Епа темата мислам дека е супер. Има многу да се дискутира за ова и слични теми поврзани во истовреме. Според мене за да една личност, индивидуално се промени т.е да започне своевиден нов животен пат потребна е преголема желба и подготвеност. Исто така мотивацијата од страна на неговата средина ( семејство, пријатели, круг на дејствување) е многу важна за да се оствари промената на личноста. Силната подготвеност и желба може да направи поединецот сосема да се оттргне од минатото (ако се работи пример за било какви пороци) и да отвори нова страна во животот. Бидејќи ниеден пат до успехот не е лесен, во текот на својата „преобразба“ индивидуата мора да издржи со тоа што ќе минува низ многу тешки моменти се додека не дојде до посакуваниот резултат. Мислам дека секој од нас барем на моменти има се најдено во таква ситуација да треба да даде некој добар совет кој ќе произнесе многу успешни резултати.???????????????? Жалосно е да се гледа како човек пропаѓа, неможејќи да му се даде барем малку надеж за подобро утре. Добрата мотивација би требало да се состои во луѓе кои со својот начин на комуникација создаваат во поединецот желба и храброст за да го заборави лошото минато и да започне нов живот исполнет со убави работи, мир, спокојство..
Луѓето се менуваат , ама само и само ако самите сакаат да се променат. Можеби под влијание на својата желба и воља, животот. Можеби подпаѓаат под влијание на други луѓе. Но,никако не се менуваат ако ти или некој друг им ги посочи лошите карактеристики и маани, или им каже да се промени
Незнам,го потврдувам фактот дека стварно има луѓе што се така програмирани и неможат да се сменат,во живо сум се уверила.Има луѓе кои попрво би ги смениле сите луѓе отколку себеси.Има секакви,јас сум во онаа група луѓе која се обидува да се промени себеси,заради себеси а не некој друг ама не дека не сум се обидела да променам некои работи кај други луѓе ако мене не ми се допаѓале..Во главном сметам дека луѓето можат да се сменат,ама да не ја заборавиме поговорката „Волкот го менува влакното но не и карактерот“,што значи човекот без разлика колку ќе се менува позитивно или негативно,во него секогаш ќе постои она суштинското што го претставува него како личност..
Според мене НЕ!Би се труделе попрво вас да ве сменат,отколку тие сами да се сменат,или само на одреден период колку да ги смират работите(ако таа особина ви смета)..
Долго ми требаше да сфатам дека никогаш никого не познавам доволно добро. Факт е дека лесно можам да напишам извештај за секој присутен во мојот живот кратко извесно време, дури и најситните особини, но до пред некое време не ја гледав најочигледната лага.. Се соочувам со вистината -- јас никого вистински не познавам! Обично, луѓето имаат навика да ги обвинат другите за промена, и за своите најневидливи грешки, но тоа не е неопходно себично. Па, тоа е и најлесното, најразумно решение, и наједноставен изговор за поединецот да се оддвои од саканите и при тоа да се оправда себе си. .. Секој само си бара вина во другиот, не ни помислува попрво да погледне далбоко во себе си. Што се случи со „Не ја барај раската во окото на другиот, прво види ја гредата во твоето око“? Па нели, сите сте ТОЛКУ религиозни! Еве една реченица од библијата... не се сеќавам на личност што ја почитува. И, пак, кога подобро се запознаваме, редно е некој да спомне и обвини промена. Јас --- не! Не мислам дека човек може после толку краток период да се промени. Уствари, не мислам дека човекот воопшто се променува.. Само созреваме. Учиме. Истражуваме и откриваме, сакаме и обвинуваме... Живееме. Еднаш убиец – секогаш убиец. Како ќе се промени таквиот човек, кога никогаш не ќе успее да се врати во времето, па да го промени фактот дека одзел нечиј живот? Така и секој. Родени сме уникатни, посебни. Единствени. Не сме безгрешни, а уште помалку сме невини. Несвесно повредуваме, тука се и секојдневните себични мисли. Најлошо од се, секој себе си се гледа најдобро што може. Нереално се нарекуваме совршени, а само искрен човек може тоа да си го признае и себе си, и на другите. Гледам дека искреноста е редок подарок деновиве. Тие околу мене, мислат дека ќе го поклонат само на тие што заслужиле.. Јас мислам дека искрените се искрени за себе, исто колку што се и за другите. Искрен човек е искрен со секого, а некој што е поединечно искрен е вистински глумец. Таквите, секогаш ја бараат раската во туѓото око. Сум била обвинета, и сум обвинила. Така научив. Колку и да ветувам, нема да се променам. Во себе секогаш ќе живее личноста која што некогаш сум била, затоа што тоа е личноста која што сум. Не барам од никого да се промени.. Жал ми е што многу моите совети не ги примаат правилно. Ако некому нешто кажам, тоа сум го направила затоа што се грижам. Не очекувам да одиш по патот што сум го поставила, само размисли за тоа што го кажав. Не сакам никого да контролирам, променам, а уште помалку да судам. Само што, ретко кој кого разбира вистински. Мислев дека разбирам, за да сфатам дека сум во голема грешка. Животов секогаш наоѓа начин да не поучи.. никогаш не да не промени, можеби само привидно, но не темелно.
