојат играчки сред соба исто ми се фаќа, сфатив дека нешто мора да трпи, или дома да биде растурено а деца и маж задоволни, или дома да гланцам секој ден а навечер мртва со се децата уште у 8 да заспијам, па да ми трпи бракот. Не е лесно и по деца да трчаш цел ден, и да им готвиш, храниш, успиваш, смируваш кога ќе плачат, и да гланцаш по дома секој ден генерално, а навечер да останеш буден после 8 и тоа со желба за интима. Така што гланцањето секојдневно јас го одложив за некои посреќни времиња.
     
    На Mantisa, happygirl, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Од моментот кога се роди син ми јас и маж ми на самиот почеток од неукост се препотувавме у буквална смисла на збор, течеше пот, имавме халуцинации во текот на еден ден бидејки не спиевме, или спиевме 2 часа. У истиот тој момент плачевме за сон, другото може ама и не мора да биде фактор, односно на нас не е оти бебе не можам да споредам со она јас да се излежавам в кревет, да се тегнам, филм да гледам, да шетам низ светот, да шопингувам, да се дружам итн..тоа е втор избор и желба. А тие моменти ќе ги имаме и пак во животот ама моментот бебе и тешките маки нема да ги имаме а ќе ги посакуваме, оти искрено се се враќа ама преубавиот период бебе не се враќа.
    Сметам дека организираноста и поставениот куќен ред е многу битен фактор во мајчинството.
    Дур се спроведе е потешко, ама после е се полесно а и ние се навикнуваме. Не носи тој момент, таа мисла и тоа чуство, најмилото.
    Ние си имаме ред, ред за ручек, ред за ужина, ред за спиење, ред за шетање итн..
    Сметам дека е многу и дека полесно кога човек ќе се организира според потребите на бебе.
    Па затоа по дифолт се оставам на второ место и да почека во соодност со мајчинството.
    Јес да милион пати ќе покукаме, ќе попсујаме .. ама тоа е животот тие пресреќни моменти се неспоредливи со нашите глупи моменти низ животот.

    Битен фактор за мене е да оставам потомство, нешто што ќе ме радува и гордее кога ќе остарам и ќе немам воља за ништо друго освен за деца и внуци и тоа ќе биде универзумот и радоста на стари години во споредба со тоа да останеш сам, па и кафето и патувањето низ малдивите нема да ти е тоа тоа ако не можеш да осетиш љубов, емиција и радост на златни раченца и очиња.
    Сметам дека сите бракови имаат тешки периоди и кризи, непроспиени ноки и денови кога сакаат раат, ама се тоа поминува, поминува толку брзо што одеднаш остануваш пак со бракот, со излежувањето и со сериите со себе.. а периодот брак со новородено бебе и тоа чуство заминува.

    Дали влијае бракот?
    Влијае, ама на подобро. Во смисол на куп заеднички моменти со најмилото, играње, пеење, радување и смеење на секое едно нешто ново што ќе го научи, и болката е дел од се ова, па се кршиш и доаѓа момент да го корнеш срцето за него. Оти се ти е оно. Ништо поубаво за еден брак и за едни родители оформени од љубов нема од чисто миризливо и кревко бебе, од тие моменти со него, од помислата дека сте го створиле од љубов, личи на вас и е од вас, дел од вашите две души споени во едно.

    За мене е се ова поим за влијание на децата во бракот.
    Поим за поисполнет и високо квалитетен живот.
     
    На Mantisa, Филотеа, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    MATTHEW JOHNSON -професор по психологија на Државниот универзитет во Њујорк има своја теорија која вели :,,Ако саката среќна и долговечна заедница, да прославите златна или бар сребрена свадба-немојте да имате деца,,

    Тој е против создаваниот мит со години наназад, дека децата се круна на брачната среќа.

