Не може детето да е причина за растурање на бракот. Имало други проблеми од претходно, па обврските околу детето нагло го влошуваат проблемот. Ако се е добро, ќе се разберете без разлика дали има деца или не. Кога нешто не е во ред, и да немало дете кога-тогаш ќе пукнела тиквата.
Децата можат да бидат причина за растурање на брак само на себични луѓе, на личности кои се гледаат само себеси и кои несакаат да преземат никаква одговорност во животот. Таквите луѓе забораваат дека ќе дојде денот кога ќе нема кој вода да им подаде
Колку бракови ги знам што се заедно ради децата. У уста соба неможат да се смислат мажов и женава. Али што ќе каже народ, нели.
Не е толку до што ќе каже народот, колку што е дека жената финансиски и станбено е зависна од мажот. Нема ни свое, ни па каде да се врати ако од таму замине.
Со мм пред брак бевме 7 години во врска. Кога се роди син ми мислам дека ми беше најтешката година и мислев дека ќе го оставам во тој момент, е до толку ми беше. Ама кога хормони ми се средија, кога јас си фатив некој ред се ми се промени. Искрено јас си бев научена дома да ми е пиц пец под конец, а со бебе и не може секогаш да ти биде па си создавав дополнителен стрес и покрај тоа што мм ми е трета рака во се. Ми помага и во домот и за син ми, всушност не ми помага туку се заеднички кога има време затоа што тој многу работи а јас сум невработена. Првата година со прво дете е најтешка, плус ние се сами си работевме не се потпиравме ни тогаш а ниту сега со баба и дедо сервис. Кај нас нема однеси кај баба да дремнам или ќе кажам на мајка ми да ми направи ручек немам време јас. Кај нас е се заеднички дури кога можам и јас во неговата работа помагам, е сега што сум пицајзла што сакам се под конец тоа не можам баш да го сменам ама маж ми ме трпи и знае дека и крпа оставена на работна маса ме вади од такт па некои работи си ги премолчуваме и сме прилагодени еден на друг. Бебе или дете не растура брак, не верувам во тоа освен ако е растурен веќе пред да се добие дете, причина децата можат да бидат за некои ситни кавги кои верувам скоро секаде ги има околу воспитувањето на децата. Е сега со дете и плус 5 години стаж во брак не би го сменила маж ми никогаш освен ако фати некои криви патишта, ама не ми доагаат црни мисли како кога се породив кога се нешто ми фалеше и го имав "најлошиот сопруг"
Мене ми е многу страв од коа ќе се породам да не не добивам помош од мажот, да почне да ме вара. Од овде шо сум ве читала, сфаќам дека првата година немате време да трепнете, да се избањате и средите како шо треба, камоли за нешто повеќе. Ми е страв да не се деси пред детето да дое да ми обеќава дека ќе е до мене, дека ќе помага во сѐ, и после коа ќе се роди дететода го нема нигде. Или па во првите месеци, ако неаме секс, пошо не мислам ако се породам природно одма секс да иам, а нема ни да ми биде до тоа сигурно. Да не фати да ме вара. Не за друго, ја за разведување ќе се разведам. Ама која е поентата на брак и дете, ако после пораѓајот сѐ е на жената, а мажот нишо не праи. Мислам ми е страв самиот да не се смени постепено. Пошо мислам дека мажите не се толку свесни шо значи да имаш бебе, која грижа е тоа, колкава пожртвуваност бара
Повеќето и не се свесни реално. Плус тоа, мажите во регионов се научени дома мајките да им слугуваат па после истото го очекуваат и од жените. Се гледа тоа уште во старт. Затоа не треба да се брза. Дури најубаво е и да се поживее некој период заедно пред брак па да се види најдобро кој каков е и колку е посветен на обврските. Е сега ако се погоди некој кој умее вешто да се преправа и да глуми до остварување на целите тогаш нема друг избор освен развод. Да сум сакала да бидам слуга ќе сум одела и ќе сум го работела тоа барем за плата.
