1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали кавгите можат да го одржат бракот

Дискусија во 'Брак' започната од nadege, 17 септември 2012.

  1. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Понекогаш кавгите во бракот или врската служат како алатка со која се доближуваме до партнерот, алатка преку која се запознаваме подобро,.. како вие функционирате преку дијалог ги разрешувате проблемите или мора прво да се испокарате за потоа слатко да се смирите...
    јас сум во брак 1на година, со партнерот проблемите најчесто ѓи решаваме со дијалог затоа се имаме скарано само еднаш до сега но искрено чуствував дека не можам да ја поднесам таа тишина и одалеченост меѓу нас иако тоа лутење траеше само неколку часа, ми изгледаше како да ми се сруши светот. секако после тоа следеше најслаткото смирување и чуствував уште поголема поврзаност. но во нашиот пар јас сум многу голем инат и многу ми беше тешко да преминам и да го направам првиот чекор умирав но чекав тој прв да ми се доближи.
    како е кај вас кој знае да избуне прв, кој го прави првиот чекор? како според вас може да се одржи рамнотежата во бракот.. нека не посоветуваат поискусните ... а и сите вие кои сте во брак раскажете ни го вашето искуство :*
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Кај мене кавгите секогаш оддалечувале, никогаш не зближувале. Дури и некои шо викаат дека после бурна кавга имаат одличен секс, јас не спаѓам во тие, а ни мм. Кога ќе се испокараме, обично очи не сакаме да си видиме, не си прозборуваме едно добри 2-3 саати и после полека-полека се враќаме на комуникација ко нишо да не било, која обично почнува со еден од двајцата како се нуди да направи кафе :lol: (обично тој што е крив во ситуацијата). На сите проблеми што ги има една врска/брак на вакво поднебје кај шо никој не си ја глеа својата работа, уште караници ни' фалеа, па одамна да не бевме во брак.

    Кај мене зближуваат толеранција, внимание и пријатни изненадувања и пред се' мир. Мирот е нешто кое и на мене и на мм ни' е од особена важност во животот. Затоа и не можеме, како многу парови што познаваме, со помош на караници да го одржиме бракот. Сме минале низ искушенија, ама сплотеноста во тие моменти е тоа што ни' помогнало да опстоиме.
     
    На SimonaTino, imelda, Filiposka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Не, барем кај мене.
    Јас сум човек со големо трпение и разбирање.Толелирам, сваќам и знам стоечки да издржам голем број удари се додека мислам дека вреди.
    Секогаш сум со стапалота на педалата за кочница и мислам на долгорочно, па се трудам да одбегнам било каков вид на непотребен конфликт.
    После долги години со партнерот ги познаваме како размислуваат, како чуствуваат и како реагираат на некаков вид на стрес и проблем.
    Некогаш нетрпеливоста, осаменоста, досадата или најразлични мушички(знаеме и самите дека се мушички) се пресудни да се започне една кавга. Се што сакале девојката е едно обајснување или потврда за она што веќе го знае, а он не знае главата кај му е и сака мир и тишина.
    И еднаш, уште еднаш непотребно ќе се создаде драма и караница, макар и да е од помали размери, и тоа троши енергија.
    Не можа да бидат тие кавги добри или да одржуваат една врска бидејќи партал го прават човека.

    Така да кај нас мали караници не постојат поради едносавна причина не рецкам секаква ситница. Си го знам каков е и не се замарам непотребно.
    Не изигравам детектив или душегрижник.
    Си го знам дека кога ќе сака нешто да каже ќе го стори тоа него кога му е ќеиф, си претпоставувам дека е стрес поради работа или други обрски но потпрашување е најлошото што би можела да го направам во тој момент. Ако сакам да му помогнам не треба да ја нудам мојата помош, туку да чекам он да ја побара.
    Може да се случи цел ден уста да не отвори, и сега што да правам де, си го знаев таков си е, и пак го венчав. Он си ќути, јас си ќутам, кога ќе му помине стресот или ќе го реши прблемот ќе дојде ќе ме гушне ќе ми каже што била работата.
    Ако не му е до испаѓање дојдено си се спремам и си испаѓам сама, што ќе го тероризирам човекот како он тоа мене треба да ме шета и внимание да ми пружа кога не му е до тоа дојдено.
    Знам дека кога е на работа може е со клиенти не треба да звонам од досата , освен ако е нешто итно. Ако не ми крене, не звонам втор пат, значи зафатен е и ќе се јави во прва прилика.

