Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и колку добивањето на деца влијае врз бракот?

Дискусија во 'Брак' започната од Trendafilka, 20 април 2010.

  1. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Не мислам дека децата го разградуваат бракот. Како што и други пред мене споменаа, сметам дека бракот го разградува односот на партнерите по добивањето деца.
    Одбегнувањето на одговорност, пренасочување на теретот само на една страна (најчесто на мајката), слободата што (најчесто татковците) ја имаат, бидејќи нели, само мајката е родител

    Сметам дека баш после имањето деца на виделина излегуваат сите маани што партнерот ги има, а за кои претходно се замижувало
     
    На bittersweet, Dadusicka, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.194
    Допаѓања:
    148.261
    Пол:
    Женски
    Кратко кажано мое мислење: Ако партнерите си наоѓаат " причина " за кавга, ќе ја најдат и со и без деца. Секогаш за се има простор за договор. Мое сфаќање: Која ми е целта на животот ако позади мене не оставам потомство?
     
    На mal.ecka, zuto, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.966
    Допаѓања:
    267.832
    Кога се има дете затоа што - така треба, време е, долго време сме заедно - мора нешто да направиме...
    веројатно ќе се распадне бракот, врската, односот.. што да е.

    Децата не се причина за ништо лошо - ама погрешните причини за имање дете и те како уништуваат и брак, и врска, и живот на тоа дете.

    И имањето дете не е работа само за еден. Мајката станува мајка, но и таткото станува татко.

    Ако само мајката се жртвува и е само таа посветена на грижата за децата, а мажот го третира како најстар син, веројатно ќе имаат проблеми. Затоа што не е само едниот родител.
     
    На candy.cane, tambelina, crazylady и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Факт е дека по добивањето на дете животите на партнерите комплетно се менуваат, обврските се зголемуваат а слободното време скоро и да го нема. Но тоа не проблем кој би требало да влијае на бракот доколку партнерите знаат како да се договорат меѓусебно и да си ги поделат обврските. Секој оној кој сака да остави свое потомство кога-тогаш мора да помине низ онаа критична фаза кога детето е мало и целосно зависно од родителот и грижата за него е сосема нормален и природен процес. Проблемите најчесто настануваат кога станува збор за некој маж-легач со заостанат став дека целиот терет околу грижата за детето и исполнувањето на домашните обврски паѓа на грбот на жената што не е можно во време кога најчесто и жената е таа која е вработена и рамноправно придонесува со финансии. Можеби во минатото жените ги исполнувале обврските самостојно ама чиста вистина е дека мнозинството немаат ден работен стаж и сите материјални потреби ги обезбедувале мажите. Исто така, мешањето од страна треба да го ограничат и колку што е можно повеќе самостојна да си ги исполнат обврските без да чекаат помош од баби/дедовци затоа што на сите страни сме опкружени со примекога нештата пукаат кога некој од страна иритира со непотребни совети и своеволно однесување како детето да е негово.
    Се зависи од односот на партнерите и од тоа колку умеат да си го организираат секојдневието и да си помогнат еден на друг. Доколку секој си го исполни својот дел и си остане на договореното,тогаш детето би требало да ја зајакне а не да ја разгради врската.
     
    На tambelina, crazylady и LadyC им се допаѓа ова.
  5. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Ниедно дете не побарало да биде родено и да дојде на овој свет. Детето како изговор за неуспешен брак на мене ми звучи патетично. Неговото раѓање ги менува работите од корен но задача на родителите (и двајцата) е да се приспособат на новата ситуација и да создадат систем кој ќе функционира за нив. И тој систем ќе се менува како што расте и се менува детето и неговите потреби.
    Речиси сигурно ќе има вакви или онакви периоди, но дете не може да биде изговор за нечии погрешни проценки или одлуки. Основа на стабилно семејство е стабилен брак.
     
    На crazylady, Роберт 7, LadyC и 11 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Децата можат да ја разградат романсата, а бракот е измислен со цел 1) заедничко одгледување на деца; 2) решавање и склучување имотни/статусни прашања и спогодби.
     
    На crazylady, LadyC и marchi-cool им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.209
    Допаѓања:
    181.354
    Пол:
    Женски
    Накратко: романсата во бракот се враќа кога детето ќе ја преспива цела ноќ :lol: :$ Сакам да кажам, дека и родителите се наспани и кавгите се сведуваат на минимум :nod: Зборам за брачни другари кај кои претходно немало: ова е работа на мајката/таткото.
     
    На happygirl, TeddyGrey, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Верувам дека статистиката врз која е базирана тезата на професоров е точна, но мислам дека малце ја утнал работата во толкувањето на податоците.

