Дали луѓето се менуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Што мислите дали луѓето се менуваат? Дали можат да го сменат својот карактер, доколку нешто не им се допаѓа кај нив самите? Или можеби под влијание на другите?
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.872
    мислам дека љугето се менуваат,казувам по самата себе.мене ме измена влијанието на срцето мое :inlove: ,не велам дека на лошо се изменав,туку на подобро и многу сум срекна заради тоа:) мислам дека некои љуге се менуваат ако сакаат,некогаш и под влијание на други љуге зависи дали на лошо или добро.а некои пак остануваат исти не се менуваат :lol:
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    се согласувам со постот :) од искуство :$
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    луѓето и тоа како можат да се менуваат.треба труд,ама и тоа како може,без разлика дали е под влијание на друг или самите себе
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Луѓето неможат да се сменат,каков е роден човекот,таков ќе биде цел живот,тоа сум го видела,евентуално можат некои свои карактеристики да ги поправат,не да ги сменат.Затоа што на некој начин тие нивни карактеристики,какви и да се,се белег кој ја означува нивната психа,нешто по кое се препознатливи,а можеби и по кое се издвојуваат од другите луѓе,меѓутоа во глобала,нема шанси човекот да се смени.Доколку има такви луѓе,за кои може да се смета дека се сменети во карактерот,тоа е само илузија,да речам површна илузија,како што кажав претходно нивните карактеристики не им се сменети,туку само пренасочени кон подобро,но во својата суштина,база,не се сменети.
     
    На simonna.a и HeadPotter им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    На ова прашање, секогаш прво викам НЕ, а после додавам - Се менуваат - ама на полошо! :D

    Ама искрено, не верувам баш дека е така, посебно од мое искуство. Доколку некој цени конструктивна критика и не е внесен во облаци, можно е да се смени, или барем да си ги ублажи негативнисте особини, што пак е некоја промена. Но, само ако тој некој вистински сака да направи промена со себе и животот.

    Порано на промената гледав како на нешто ужасно, во смисла, еве ова сум јас, а ако сменам нешто - тогаш која ќе бидам, нема да сум верна на себе и сопствениот идентитет и изграден карактер. Ама убавината на животот е токму во тоа, промените, менувањето, созревањето, нормално се' додека се чувствувате удобно трансформирајќи се кон подобро. Ако не ви одговара, не мора да се менувате, иако според мене таквите луѓе се тврдоглави и толку самовнесени, па најчесто се и несреќни.

    Има и друг тип на луѓе кои никогаш, ама никогаш нема да се сменат. Можеби тврдат дека можат или дека полека се смениле, но тие ми се ко животни облечени во јагнешка кожичка. Некои карактерни особини како посесивност, љубомора според мене не се менуваат, ниту исчезнуваат некогаш.
    Сепак, мојот конечен одговор е ДА: Некои луѓе навистина се менуваат!
     
    На galapce, simonna.a, HeadPotter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Со текот на времето помалку или повеќе секој од нас се менува. Значи ДА луѓето се менуваат но промената за жал не е секогаш на подобро. Невозможно е некој да биде целосно ист сега и по 10 години - животот придонесува да се менуваме. Запознаваме нови луѓе, ги менуваме своите ставови, добиваме работи кои ги посакуваме но и губиме нешта кои не значат... СЕ ТОА НЕ МЕНУВА... Но желбата за промена најмногу зависи од нас...
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.508
    Допаѓања:
    37.773
    Се менуваат. Животот и искуствата те менуваат. Е сега дали на полошо или на подобро зависи од многу фактори.
     
    На eloves и A-j-a им се допаѓа ова.
  9. stella007

    stella007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    slikata sto ja imame za sekoj covek e sostavena od iljadnici parcenca,t.e.nivnite postapki koi gi svedocime.
    vo sustina lugeto ne se menuvaat,ostanuvaat isti,ama se menuva nacinot na razmisluvanje,a od tamu i nacinot na koj donesuvaat odluki i se odnesuvaat kon drugite luge.licno moe mislenje,lugeto sto se poenergicni i pootvoreni vo komunikacija so drugi luge i sprema moznostite za otkrivanje novi raboti,se ne samo pointeligentni,tuku i pokvalitetni licnosti!znaat koga navistina se na los pat i go menuvaat svojot stav,a za raboti koi veke se slucile umeat da se izvinat i da se opravdaat.
    a za da se proceni dali nekoj stvarno se ,,smenil,, , potrebno e da se sluci nekoja promena i vo samite nas,odnosno,nesto da ne pottikne da ja smenime glednata tocka od koja gi analizirame rabotite i od tamu donesuvame sud.
    sekoj covek koj e vo nasiot zivot,bez isklucok dali e semejstvo,prijateli ili partneri,treba da se sakaat zaradi toa sto se.neispravno e da se ocekuva deka ke se smenat spored nasite merki,samo za da bidat poveke sakani.....
    imajte na um,deka covek kolku los i da vi izgleda vam,ima nekoj komu vo potpolnost mu odgovara takov kakov sto e!
    covekot minuva niz mnogu etapi na razvoj,ne za dzabe se veli,deka se uci dodeka e ziv.od tamu,relativno e da se definira licnost kako takva i takva.kvalitetite i osobinite na covek ne se konstantni!
    i ne,lugeto ne se menuvaat,se menuvaat okolnostite i nacinot na viduvanje na rabotite.
     