    Да не редам примери...но тоа се милион мали ситуации кои знаеме дека можеме да ги одбегнеме но свесно ставаме здрава нога во трн.
    Сме ги знаеле какви се пред да се венчаме, не треба да се трудиме да ги смениме туку само да се адаптираме на заедничкиот живот и да се најде една средина компатибилна за потребите на двајцата партнери.

    Тие мали кавги, кои се навидум ситници се најголата закана за една врска.
    Ќе му дојде како бавна смрт.
    Љубов, Комуникација и Секс се трите основи на секој брак.
    А обострано разбирање и поддршка на партнерите се неопходни за да се одржи тој брак.
    Не помалку важни се и негување на најпрво сопственото тело и дух а потоа и на врската.

    Секојдневните мали нешта кои ти го разубавуваат денот и те потсетуваат зошто сте се обврзале на тој чекор се многу подобар стимулатор од било каква кавга.

    Луѓе сме, ќе се скараш, но тоа да не биде дневна рутина.

    Е јас како што кажав сум човек кој не се нервира така лесно.
    Но не дај боже да ја изгубам контролата, се чуствувам дека експлодирам и лава испаѓа од устата :rofl: .
    Со саати ништо не правиме, денови не ми се појавуј пред очи.
     
    На DeMelo, Bozica1980, imelda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ако дошло до степен да единствен начин на кој ќе добиеш малку нежност, разбирање, решавање на проблем или добар секс е само и само после жестока кавга, тогаш нешто е труло...
    Но за чудо знам вакви врски каде смирен разговор е речиси нешто непознато за нив али ок им е, и двајцата се премногу темпераментни и избувливи за да решаваат тивко и полека па функционираат некако.
    Јас не би можела, ќе се расплачам ако некој ми се дери :D Да бе :emo:
     
    На tessie и danichap им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Леле, Скорпионкава ќе се расплачела ако некој и` се дери.....жено ма :D

    Да не се повторувам - исто ко даничап и тесси - НЕ, кавгите не не` зближуваат, затоа и многу ретко ги имаме. Искрено, пред некое време размислував дали е ова нормално? Дали е нормално ситници безвезни да не ме тангираат, да не ги мислам ниту регистрирам, да не се малтретираме меѓусебно со глупости?

    Од друга страна пак, за големи работи седнуваш и разговараш, преговараш, разменуваш мислења и сето тоа на еден смирен начин, значи и за нив нема карање. Кога ќе видиш, ние сме или идеални или апатични, м? :D

    И јас знам парови кои функционираат на принцип на карање и смирување, ролеркостер секојдневие, и си се на свој начин среќни. Нивна работа, ама јас така не можам, ќе ме искине нестабилноста и неконстантноста во секојдневниот ми живот....плус сигурно кад тад ќе снемам идеи за кавги, што ме носи до прашањето - КАКО ЌЕ ДОБИЈАМ ОДЛИЧЕН СЕКС ако нема потреба од помирување??
     
    На tessie, SimonaTino, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Би рекла, зависи од луѓето. Нели нè има секакви карактери? Едноставно, има парови кои не функционираат ако здраво не се искараат, макар и за ситница. Како е после тоа, не знам. Искрено, не ни сакам да знам.
    Се сложувам со Шкорпионка дека
    Караниците не се начин да се решат проблемите во бракот, дефинитивно. И да се искара човек и да падне добар секс после тоа, не значи дека проблемот ќе се реши. Проблемите, мали или големи, се решаваат со разговор и компромис. Љубовта не е доволна за успешен брак, тоа е факт. Затоа, освен љубов треба да има и пријателство, треба да постои толеранција, слушање и почитување на партнерот (не во смисла послушност, покорност, туку едноставно, имање време за партнерот секогаш кога е потребно), компромис и доверба. Не е сè совршено, ниту може да биде, ама ако караниците и за ситници станат секојдневие, тогаш дефинитивно нешто не штима.
     
