да се менуват.. на почеток се добри со некој за да добијат она што наумиле,а потоа се разбира нема да се исти!.
Луѓето како личности се изградуваат од мали нозе,и какви животни навики и карактеристики ќе стекнат тогаш ретко ќе може да ги сменат.Mислам дека луѓето можат да се променат само на некој одреден период,кога ќе увидат дека нивните постапки не им носат ништо добро.Потоа ако нешто ги разочара пак се оние старите.Тоа е само еден магичен круг и ништо повеќе.
Се менуваат само оние кои можат да ги разберат,видат и прифатат работите такви какви што се...Но ретки се тие,затоа што само ситуација може да го промени човек...
НЕ! Големо не! Луѓето не го менуваат карактерот,никој од нас! КАРАКТЕРОТ НЕ СЕ МЕНУВА! Тоа е факт.. Може да сменат некои навика , однесувањето, постапки... Може сите да сакаме да се смениме и што од утре јас сум друга личност.. пф, ма немој? Секогаш тоа вроденото излегува од нас ние сакале или не
Секако дека се менуваат од проста причина самиот живот ќе ги натера таква е сегашноста! јас сопствениот живот сум го ставала на коцка и сум велела дека никогаш нема да се промени ама испадна спротивното Не е за да се замерува пак ќе речам животот во кој живееме тоа ни го налага
Јас мислам дека луѓето не се менуваат, ретки се оние кои се смениле... Стојам зад тоа волкот го менува влакното, но не и карактерот
Јас мислам дека луѓето се менуваат, и на подобро и на полошо (многу почест случај), доволно е само да помислиме на луѓе кои ги немаме одамна видено, и ги гледаме по некое време, каква разлика постои. Секој човек се менува во текот на животот ама неможе за многу. Мислам дека на овој свет си ИЛИ ДОБАР ИЛИ ЛОШ, тоа дефинитивно не може да се смени. Исто така имам забележано како многу луѓе се кријат под некои СВОИ МАСКИ, Едноставно тешко е да процениш човек во денешно време.
ДА! Како времето поминува така и човекот се менува.Дали се околностите тие што го искушуваат на промена,незнам...Зашто треба да имаш барем малку мозок за да знаеш дека тоа што го правиш нема смисла,дека време е за промени!
Да. Луѓето се менуваат поради повеќе причини. И да, можат да го сменат својот карактер. За мене е најглупаво нешто на светов да се смениш себе си поради друг човек. Во ред е да се смениш себе си доколку со туѓо укажување ти сам го забележиш она што не е во ред со тебе, но да дозволиш некој да влијаее на тебе до толкава мера за да се промениш ти, твоите навики и твоите сфаќања значи дека како прво ти не си стабилна личност и немаш цврсто изграден карактер. Еве да земеме на пример вкус за музика. Има луѓе кои го менуваат својот вкус во зависност од тоа со кој се дружат што укажува дека тие самите немаат свое сопствено мислење околу тоа. Не зборувам за тоа некој да ти предложи да слушнеш нешто и тебе да ти се допадне, туку за тоа се што некој друг ти сервира ти да голташ. Друго што ги менува луѓето е болката, како и самите себе си. Со тек на време сите ние ги менуваме нашите сфаќања, дали на полошо или подобро зависи од нашиот карактер, но сепак сите постојано учиме - сакајќи или несакајќи, преку искуства - туѓи или наши доаѓаме до нови заклучоци кои го менуваат нашиот живот и нас самите. Не постои човек што не се менува. Во врска со промена на својот карактер, можат да го потиснат тоа што им пречи со голема волја, но тоа тоа потиснатото секогаш ќе биде таму иако нема да доминира.
Како велат, на туѓите грешки не се учи. Верувам дека луѓето се менуваат но откако ќе почувствуваат товар,болка и мака на свој грб. А делење на совети и критики ретко кога успеваат да променат нешто кај некој.
Да,се менуваат,но не заради сопствена волја,туку заради случки во животот кои ги натерале на тоа..Се менуваме од разочарувања кои ни ги приредила љубовта,другарството,самото општество добива некои нови "вредности" кои другарствата ги претворија во непријателска категорија,потоа машко - женските односи отидоа во крив правец и ја нема веќе спонтаноста,почитта која ја практикувало мнозинството,туку мал процент сеуште се придржува до старите вредности кои се ендемски вид..Порано бевме подругари,поискрени,повеќе се почитувавме,но ситуациите и правецот во кој се развива општеството направија да се смениме ставајќи оклоп околу нас како превентивна мерка и се како да оди со сила,врските,дружењето..Се менуваме за да се заштитиме себеси,тоа е најголемата причина.
Според мене човек може да ги смени навиките, интересите и однесувањето со одредени личности, но карактерот не.
Мислам дека луѓето се менуваат и сакам да верувам во тоа. Лично кога ќе појдам од себеси, со текот на времето имам сменето многу работи. Во секој поглед. Зависи од ситуациите, од работите што ти се случуваат, луѓето што се околу тебе и од се што те опкружува. Некогаш мора да смениш некои работи за да се прилагодиш на нешто што ти се случува. Менувањето е според мене психичка работа. И еве ако тргнеш од себе и ако има некоја карактеристика што едноставно не си ја поднесуваш и ја мразиш треба ПСИХИЧКИ да превземеш нешто за да ја смениш. Да бидеш свесен дека ако ја смениш, ќе биде подобро за тебе и ќе се чувствуваш поубаво. Како и за сите работи ќе ти треба верба, време и упорност!