    На babyalexs му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.780
    Допаѓања:
    78.444
    Ретардирано е ако не постои еволуција во било чиј живот.
    Се менуваат,по своја желба со силна воља и глупаво би било да не го направат тоа ако увидат дека животот не оди,тешки се откажувањата и дисциплината,но што се мора се мора.
    Се менуваат заради искуства.Ќе речеш на плошо,да на полошо затоа што таков е животот суров,мораш да се прилагодиш за да преживееш.Владее законот на џунглата,но во принцип,важно е да си добар за себе,а не за останатите,зошто секогаш за останатите набљудувачи ти ќе бидеш лош што и да направиш.
     
    На HeadPotter му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    157
    Според мене, човек може да се промени само ако сам одлучи така, некогаш трпиме промени во име на некого, но тоа не ја менува личноста.
     
  12. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    нормално дека луѓето се менуваат, ништо не останува исто.
    пример за тоа сум јас за неколку години мислам дека за 360 се сменив, за некои на подобро за некои на полошо, меѓутоа не е ни битно тоа, битно е дека да луѓето се менуваат
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Не сакам да мислам ништо. Само сакам да верувам дека се менуваат...
     
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    мое мислење е дека луѓето се менуваат :!: дури и не се свесни за тоа во некои случаи, но се тече се' се менува
    е сега ние неможеме да влијаеме на некоја личност да се промени некоја навика или карактер кај неа, но тие самите доколку имаат цврста и силна желба да се променат ќе го направат тоа НО САМО ДОКОЛКУ ТИЕ САКААТ :)

    инаку секој од нас се менува полека со тек на време, несвесно самиот живот го налага тоа, самоит факт дека се околу нас се менува, ние растеме созреваме тоа значи дека преминуваме од една во друга фаза и стекнуваме поинакви навики, менуваме средина па се прилагодуваме кон истата....се тоа си е еден процес кој си тече непрекинато :D
     
  15. CherryBerry

    CherryBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    59
    Уффффф малку е тешка темата...не се сите луѓе исти па да можам да кажам во генерала.Мене многу ми значи мислењето на другите луѓе и сакам сите да ме прифатат,но не по цена нели целосно да се променам бидејќи на нив така им одговарало,но сепак тие негативно особини што може им пречат да ги сменам или ако ништо друго колку толку да ги потиснам.Многу е полесна промената што доаѓа спонтано,поради други околности,друштво,средина,а не таа што намерно сакаме да ја предизвикаме.Па така да верувам дека луѓето се менуваат,иако не целосно,сепак не можеме само така да го избришеме тоа што сме биле.Многу сум толерантна личност и поминувам по секави грешки што другите ги прават,но сепак некогаш мора да се стави крај.А тука баш поради тоа што верувам дека се менуваат давам не втора туку и десета шанса,но секогаш се враќа таа проклета особина што ме натерало и првиот пат да ги тргнам тие луѓе од мојот живот,барем привремено... додека пак не поверувам дека може по некоја случајност се промениле :worried:
     
  16. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.173
    Секако дека се менуваат.Во принцип секоја жива или нежива материја со тек на време претрпува извесни промени,ништо не е статично,вечно,па ни луѓето не се исклучок.Причина за тоа што многумина не сакаат да признаат дека луѓето се менуваат,е тоа што очекуваат да се случи extreme makeover на карарктерот преку ноќ,особено баш тогаш кога нив така им одговара и од причина што токму нив така и во тој момент им одговара.И оттаму доаѓаат после разочаруваето,скептицизмот,недоверба итн.
    Но,факт е дека постојано сме изложени на некакво влијание,и не можеме да останеме имуни на искуството,дали позитивно или негативно.Какво и да е,удира извесен печат врз нашиот карактер,не обликува,пренасочува,прекршува и повеќе несвесно отколку свесно,но несомнено не` променува на некој начин.Верувам и во можноста свесно да се промени карактерот,само е потребно многу труд и многу време.Покрај тоа,и во самат човекова природа лежи потреба за еволутивен напредок,за постојано созревање и усовршување и со самото зголемување на квантумот на интелектуален капацитет во текот на животот,доаѓа и до промена во карактерот.
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Јас мислам дека зависи до човекот.Некој може да се смени,а некој не :) Јас на пример,многу се сменив во текот на последната година. :)
     
  18. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    normalno deka se menuvaat nekoi na poloso drugi na podobro zavisi od samiot covek ili potocno od ona sto go nosi vnatre -so sto ti e polno srceto toa i ke izleze niz ustata
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.675
    Сепак мислам дека најмногу зависи од личноста. Не може ниту еден човек да се промени целосно, бидејќи карактерот никогаш не се менува во потполност. Уште како дете, кога се гради почетниот идентитет сите добиваме некои „инструкции“ за однесување кои ги практикуваме. Како тече времето тие се зацврстуваат за нас и е речиси не возможно да се променат. Сепак се работи за психа. Можеби во животот ќе наидат на многу препреки, ќе сфатат дека правеле грешки, ќе загубат нешто драго и ќе сакаат да се променат. Навидум ќе изгледа дека се смениле, но психата никогаш не се менува, таа не надвладува. Карактерот не може да се смени во потполност, но тука се ставовите кои се сепак дел од него. Како тече животот учиме нови работи и е многу нормално да го смениме ставот кон некоја работа. Тоа не значи дека некоја личност е нестабилна, туку дека во животот разбрала дека за некои работи не е во право и го менува мислењето.
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Сите оние работи кои мора да се служат во животот се променливи, и секако дека човекот искусувајќи се менува. Инаку би било досадно, неинтерсено за живеење, кога еден човек остане ист цел живот, без мотив за останатите луѓе да го запознаваат и истражуваат одново и одново. Тој е сложено суштество, се менува.