    На lolyta777, imelda, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Не сум долго во брак,веројатнo уште работи ќе се сменат во иднината.
    Само приметив дека многу поубаво функционираме откога бевме дечко и девојка и не живеевме заедно.Сите ситници за кој се каравме и не зборевме по неколку дена,сега веќе не постојат.И од ден на ден стануваат се помалку.Кавги има,а каде нема,ама многу ретки се.
    Средина каде има нонстоп кавги,не може да опстои.Едноставно ти доаѓа преку глава од секојдневно непотребно губење енергија и толку.
    Ама затоа со разумен разговор се се решава.Така стана и кај нас,ма да јас сеуште сум повеќе избувлива ,али верувам ќе помине :)
     
    На Annath, irena.1 и Mama25 им се допаѓа ова.
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Секако дека неможе да опстои ако се случуваат секојдневно па уште ако згора на тоа се однесуваат на секоја ситница и се приговара за се. Сосема е различна приказната кога си во врска и неможе да се успоредува со животот во брак. Најлошо е кога партнерите пробуваат одкога ке влезат во брак да го сменат партнерот како и неговите маани затоа и најчесто настануваат кавги.Секако дека има и пропратничленови кои се присутни меѓу двајцата сопрушници како и од двете страни но тоа мислам дека и нетреба толку да го нарушува односот меѓу истите.Се со тек на време се учи,впрочем како поминуваат годините поминати заедно свеќеме дека не сме требале да се препираме и караме за некои работи кои и не биле толку битни :) Но да не биде доцна за тоа.Золва ми знае неколку пати да каже која е околу 25 години во брак :
    "преќутувам иако ми доаѓа во моментот се да му изнакажам,само се воздржувам кога е во подобрите. E тогаш му е мајката да му кажам se што ми лежи на срце и колку всушност не бил во право за секако да не дојде до голема кавга " .За секој е индивидуално некој е избувлив некој не па треба баланс да се створи за да не избие куршлус,погтово ако едната страна е моментална како би се рекла народски( избувнува па после циле миле како ништо да не било). Знаев порано да изрипам ко зајак :) ама со тек на време сватив дека она другото подобро делува. Нормално знаеме да се скараме понекогаш,па и цревата во стомакот се пречкаат (што би рекла баба ми) но маж ми фала Богу е тип кој секогаш сака да разговара па проблемот се решава,не држи лутина иако многупати мисли дека е во право зошто е постар од мене :) За 4,5 години брак можам да кажам дека добро функционираме неголи на почеток на брак,тоа го научив со тек на време ;)
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    да има кавги мегу нас,мислам дека е нормално :!: може па за некој и не е :^) незнам.
    али овие кавги понекогас знаат да не зближат повеке.
    некогас и откриваме и несто ново мегу нас.
    некогас се слуЧува и несто убаво,несто сто не е добро(али и не е лосо)..
    сепак нормални се кавгите во бракот :) али и да се има една граница :!: без изневерување,тепање и слиЧно,тоа никако не!.
     
  10. gavolica4

    gavolica4 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    22
    kavgite odalecuvaat a ne zblizuvaat,eve dna vecer se skaravme mu kazav deka se somnevam vo nego zosto izleguva mn i zbori na telefon vo wc i na kraj toj mi kaza ne me zamaraj kebeto i pernicata vo rakaa i si otide u dr soba
     
  11. Pepaaa

    Pepaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    јас сварно незнам што да правам ... со мм секоја ден се караме .. бремена сум 7ми месец а секоја ден од него ми се крева притисокот .. не можам едноставно да го поднесам .. секогаш моите се криви за се и сешто с кога се дава неш од моите тогаш арни се .. ама неговите се на господ белата .. свекор ми пијаница а свекрва ми за никаде.. не саакат моите да идат кај нив па нез што .. мм секогаш е од страна на нив па од денеска почнува да забранува да одам кај моите (само на сон) и ги слуша неговите .. а мене кој ме праша како ми е.. више не можам да поднесам .. ве молам кажујте што да правам ... :(
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Штом така те малтретира додека си бремена, можам да замислам што ќе биде кога ќе се породиш. Тешко тебе со свекрвата. Размисли дали воопшто вреди да останеш покрај него. Ако веќе не бива, врати се кај твоите. Штом маж ти многу оди по паметот на мајка му, тешко да имате успешен брак.
     