Мене тоа ми е страв мац Пред детето да е сѐ супер, да е ентузијастичен за помагање, за влагање во фамилијарен живот. И кога ќе дое детето да почне друга песна. Шо не е убава. Да очекува дека на мајката паѓа поголемиот товар, да очекува секс после цел ден неспиење, средување по дома, па тоа да си провлече нешто друго Мислам дека начисто би полудела Да носам дете 9 месеци, и на крај да ме дупи некој коњ. Има да го задавам ко зајче
Сепак мислам дека таквите неможат да издржат со глумата подолг период. Ќе си го покажат правото лице уште во врска. Затоа не треба да се брза и поделба на обврски обавезно. Оти реално и жени има што угодуваат дур се омажат па после Цацко им е крив, ќе се жалат како е се на нив. Увидиш ли дека нешто не штима, го баталуваш пред работите да станат сериозни. Тој што е таков, не го мењаш више на 30 години.
Не се сеќирај, не се плаши!Недај Боже такво нешто, не имаш нас тука ќе се ангажираме една ќе го следи,друга ќе ти почува бебе ти да одмориш да се средиш,трета ќе чисти,ќе зготви јадење.Еее за таа другата работа ваљда до толку ќе си одморена(се шегувам).Навистина мислам на секоја девојка и е тој страв кога чита и гледа секакви случки.Нема тоа правило ако сте биле долго во врска дека ќе биде ист така во брак.Се менуваат некои на полошо, некои на подобро се зависи каков карактер е и колку сериозно ја сватил Институцијата Брак и дека утре треба да се вложува себе си повеќе од претходно(љубов,почитт,внимание,финансиска стабилност,помош во домашни обврски, за бебе, дете,да и биде на својата сопруга најдобар пријател да се има разбирање и др).Ти викаш опасна си кога ќе се наљутиш, мислам дека твојот ќе биде прекрасен сопруг "Ти оком, он скоком."
За прашањето од темата дирек ќе пишам само. Секогаш ко ќе влегваме во нова фаза е кризен период и секој кризен период учиме да се адаптираме соодветно. Така да децата не го разградуваат бракот, туку тестираат адаптабилност на родители зошто се новитет и то е нормално. И со раст на дете идат нови кризи. И без дете има кризни периоди. That's part of life.
Луѓето што изневеруваат, изневеруваат и со деца и без и во кризни периоди и во најубави моменти. Која е поентата да створиш семејство со човек што во прва прилика би го изневерил или на прва препрека би се откажал од него? Партнерот што ги дели обврските и во врска и во брак без деца, ќе ги дели и кога ќе дојдат децата. Не може да дои дете, ама можи да спреми ручек. Или да испазари или да преслечи бебе или да искапи бебе или да го успива за мајката да се искапи или да го шета/анимира за мајката да се одмори. Детето и домот се одговорност на двајцата родители. Мое мислење од лично искуство и мои блиски е дека повеќе е вклучен во сите обврски околу домот и децата сопругот каде што сопружниците живеат сами, без помош од мајки, свекрви, трети лица. Мислам дека никој не е свесен до моментот кога ќе дојде бебето дома. Заедно ќе учите, ќе растите, ќе се оформувате.
Мое мислење е дека децата се благослов. Немам деца, а веќе подолго време со сопругот пробуваме и една од причините е што знаеме многу среќни бракови со деца тоа е всушност фамилија. Сигурна сум дека првите неколку години ќе бидат тешки дете е голема промена но ако имаш добра комуникација со сопругот ништо друго не е потребно
Децата се вистински земјотрес за бракот. Од двајца се станува семејство. Се соочувате со ситуации кои не сте можеле да ги замислите и реагирате според вашите убедувања/научени модели. Некогаш тоа се сосема спротивни работи па партнерите запаѓаат во конфликт. После доаѓа компромисот и умешноста да се разговара и да се расте заедно со семејството. Грешки се прават, но важно е и двајцата да покажат/увидат дека учат од своите и грешките на партнерот и дека се поправаат во следните ситуации. Затоа децата се земјотрес, ама ако бракот е добро изграден, се темели на почитување меѓу едниот и другиот, после земјотресот сите ќе бидат благодарни затоа што им покажал колку многу им значи заедницата и колку вистински се сакаат.