    Верувам дека паровите кои дочекале сребрена или златна свадба без да имаат деца се навистина среќни. Зошто?

    Затоа што откако ќе се установи дека нивниот брачен партнер не може да има деца најголем процент од луѓето се разведуваат и си наоѓаат партнер со кој ќе имаат деца. И поради тоа, оние луѓе кои одлучиле да останат заедно иако нема да можат да имаат деца се луѓе кои се навистина среќни еден со друг и таквите дефинитивно ќе дочекаат и сребрена и златна и платинеста (is that a thing? :D) свадба.

    Со други зборови, статистиката е во прилог на долговечните бракови без деца баш затоа што се ретки – браковите кои се распаднале поради немање деца (а таквите се поише од оние кои опстојале без деца) не се опфатени со неа.

    Од друга страна, верувам и дека голем број на бракови се распаѓаат по раѓање на деца. Но не толку поради самите деца и обврските кои го придружуваат нивното „доаѓање“ во семејството, туку ради тоа што многу луѓе раѓањето на дете го користат како сенаменски лек за сѐ што не е во ред во врската.

    Не сака да се омажи/ожени со тебе? Напрај му дете! Бракот ви е нестабилен, слабо комуницирате, се сомневате дека ве изневерува, се плашите дека ќе ве остави? Напрај му уште едно дете! И така натаму.

    Ваквите бракови, во кои децата се користат како решение за некој друг проблем (а ги има поише од што некој би очекувал) се токму тие бракови за кои збори проф. Џонсон – браковите кои се разградуваат после раѓањето на дете. Не затоа што детето само по себе е проблем, туку затоа што неговото раѓање само ги нагласува и потенцира проблемите кои и претходно постоеле и кои, иронично, раѓањето на истото требало магично да ги реши.
     
    На candy.cane, tambelina, FVP и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Моите родители дочекаа сребрена свадба а ме имаат МЕНЕ.
     
    На crazylady, LadyC и M&M им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Ниту го знам тој професор, психолог, што ли е, никогаш не сум чула за него, ама ќе кажам да си ја пикне дипломата у дупе.
    Ебати среќата во еден брак каде што нема деца.
    Толку од мене, друго не ми се пишува и ниту сакам да образложам зошто....
     
    На crazylady, LadyC, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    ДА ако за секој проблем што ќе се јави околу детето го обвинуваш партнерот наместо заедно да седнете и да ги решавате проблемите. Тоа е само дете и ќе порасне и вака и така но тие расправии без причина се многу иритирачки- кога и самиот си родител на тоа дете треба да си свесен дека болката за него е иста и не може едниот родител повеќе да се грижи од другиот. Кога родителите би биле здружни во одгледувањето на детето само тогаш тоа ќе биде среќно семејство. Значи генерално децата се радост во бракот се додека едниот родител не почне да се прави попаметен и да го потценува другиот поради детето.
     
    На LadyC, Martka и simonka93 им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.682
    Допаѓања:
    149.075
    Пол:
    Женски
    @WildMk najkratko i najjasno si kaza i potpolno se soglasuvam.
    Od brakovi koi ne opstanale na luge koi gi poznavam nikade ne bila pricinata decata.
    10g brak i 2 deca, ne sum pocustvuvala moment na razgraduvanje. Umor, iscrpenost, nemanje mozebi dovolno vreme nekogas za nas, no koga ke poglednam nazad ne mi fali nesto mnogu od toj period veke. Dovolno dolgo bevme zaedno i bez deca, super bese i togas super e i sega so site prednosti i mani.
     
    На crazylady, Martka, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Многу црно-бело ги гледаш работите. Ралноста е некаде измеѓу...
     
    На Nightwish11, crazylady, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Ви ги прочитав мислењата и се согласувам дека децата воопшто не се причина за лош брак, туку токму однесувањето на партнерите откако тие деца ќе дојдат на свет. И некогаш колку и да си бил сигурен дека со партнерот сте на иста бранова должина околу обврските што доаѓаат со чување, нега, воспитување на деца, и покрај тоа и поделбата на обврските оклу куќата и сл.. едноставно никој од двајцата до вчера не се нашол во таа улога и битното прашање е кој колку ќе успее да се прилагоди на новонастанатата ситуација. Лично мене, прв пат ми прелета мислата за развод баш откако се роди детето. Партнерот едноставно се изгуби во сите тие обврски. Кога си дојде при себе почна повеќе да се вклучува, но не доволно. И да не ширам многу, едноставно од него очекував повеќе. За мене, недоволно вклучување во обврските околу домот и децата се доволно добра причина за развод. Зошто? Од преголеми обврски доаѓам до точка на прегорување и фрустрации и не гледам причина зошто тоа би го трпела. Извини и јас имам здравје за чување, а децата не ги правев сама. Заклучок: ако двајцата партнери не се доволно зрели за деца и обврски, нека не ги прават.
     