    Цитирам: ,,The birth of a baby changes the family dynamics and the way the couple communicates. Partners usually get away from each other and invest their energy in the baby. Their daily activities are reduced to feeding, swimming, walking or taking a child to kindergarten, park or sports training. And the partnership relationship suffers because the wife becomes a mother, and yesterday's passionate lovers are exhausted with a chronic insomnia, they have less time and will for intimate relationships. Partners who sent each other erotic messages to the birth of a baby, now mostly remind each other that they do not come back from the store without tea for cramps and creams,,

    Раѓањето на бебето ја менува динамиката на семејството и начинот на кој двојката комуницира. Партнерите обично се оддалечуваат еден од друг и ја вложуваат својата енергија во бебето. Нивните дневни активности се сведени на хранење, капење, шетање бебе или носење на дете во игротека, парк или спортски тренинг. Партнерството страда поради тоа што сопругата ќе стане мајка, довчерашната страсна љубовница има хронична потреба за сон, се помалку и помалку време и склоност да има интимни односи. Партнери, кои си праќале еротски пораки до раѓањето на бебето, сега во голема мера наликуваат еден на друг и од продавница нема да се вратат без чај за грчеви и креми,,

    Честопати од млади брачни парови ја слушаме истата приказна- дека до доаѓањето на бебето било се во ред, но после се смениле работите на полошо.

    Која е вистината ?

    Модератор: Споена дупла тема
     
    На crazylady, Bender Rodriguez, Rabbit и 4 други им се допаѓа ова.
  4. majstore

    majstore Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2017
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Машки
    Хм.. интересна тема, баш би сакал да ги чујам искуствата на другите за темава, моето искуство е исто како и цитатот. Се нема повеќе време за интима, блискост.. можеби е само период но баш ме интересира оние со поголем „стаж“ во бракот да го кажат своето мислење
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Текстот е во голема мера вистинит што се однесува на ситуациите опишани.
    Да, фокусот оди на детето, да, се нема толку време и енергија за односи, да, има повеќе расправии и најчесто за банални работи.

    Но, комуникацијата помеѓу партнерите е клучна. Јас и маж ми имаме меѓусебно разбирање за сите наведени работи погоре. Секогаш сме отворени и зборуваме за работите. Знаеме и дека периодот кога се толку мали и имаат толку голема потреба од нас е минлив. Двајцата доброволно и со огромна љубов го ставивме фокусот на малечката. И сме среќни со тоа, зборуваме и си се жалиме еден на друг кога сакаме нешто да направиме, а не можеме, интимните моменти гледаме да ги бутнеме каде можеме и кога можеме.

    Пре би рекла дека децата не влијаат добро на бракот и доаѓа до разидување кога партнерите не се на иста страница, кога едниот го става детето во преден план, другиот тера по старо, кога повеќето обврски паѓаат на едниот и се создава незадоволство, кога комуникацијата затајува...
    Тоа може да дојде и по некоја година брак, да се тргне по одделен пат, само интересите да се различни, не мора да е дете во прашање.
     
    На Majjja, Mimmi39, tambelina и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Рефке, бриши едно „а“ во насловот.

    Сега на темата - не, не мислам дека децата се причина за разградување или распад на еден брак.
    Сигурна сум дека повеќето на одредена возраст сме свесни што сакаме од животот. И затоа мислам дека е клучно во брак да се стапи со човек со кој делите исти очекувања кога е во прашање животот, иднината, староста. Барем искуството тоа ми го покажа, а не е некое големо.
    Во спротивно, со или без деца, бракот е осуден на пропаст.

    Факт е дека семејството пред и после деца не е исто. Не е исто ни после едно или две, па и три деца, секое едно дете ја менува динамиката на функционирање. Ако двајцата партнери се сложат дека подеднакво треба да се посветат на децата и семејството, односно да ги делат обврските, мислам дека нема да има проблеми во функционирањето. Децата секогаш се на прво место, ама и партнерот заедно со нив. Јас лично не ги делам, сите тројца ми се на прво место, а после доаѓа се друго. После осум години брак и две деца, засега успешно функционираме, понатаму како ќе биде, ќе видиме.
     