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Како и да е во бракот е нормално да се има кавги но,сега да не бидат страшни. А она околу неговите или твојте тоа веќе не се кавги со причина туку си наштетувате себе и на бебето.Треба да му кажеш дека тоа ви штети и тебе и на бебето и дека е најдобро да не ги споменувате родителите твои и негови,Обично тоа го прават мажи кои се "поврзани" со еден од родителите посебно нивните " мајки."Како и да е ти посочи дека неговите се лица кои не се за поздрав,уште еден заклучок дека тој го знае тоа и има комплекс,а тоа дека ти брани за кај твојте од тоа е поучен од неговите...демек од нив ви се проблемите...затоа седни го со добро убав разговор и се ке се реши.да бидеме реални тој пак ке потпаѓа под влијание,но затоа ти треба да бидеш мудра и да го извлечеш од тие глупости.Ти посакувам да успееш :* и верувам дека ке успееш... :)
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Читав неодамна некое истражување во кое се дошло до заклучок дека статистички браковите во кои има кавги траат подолго од оние во кои нема. Тоа е објаснето со тоа што кавгите ја намалуваат тензијата, партнерите се борат за она што го сакаат и се многу подобри од собирање на лутина во себе, зашто насобраната лутина ќе прерасне во гнев и еден ден ќе експлодира. НО (секогаш има некое НО) ова важи за конструктивни кавги. Ако кавгите се сведени на навреди и понижување на другиот... :x Во кавгите е важно да не се заборави за што започнала кавгата, да не се премине на работи од минатото, да не се почне со навреди и да не се почне со „твоите-моите“ и сл. И како во секоја кавга, не го напаѓајте човекот, туку ставот/мислењето или било што за што се спорите. Пасивноста пак е само чекор од незаинтересираноста, па и со тоа треба многу да се внимава. Нема универзално решение, сепак се зависи од луѓето во тој пар/брак, и затоа се ова е кажано како „статистички заклучок“.
    Пример од реалноста, моја познаничка има кажано дека од сите пријателки таа останала во брак после повеќе од 20 години, а вика јас бев единствената која се жалеше од мажот. Другиве, вели, (според муабетите кои сами ги кажувале) имаа идеални бракови -појадок во кревет, кафе наутро од мажот, подароци за годишнини кои мажите не ги забораваа... Вели, Кога јас се жалев од маж ми, дека ме нервира, дека сум бесна кога ќе направи нешто итн итн се чувствував како Марсовец меѓу нив. И после некое време една се развела, друга се развела... За една на пр. која имала од тие внимателните мажи со кој никогаш не се „спукала“ знае дека се развела затоа што го фатила како ја изневерува.
    Нема правило, нема формула, секој брак е приказна за себе и секој мора сам да си го најде патот.
     
    На NEA и Reinosa им се допаѓа ова.
  15. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    штом нема никакви кавги ...некој од двајцата многу добро лаже :lol:
     
    На Cliona, WORRIED.BT и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  16. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Миличка и јас откако останав бремена,дали од хормоните,ама секој ден му вчадувам на мазот ми :devil: Се несто ми смета.се несто не ми е погодено...а па и тој воопшто не сака да мрдне со прст и да ми помогне нешто низ дома.Се е оставено на мој грб,помош немам од никого,ни од свекор,ни од свекрва.Ај од нив и не барам помош,ама мм ми иде да го зашлакам :@ се мора да го молиш за да заврши некоја работа ( да качи дрва,да изнесе корпата со алишта на тераса,да подигне несто потешко...)
     
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Јас не сум тип што се кара, секогаш сум смирена и разбрана, дури и ако ми доаѓа очите да му ги извадам :D Он е тој што си бара рчки, и си измислува дека нешто не му чини, ама затоа кога ќе се смири и ќе сфати дека згрешил, секогаш се извинува. Не му замеравам, знам дека е живчан тип. Е сеа, здравје во брак како ќе биде... И да си остане вака не се бунам, ама се надевам дека ќе оди и на подобро :)
     
  18. Pepaaa

    Pepaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    voa vise ne se podnesuva .. sekoja den pritisok 170 samo od nego .. a pa da ne kazam od sestra mu , majka mu i tatko mu ... ;(
     
  19. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Многу ретко кој се справуваат со кавгите во бракот. Но за жал не може бракот да опстане од кавги! Во бракот мора да има сложност од двете страни за се да оди како што треба, а со кавги не-никогаш!
     
  20. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    40
    и како се справуваш со сето тоа мила? и јас сум во слична ситуација и многу сум нервозна дека се е на мој грб , имаме 2 дечиња , второво е бебче 7 месеци и јас буквално сум исцрпена веќе од се, не сум излегла ни раат некаде кафе да пијам , до кај мајками или до било каде, јас треба да се влечам со децата он да одморел од работа, а за мене одмор од сите обврски домашни или од децата нема одмор, а камоли да сакам да отидам некаде на фитнес или нешто слично, а знам многу мајки што си наоѓаат време за себе ?? Ако сакам муабет да направам се јас некого сум кривела или сум се карала, но незнам бе како нема некој жал за некого ,