    На Nightwish11, Lolipop23, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    39.478
    Интересна тема.
    Не мислам дека го разградуваат освен во случај на смрт на дете или дете со тешка болест и одредени посебни потреби.
    Но стојам на тврдење дека некои луге не се скроени за родители, иако со труд се се подобрува и ако некој не сака, не треба под притисок да има деца.
    Јас имам едно и како единец многу е упатена на нас, така што треба енергија ем за дружење ем за воспитување ем за време за нас со маж ми сами..напамет не ми падна да родам второ за да има друштво. Себично или не, така мислев-така направив
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.290
    Допаѓања:
    170.721
    Бракот не ми го разнишале децата туку мажот што глуми ерген и сите обврски паѓаат на мој грб
    Кај мене се ствара револт ,незадоволство и ја снемува љубовта,тој човек ти е само терет низ животот
    18 години у мрак хммм брак дее

    се земав у прво лице за мене пишев да не се осети некој трет навреден
     
    На tambelina, Love 83, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Mojot maz e nekoja cudna kombinacija na coece.
    Tivok povlecen, eden zbor eden altan.
    Koga e toj lut ili nervozen podobro ne mu zbori i ne go provociraj nisto ne mozes ds izvleces,koga ke mu pomine ke si ja kaze makata.
    Okolu obvrski doma, dvajcata imame dinamicna rabota, znae da e na teren i po 2 3 nedeli(togas celo trcanje e moe, deca skolo,kursevi, rodendeni...i slicno) no,koga e doma toj gi nosi raznesuvsla, pobrzo gi zema od skolo, pravat jadenje duri da dojdam i slicno.
    Ne sum pomislila deka ni go raznisale brakot, zasto premnogu sme vlozile vo nasiot zivot ( mnogu god se vo prasanje),gledame da si pomogneme od sekoj aspekt i vo sekoj mozen moment...
    2 pati do sega se slucilo da moram da odam poseriozno po lekari, ne me ostavil nikogas sama, zemal denovi od rabota za da mi pomaga ne me ostavase nisto da fatam( se bese na nego)...koga se vrakav od bolnica so trite deca:o;), zemal odmor sekogas,drugite obvsrki na nego, jas da ne se opteretuvam...
    Si imame momenti koga mozeme da se zadavime,koga znae da se luti po 1nedela,e togas razmisluvam dali veke pominala ljubovta i dali saka da se razvede!?
    Na kraj ni mene moze drug doprva da me uci a pa sto vika i mm nikoj nemoze da me trpi, Gospod si ne namestil da si se cuvame i gledame(taka rece popot:*).
    Decata se dar i pravat prekrasen most vo zivotot na majkata i tatkoto, kolku i da se osekame bespomosni nekogas nivnite mali racina i ocite so voshit ne vrakaat vo realnosta, ednostavno ne se unistuva taa vrska.:l::l::l::*:*:*:*:*:inlove::inlove::inlove::inlove::inlove:
    In love:rofl:
     
    На marchi-cool и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  18. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    За тие што не биле спремни за деца во брак и сите обврски кои произлегуваат од имањето и воспитувањето деца, нивната појава во бракот знае и да биде причина за распад на брак. Знам такви примери и колку мене да ми е тоа чудно и несфатливо сепак ги има.
     
    На crazylady и PeachGirl им се допаѓа ова.
  19. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Јас пред да станам мајка никако не можев да разберам како некои се развеле, а само што добиле бебе.. Прави бебе 3 месеци и оп, тие се разведуваат. Никако, ама баш никако не можев да разберам. Но, сега сѐ разбирам и се ми е јасно.
     
    На Leonessa Moon, Nightwish11, NEA и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Затоа е многу важно партнерите да имаат исти интереси во бракот, да имаат исти желби во поглед на имање на деца. Јас знам за случај каде што после бебенце тој си замина дома кај мајка му од нивниот заеднички стан. Таа беше многу разочарана, ама со тек на време се зближи со пријател од нивното друштво, се случи втор брак и со него дечиња и живеат прекрасно со детето од првиот брак и нивните заеднички. Среќни се дека делат заеднички гледишта и желба за имање и воспитување дечиња.
     
    На Leonessa Moon, PeachGirl и crazylady им се допаѓа ова.