Јас сум многу помлада и понеискусна од скоро сите овде, па можеби ова не е точно. Јас мислам дека некои се менуваат. Оние добрите едно утро ќе се разбудат злобни, оти така им текнало. Но, сепак, јас мисам дека најмногу се менуваш ти, си созреал/а. Ти се сменил животот. Си бил/а дете, ама си пораснал/а, си сфатил/а дека не е така, дека не си вечно во право. Многу луѓе велат да простуваш, ама да не забораваш, а јас се сложувам до некаде со тоа. Оној што те мачел, те навредувал можеби некој ден ќе сака да му простиш, а ти направи го тоа, дајму втора, трета, четвра шанса, но никогаш не заборавај што ти згрешил. Ако заборавиш, ако некогаш истото се повтори, ќе бидеш изненаден/а. Леле филозофии
Луѓето можат да се менуваат само ако е тоа нивна желба а под влијание на некој друг никогаш не можат да се меннуваат.
Се менуваат , ама најчесто на полошо Има исклучоци , нормално, но поголем дел кога се менуваат тоа значи дека се расипале , бидејки е многу полесно да примиш лоши навики отколку да бидеш како што треба
Ако самите решат дека тоа е потребно поради лична причина. Реално сите сме се промениле, никој не е истиот како пред 3-4-5 години. Се случуваат убави и лоши работи, по кои едноставно човек не може ист да остане. Менувањето заради друга личност може да се случи, но никогаш не е долготрајно.. Бидејќи човек вистинска причина за промена може да најде само длабоко во себе и поради себе.
Волкот го менува крзното ,но наравот останува ист.... се водам спрема оваа поговорка. Оформените личности кои што се свесни за своите мани, недостатоци, предности и квалитети се пофлексибилни во се. Не значи дека се менуваат веќе се прилагодуваат да им биде подобро. Тоа е целиот процес. Тргајки од мене...
Човекот го гради својот карактер врз основа на тоа што го искусил во животот. Од кога се рагаме па се до смрта учиме нешто ново , со самиот процес на учење ние се менуваме (на подобро или полошо). Што значи дека ние се менуваме. Ако е прашањето дали можеме да ги промениме другите одговорот би били дека би можеле ( на подобро или полошо ) бидејки и тие учат како нас . Можда не можеме да го промениме нивниот однос кон све ама на разни начини можеме да им го промениме односот кон нас.
Донекаде и е точна поговоркава, но да бидеме реални, човек кога има мотив, желба, цел... и тек како ќе се смени.(но не во целост тоа е дефинитивно )
Да, ама најмалку сакам да им верувам на таквите .. Дури и на дистанца си ги држам. Посебно некој ако се “сменил“ од лошо на добро ?? Нешто ама НЕШТО не ми дава да верувам у таквите луѓе. А онаа промена од пр типот или типката да се сменат од импулсивни личности во мирни, да верувам... И ок ми е со такви, али оние кои цел живот гледале да прават само лошо некому а преку ноќ им текнало дека не иде така, најмалку верувам.
Лугето се менуваат со тек на време но волкот менува само влакно Но промените на лугето не траат долго.Не може лошиот да е добар,но добриот може да е лош затоа што му е нанесена тага во минатото односно да добие одмазнички дух.
За ситни работи се менуваат да , но од добар лош од лош добар НИКОГАШ ‘‘промената‘‘ е само маска ништо повеќе . Човек си останува како што се раѓа дали лош дали добар таков си е цел живот .