    На Цвет88, tambelina, M&M и 24 други им се допаѓа ова.
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Во брак сме скоро 8 години и имаме 3 деца.
    Животот би го дале за децата, тие ни се на прво место,но ДА најчесто и тие деца се причина за караниците и несогласувањата во бракот. Никогаш не сме дошле до таа точка да размислуваме за развод или заминување дома кај моите или тој кај неговите.
    Знаеме да се поткараме околу децата, најчесто " Почувај ги да го испијам раат кафето", "Занимавај ги да дремнам малку на кревет", Расчисти и собери ги играчките низ дневна... и сл. ММ оди на работа сменски, ама штом се врати цело време е активен околу децата.Знаеме и тој и јас " фатиме" малку кривина, т.е. да поседиме во ВЦ 10-15 мин, (божем пролив или запек имаме) :) да излеземе до маркет "брзински" (30 мин.) да пазариме, мора некоја (небитна) работа баш тогаш да се заврши во град ... многу трошам пари :) и сл. Сево ова свесно/несвесно го правиме колку да се издуваме малку, т.е. да украдеме некоја минута да бидеме раат, т.е. без опкружувањето од децата.
    Но знам дека ова се банални работи и СЕКОГАШ кога ќе заспијат децата барем час-два одвојуваме за нас. Дали да гледаме некој филм, дали да си помуабетиме, мезиме нешто, или споделуваме интимности.
    Верувам во нашиот случај за 3-4 години да ни потпораснат децата би имале речиси совршено семејство и совршен брак.
     
    На tambelina, crazylady, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  8. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    10.084
    Во темата клучен е моментот што оваа генијална идеја ја добил маж- проф Метју. Мое мислење е дека во заедница каде што мажот и жената ги делат обврските и координирано функционираат нема простор за некој да се чувствува запоставен. Многу голема и опширна е темата за односот меѓу мажот и жената пред и после добивање деца. На кратко ќе кажам дека многу мажи мислам дека се согласуваат со професорот што според мене врска нема од животот. Не сакам некого да навредам ама според мене семејството не е комплетно без деца, децата се алаката која ќе ги поврзува родителите до крајот на животот, не синџирот кој ги држи одвоени. Само незрел и неизживеан маж би можел да помисли дека детето го двои од неговата сопруга, треба да е среќен што има партнерка што е посветена и пожртвувана мајка. Бракот, врските како и животот постојано се менуваат, еволуираат и многу е нормално да влегуваат во нови циклуси со различна динамика. Довербата, заедништвото, попитта и љубовта се тоа што ќе ја одржи врската и тогаш кога физички не можеме да се посветиме на нашиот партнер.
     
    На baby-star, crazylady, Makedonka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Oд една страна се согласувам со теоријата на професорот,од друга не ја сфаќам поентата на бракот без деца.
    Ако не сме сакале деца,сме можеле само да живееме во заедница и толку.
    Точно е дека децата си носат огромен товар и одговорност и најчесто заради тоа доаѓаат кавги и несогласувања во бракот,меѓутоа тие се најголемиот столб на семејството,производот од љубовта меѓу партнерите.
    Љубовта е клучна.Со неа секоја пречка е минлива.
     
    На Majjja, crazylady, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.571
    Пол:
    Женски
    Секој брак без разлика има падови и подеми.Децата спојуваат повеке не раздвојуваат.Само малку трпение мегу партнерите на почеток треба додека се помали.Но за нежност и интима секогаш се има време ако се сака.Ако опстане љубовта во тие год додека се мали децата кога ке потпораснат станува мн поголема.15 год во брак ,две деца и сеуште секој момент го користиме за нас ,дури и љубовта е поголема
     
    На crazylady, M&M, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Децата се поентата на бракот и целта на животот. Тој професорот, намерно тера пропаганда, или не доразбрал нешто - од хедонизам не се живее.
     
    На baby-star, M&M, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Децата се плод на љубовта. Со доволна посветеност, почит и разбирање, бракот ќе цвета макар и со 5 деца.
    Што им фали на нашите родители, баби и дедовци? Дали нивниот брак се распаднал по раѓањето на децата? Одговорот е НЕ.
     
    На crazylady, referentka, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Разградување на бракот може да се случи од повеќе клучни аспекти.
    Брачната заедница е изградена од маж и жена врз основа на зеднички погледи, интереси и потреби. Тоа што некогаш ги соединило партнерите, низ временската рутина може да претрпи неочекувани промени и да биде причина за разделба. Психо-емотивната зрелост има голема улога во одржување на бракот и го вклучува моментот на проширување на семејството.
    Влијанието на потомството врз брачниот однос не сум го искусила и не можам да коментирам.
    Меѓу "треба" и реалната слика постои голема подготвеност за компромис и толеранција што не секој е способен да ја разбере и примени.
     
    На crazylady, Konfetka, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Текстот има поента дека децата можат да придонесат кон распраѓање на бракот ама тоа не е генерално правило тука зависи од тоа како ќе се справат споружниците со новите обврски. Точно е дека жените кога стануваат мајки можат да заборават дека се и сопруги и се да се врти околу детето, мислам секојдневно гледаме на фб како мајки ставаат по 256 слики дневно од децата, зборуваат и пишуваат само за децата , така да јасно се гледа дека сопругот не е на исто рамниште со детето туку неколку подолу, па мислам дека од таму може да започне и почетокот на распраѓање на бракот и разидување на сопружниците. Не го сфаќам текстов како правило и дека мора да е така, ама има поента и може да дојде до тоа што го навел професорот ако не се стави баланс помеѓу улогата мајка/татко и сопруг/сопруга.
     
    На tambelina, crazylady, Bescheiden и 4 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Малце иритира фактот што човекот се изразил ко децата да се проблем па затоа бракот повеќе не е во полн сјај. Точно е дека од корен се менува секојдневието и дека страста не е иста ко претходно но првото е нормално кога има уште еден член кој сам не знае да јаде пие спие а второто е сосема нормално и кога се нема деца а сте долги години заедно. Пак ќе кажам не ми се допаѓа тоа-не раѓајте деца за среќни да сте. Бракот т.е. детето треба да е украс на бракот. Да го разубави . А не да звучи како сопка.
     
    На baby-star, tambelina, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме од севкупните проблеми во партнерските односи тогаш децата испаѓаат криви секогаш и за се. А ипак ќе речат возрасните децата што се криви? Се сакале се зеле родиле деца и бракот не е ист. Или се омажила морала останала трудна и пак детето криво. Се е до психата на луѓето. Тоа што се се менува одкако ќе се роди детето не е причина за разидување во бракот. Ако партнерите се емотивно поврзани ниедна нова навика не би ги разделила. И што фајде јас да се омажам и да видам "среќна" ако немам деца?
     
    На M&M, Vitaly, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Децата се само дел од приказната. Добар брак го зацврстуваат, нестабилен, можат да го урнат.
     
    На st2007, tambelina, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.298
    Кога ќе дојдат децата у бракот, тек тогаш ќе укапираш со кого си зел краставици да садиш...Дали партнерот/ партнерката уопште знаеле шо е тоа и кои се последиците, обврските, жртвите од истиот...Дали уопште се психички зрели и способни да се сносат со истиот...

    Децата ама баш за ништо не се криви.
     
    На tambelina, SandStorm, ALISA0000 и 34 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    Ова е многу точно.
    Ама важи и за жената и за мажот.

    Ама во голема мера бракот после децата зависи и од очекувањата на брачните другари.
    Штом теретот падне на едниот од нив,тогаш почнува незадоволството и расправиите.
     
    На tambelina, ALISA0000, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    Колку што знам, ниту еден брак не се распаднал поради децата.
    Сеуште не сум чула: децата ни пречат и се отсакавме.
    А и да нема деца во бракот, ако не го негуваш,ќе се распадне.
    Ја орворив темава за да чујам и туѓи мислења.
    Искрено, не очекувам некој да пише пост каде ќе образложи дека децата им го разградиле бракот,зашто е премногу срамно,иако често се случува од кога ќе дојде дете да се заладат односите меѓу партнерите.
    И нормално е да е така бидејќи целото внимание е посветено на детето и тоа е така додека се вдоми,па и тогаш неговите потреби се пред потребите на родителите.
    Да не се лажеме дека се е по старо и дека цвета љубовта и страста со бебе меѓу нас.Но, бракот е заедница во која се ствара поколение и секој зрел човек ќе сфати дека животот зема друг тек.
    Точно е дека ништо веќе нема да е како порано.Може само во ретките слободни мигови да симулираме.
    Се разградува и се распаѓа бракот меѓу незрели партнери кои несакаат да прифатат обврски.
     
    На Ivan4e04, Bender Rodriguez, Dust и 9 други им се допаѓа ова.